You are on page 1of 13

Универзитет “ Гоце Делчев “ – Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика

Семинарска работа

На тема : Видови на комуникација

Ментор : Изработиле:

Доц др. Александра Жежова Далибор Атанасов 175473

Иван Маџовски 175335

Скопје , декември 2016


Содржина

Kратка содржина .........................................................................................................3

Kлучни зборови ...........................................................................................................3

Abstract .........................................................................................................................4

Keywords ......................................................................................................................4

Вовед..............................................................................................................................5

2. Дефинирање на комуникацијата .............................................................................6

3. Невербална комуникација ........................................................................................7

4. Вербална комуникација .............................................................................................8

5. Останати поделби и видови на комуникација .......................................................11

Заклучок ........................................................................................................................12

Користена литература .................................................................................................13

2
Кратка содржина

Комуникацијата е битна од многу аспекти. Со комуникацијата се воспоставуваат


односи/релации помеѓу две или повеќе лица, помеѓу поединци или пак групи .
Комуникацијата пред се , се дели на вербална и на невербална комуникација. И
двата типа се битни при остварувањето на комуникацијата. Кој тип на
комуникација ќе се оствари зависи од самата ситуација. Освен овие два типа
постојат и други типови на комуникација.

Клучни зборови: комуникација, односи / релации , информации , размена , говор

3
Apstract

Communication is important in many respects. With communication established


relations relationships between two or more people, between individuals or groups.
Communication primarily divided into verbal and nonverbal communication. Both are
important in achieving communication. What type of communication will be realized
depends on the situation. Apart from these two types, there are other types of
communication.

Keywords

communication, relationships / relationships, information sharing, speech

4
Вовед

Комуникациските процеси се присутни во сите области на опшествениот


живот, поточно во сите опшествени појави. Поради тоа тие се предмет на интерес
од страна на поголем број на опшествени науки. Општествените комуникации се
основниот квалитет на сите наведени разлики со кои човечкиот род се разликува
од животинскиот свет. Човечкото комуницирање преставува размена на симболи
што имаат еднакво значење за учесниците во комуникацијата. Целосната
интеграција не е можна, но идеалното интеракциско комуницирање има за цел да
не здружи со другиот. Тоа е способност за антиципирање и однесување,
соодветно на сопствените потреби но и на потребите на другиот.

За комуникацискиот и информативниот комплекс на современата


опшествена стварност се интерсираат голем број науки, кои суштински се
разликуваат според својот предмет. Меѓу природно- техничките, опшествените и
хуманите науки се појавуваат и нови интердисциплинирани науки, кои се
обидуваат, од различни аспекти, да ги проучат карактеристиките и законитостите
токму на комуникациско- информацискиот комплекс. Бројни теоретичари
укажуваат на некои универзални карактеристики на комуникациските процеси без
разлика каде тие се одвиваат.Особено, обемниот и динамичен развој на
комуникациите и медиумите за масовно комуницирање (печат, радио, телевизија,
интернет и сл ) го потикнаа развојот на модерната теорија на информациите, во
прво време само од математички аспект, а подоцна од аспект и на другите науки.

Комуникацијата е многу битен елемент , без неа не би можела да се одвива


ниту една функција во општеството. Постојат многу поделени мислења околу тоа
кој вид на комуницирање е подобар, па така според некои тоа е вербалното ,
според други невербалното.

5
2. Дефинирање на комуникацијата

Комуникацискиот процес1 секогаш се одвива меѓу некои личности, групи,


институции, организации . Основата на секоја општествена комуникација се
луѓето-човекот. Меѓусебното комуницирање се одвива најчесто преку говорот или
преку писмото, поретко по пат на други знаци, кои припаѓаат на некој нејазички
симболички систем. Во социјалните интеракции, покрај вербалната постои и
невербална комуникација. Меѓутоа комуникациите можеме да ги поделиме и да ги
класифицираме и по други критериуми. Секоја комуникација меѓу луѓето е битна,
било да е тоа вербална или невербална.

Комуникацијата е една од оние човечки активности кои секој може да ги


препознае, а малкумнина да ги дефинираат на задоволително ниво. Во
литературата која се занимава со комуникацијата се среќаваат различни
толкувања и дефинирање на овој поим. Едноставно комуникацијата претставува
концепт или состојба за размена на информациите меѓу субјектите.
Комуникацијата може да се свати како мханизам за заемни врски со кој се
воспоставуваат контакти , како и збир на сите средства и методи со кои се
пренесуваат информациите со цел да се изврши влијание врз поведението на
луѓето. Комуникацијата се смета за ефикасна кога ја постигнува саканата реакција
и одговор од примателот. Постојат ставови кои сугерираат дека за да настане
комуникацијата, треба да се воспостави заемност во мислењата. Сепак
воспоставувањето на заемност во мислењата не е секогаш лесно како што
изгледа. Поради тоа , многу напори за комуницирање се безуспешни.

