You are on page 1of 76

ОСИГУРУВАЊЕ ОД

ОДГОВОРНОСТ
Доц. Д-р Оливер Филипоски
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1. ОСНОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ОДГОВОРНОСТ
• Овој вид на осигурување се третира како имотно осигурување, иако прилично долго се водела расправа за тоа дали
би требало да се смета како посебна група на осигурување. Моментално, мнозинството од видовите на осигурување
од одговорност, се сместени во групата на неживотни осигурувања, што се смета за напредок во однос на
претходната ситуација, кога биле сместени во групата на осигурување “цивил”, во составот на групацијата
осигурување на имот. Со оглед на сложеноста на осигурувањето од одговорност и неговата разновидност и примена,
тоа е сместено во класата на транспортни осигурувања (класа 11 - осигурување од одговорност за употреба на
летала, и 12 - осигурување од одговорност за употреба на пловила), освен автомобилската одговорност, која поради
вкупниот опсег на премијата и поради важноста, се сместува во класата 10.
• Формирањето на посебни класи овозможува пратење на резултатите кои покажуваат различна тенденција, но и
голема непредвидливост во поединечните штети. Карактеристика на овој вид на осигурување е тоа што претставува
“осигурување со т.н. „долга опашка”, односно осигурување со долг крај, што значи дека настанатите штети се
решаваат многу години по истекот на полисата за осигурување. Тоа сигурно ја предизвикало и постоечката поделба
на класи во групата неживотни осигурувања. Осигурувањето од одговорност, иако присутно во асортиманот на
понудени услуги на сите осигурителни друштва, бара потполно нов пристап, како ризик присутен во секоја пора на
деловниот, (работниот) живот. Риск менаџментот мора да има посебен пристап при процената на овој ризик, од
аспект на вкупната промена во друштвото. Приватизацијата, односно процесот на одредување на сопственоста,
одеднаш ги доведе новите сопственици на претпријатијата или трговските друштва во ситуација да одговараат и за
последиците на своите активности (одговорноста спрема вработените, одговорноста за неисправни производи,
професионални пропусти, одговорноста врз основа на поседување на објектот во кој се извршува дејноста,
поседување на некои опасни средства, потоа врз основа на правни односи итн.), како спрема другите компании, така
спрема сопствените вработени и останати трети личности.

осигурувањето на имот
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1. ОСНОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ОДГОВОРНОСТ
• Може да се претпостави дека овој вид на осигурување се развивал според инерција, додека бил
сместен во групата “цивил”. Според тогашните услови, одговорноста и сопственоста биле
општествена, јавна категорија. Одговорноста, исто како и сопственоста, била општествена, па како
резултат на тоа договарачите на овој вид на осигурување, а исто така и осигурителите, не
посветувале доволно внимание, односно не му придавале посебна важност на овој вид на
осигурување и на некои детали, кои биле недоволно образложени во условите за осигурување, па тоа
морало да се реши на соодветен начин, прифатлив и за тој што го нуди осигурувањето од
одговорност, и за самите осигуреници.
• Поради претходно наведеното и поради можните негативни движења на техничките резултати,
недоволната определеноста на условите за осигурување и недостатокот на соодветни механизми за
следење на резултатите, кон овој вид на осигурување се пристапува како кон осигурување со голема
важност. За таков развој на настаните придонесоа и неадекватно оспособената продажна мрежа и
пристап кон осигурувањето. Истовремено условите за осигурување од одговорност кои се
применувале во Европа, претставувале пример за решавање на проблемите присутни во областа на
унапредување на продажбата на осигурување од одговорност. Општествените промени се основниот
двигател на развојот на овој вид на осигурување, што повторно побарува преиспитување на
постоечките услови за осигурување од одговорност. Недоволните познавања на можностите на овој
ризик, поврзани со настанувањето на штетен настан, побарува точно дефинирање на осигурителното
покритие кое не е секогаш доволно јасно и транспарентно.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1. ОСНОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ОДГОВОРНОСТ
• Одеднаш настанала потреба за точно и прецизно дефинирање на неговите перформанси во
согласност со условите за осигурување и мнозинството на закони во кои овој вид на осигурување има
своја основа (база, темел). Посебен проблем претставувало прашањето дали со нив е покриена само
граѓанско правната недоговорна одговорност или во некои случаи е опфатена со покритие и
договорната одговорност, што е многу важно од гледна точка на осигуреникот, затоа што може да
има решавачка улога при донесувањето одлука за осигурување.
• Може слободно да се каже дека истражувањето на било кое подрачје на осигурувањето од
одговорност е насочено кон изучување на законите и истражување на можните последици за
осигурениците и осигурителите, во случај на нивна примена. Во тоа подрачје треба да се бараат
причините за управување со ризикот на најдобар можен начин. Доброто познавање на суштината на
овој вид на осигурување, добивањето преглед на неговите можности, обработката на нормативните
регулативи и сите други специфичности кои се разликуваат од останатите имотни осигурувања
(особено се разликуваат во однос на предметот на осигурување и осигурителното покритие) одеднаш
стануваат решавачки за продажната мрежа на осигурувањето од одговорност. Во секој случај,
приближувањето на правната проблематика на осигурувањето од одговорност кон неправничкиот круг
на читатели и корисници, особено кон работниците, при продажбата на осигурување, решавачки
влијаело на интензивен тренинг за добивање на потребните знаења за совладување на овој проблем.
Што тоа всушност значи? Доколку некој сака да врши продажба на осигурување од одговорност,
потребно е да поседува барем минимално правно знаење, за да може да прикаже дел од можностите
на осигурувањето од одговорност.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.1. Одговорноста како поим
• Ако се прифаќа дека осигурувањето од одговорност е општествен феномен, својствен за високо
развиените општества, тогаш може да се прифати следнава дефиниција за поимот одговорност:
спремност на одредено правно или физичко лице, во одредени општествени односи да ги прифати
последиците од своите постапувања (делувања) или непостапувања, во тие односи. Доколку
последица на нечие постапување или непостапување во тие односи, е настанувањето на некој штетен
настан, прифаќањето на тој штетен настан од страна на оној што ја предизвикал штетата, се нарекува
одговорност.
• За да разбереме каков е тој вид на осигурување и од што го штити осигуреникот, потребно е да се
запознаеме со неговиот развој. Осигурувањето од одговорност настанало во почетокот на 19 век, како
начин за заштита на работодавачите и нивната одговорност за повреди на работниците на работното
место, а основната интенција на неговото воведување била следнава: последиците од нечии
погрешни постапувања или непостапувања, да се пренесат на осигурителот. Во секој случај,
неспорен е фактот дека проблематиката на осигурувањето од одговорност се надоврзала на
проблематиката на граѓанско правна одговорност, која може да биде договорена и во т.н.
недоговорена прилика. Во современите општества, како што се европското и американското, тие два
правни и економски сегменти меѓусебно се испреплетуваат и ја докажуваат основната интенција на
осигурителните мисли од 19 век - дека последиците од нечија граѓанско правна одговорност се
пренесуваат, трансферираат на осигурителот. Моментот кога друштвото поголемо внимание
посветувало на надоместувањето на штета, а помалку на причинителот на штетата, било решавачко
за развој на овој вид на осигурување. Во почетокот се водела расправа за моралноста на овој вид на
осигурување, затоа што се сметало дека секој треба да одговара за последиците од граѓанско
правната одговорност. Но со развојот на индустријата, трговијата и правните институции во одредено
општество, а особено со издвојувањето на автоодговорноста, како посебен вид на осигурување од
одговорност задолжително врз основа на закон, очигледно станало дека овој вид на осигурување, во
голема мера, го олеснува работењето на сите субјекти.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.1. Одговорноста како поим
• Без сомневање, овој вид на осигурување овозможил да се напушти принципот на докажување на вината во
подрачјето на одговорноста за штети и да се воведе принципот на претпоставена вина. Разработувањето на
осигурувањето од одговорност од аспект на продажбата, е основа за неговиот понатамошен развој, но при
тоа разработување не може да се заобиколи правната проблематика, која преовладува во овој вид на
осигурување и без нејзино совладување не може да се навлезе во суштината на проблемот на осигурувањето
од одговорност. Покрај тоа, правната проблематика и регулатива, присутни во овој вид на осигурување, се
главна причина за релативната незаинтересираност на директните понудувачи на овој вид на осигурување.
