You are on page 1of 7

ОСИГУРУВАЊЕ

РАСКАЖУВАЊЕ:

I ГРУПА

1. Осигурување на стока во ладилници.

- Предмет на осигурување кај ова осигурување може да биде: резерви на стока


за продажба или преработка, сместени во изградени ладилници на
организации чија основна дејност е ладење и складирање на стока, како и во
изградени ладилници на големо - трговски претпријатија, пристаништа,
комбинати за производство или преработка на прехранбени производи,
претпријатија за производство на конзервирана храна, пијалаци, лекови,
хемиски и технички производи кои мора да се складираат на ниска
температура.
Не може да биде во фрижидери кои не се изградени ладилници во трговски
дуќани, домаќинства, хотели, ни стока која се пренесува во специјални
ладилници во авиони, железници, патишта, поморски сообраќај.
Се осигурува: пожар, удар од гром, експлозија, луња, удар со сопствено
моторно возило или сопствена работна машина во градежен објект, град,
паѓање и удар од воздушни летала, демонстрации, излевање на вода.
Провална кражба: оштетување на уредите за замрзнување, оневозможено
одржување на предвидената температура.
Со дополнителна премија се осигурува и: поплава и порој, лизгање и
одронување на земјиште, слегнување на тлото, снежни лавини, истечување на
складирани течности.
Не е осигурено: природно расипување на стоката, чување на погрешна
температура, уништување на амбалажата и стоката поради разни влијанија,
испарување или исушување на замрзната стока.

2. Осигурување транспорт и кредити.

- За време на транспортот, имотот е во постојана опасност. Се осигуруваат


превозните средства, стоката во превоз, одговорноста на возарот и др. Слично
е со осигурувањето на имоти, а различно од осигурувањето на лица.
Осигурениот не може да бара од осигурителот плаќање на надоместок кој бил
поголем од штетата. Не може да бара надоместок доколку штетата е настаната
од трето лице.
Според видот: Каско и карго. Речно-езерските транспортни средства се каско.
Друмските и железничките се комбинирано.
Според патиштата по кои се одвива транспортот: поморско, копнено, воздушно,
речно, осигурување на ПТТ пратки, комбинирано, осигурување на кредити, на
цевоводен транспорт.
Според траењето на транспортното осигурување: Каско (за едно патување, на
време), карго (на една пратка, генерално осигурување на сите пратки во
одреден временски период).

3. Воени и политички ризици:

- Ризици што се под дејство на мини, торпеда, разни воени орудија и секој акт
кој може да се подведе како воен. Нуклеарното оружје се исклучува од воените
ризици. Се вбројува ризикот штрајк и политички ризици како што се
запленување на стоката од странски власти, наредби на политичките власти
при што може да дојде до оштетување на стоката.
Се осигурува превозот на стоката по море и воздушен пат и поштенските
пратки. Се прифаќа само доколку стоката е во превозното средство. Не спаѓаат
ризиците што се последица на судска одлука.
Дополнителни транспортни ризици кои се бараат се: расипување на расипливи
стоки (овошје, месо, млеко...), смрзнување, стврднување и одмрзнување,
самозапалување и самоексплозија, рѓа, мирис, покиснување, кршење на лесно
кршливи стоки (стакло, порцелан...), угинување на животни, превоз на пари,
валути, предмети тешки над 20 тона, течење масло, кусок од непознати
причини, превоз и пренос на скапа опрема.

4. Способност за осигурување живот

- За склучување на осигурување со живот, потребно е да се исполнуваат


одредени услови: години на старост, здравствена состојба и деловна
способност. Според ова се проценува тежината на ризикот. Рамковните
старосни граници се определуваат со услови и тарифи. По правило се
осигуруваат здрави лица од 14 до 65 години. Може да се осигуруваат и лица
постари од 65 години со посебни услови за осигурување со зголемен ризик, со
што се зголемува висината на премијата.

5. Технички основи на осигурување живот

- Се врши пресметка со која треба да се утврдат условите со кои треба да се


утврди висината на премијата. Се определува според години на старост, пол,
работно место, условите на живот. При определување на критериумите се
зема во предвид движењето и стапката на каматите. Со употреба на извесни
формули се доаѓа до еден целосен критериум за утврдување на стапките така
да не бидат во загуба ни осигурителот ни осигуреникот иако се работи за група
на осигурување која е ризична, затоа што не може да се знае кога ќе настане
смрт на осигуреникот. Се склучуваат на подолги периоди (10, 15, 20 год.) или
доживотно. Таблиците се пресметуваат според стапка на смртност во земјата и
претходно осигурани лица.

