You are on page 1of 13

КОМУНИКАЦИЈА

Комуникација
Комуникација е процес на размена на
информации низ заеднички систем на
симболи. „Комуникација“ е академска
дисциплина што ја изучува комуникацијата
меѓу различните субјекти.
Опшествена комуникациска мрежа
Вкупноста на сите видови комуницирање на луѓето во
определено време, простор и определено општество ја
сочинува општествената комуникациска мрежа во која има
формализирани и неформализирани сегменти.
 Формализираните (институционализирани) сегменти на
комуникациската општествена мрежа се одвиваат низ бројни
потсистеми на општествениот систем;
 Неформализираните комуникации се одвиваат секојдневно во
сите делови на општествениот живот.
Пречки во комуницирањето
1. Ограчиченост на капацитетот на примачот – се однесува на ситуациите при кои
изнесената информација може да биде и паметна и логична, но е претставена на многу
високо ниво или во преголем број на информации, па примачот не може да ја внесе во
себе;
2. Попречување (спречување) – се однесува на надворешните фактори кои го спречуваат
(попречуват) примањето на пораките од кои најважни се: дразбата која се натпреварува,
стресот, внатрешниот стрес и непознавањето на средствата за комуницирање;
3. Премолчено (преќутно) претпоставување – ова е вообичаен начин на погрешно
разбирање кога соговорникот го премолчува знаењето на некој збор или поим;
4. Инкомпактибилност (несовпадливост) на шемите – шемата е трајна, длабоко вкоренета и
добро организирана класификација на начинот на забележување, мислење и
однесување. Луѓето со радикални различни шеми ги асимилираат и ги толкуваат
податоците на различни начини;
5. Влијанието на несвесните и делумно свесните механизми – се однесува на
попречувањето предизвикано со очекувањата и предрасудите на другите лица, и тоа на
различни нивоа на свесна контрола;
6. Конфузно излагање – е очигледна пречка на успешната комуникација, со оглед на тоа
што ја намалува нејзината успешност. Без оглед на тоа колку е интересна темата за која
се зборува, лесно може да се случи да не се успее во пренесувањето на соопштението
ако е тоа лошо изложено;
7. Отсуство на канал за комуникација – оваа пречка може да изгледа премногу очигледна за
да се вклучи. Отсуствот на било каков начин на поврезаност на потенцијалниот испраќач
и примач значи всушност дека никаква комуникација не може да се воспостави.
Основни принципи на условите за
успешна комуникација
1. Одреденоста (определеноста, дефинираноста) на јазичниот систем е прв
услов на успешната комуникација, во смисла што мора точно да се знае во кој
јазичен систем се употребуваат одредени симболи, термини и јазични изрази.
(пр. во Македонскиот јазик „не“ значи негација, а во Грчкиот афирмација);
2. Значењата на сите термини, а колки што е можно и на што повеќе изрази во
рамките на еден систем мора да бидат колку што е можно поодредени, без
разлика дали станува збор за еднозначни или повеќезначни зборови;
3. Секој одделен термин, збор или симбол во рамките на еден јазичен систем или
барем една теорија мора да биде прецизно одреден во своето значење и
консеквентно (доследно) употребуван во одредено значење. (пр. зборовите
„маса“, „позиција“, „импулс“ и сл. мораат да бидат еднозначно определени
барем во рамките на една теорија;
4. Јасните дефиниции на што поголем број термини во рамките на еден јазичен
систем или барем во рамките на едно учење или теорија, го згоелмува
степенот на успешноста на комуникацијата на истите;
5. Доколку значењата на одредени термини со променливи поими се менуваат,
тие промени мораат да се имаат во предвид, т.е. мораат точно да се одредат;
ЕЛЕМЕНТИ НА
КОМУНИКАЦИЈАТА
Комуникацискиот процес е составен од неколку
елементи: прво-извор на пораката, второ-примач на
пораката, трето-содржина на пораката, четврто-
средства за пренесување на пораката и петто-
ефект, воспоставување на повратна реакција.Што
се однесува до првите два елемента, испраќачот и
примачот, најчесто тие припаѓаат на иста социјална
средина. Пораката пак, претставува свесно и
намерно селектирање на симболи со кои се
пренесува одредено значење до примачот. Каналот
или средството за пренесување на пораката има
неколку карактеристики: сигурност на каналот,
достапност и др.
Врз основа на Ласвеловата формулација: кој на кого
што му рекол, на кој начин и со каков резултат, се
формираат:
 Порака(анализа на содржината на комуник
процес)
 Емитент(субјект на комуник процес);
 Примач
 Канал (медиум)
 Ефект, цел (влијанието на пораката врз
примачот)
ВИДОВИ КОМУНИКАЦИЈА
Видови комуникација се:

1. Симболичка и сигнална комуникација;


2. Гласовна и негласовна комуникација;
3. Посредна и непосредна комуникација;
4. Еднонасочна и заемна комуникација;
5. Вербална и невербална комуникација.
1.Симболичка и сигнална комуникација
Кога примаме знаци кои не се упатени кон нас, станува збор за
сигнална комуникација. Кога, пак, знаците ни се упатени нам,
таа комуникација се вика симболичка. Најсложен и најсовршен
систем од симболи е човековиот јазик.
2. Гласовна и негласовна комуникација
И луѓето и животните комуницираат со испуштање гласови. Кога
употребуваме други знаци, гестови, мимики, како и писмо
(напишан текст), тогаш комуникацијата е негласовна.
3. Посредна и непосредна комуникација
Вистинска непосредна комуникација се остварува кога си
зборуваме самите со себе, односно кога размислуваме или си
правиме планови. На пример, размислуваме за тоа што треба
да направиме во блиска иднина (денес треба да учам, да
напишам домашна, па ако имам време ќе одам со пријателите
на кафе).
4. Еднонасочна и заемна комуникација
Претходниот пример претставува еднонасочна комуникација
(самите кон себе), но таква комуникација може да се случи и
кога има повеќе учесници. На пример, кога професорот ја
предава лекцијата комуникацијата е еднонасочна, но кога ќе
ги вклучи учениците во активна дискусија за темата, тогаш
комуникацијата станува заемна.Еднонасочни се и средствата
за јавно информирање (медиумите), телевизијата, радиото,
печатените медиуми, како и писмата без одговор.
5. Вербална и невербална комуникација
Неколкупати кажавме дека јазикот е најсовршено средство за
комуникација. Кога го употребуваме јазикот ние вербално
комуницираме. Со помош на зборовите најпрецизно ги
искажуваме нашите мисли.Невербалната комуникација
подразбира употреба на гестови, мимики, паузи итн., односно
кога не се употребува говор (зборови).
Ви благодариме на вниманието!

Изработила:
Бојана Јанева III-3

You might also like