Имено, на пазарот за осигурување се нудело нешто чии последици за осигурителот и за осигуреникот без
соодветен риск менаџмент не може да се согледаат. Поради тие причини, односно поради недоволното
разбирање на осигурителното покритие што го нуди овој вид на осигурување, самите осигуреници не
покажувале интерес за ова осигурување се додека првите тужби и високите трошоци од судските спорови
(најчесто поради повреда на работниците на работното место) не ги принудиле на склучување на договори за
осигурување од одговорност, без многу размислување што со тие договори е опфатено. Од друга страна,
работата на продажба на осигурување (продажба на ризици) односно работата на агентите и застапниците во
осигурувањето е една од најсложените работи во дејноста осигурување, затоа што потребно е од општа
култура и комуникативност, да се познаваат бројни дејности кои нудат специфични осигурувања,
карактеристични токму за тие дејности.
• Осигурувањето од одговорност се наоѓа во групата на специфични осигурувања и е применливо за сите
субјекти, што му дава определено значење и тежина. Кога зборуваме за високата стапка на подготвеност
(припременост), како услов за извршување на продажбата на осигурување, се мисли пред се на агентите и
застапниците за продажба на имотно осигурување. Според Fushard, во банкарството стручната способност е
на прво место, а на второ место е личната култура. Во дејноста осигурување, успехот на кадрите е 25%
зависен од познавањето на професијата, 25% од желбата и 50% од општата култура и образование.
Продажбата на осигурувањето од одговорност, на прво место го поставува познавањето на професијата, со
акцент на познавањето на правната проблематика поврзана со овој вид на осигурување. Имотните
осигурувања, меѓу кои се вбројува и осигурувањето од одговорност, вклучуваат различни видови
осигурувања: осигурување од пожар, кршење на машини, провална кражба, кршење на стакло, домаќинство,
монтажа, градежништво, шомажа. Исто така вклучени се и некои посебни осигурувања како што се:
осигурување на саеми, осигурување на приредби од атмосферски врнежи итн.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.1. Одговорноста како поим
• Според тоа, не може да се бара од продажната мрежа успешна продажба на овој вид на осигурување,
доколку таа не е соодветно приспособена за тоа. Не може да се продаде осигурување во градежништвото и
да се понуди адекватно покритие, доколку не се познаваат доволно дејноста градежништво и ризиците кои
може да настанат.
• Не може да се осигураат приноси и животни, доколку продавачот на осигурувањето не ги поседува
потребните знаења во областа на агрономијата и ветерината, односно ако не знае што се случува со
предметот на осигурување за време на траењето на осигурувањето, а тоа повторно ја докажува точноста на
тврдењето дека високиот процент на општа култура и знаење, се неопходни за продажба на имотни
осигурувања (особено за продажба на осигурување од одговорност). Многу е тешко за секое осигурително
друштво да има агенти - специјалисти за одредена група на осигурување, затоа што тоа е поврзано со големи
трошоци, а особено поради тоа што тие ги извршуваат скоро сите наведени видови на осигурување (во
одредени случаи и продажба на осигурување од одговорност, кое се смета дека е најсложено). Тоа значи
дека мора да се земе во предвид фактот дека продажбата на осигурување, генерално претставува продажба
на услуги, а не готови производи, односно тоа е продажба на сигурност, заштита од одредени случувања кои
се идни, неизвесни и независни од искуството и желбата на осигуреникот. Многу стручни лица сметаат дека
при понудувањето на осигурување треба да учествуваат професионалци по поединечни професии, што би
овозможило услугата на продажба на осигурување, во секој случај да биде поквалитетна и посеопфатна.
Исто така, тоа е потребно да се направи и при продажбата на осигурувањето од одговорност, затоа што со
навремено ангажирање на правни стручни лица, проблемите би биле помали. Ако менаџментот во
осигурителното друштво определи дека пред овој вид осигурување постои иднина и перспектива, тогаш
потребно е да се развие до онаа висина, односно големина која што ја заслужува. Што значи тоа?
Едноставно, треба да му се посвети внимание на сите нивоа во едно осигурително друштво. На пониски
нивоа (големини), секако дека би требало да се организираат тимови или барем поединци кои исклучиво би
се занимавале со оваа проблематика, би работеле на професионално оспособување на продажната мрежа и
кои соодветно би можеле да реагираат на специфичните барања на пазарите.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.2. Специфичности на битните елементи кај осигурувањето од
одговорност
За да може целосно да ја разбереме вистинската природа на
ризикот од одговорност, односно за да може да се управува со тој
ризик, во понатамошниот текст се елаборирани сите важни
специфичности на осигурувањето од одговорност во однос на
останатите имотни осигурувања, а кои специфичности може да се
систематизираат во следниве делови:
1. Одговорноста како поим во составот на осигурувањето
2. Предметот на осигурувањето
3. Поимот трета личност во осигурувањето од одговорност
4. Карактеристични извори на опасности како предуслов за
остварување на ризикот од одговорност и
5. Сума на осигурување
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.2.1. Одговорноста како поим во составот на осигурувањето
Од аспект на продажбата на осигурувањето, односно агентот кој врши продажба на осигурување од одговорност
и купувачот на тоа осигурување, основниот проблем кој се појавува е одредувањето на осигурениот ризик.
Понатаму, што е тоа што се опфаќа со осигурувањето од одговорност, а се разликува од останатите видови на
осигурување? Со осигурувањето од одговорност се осигурува ризикот од надоместок на штета на трета личност.
Наместо штетникот или осигуреникот (осигурената личност), штетата на оштетениот му ја надоместува
осигурителот. Осигурувањето од одговорност, според својата природа претставува имотно осигурување, затоа
што договарачот на осигурувањето настојува да го спречи намалувањето на својот имот, односно своите
тековни финансиски средства, кое намалување би настанало кога тој самиот би требало да ја надомести
штетата.
Одговорноста како ризик е правен поим, не е пожар, не е кражба, не е кршење, не е незгода. Ризикот од
одговорност се остварува на пример кога би настанала повреда на телото или нарушување на здравјето на
некоја трета личност. На осигурениците треба да им се објасни дека се што прават или што би требало да
направат, а што е поврзано со извршувањето на нивната дејност, има своја причинско последична врска која
многу често за последица има настанување на нечија материјална или нематеријална штета која треба да ја
надоместат од тековните средства. Штетите можат да бидат предизвикани од различни извори на опасности,
вина или невнимание на вработените, поседување на опасни средства и објекти, поради различни законски
одредби итн. Со други зборови, со овој вид на осигурување, се осигурува законската одговорност на
осигуреникот, а во стварност се заштитува имотниот интерес на осигуреникот. Остварувањето на ризикот од
одговорност не мора секогаш да биде поврзано со вина (кривица), затоа што се почести се случаевите кога
ризикот од одговорност се остварува без оглед на вината на принципот на објективна одговорност.