Комуникацијата се појавува на четири нивоа и тоа интерперсонална,


интраперсонална, оранизациска и макроопштествена.

1
С.Алексоски , Реторика и право , Кочани, 2011 стр 103

6
3. Невербална комуникација

2
При човечките односи односно контакти меѓу луѓето само 20 % од
онформациите се пренесуваат со помош на зборови како вербални средства 3,
додека 60 до 80 % се употребуваат невербални симболи( гестови, мимики ) или
некои технички средства( компјутери и други технички средства ). Секој човек
може да изучува разни јазици и работа со компјутери. Единствен во светот е
говорот на телото. Јазикот на мимиките и гестовите, јазик со кој може да се
комуницира полновредно со сите луѓе, ако не го зборуваме јазикот со согоорникот
со кого на некој начин сакаме да контактираме. Најголемото значење на
невербалната комуникација е тоа што неговите симболи најчесто се несвесни
имплуси кои е невозможно да се фалсификуваат и може да се открие дали
соговорникот ја зборува вистината или едно мисли а друо зборува.

Се смета дека главен извор на невербалната комуникација се емоциите,


кои со различен интензитет учествуваат во меѓучовечките интеракции. На пример
смеењето или насмевката има големо значење во комуникативниот процес. Едно
значење има некоја порака проследен со широка и ведра насмевка, друго
значење има истата порака проследена со иронична насмевка или со придушено
потсмевнување со раката ставена врз устатата итн. Во социјалните интеракции,
многу важно прашање е дали луѓето знаат и рабираат кои се вистинските намери
и мисли на другиот, дали пораките на комуникацијата се искрени или лажни,
прикриени порадни некоја причина.

Клучот на невербалната порака ги отвара скриените врати на соговорникот.


Често, невербалните начини на комуницирање се несвесни, емотивни, и се
примаат непосредно и делуваат поуверливои посилно.Вербалниот односно

2
. М.Влашчева, Ефективната организациска комуникација – императив за создавање на високи
деловни резлутати во современите бизнис трендови, Штип 2011

3
http://zorbakonsalting.wordpress.com/category/ Превземено на 10 јуни 2014,

7
говорниот канал при комуникацијата меѓу луѓето најчесто се искористува за
предавање на информации, но невербалниот канал при комуникацијата со луѓето
најчесто служи за проучување на природата на меѓучовечките односи, а во голем
број случаи го презема приемот при пренесувањето на информацијата. Се смета
дека независно од од културата и образовното ниво на поединецот, се тврди дека
доколку поединецот е подготвен да прима информации од различен карактер
(вербален и невербален), може по гласот да го определи движењето на
соговорникот во моментот на изнесување на некоја порака.

4. Вербална комуникација

Вербалниот односно говорниот канал при комуникацијата меѓу луѓето


најчесто се искористува за предавање на инормации, но невербалниот канали при
комуникацијата меѓу луѓето најчесто служи за проучување на природата на
меѓучовечките односи, а во голем број на случаите о презема приматот при
пренесување на информацијата.

Постојат три вида на вербална комуникација.

 Традиционален
 професионален
 активниот индивидуалниот тип .

4. 1 Традиционалниот тип на комуницирање не бара никакви специјални


знаења, нема ниту посебни разлики во нивото на известување. Оваа
комуницирање е вообичаено во средините и меѓу поединците кои меѓусебно се
веќе познаваат.

8
4. 2 Професионалниот односно формален тип на комуницирање се разликува
во рамките на професионалниот исказ, во средставата за масовна комуникација,
на предавањата. Основна слабост му е таа што во најголем број на примери
недостасува повртна информација.

4. 3 Индивидуалниот, односно активниот тип на комуницирање е најсложен и


најпродуктивен тип на комуникација и тука истовремено сите учесници се
рамноправни.

Како посебен облик на вербалната комуникација е устната деловна комуникација 4.

Пренесувањето на информации, пораки, податоци, говори, како и мисли,


може да биде направено преку разни форми на медиуми. Едни од основните
начини за комуницирање се вербално, невербално и писмено. Некои автори овде
го вбројуваат и визуелниот начин на комуницирање30, притоа мислејќи на
фотографии, знаци, симболи и дизајни. Сепак, во одредени ситуации, изразени
преку различни форми, истите можат да се вметнат во некој од претходно
наведените начини на комуникација. Во ваквата поделба на начините на
комуникација треба да се направи дистинкција на вербалната и невербалната
комуникација, од една страна, а од друга страна на писмената. Тоа е така затоа
што вербалниот и невербалниот начин обично одат еден со друг, доставувајќи ја
пораката наменета за примачот истовремено. Иако се среќаваат и одделно, сепак,
во нормални ситуации, меѓусебно се надополнуваат.