II ГРУПА

1. Исто како 1 група


2. Осигурување на моторни возила од автоодговорност

- Се дава осигурителна заштита на сопственикот, односно корисникот на


моторно возило од одговорност за штети кои настануваат со употребата на
моторното возило на трети лица. Ова осигурување е задолжително и условено
со закон за разлика од каско. Се плаќа при регистрација. Осигурување од трети
лица. Компанијата им плаќа на оштетените трети лица (пешаци,
велосипедисти, патници во возилото). Ако компанијата исплатила помалку од
вредноста на штетата, остатокот го исплаќа осигуреникот. Ако нема возачка
дозвола, управува со возилото на нелегален начин, под дејство на алкохол,
наркотични или психотропни супстанци секако плаќа надомест на штета. Се
врши надоместок и кога штетата не е материјална (страв, душевен бол - смрт
на близок). Гарантниот фонд обезбедува исплаќање на штета и од непознат
сторител.

3. Меѓународен карго

- Осигурување на стока и други работи кои се пренесуваат со бродови, копнени


превозни средства или со летала. Се реализира преку следните договори:
договор за отворено покритие, генерална полиса, флотантен договор. Карго
осигурување може да склучи и лице кое не е сопственик на стоката, но има
интерес пратката да стаса неоштетена. Сумата се пресметува во денари
според курсна листа на НБРМ на денот на издавањето на полисата.
Се дели на: осигурување на извоз и осигурување на увоз.
Во осигурување на извоз на осигурениот му се издава извозна полиса на
англиски јазик. Се класифицира според дестинацијата и според видот на патот
по кој се одвива транспортот:
Извоз: поморски карго, копнен карго, останато карго.
Увоз: поморски карго, копнен карго, останато карго
Одговорност на возарот (за штети на стоката што ја превезува)
Домашно карго: поединечно осигурување (полиса), генерална полиса,
одговорност на возарот
Девизно карго: поморски ризици, воени и политички ризици, бродоградба,
одговорност на бродосервисерот, останато поморско каско, речно каско,
авионско каско, одговорност на корисници на контејнери, денарски каско,
поморски каско, одговорност на превозникот, одговорност на аеродромот.
Транспортни ризици од кои може да се осигурува: основни, дополнителни,
штета поради маани и природни својства на стоката, воени и политички ризици.
Основните се разликуваат според видот на транспортните средства.
Дополнителните е потребно да се наведат во полисата, бидејќи не се вклучени.
Основни се: сообраќајни, елементарни несреќи, самозапалување и експлозии,
пожари, виша сила.
Дополнителни се: кражба и неиспорака, манипулативни ризици и други.
Каде што ризикот е извесен, штетата не се покрива со осигурување.
4. Извозни кредити

- Ризикот на овој вид кредити претставува опасност за извозникот на стоки на


кредит дека купувачот од странство нема да плати во договорениот период и
под договорените услови. Кредитирањето на извозот на стоки се остварува
преку користење на комерцијални или банкарски кредити. Постои опасност врз
извозникот дека не ќе може да ги наплати своите финансиски побарувања по
одобрениот кредит на странскиот увозник.
Се класифицираат на: субјективни фактори (неспособност на увозникот да
плати) и објективни (стопанската состојба во земјата на купувачот, политички
промени во земјата, воени конфликти, штрајкови, граѓански немири). Извозниот
кредит се дели на извозникот и неговата земја, со што доаѓа до проширување
на меѓународната размена и зголемување на извозот. Тоа се остварува со
документи за осигурување на кредитната извозна операција - активност, преку
посредство на оштетни институции, со што државата презема одговорност да
ја надомести штетата што ја претрпел извозникот доколку дојде до
ненаплаќање на побарувањето.
Ризик на конверзија - преставува неможност од претворање на домашната
валута во некоја друга поради подмирување на достасаните обврски.
Ризик на трансфер - неможност да се изврши трансфер на валута во
странство.
Ризик на девизниот курс - настанува поради определена состојба на светскиот
паричен и девизен пазар. Може да предизвика штета на било кој од деловните
партнери.
Валутен ризик - два облика: девалвација (кога курсот на некоја валута во однос
на друга се намалува) и ревалвација - обратно. Против овој ризик се осигурува
на неколку начина: Со договарање на продажните цени во сопствена
национална валута, со договарање златна клаузула со која вредноста на
валутите се врзуваат за злато. Директна златна клаузула (тежинска вредност),
индиректна златна клаузула (допушта можност од зголемување и намалување
на цената во согласност со движењето на цената на златото).
Клаузула на цврста валута - се договара цена во цврста валута.