Одговорноста не е еден од класичните ризици или опасности на кои е изложен нечиј имот, но нејзиното
остварување има за последица намалување на вредноста на нечиј имот, преку надоместување на штетата на
трети лица.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
,%%353 35 );;;5))3 55 ; 55 53)) "

3.1.2.1. Одговорноста како поим во составот на осигурувањето


Оваа дефиниција за поимот одговорност може да се прифати врз основа на условите за осигурување од
одговорност и врз основа на ширината на дејностите кои ги опфаќа, затоа што ја појаснува суштината на ова
осигурување на осигурениците (кои во поголем број на случаи ги разбираат главно ризиците кои може да се
материјализираат). Секако потребно е да се напомне дека целокупната одговорност на осигуреникот не е
покриена со овој вид на осигурување, затоа што штетите и повредите на третите лица можат да настанат од
многу различни извори на опасности, кои понекогаш посебно се договараат, на пример професионални
пропусти или некои други случаи. Тоа всушност е најсложениот дел за разбирање на осигурувањето од
одговорност поради невозможноста за согледување на вкупните можности за настанување на ризикот како и
поради исклучувањата од осигурување, предвидени со условите за осигурување. Истите проблем ги имаат и
странските осигурителни друштва. Италијанските осигурителни друштва ги исклучуваат штетите на средствата
на трети лица, кои настануваат како последица на пожар на имотот на осигуреникот. Исклучена е исто така и
одговорноста на осигуреникот за штети кои настануваат како последица на кражба. Тоа се само некои од
разликите во условите за осигурување од одговорност, но иако се во мал број, доволни се за да разбереме
колку е специфично осигурувањето од одговорност, од земја до земја. Разликите во условите за осигурување,
упатуваат на заклучок дека во согласност со развојот на овој вид осигурување и развојот на штетните настани,
потребно е секогаш да се контролираат и условите и цените. Непредвидливоста на големината на штетните
настани и нивната висина во парични износи, ги присилува сите осигурители да извршат усогласување на
условите за осигурување, со останатите видови на осигурување. Основната цел на воведувањето на овој вид на
осигурување е последиците од нечија граѓанско правна одговорност да се пренесат на осигурителот, а правната
основа за ова осигурување се наоѓа во Законот за задолжително осигурување и разни други закони кои го
регулираат работењето на трговските друштва и условите за осигурување од одговорност. За правилно да се
согледа проблемот на пласирање на осигурувањето од одговорност, потребно е да се запознае неговата
положба во групата на неживотни осигурувања и останатите видови на осигурување. Големината на важноста
на осигурувањето од одговорност во економска смисла, може да се согледа од резултатите на осигурувањето
од автомобилска одговорност, која е само дел од видовите на осигурување од одговорност. Иако е законски
задолжително, тоа го сочинува најголемиот дел од вкупно договорените премии за осигурување, во
поединечните осигурителни друштва.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.2.1. Одговорноста како поим во составот на осигурувањето
Пред спроведените општествени промени, на осигурувањето од одговорност не му
билo придаванo посебна важност. Овој вид на осигурување многу често се договара и
како дополнително осигурување на осигурувањето од незгоди, осигурувањето во
градежништвото и монтажа, а неговата присутност се забележува и во осигурувањето
на домаќинствата, како дел од пакетот на осигурени ризици.
Во последните 10 години, забележува значителен напредок и во праксата и во
теоријата. Најголемиот раст на премиите за осигурување во неживотното осигурување,
осигурителните компании забележуваат токму на подрачјето на осигурување од
одговорност. Во секој случај, кај нас овој вид на осигурување, не е развиено на онаа
висина како во земјите на ЕУ, но и тие се борат со слични проблеми, како и
македонските осигурителни компании. Paaolo Mariotti во својата книга за проблемите
на осигурувањето од одговорност вели: “Врз основа на статистичките податоци, се
смета дека италијанските работодавачи и разни професионални работници, сеуште не
научиле да ги користат сите можности (осигурително покритие) кои им ги нудат
осигурителните компании, особено во делот на осигурувањето од одговорност:
1. спрема трети лица и вработените, што е особено корисно во случаевите на
незгодите и несреќите на работа; и
2. одговорност при извршување на дејности (комерцијалисти, сметководители,
советници, доктори, нотари, даночни лица).”
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.2.1. Одговорноста како поим во составот на осигурувањето
Ако се земе во предвид почетната дефиниција за одговорноста, дека таа е
карактеристика на современото општество, тогаш самиот развој на тој вид на
осигурување би требало да зависи од пристапот на општеството кон тоа осигурување и
следењето на искуството на судската пракса, но осигурувањето од одговорност
прописно и соодветно се приближува кон агентите за продажба на осигурување, а со
тоа и кон идните корисници на осигурување.
Уште долго време, сигурен проблем ќе претставува обезбедувањето на осигурително
покритие на различните барања на осигурениците, кои сметаат дека со купувањето на
полисата за осигурување од одговорност извршиле пренесување на целокупната своја
одговорност, која настанува како последица на извршувањето на сопствената дејност.
Исто така потребно е да се совладаат основните поими поврзани со одговорноста -
започнувајќи од самиот поим одговорност, па се до основните правни поими, како што
се: правна личност, физичка личност, правна способност, одделение (институција) за
надоместок на штета, начело (принцип) на одговорност, вина (кривина), намера - а од
голема важност е и добро познавање на Законот за задолжително осигурување, како и
условите за осигурување од одговорност.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.3. Предмет на осигурување
Уште една специфичност на осигурувањето од одговорност, во однос на останатите имотни
осигурувања, е тоа што предметот на осигурување не може да се материјализира. Не
можеме да го именуваме предметот на осигурување, како што е тоа случај во
осигурувањето од ризикот од пожар и некои други опасности, каде на пример можеме да
кажеме дека осигурена е зграда и нејзината опрема, и при тоа можеме да ја именуваме
целокупната опрема која е осигурена. Предмет на осигурување во осигурувањето од
одговорност е одговорноста која не може да биде изразена во материјален облик, како што
е случајот во останатите имотни осигурувања, но последиците од остварување на ризикот
од одговорност се материјални (финансиски) во моментот кога на оштетениот (третата
личност) ќе му се надомести материјалната или нематеријалната штета.
Може да се извлече заклучок дека предметите на осигурување во останатите имотни
осигурувања се од материјална природа, можеме да ги опишеме, да ги перципираме, и што
е најважно, да ги квантифицираме. На пример, куќата има вредност од 100.000 евра,
масата има вредност од 200 евра, стаклото вреди 100 евра, додека кај осигурувањата од
одговорност под поимот предмет на осигурување се подразбира “граѓанско правна
недоговорна одговорност на осигуреникот за штети кои предизвикуваат смрт, телесна
повреда или нарушено здравје, како и оштетување или уништување на предметите на трети
лица”. Може да се каже дека имотот на осигуреникот во целост е осигурен од отштетните
барања на трети лица. Имотот не е осигурен физички, но е осигурен од намалување, затоа
што третата личност ќе биде обесштетена на товар на активата на осигурителот. Поради
полесно разбирање на осигурителното покритие, добро би било поимот предмет на
осигурување да се замени со “обем на покритие” кој ова осигурување го нуди, како што тоа
е назначено во условите за осигурување од автомобилска одговорност.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.3. Предмет на осигурување
Големината на осигурениот ризик, односно предметот на осигурување или она што со овој
вид на осигурување е заштитено, најдобро може да се согледа преку судската пракса и кога
ќе согледаме дека поради остварувањето на ризикот од одговорност, поединечните
компании можат да банкротираат, затоа што не можат да ја надоместат настанатата штета,
тогаш би било многу појасно зошто овој вид на осигурување има првокласно значење. Тоа е
особено интересно кај осигурувањето од одговорност за производите со недостаток (Product
liabilities), кај кое осигурување во одредени моменти, поради грешки кај производите кои
ги користат голем број на потрошувачи, може да настанат штети со огромни последици
(автомобилската индустрија, производството на храна, фармацевтската индустрија). Ова
може да биде предмет на расправа во делот на посебните услови за осигурување од
одговорност, кои ја регулираат оваа проблематика.
Она што е основно во делот на специфичностите кај осигурувањето од одговорност е тоа
што предмет на осигурување е одредена граѓанско правна недоговорна одговорност на
осигуреникот (што е истакнато во општите услови за осигурување од одговорност), а во
одредени екстремни случаи предмет на осигурување може да биде и договорната
одговорност. Со овој вид на осигурување, се обезбедува осигурително покритие само за
наведените видови на одговорност, односно одговорноста од оние извори на опасности
наведени во полисата на осигурување и условите за осигурување. Тоа во исто време
претставува проблем за брза афирмација на осигурувањето од одговорност.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.4. Осигурени опасности
Откако утврдивме дека со општите услови за осигурување од одговорност е покриена само
граѓанско правната недоговорна одговорност на осигуреникот, потребно е да согледаме од
кои извори на опасности произлегува таа одговорност и како се манифестира. Тоа се:
1. одговорност на осигуреникот за штета која настанала како резултат на извршување на
дејноста на осигуреникот, но не и договорна одговорност;
2. одговорност за штета која настанала како резултат на поседувањето на некои предмети;
3. одговорност која произлегува од одредени правни односи, како извор на опасности кои
се означени во полисата за осигурување;
4. одговорност поради зголемување на интензитетот на опасностите или проширување на
осигурениот извор на опасности;
5. одговорност поради нов извор на опасности, кој се појавува во текот на траењето на
договорот за осигурување;
6. одговорности поради кражба или исчезнување на некои предмети, под услов да се
сместени во заклучени простории;
7. одговорност поради штети кои не настанале со повреда или оштетување, односно
уништување на предмети, т.н. чисто имотна штета; и
8. одговорности поради загадување на земјата и водата (еколошки штети).