Некои автори го застапуваат мислењето дека најдобар начин да се објасни


пренесувањето информации, вклучувајќи ги тука вербалната и невербалната
страна на комуникацијата, е преку правилото „7% - 38% - 55%“31, односно 55%
говор на телото, 38% тон на гласот и 7% содржина на пораката. Постојат многу
бенефиции во вербалното доставување информации до некого. Нормално,
едноставноста и брзината со која многу информации се доставуваат одеднаш е
една од тие бенефиции. Притоа, нечиј израз на лице, говор на тело, како и тон на
зборување и обраќање кои се користат, исто така, додаваат тежина на
4
Мицески, Т. (2009). Менаџмент на човечки ресурси, интерен авторизиран
материјал. Економски факултет, Штип
9
информацијата која се доставува. Многумина реагираат на тоа дека и покрај
еволуцијата на електронската пошта и другите електронски форми на
комуникација, вербалната комуникација е подобра со тоа што нуди многу
поперсонална интеракција и потпомага во искажување емоции (на пример:
доверба, добронамерност и слично)

Доколку пораката која треба да се испрати е комплексна и официјална или


е наменета за поформална публика, тогаш писмената комуникација генерално е
методот кој треба да се употреби во таква ситуација. Општо, колку е пораката
подолга и посложена, толку е поголема и потребата за презентација на
информацијата во писмена форма. Форми на писмена комуникација вклучуваат
меморандуми, рапорти, презентации итн.

Писмената комуникација5 гарантира дека секој вклучен во неа ја има истата


информација. Овој метод овозможува и официјална евиденција или слична
документираност, што би можело да биде важно во иднина за докажување на
одредени факти и информации. Кога комуникацијата се одвива во пишана форма,
се елиминираат конфузијата и двосмисленоста на пораката која е испратена или
примена.

Главна предност на формалната комуникација е дека официјалните,


формални канали го олеснуваат пренесувањето на вообичаените и идентични
информации без одземање на преголемо внимание на менаџерите. Но, во исто
време, слабоста на овој вид на комуникација е дека преку точно утврдените
канали во голема мера се попречува слободниот и континуиран проток на
комуникација. Тоа честопати одзема многу време. Неформалната комуникација,
од друга страна, може, но и не мора, да го следи синџирот на команда. Истиот
може да се движи во која било насока и, како што е во функција на бизнисот, исто
така е во функција и на социјалниот живот на вработените во самата
организација. Методите на неформална комуникација охрабруваат ефективна
комуникација во две насоки помеѓу вработените, како и помеѓу менаџерите и

5
Мицески, Т. (2009). Менаџмент на човечки ресурси, интерен авторизиран
материјал. Економски факултет, Штип
10
нивните подредени. Не постојат строги правила или упатства, освен правилото
дека сите учесници во комуникацијата треба да бидат способни да се разберат
едни со други

5. Останати поделби и видови на комуникација

Освен споменатите видови на комуникација постојат и други видови и тоа 6 :

 Симболичка и сигнална комуникација ;


 Гласовна и негласовна ;
 Посредна и непосредна ;
 Еднонасочна и взаемна ;

Заклучок
6
http://www.psiha.com/psihagon/383-neverbalna-komunikacija

11
Комуникацијата треба да се смета за стратешко прашање кое треба да се
планира, развива, организира и контролира. Притоа, покажавме нема ништо
мистично и нејасно во врска со ефективната организациска комуникација.
Главните елементи на комуникацијата се познати и подложни на мерење и
евалуација. Како почетна точка за анализа треба да се земат различните
комуникациски стилови и вештини, како и видовите комуникација кои се
употребуваат во различни ситуации од страна на сите вработени и менаџери во
организациите.

По својата природа, комуникацијата е многу сложен, мултидимензионален


процес, чиј успех зависи од многу фактори. Се остварува низ размената на
информации, идеи, планови, донесување одлуки, правила, предлози, договори,
спогодби. Луѓето се организираат заедно за да се постигне она што не може да се
направи поединечно. Организирањето се одвива преку комуникацијата.
Организациите се социјални системи кои се потпираат на комуникацијата за да се
справат со несигурното окружување со цел да ги извршуваат потребните
активности на ефикасен и ефективен начин.

Користена литература

12
1. С.Алексоски , Реторика и право , Кочани, 2011

2. М.Влашчева, Ефективната организациска комуникација – императив за


создавање на високи деловни резлутати во современите бизнис трендови, Штип
2011

3. Atwater, L. and Waldman, D. (2008). Leadership, feedback and the open


communication gap. Arizona State University.

4. Smith, L. and Mounter, P. (2005). Effective internal communication. Great Britain:

Kogan Page.

5. Мицески, Т. (2009). Менаџмент на човечки ресурси, интерен авторизиран


материјал. Економски факултет, Штип.

13

You might also like