5. Рентно осигурување

Овој вид осигурување живот претставува такво осигурување со кое се


покриваат периодичните исплати на определени договорени износи на
осигурениот во определен временски период или до крајот на животот.
Осигурениот стекнува право на рента доколку ја уплати вкупната премија,
одеднаш или на рати.
Рентата е договор кој обезбедува периодични плаќања за одреден период на
време, или до крајот на животот на осигурениот. Лицети чиј живот го раководи
траењето на плаќањата се нарекува ренто-корисник. Со осигурување рента се
обезбедува дополнителна пензија.
Во случај на месечно плаќање премија, осигурениот е осигурен и за случај на
смрт.
Висината на рентата зависи од: староста на осигурениот, висината на
премијата, времето на плаќање на премија.
Рентното осигурување живот е добредојдена помош кога пензијата не е
доволна.
Видови ренти:
Според критериумот почеток на исплата на рентата: непосредни ренти
(исплатата почнува веднаш по уплата на премијата) и одложени ренти
(почетокот на исплата е одложен за договорено време).
Според критериум траењето на исплата на рента: привремени (на определено
време 5, 10, 15 години) и доживотни (траат до смртта на осигурениот).
Според периодите на исплата, рентите се делат на: годишна, полугодишна,
квартална или месечна рента.

ДОПОЛНУВАЊЕ:

I ГРУПА

1. Кај осигурување ренти од осигуреникот се бара ПОТВРДА ЗА ЛЕКАРСКИ


ИЗВЕШТАЈ.

2. Според ЗОО некои ризици... ВО ПРВАТА ГОДИНА.

3. Математичка резерва претставува разлика меѓу сегашната вредност на


СИТЕ ИДНИ ОБВРСКИ НА ОСИГУРИТЕЛОТ.

4. Договорните односи кај осигурување животи се поставени по ПРИНЦИП НА


ВЗАЕМНОСТ И СОЛИДАРНОСТ.

5. Фабричка цена на старите машини кои не се произведуваат се утврдуваат со


МЕТОДАТА НА СПРОВЕДУВАЊЕ СО ЦЕНИТЕ НА НЕЈЗИНИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ.

II ГРУПА

1. За покривање на штети од несигурни возила... СРЕДСТВАТА НА


ГАРАНТНИОТ ФОНД.

2. Дејство на нуклеарно оружје кај транспортното осигурување... СЕ


ИСКЛУЧУВА ОД ВОЕН РИЗИК.

3. За разлика од осигурување на моторни возила каско... автоодговорност се...


ПРЕСТИГНУВА 24 ЧАСА НА ДЕНОТ НАВЕДЕН ВО ПОЛИСАТА, А КАЈ
АВТООДГОВОРНОСТ ПРОДОЛЖУВА ДА ТРАЕ ДО ДЕНОТ НА ПОЛИСАТА.

4. исто како 1 група

5. исто како 1 група

ЗАОКРУЖУВАЊЕ:
I ГРУПА

1. До која висина може... ДО 3%.

2. под В.

3. Кое лице се смета како неовластено во управување на моторно возило? - Да


нема возачка дозвола, управува со возилото на нелегален начин, под дејство
на алкохол, наркотични или психотропни супстанци.

4. Преку колку општи договори се осигурува меѓународен транспорт или


осигурување на меѓународен карго? - ПРЕКУ 3.

5. Кои се сметале како природни својства... кај специфични транспортни


ризици? - Кало, р’ѓа, растур, расипување поради дејство на микроорганизми и
инсекти, р’ѓа поради нормална влага во атмосферата, самозапалување,
експлозија, угинување на стоката.

6. Што се дефинира процена на штетата? - Причината поради која е настаната


штетата, висината и обемот на штетата.

7. Што се подразбира под набавна вредност кај тотална штета? - Сите


потребни трошоци настанати до моментот на приемот, односно пуштање на
работите, односно до добивање на службена дозвола за работа.

8. Осигурување на меѓународен карго во практиката може да се реализира


преку: договор за отворено покритие, генерална полиса, флотантен договор.

9. Која формула од наведените се однесува на дефинирање на деловни штети:


демонтажа, монтажа, трошоци за транспорт, осигурување.

II ГРУПА

1. исто како 1 група

2. под В.

3. исто како 1 група

4. Во воени политички ризици не спаѓаат РИЗИЦИ КОИ СЕ ПОСЛЕДИЦА НА


СУДСКА ОДЛУКА ИЛИ САНИТАРЕН СТАНДАРД.

5. под В.

6. Што претставува ризик на конверзија? - Неможност од претворање на


домашна валута во некоја друга конвертибилна валута поради подмирување
на достасаните обврски.

7. исто како 1 група


8. Што се дефинира со процена на штета? - Причината поради која е настаната
штетата, висината и обемот на штетата.

9. Што се подразбира под осигурување ствари кај тотални штети? - сите


трошоци направени до приемот.

10. Под мноштвото штети во транспортот може да се набројат следниве:


вистински потполн губиток, потполн добиток, изведен потполн губиток,
заедничка генерална хаварија, засебни партикуларни хаварии, награди за
спасување, обврски за надомест.

You might also like