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.4. Осигурени опасности
Исто така, според општите услови за осигурување, може да се изврши и проширување на
одговорноста на осигуреникот, која произлегува од:
1. користење, односно поседување или закуп на: земјишта, згради или простории, кои
исклучиво се користат за извршување на осигурените дејности;
2. користење на објекти кои исклучиво ги користат работниците на осигуреникот (пр.
ресторани, тоалети, одморалишта, спортски игралишта и сл.);
3. користење на кранови наменети за превоз на лица и товар;
4. користење на велосипеди без мотор за потребите на дејноста што ја извршува
осигуреникот;
5. складирани материјали кои исклучиво се користат за извршување на осигурената
дејност;
6. активностите на осигуреникот како инвеститор или изведувач на градежни и монтажни
работи;
7. поседување гаражи, кои се наоѓаат во, покрај, над осигурениот недвижен имот; и
8. поседување на јавни гаражи.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.4. Осигурени опасности
Со оглед на тоа што поимот “активности” на осигуреникот е многу широк поим и во себе
вклучува разни видови на активности, производство, продажба, услуги, превоз и др.,
логично е тоа што осигурениците мислат дека овој вид на осигурување ги покрива сите
пропусти поврзани со нивната дејност или со нивното работење. Тоа не е точно, затоа што
осигурувањето се однесува само на граѓанско правните недоговорни одговорности на
осигуреникот, а во одредени екстремни случаи, се однесува и на договорната одговорност,
што најчесто посебно се договара доколку е предвидено со условите за осигурување.
Поради огромната сложеност на одговорноста како предмет на осигурување, односно
осигурителното покритие за различните извори на опасности, општите услови за
осигурување предвидуваат исклучувања за цел спектар на одговорности кои можат да бидат
покриени според други услови за осигурување од одговорност, при што е потребно да се
посвети големо внимание. Исклучувањата предвидени во условите за осигурување, главно
се однесуваат на професионалните пропусти на осигуреникот, намерно предизвикана
штета, штета која може да биде предмет на осигурување според други услови за
осигурување од одговорност итн.
Штети кои најчесто се случуваат и кои овој вид на осигурување ги покрива се штетите на
предметите на трети лица кои се појавуваат како последица на недоговорна одговорност.
Она за што осигуреникот има најголем интерес, се штетите кои се последица на договорна
одговорност, кои општите услови за осигурување ги исклучуваат. На пр. штети врз основа
на договорна одговорност постојат во делот на склученото осигурување за чисто имотни
штети, и тоа е единствено покритие на договорната одговорност, предвидено за
осигурување според овие услови. Според тоа може слободно да заклучиме дека со ова
осигурување е покриена граѓанско правната недоговорна одговорност од наведените извори
на опасности.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.4. Осигурени опасности
Чисто имотни штети како облик на договорна одговорност, која е покриена со ова осигурување,
можеме да забележиме кај хотелиерите кои прифаќаат резервации во хотелите за годишни
одмори. Со прифаќањето на резервации всушност склучен е договор и прифатена е договорна
обврска, а неисполнувањето на таа обврска предизвикува штета која се манифестира преку
направени непотребни патни трошоци за пристигнување до хотелот, трошоците што се направиле
за пристигнување до границата со можните посредни штети итн. Тоа се воедно и трошоци за
штети до кои дошло поради оштетување или уништување на предметите на трети лица, како и
повреда на телото или здравјето на некое трето лице. До чисто имотни штети најчесто доаѓа
поради пропусти на одредена личност која извршува одредена дејност (адвокати, хотели,
услужни организации, патнички агенции итн.). Од аспект на оној што врши продажба на ова
осигурување, тоа значи дека нема да бидат надоместени штетите кои се последица на договорни
обврски на осигуреникот или професионални пропусти, туку само штетите врз основа на
недоговорна одговорност, освен во делот на покритието за чисто имотни штети, со сите
ограничувања во поглед на висината на покритието. Како најнови измени во условите за
осигурување се предвидува автоматизам за осигурување на чисто имотните штети, но со
ограничување на вкупната сума на осигурување, што овозможува проблемот на посебни
договарања да биде решен на примерен начин. За сложеноста на ова осигурување придонесува и
самата тарифа, која е одраз на условите за осигурување, и чести се случаите кога агентите за
осигурување едноставно предвидуваат некои од изворите на опасности кои треба посебно да се
договорат и посебно да се тарифираат при понудувањето на осигурување. Проблематиката на
осигурување на чисто имотните штети може да биде актуализирана како една конфузија, затоа
што странските услови за осигурување тоа покритие го даваат како последица на материјални
штети на работите на некои трети лица. Како резултат на тоа што од полисите е исклучена
договорната одговорност, а финансиските загуби најчесто настануваат поради повреда на таа
договорна одговорност, осигурителот треба да ги ревидира одредбите од постојните услови за
осигурување кои ја регулираат таа проблематика.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.4. Осигурени опасности
Поради поедноставување на работите и афирмација на ова осигурување, и условите, и
тарифите треба да бидат конципирани и прилагодени на поединечните дејности и
извори на опасности, во смисла да бидат соединети во една премија за осигурување,
без дополнителни договарања, додадени на основната полиса. Со други зборови, за
некои од специфичните дејности потребно е да се креираат посебни услови за
осигурување на професионалните пропусти на осигурениците. Посебните услови за
осигурување на професионалните пропусти на осигурениците треба да се однесуваат
само на одредени дејности кои се од интерес за претпријатијата и општеството во
целина (лекари, инженери, проектанти, ревизори, сметководители, ветеринари итн.),
што секако дека би го разјаснило предметот на осигурување, односно опфатот на
осигурителното покритие во многу други дејности. Осигурувањето од одговорност при
извршување на одредени дејности е само еден сегмент од осигурувањето од
одговорност. Меѓутоа треба да се знае дека при неговото спроведување се
применуваат и прописи за одговорност за предизвикани штети, како и посебни
одредби за одговорност и надоместувања на штети, кои се однесуваат на поголем број
на посебни дејности, како што се: електростопанството, одржување на патиштата и
улиците, останати јавни претпријатија, компании за управување со станбени фондови
итн. Сето тоа ќе предизвика еден посебен пристап на дефинирање на опсегот
(ширината) на покритие, што општите услови за осигурување тоа не може да го
задоволат.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.5. Сума на осигурување
За разлика од останатите имотни осигурувања, кај осигурувањето од одговорност не може
да се зборува за подосигурување и надосигурување, но може да се зборува за доволност
(достаточност) на сумата за осигурување за да ја надомести настанатата штета во полниот
износ. Сумата на осигурување е горна граница на обврските на осигурителот за одреден
осигурен случај, и тогаш кога за штетата одговараат повеќе лица чија одговорност е
покриена со осигурување. Може да се каже дека станува збор за своевидно осигурување на
“прв ризик” кое ја претставува процената на осигуреникот или на осигурителот (или на
двајцата) на висината на можниот штетен настан, а може да се однесува и на предмети и на
личности. Токму утврдувањето и процената на нематеријалните штети или штетите кои ги
претрпуваат лицата, даваат посебно значење на договарањето и утврдувањето на сумата на
осигурување. Во останатите имотни осигурувања вредноста на предметот на осигурување
може да биде сметководствено утврдена, со проценка, со договор, и уништениот осигурен
предмет предизвикува исплата на штета и автоматско прекинување на осигурувањето, затоа
што осигурениот предмет повеќе не постои. Во осигурувањето од одговорност пак, за
разлика од останатите имотни осигурувања, не се осигуруваат сопствените предмети, туку
се исплаќаат штети на предметите и интересот на трети лица, како последица на
одговорноста на осигуреникот.
Тоа значи дека не се знае во чија сопственост се наоѓаат предметите кои се оштетени или
уништени како резултат на настанатиот штетен случај (за вредноста на предметите,
интересот и вредноста на животот, не постои простор за дискусија). Штетниот настан кој го
претставува осигурениот случај и со кој треба да се одреди сумата, е неизвесен, тешко
мерлив, а може да се појави неколку пати во еден осигурен временски период.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.5. Сума на осигурување
За разлика од останатите имотни осигурувања, кај осигурувањето од одговорност не може да се зборува
за подосигурување и надосигурување, но може да се зборува за доволност (достаточност) на сумата за
осигурување за да ја надомести настанатата штета во полниот износ. Сумата на осигурување е горна
граница на обврските на осигурителот за одреден осигурен случај, и тогаш кога за штетата одговараат
повеќе лица чија одговорност е покриена со осигурување. Може да се каже дека станува збор за
своевидно осигурување на “прв ризик” кое ја претставува процената на осигуреникот или на
осигурителот (или на двајцата) на висината на можниот штетен настан, а може да се однесува и на
предмети и на личности. Токму утврдувањето и процената на нематеријалните штети или штетите кои
ги претрпуваат лицата, даваат посебно значење на договарањето и утврдувањето на сумата на
осигурување. Во останатите имотни осигурувања вредноста на предметот на осигурување може да биде
сметководствено утврдена, со проценка, со договор, и уништениот осигурен предмет предизвикува
исплата на штета и автоматско прекинување на осигурувањето, затоа што осигурениот предмет повеќе
не постои. Во осигурувањето од одговорност пак, за разлика од останатите имотни осигурувања, не се
осигуруваат сопствените предмети, туку се исплаќаат штети на предметите и интересот на трети лица,
како последица на одговорноста на осигуреникот.
Тоа значи дека не се знае во чија сопственост се наоѓаат предметите кои се оштетени или уништени
како резултат на настанатиот штетен случај (за вредноста на предметите, интересот и вредноста на
животот, не постои простор за дискусија). Штетниот настан кој го претставува осигурениот случај и со
кој треба да се одреди сумата, е неизвесен, тешко мерлив, а може да се појави неколку пати во еден
осигурен временски период.
Штетите може да бидат многу високи и се разликуваат од случај до случај, од дејност до дејност, па
затоа идните осигуреници потребно е да посветат внимание при изборот на осигурително покритие.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.6. Трети лица во осигурувањето од одговорност
Во почетокот споменавме дека ова осигурување нуди осигурителна заштита од
отштетните барања на трети лица. Покрај осигуреникот и осигурителот, како лице кое
не е субјект на договорот за осигурување од одговорност, се појавува трето лице. Како
трето лице може да се појават и вработените на осигуреникот, а тоа е регулирано со
условите за осигурување од одговорност. Во Законот за задолжително осигурување се
нагласува дека: за штетата која вработениот во текот на работењето или во врска со
работењето би му ја нанесол на некое трето лице, одговара фабриката (компанијата)
во која е вработен работникот, освен ако се докаже дека на денот на настанувањето на
несреќниот случај вработениот постапувал онака како што треба. Тоа значи дека
штетата мора да настане во текот или во врска со работењето. Што се смета за “штета
која настанала во текот или во врска со работењето” се определува во зависност од
околностите на определениот случај.
Исто така, на повеќе места во експликацијата на проблематиката на осигурувањето од
одговорност, истакнати се европските услови за осигурување од одговорност (праксата
на европските земји во спроведувањето на овој вид на осигурување). Карактеристично
е што е поделена можноста за осигурување од одговорност, во две групи. Едната група
нуди осигурување од општествена одговорност, а другата група нуди осигурување од
одговорност спрема сопствените вработени. Осигурителите оставиле слобода при
изборот на склучување на договор за осигурување од општествена одговорност, а го
условиле склучувањето на договор за осигурување од одговорност спрема сопствените
вработени, затоа што штетите не се од голем интензитет како што се во делот на
осигурувањето од одговорност спрема сопствените вработени.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.7. Обврски, права и одговорност на страните во договорот за
осигурување од одговорност
Склучувањето на договорот за осигурување од одговорност
претставува правна работа, но и економска работа, насочена кон
заштита на економскиот интерес на претпријатијата, како
последица на нивните секојдневни активности со други
претпријатија и физички лица. Во таа интеракција, односно при тоа
взаемно дејство, можноста за настанување на штетен настан, како
последица на дејностите на претпријатијата, е многу голема.
Веројатноста дека одреден правен субјект односно вработените во
правниот субјект, ќе предизвикаат штета, се разликува од дејност
до дејност и зависи од бројни фактори кои се мерливи со помош на
актуарски методи, а резултираат со различна премија на
осигурување која во овој момент не е релевантна за елаборирање
на проблемот.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.7.1. Права и обврски на осигуреникот
Осигурувањето од одговорност при извршувањето на одредени дејности е доброволно, а настанува со склучувањето на договорот
за осигурување. По својата природа договорите се адхезиони, што значи дека осигуреникот со својот потпис се согласува дека ги
прифаќа сите услови кои се предвидени со договорот за осигурување. Осигуреникот, кој најчесто е и договарач на
осигурувањето, се обврзува дека ќе го плати износот на премијата на друштвото за осигурување, а осигурителното друштво се
обврзува дека на некое трето лице ќе му го исплати надоместокот, односно договорената сума на осигурување, или пак ќе
направи нешто друго.
Условите за осигурување од одговорност ги предвидуваат следниве обврски за осигуреникот:
1. Осигуреникот е должен да го извести осигурителот за настанувањето на осигурениот случај, како и за поднесеното барање за
надоместок на штета, во рок од три дена откако ќе дознае за тоа;
2. Осигуреникот е должен да го извести осигурителот и тогаш кога барањето за надоместок на штета против него биде поднесено
преку суд, и тогаш кога би бил притворен, како и тогаш кога ќе биде спроведена постапка за обезбедување на докази;
3. Доколку е спроведен увид, поднесена тужба или е донесена одлука за спроведување на казнена постапка, осигуреникот е
должен за тоа веднаш да го извести осигурителот, па и тогаш кога веќе го пријавил настанувањето на штетниот настан. Исто така
е должен да достави и наод до надлежните органи во врска со настанувањето на штетниот настан;
4. Доколку со осигурувањето е покриена штетата настаната поради кражба, осигуреникот е должен, без одлагање, да ја пријави
кај органите за јавна сигурност;
5. Осигуреникот не е овластен без претходна согласност на осигурителот да се изјаснува за барањето за надомест на штета,
особено да даде потполно или делумно признание, да преговара во врска со барањето за надомест на штета, ниту пак да изврши
исплата, освен ако според фактичката состојба не можел да го одбие признанието, преговарањето, односно исплатата. Доколку
осигуреникот погрешно сметал дека постои негова одговорност или дека фактите (фактичката состојба) се правилно утврдени,
тоа не може да го ослободи (оправда);
6. Доколку оштетеното лице поднесе тужба против осигуреникот за надоместок на штета, осигуреникот е должен тужбата и
целокупната постапка поврзана со штетниот настан и барањето за надоместок на штета, (водењето на спорот) да му го препушти
на осигурителот; и
7. Доколку осигуреникот не се придржува на обврските од овој член, тој ќе ги сноси штетните последици, освен ако тие би
настанале и покрај тоа што тој се придржувал на обврските.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.7.2. Права и обврски на осигурителот
Правата и обврските на осигурителот може да се согледаат при поднесувањето на барањето за надоместок на
штета, било од страна на осигуреникот или оштетениот (лицето кое ја претрпело штетата). Во врска со
поднесеното барање за надоместок на штета на оштетеното лице, осигурителот е во обврска:
1. заедно со осигуреникот да преземи одбрана од неосновани или прекумерни барања за надоместок на штета;
2. да ги задоволи основните барања за надоместок на штета; и
3. да ги надомести трошоците кои произлегуваат од судската постапка.
Секако дека најзначајната обврска на осигурителот е нудење на правна заштита која опфаќа:
1. испитување на одговорноста на осигуреникот за настанатата штета;
2. водење на спор во име на осигуреникот доколку оштетениот остварува право на надоместок на штета во
спорната постапка;
3. давање на целосна изјава во име на осигуреникот, која се смета за корисна при одбраната од неосновани и
прекумерни барања за надоместок на штета; и
4. во случај осигурителот, на име надоместок на штета, да извршил исплата на сумата на осигурување пред
започнувањето со спорната постапка, престанува неговата обврска за нудење на правна заштита.
Карактеристично за правната заштита е тоа што таа не е правна заштита во целосна смисла на зборот, како што
е тоа во западноевропските земји, затоа што нема слобода при изборот на адвокат преку кој би се реализирала
правната заштита. Освен тоа, трошоците за правна заштита може да бидат многу високи, а во полисата за
осигурување од одговорност тие трошоци се опфатени во составот на сумата на осигурување, што секако треба
да се измени и да се даде можност за посебни договарања на трошоците за правна заштита.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.7.3. Права и обврски на третите лица
Основно право на третите лица или оштетените лица
е барањето на надоместок за претрпената штета, од
осигуреникот или од осигурителот. Постапката
(активноста) со која оштетеното лице побарува
надомест на штета од осигурителот, се нарекува
action directa. Во секој случај, надоместокот за
настанатата штета може да изнесува максимално до
износот на обврските на осигурителот кои
произлегуваат од полисата за осигурување, а
разликата може да се побарува од осигуреникот.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.8. Промотивни активности насочени кон развој на осигурувањето од одговорност
Слободните пазарни услови за работење може да се сметаат за една од причините кои
го забрзаа напредокот на осигурувањето од одговорност при извршување на одредена
професионална дејност, затоа што со тие услови се актуализира одговорноста на секое
претпријатие во текот на своето работење.
Бидејќи сите договори за осигурување имаат атхезиона природа, што значи дека
осигуреникот со потпишувањето се согласува со сите одредби во договорот за
осигурување кои однапред се определени, па според тоа договорот за осигурување би
требало максимално да се приближи кон осигурениците, да биде јасен и концизен во
секој детал.
Договорот за осигурување не смее да ги доведе во конфузија страните во договорот,
по основ на прашањето за осигурителното покритие. Маркетиншкиот пристап во овој
вид на осигурување значи истакнување на неговите активности за сите корисници и
прифаќање од поширок круг на корисници, затоа што единствено на тој начин доаѓа до
изедначување на ризикот и резултатите. За поединечни дејности потребно е да се
подготват посебни услови за осигурување со кои би се покривале професионалните
пропусти на осигурениците. Во секој случај, не може да егзистираат само едни услови
за осигурување. Промоцијата на овој вид осигурување всушност значи негово
прифаќање на пазарот на осигурување, што на некој начин веќе е направено, но во
негативен контекст. Помалку или повеќе сите осигурителни друштва претрупани се со
отштетни барања со наслов - одговорност од сите видови, од основани до неосновани
барања, кои се често предмет на долготрајни спорови.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.8. Промотивни активности насочени кон развој на осигурувањето од одговорност
Промоцијата на овој вид на осигурување во позитивен контекст може да се направи во
подолг временски период во кој би се разрешиле сите конфузии поврзани со ширината на
покритието во условите за осигурување. Бидејќи судската пракса е можеби единствениот
вистински регулатор и модератор на сите измени во условите за осигурување, а во исто
време и показател на висината на надомест која се одредува во случај на спор, сигурно би
поминале уште низа години за измена на условите и тарифите. Најголемата промоција би
се постигнала со постојани стручни оспособувања на продажната мрежа, која ги дава
првите одговори на прашањата на осигурениците, а кога осигурениците ќе го прифатат ова
осигурување, без да размислуваат дали им е потребно или не им е потребно при нивното
работење, како и останатите видови на осигурувања, тогаш ќе дојде до изедначување на
ризикот и елиминирање на почетните негативни движења. Исто така, потребно е
континуирано да се следат странските искуства, затоа што тие се на еден повисок степен на
развој и веќе ги доживеале сите фази на развој на овој вид на осигурување. Во сето тоа,
промотивните и маркетиншките акции, можат само да помогнат. Осигурувањето од
одговорност станува неопходна потреба на секое претпријатие, поради непредвидливоста
на отштетните барања на трети лица, во поглед на нивната висина. Меѓутоа постојат
одредени компликации, кои настануваат како резултат на различните прописи и одредби во
кои ориентирањето е доста тешко, а особено е тешко предвидувањето на сите штети кои
претпријатието или неговите вработени можат да им ги нанесат на трети лица. Но, веќе
сведоци сме на се поголем број на дејности во кои се прилагодуваат условите за
осигурување, имено денес постојат посебни услови за осигурување на професионалната
одговорност на осигуреникот, која во осигурувањето од одговорност е исклучена од
покритие.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.8. Промотивни активности насочени кон развој на
осигурувањето од одговорност
Подрачјето на покритие се проширува и кон Европа, затоа што ниту
еден извозен договор не се склучува без полиса за осигурување од
одговорност, при што се побарува покритие за евентуалните штети кои
може да ги претрпат трети лица, поради производи со недостаток
(Product liability). Ниту една градежна или монтажна работа не се
извршува без полиса за осигурување од одговорност, која вклучува
ставка за одговорност за штети спрема трети лица, и ставка за
договорна одговорност во периодот на одржување на објектот.
Ова осигурување, иако незадолжително, функционира на ист принцип
како и задолжителното осигурување од автомобилска одговорност, и
кога на осигурениците ќе им стане јасно дека одговорноста не е
лимитирана само на одговорност од употреба на моторни возила,
тогаш ќе се прифати фактот дека овој вид на осигурување е нешто без
кое осигурениците не треба да започнат со работење.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.8. Промотивни активности насочени кон развој на
осигурувањето од одговорност
Со осигурувањето од одговорност не се покриени предмети на
осигурување, како што е тоа случај со останатите видови на имотни
осигурувања. Како предмет на осигурување се појавува одговорноста како
нематеријален поим и како ризик кој, кога ќе се оствари, има за
последица намалување на имотот на осигуреникот, кое намалување
настанува како резултат на тоа што се надоместува штетата што ја
претрпело некое трето лице. Таа штета е многу тешко да се предвиди, а
исто така може да биде честа и голема. Најчест пример за штета која
настанала врз основа на осигурување од одговорност, се телесните
повреди и нарушеното здравје на некое лице, кои настанале при
извршувањето на одредена дејност. Тие повреди најчесто се резултат на
непреземањето на заштитни мерки или непочитувањето на различни
прописи и законски одредби, при работењето. Најголем број од повредите
или смртните случаи, настануваат кај вработените, а помал број кај
останатите трети лица, па како последица на тоа, последните измени на
условите и тарифите се направени на начин што овозможува
осигурувањето од одговорност спрема сопствените вработени да се
договара факултативно и со многу поголема премија на осигурување.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.8. Промотивни активности насочени кон развој на
осигурувањето од одговорност
Најмалку нејаснотии во врска со осигурувањето од одговорност постојат во делот поврзан со покритието за
телесни повреди или нарушено здравје, затоа што секогаш може да се пронајдат елементи на одговорност на
претпријатието за наведените штети. Врз основа на тој факт, иако тоа не е правило, тужбите поради телесни
повреди или нарушено здравје, во текот на работењето, во поголемиот број на случаи се пресудуваат во корист
на послабата страна. Предмет на осигурување кај осигурувањето од одговорност при извршувањето на дејноста
се отштетните барања на сите трети лица, вклучувајќи ги и вработените на осигуреникот, а кои настанале како
последица на граѓанско правни недоговорни одговорности на осигуреникот, поседување на одредени објекти и
врз основа на одредени правни односи. Еден битен заклучок е тоа што предметот на осигурување од
одговорност не може да бидат отштетните барања на третите лица, како последица на договорна одговорност
на осигуреникот, што е и логично, затоа што со тоа покритие претпријатието со помош на осигурувањето би ги
компензирало своите загуби. Општите услови за осигурување не ги покриваат професионалните пропусти на
осигурениците. За одредени дејности, покритието на професионалните пропусти е предвидено со посебни
услови за осигурување од одговорност. Посебните услови за осигурување од професионална одговорност на
осигуреникот, се создаваат за високо професионални дејности, како што се: доктори, адвокати, нотари,
ревизори, ветеринари итн., каде утврдувањето на нечија одговорност е многу посложено отколку за други
дејности во кои одговорноста е регулирана само со општите услови за осигурување. Тешкотиите кои го следат
овој вид на осигурување, може да се сведат на неколку основни тешкотии, и тоа:
1. стручна (професионална) оспособеност на кадрите;
2. сложени тарифи и услови за осигурување;
3. преовладувачка, а недоволно јасна правна регулатива;
4. прилагодување на одредбите на ЕУ во врска со посебните видови на осигурување од одговорност; и
5. понуда за осигурување.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.8. Промотивни активности насочени кон развој
на осигурувањето од одговорност
Без оглед на сложеноста на тарифата и условите за осигурување, може да се истакнат
предностите кои ги нуди ова осигурување, а кои во исто време може да се истакнат
како елементи за негова брза афирмација. Тоа се:
1. право на оштетениот директно од осигурителот да побарува надомест на штета во
границите на договорената сума на осигурување;
2. правна заштита на осигуреникот;
3. заштита од штета која е поврзана со работата што ја извршуваат вработените на
осигуреникот;
4. заштита од отштетните барања на сопствените вработени;
5. целосна заштита за сите телесни повреди или нарушено здравје кај сите трети лица;
6. целосна заштита за сите штети врз основа на недоговорна одговорност;
7. пренесување на разрешувањето на споровите со третите лица на осигурителот; и
8. можност за договарање на специјални покритија.
3. КОМЕРЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
3.1.8. Промотивни активности насочени кон развој
на осигурувањето од одговорност
Минимален развој на осигурувањето од одговорност се забележува во делот на
осигурувањето од одговорност на малите бизниси (пакети осигурување, пакет ризици)
затоа што осигурениците многу малку знаат за ова осигурување, но пазарните
информации покажуваат голем интерес за овој вид на имотно осигурување, иако тоа
не понудува се што осигурениците сакаат. На крај, верувам дека секој од читателите
се стекна со впечатокот дека ова осигурување станува доминантно осигурување во
вкупните услуги кои ги нудат осигурителните компании, затоа што и побарувачката на
услугите за осигурување од одговорност е голема, со оглед на фактот што секој сака
да се заштити од отштетните барања на трети лица, кои се прилично непредвидливи.
Колку повеќе општеството напредува и колку поголем степен на правна регулатива
постои во општествените односи, толку повеќе ќе се зголемува потребата за овој вид
на осигурување.
Во секој случај, ова е осигурување со кое сите се соочуваме, сакале или не, затоа што
се претвори во секојдневна потреба на општеството.
Прашања:
24. Кои се специфичности на осигурувањето од одговорност?
25. Што претставува Одговорноста како поим во составот на
осигурувањето?
26. Што претставува Предметот на осигурувањето во ОО?
27. Што претставува Карактеристични извори на опасности како
предуслов за остварување на ризикот од одговорност?
28. Што претставува Сума на осигурување во ОО?
29. Што претставува Поимот трета личност во осигурувањето од
одговорност?
30. Права и обврски на осигуреникот?
31. Права и обврски на осигурителот?
32. Права и обврски на третите лица?
33. Кои се тешкотии кои го следат овој вид на осигурување?
Ви благодарам на вниманието
;'
ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
Доц. Д-р Оливер Филипоски
2. НЕБРЕЖНОСТ И ПРАВНА ОДГОВОРНОСТ

• Ризик со кој се соочува скоро секое лице или бизнис, е


однесувањето што може да резултира со повреда на друго лице или
штета на туѓ имот. Основата на ризикот е одговорноста утврдена со
закон за оној кој е одговорен за повредата или штетата на други лица
или нивниот имот. Тоа е ризик кој во многу случаи зазел
катастрофални размери и ризик кој може да се материјализира во
секое време. Нема начин да се пресмета сумата на законската
обврска однапред. Може да биде само илјада долари или дури и
половина милион. Тоа е ризик што нема максимален предвидлив
лимит.
• Пред да ја проучиме улогата на осигурувањето во заштитата на
поединецот од опасноста на правна одговорност, ќе ја испитаме
самата опасност, со акцент на принципите на небрежност кои ја
предизвикуваат изложеноста на одговорност.
2.1. КРИМИНОГЕНО И ДЕВИЈАНТНО
ОДНЕСУВАЊЕ
• Во основа, едно лице може да изврши два вида незаконски дела: јавни и приватни. Јавното незаконско дело е
кршење на некое од законите кои ги управуваат односите меѓу поединецот и општеството; тоа се нарекува злочин
и е предмет на кривичен закон. Злочинот вклучува најразлични постапки: предавство, убиство, силување,
подметнување пожар, кражба, влегување на туѓ имот, нарушување на јавниот ред и мир, физички напад,
скитништво итн. Кривичните дела државата ги казнува како тужител против граѓанин за прекршување на
должностите одредени со закони или општо право. Тие се казнуваат со парична казна, затвор и смрт.
• Приватното кривично дело, од друга страна, е прекршување на правата на друго лице. Приватното кривично дело
се нарекува прекршок, а лицето кое го извршува се нарекува прекршител. Извршувањето на прекршокот може да
му даде на лицето чии права биле нарушени, право да преземе мерки против прекршителот. Таквото дејствување
се нарекува граѓанска постапка. Прекршоците може понатаму да се поделат на намерни и ненамерни. Намерните
прекршоци вклучуваат кршење на правата на другите со физички напад или телесна повреда, клевета, кодошење,
погрешно апсење или затворање, влегување во туѓ имот, или нарушување на приватноста. Лицата кои претрпуваат
загуба како резултат на овие намерни прекршоци, имаат право да тужат за штета. Ненамерни прекршоци се оние
што се резултат на небрежност и невнимателност. Во овие случаи повредената страна може исто така да има
право на законска постапка, и покрај тоа што прекршителот немал лоши намери, како во намерните прекршоци.
• Осигурувањето од одговорност ретко се занимава со законските казни што се резултат на незаконско однесување
или намерни прекршоци. Се смета дека е спротивно на политиката на една држава да се заштитува едно лице од
последиците на намерна повреда која тоа ја предизвикува. Иако осигурувањето е на располагање за заштита од
штета настаната како резултат на некои намерни прекршоци, повеќето полиси за одговорност исклучуваат повреда
или штета предизвикана намерно или во правец на осигуреникот. Во осигурувањето од одговорност, пред сé не
интересираат ненамерните прекршоци или загубите што се резултат на небрежност.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
• Веќе утврдивме дека постојат многу причини за правна одговорност.
Најважна и најзначајна за осигурувањето е небрежноста. Додека многу од
принципите во врска со законот за небрежност, можат да се најдат во
законите, нејзиното првично поставување било преку општото право.
Основните принципи на општото право се тие дека повеќето луѓе имаат
обврска да се однесуваат како разумен и паметен поединец. Ако не се
однесуваат така, се доаѓа до небрежност и ако таа небрежност доведе до
повреда на друго лице, или штета на туѓ имот, невнимателното лице може
да се смета за одговорно за штетата. Правната одговорност се одредува од
судовите кога ќе се утврди дека се случило следново:
• Постои небрежност;
• Постои конкретна штета или загуба;
• Небрежноста е најблиска причина за штетата.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
A. Мора да има небрежност
• Основниот концепт на нашиот закон е дека освен ако страната згрешила -
освен ако лицето неразумно и незаконски ги нарушило правата на другото лице
- лицето не е одговорно. Основното прашање во сите случаи во врска со
правната одговорност мора да биде: "Дали имало небрежност?" Небрежноста се
дефинира како неуспех на лицето да посвети доволно внимание како што
наложуваат околностите.
• Кој може да се смета одговорен? За да се смета за законски небрежен, мора да
биде утврдено дека лицето имало должност да дејствува и дека не успеало да
дејствува или дејствувало неправилно. Прв предуслов е должноста за
дејствување.
• На почетокот од оваа расправа, кажавме дека "повеќето луѓе имаат обврска да
се однесуваат како разумен и паметен поединец". Се поставува прашањето:
"Кои луѓе ја имаат оваа обврска?" Постојат одредени групи поединци и
одредени институции кои се исклучени од обврската.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
,%%353 35 );;;5))3 55 ; 55 53)) "

A. Мора да има небрежност


Деца
• За да се однесува разумно и паметно, поединецот мора да е во состојба да одреди што е
разумно. Лицето мора да има, во законска смисла, достигнато возраст на разумност. Во
некои држави таа е одредена со закон на седумгодишна возраст; во други законодавства
судот ја одредува возраста кога лицето може да прави разлика помеѓу добро и лошо. Додека
децата под таа возраст имаат имунитет за правна одговорност, малолетник кој ја достигнал
возраста на разумност може да се смета за законски одговорен за неговите небрежни
постапки. Иако малолетниците можат да се сметаат за законски одговорни, степенот на
грижа што се бара од детето е често различен од оној што се бара од возрасен.
Ментално неспособни
• Од разбирливи причини од одредени ментално неспособни лица не се очекува да водат
грижа каква што се очекува од другите, психофизички здрави лица. Во очите на законот,
ментално неспособното лице е приближно исто што и "дете". Но, ако може да се покаже
дека ментално неспособното лице можело да покаже извесен степен на грижа, судовите ќе
пресудат за лицето до степенот на претпазливост.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
A. Мора да има небрежност
Владини тела
• Во општото право, владејачките сили можат да бидат судени само со нивна дозвола. Која било владина единица што учествува
во сувереноста е имуна на одговорност освен ако врши приватна функција. Кога извршува стриктно владини функции, таа е
вообичаено имуна на одговорност. Овој владин имунитет се базира на максима од старо општо право дека: "Царот не може да
згреши". Овој принцип беше значително модифициран - и со закони и со судски одлуки. Еден од најважните квалификации е
Федералниот закон за прекршоци, со кој се утврдува дека Соединетите Држави ќе бидат одговорни за парични штети до ист
степен како и приватните лица. Владиниот имунитет е исто така модификуван на државно ниво, во многу законодавства со
слични закони. Конечно, во сé поголем број случаи, судовите се обидуваат да најдат исклучоци за принципот на владин
имунитет, така што некои сосема го одбиле.
• Треба да се забележи дека дури и во тие области каде што принципот не бил укинат, имунитетот не се однесува на вработени во
владините единици, кои дејствуваат од својата положба на вработени. Ако г-дин Смит го удри возило на градскиот сообраќај и
штетата е резултат на небрежност на возачот на возилото, самиот град може да не се смета за одговорен, но возачот не го
поседува истиот имунитет.
Добротворни институции
• Претходно имало голема разлика помеѓу изложеноста на одговорност на добротворните институции и онаа на профитните, но
оваа разлика постепено исчезнувала. Во еден момент, судовите се двоумеле (а некои се уште се двоумат) за тоа да ги
прогласуваат добротворните институции одговорни, но најнова пракса е тие да се третираат на ист начин како и профитните
институции.
• Како дополнение на забуната во врска со децата, одговорноста на родителите за постапките на нивните деца е често погрешно
сфатена. Во основа, родителите не се одговорни за постапките на своите деца. Овој аспект ќе биде расправан во детали
понатаму во оваа глава.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
A. Мора да има небрежност
• Од што се состои небрежноста? Небрежноста се дефинира како неуспех на лицето да употреби соодветен
степен на грижа, како што наложуваат околностите. По правило, должноста да се води соодветна грижа му се
должи на секој кој може да претрпи повреди како резултат на неизвршување на должноста, дури и ако
небрежното лице не можело да го предвиди ризикот од повреда на друго лице заради однесувањето.
• Еден од најголемите проблеми е да се одреди што претставува правилно дејствување во секоја дадена
ситуација. За да се одреди тоа, судовите го применуваат она што е познато како правило на разумен човек, со
кое се одредува што би било разумен тек на настаните со оглед на околностите. Самиот факт дека друг начин
на дејствување би можел да ја избегне незгодата, не го прави лицето одговорно. Небрежното лице има право
на пресуда од страна на овој "стандард за разумен човек" наместо да проценува што требало да биде. На
судијата и поротата не им е дозволено да гледаат назад на ситуацијата од аспект на тоа што било и да ја
проценат одговорноста од аспект на тоа дали некој друг начин на дејствување ќе ја спречил ситуацијата.
Дејството мора да се суди според тоа што би направила една разумна и паметна личност, соочена со истата
ситуација.
• Со оглед на тоа што стандардот е прилично нејасен и разновидноста на околности и услови оневозможува
поставување на цврсти и ригидни правила, во финалната анализа на тоа дали должноста била неисполенета
одлучува судот. Вообичаено, повреденото лице го носи товарот за докажување на небрежноста. Но, има
определени принципи кои ја воведуваат одговорноста со закон или со пренос на товарот за докажување, од
повредената страна на обвинетиот.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
A. Мора да има небрежност
Небрежност сама по себе
• Во многу околности, она што го сочинува стандардот за грижа кој треба лицето да го исполни, е поставено арбитрарно со закон.
На пример, во повеќето држави постојат ограничувања на брзината за возење на автомобил. Овие ограничувања на брзината се
утврдени со правило кое ниедно разумно лице не треба да го наруши. Ако законот се прекрши, се нарекува небрежност сама по
себе и повредената страна е ослободена од обврската да докаже дека брзината била неразумна.
Апсолутна одговорност
• Во определени околности одговорноста може да биде утврдена едноставно затоа што "се случила незгода" и се утврдува без
оглед на тоа дали некој згрешил. Во такви случаи имаме примена на правилото на стриктна или апсолутна одговорност. На
повредената страна ќе ѝ биде признаена штета, и покрај тоа што немало ништо законски погрешно во тоа што другото лице го
правело и начинот на кој го правело.
• Еден од најважните примери на апсолутна одговорност се повредите поврзани со работата. Сите држави имаат донесено закони
за надоместок на работници, со кои се утврдува апсолутна одговорност на работодавци за повреди на работници, кои се
опфатени со закони. Во таа смисла, има оддалечување од основните закони на небрежност во случаите на повреден работник,
бидејќи нема потреба работникот да докажува небрежност од страна на работодавецот. Законите за надоместок на работници,
понатаму, претставуваат исклучок од правилото дека не може да има одговорност без грешка, и повредениот работник има
право на обештетување без оглед на небрежноста од страна на работодавецот.
• Втората примена на правилото за стриктна одговорност е во врска со исклучително опасни активности. Принципот се состои во
тоа дека оној кој одржува опасни услови во неговите простории или кој е вклучен во активности што содржат висок ризик за
лицата и туѓиот имот и покрај сета разумна грижа, ќе се смета за стриктно одговорен за штетата што ја предизвикува.
Вообичаени примери се: чување на диви животни, минирање, правење на експлозиви, копање на бунар со нафта, прскање на
житото од авион и контаминација на водата.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
A. Мора да има небрежност
Res ipsa loquitur
• Значаен принцип во примената на законите за небрежност е res ipsa loquitur. Ова значи дека "нештото зборува
само по себе" и се однесува на околностите и видовите незгода кои даваат доволно докази, во отсуство на
некое специфично објаснување, дека постоела небрежност. Незгодата е од таков вид што вообичаено не се
случува без нечија небрежност и принципот ја признава убедливоста на одреден вид докази за околностите.
Карактеристиките на настанот даваат заклучок или prima facie доказ за небрежност. Во примената на овој
принцип, законот го сменува товарот на докажување. Кога инструментот што ја предизвикал штетата бил под
единствена контрола на оптужениот, и незгодата е од оној вид што не се случува вообичаено во отсуство на
небрежност, законот предвидува дека фактот што незгодата се случила е доказ дека оптужениот бил
небрежен. На пример, ако г-дин Смит шета по тротоарот и сеф тежок 2000 фунти кој се спушта со јаже, падне
врз него, од него не се очекува да докаже дека лицето кое го спуштало сефот не водело доволна грижа.
Фактот што сефот паднал врз него е доказ за тоа. Товарот на докажување се поместува и оптужениот мора да
докаже дека се водело доволно грижа.
• За да биде применлив принципот, се бара да се исполнат одредени услови. Прво, настанот мора да биде од
таков вид што вообичаено не се случува во отсуство на небрежност. Второ, инструментот што ја предизвикува
повредата мора да се докаже дека бил под единствена контрола на оптужениот. Конечно, повредената страна
не смее да придонесе на каков било начин за сопствената повреда. Повредената страна мора целосно да е
ослободена од вина.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
Б. Мора да има конкретна штета или загуба
• Самиот факт што постоело невнимание не е доволна причина за правна одговорност. Мора
да постои конкретна повреда или штета што ја претрпело лицето кое бара надоместок. Во
повеќето случаи не е тешко да се докаже дека се случила повреда или штета, но често
одредувањето на сумата на штетата е исклучително тешко.
• Прекршокот може да е резултат на два вида повреда на друго лице: телесна повреда или
имотна штета. Во случај на имотна штета, степенот на загуба е релативно едноставен за
одредување. Најчесто се пресметува со конкретната парична штета на повреденото лице.
Ако, на пример, друг возач се судри заради невнимание со вашето возило и целосно го
оштети, станува релативно едноставно да се постави вредноста на автомобилот.
Највообичаени мерила се пазарната вредност и вредноста на амортизацијата. Дополнителна
загуба би вклучила неможност за употреба на вашето возило. Ако ви е потребно возило за
вашата работа така што мора да изнајмите некое, трошоците за изнајмување ќе бидат
вклучени во штетата. Неможноста за употреба на возилото може да достигне висока сума
ако, на пример, е уништена голема зграда. Во некои случаи, штетите за пример (за кои
накратко ќе расправавме) можат исто така да се признаат за имотна штета.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
Б. Мора да има конкретна штета или загуба
Во случај на телесна повреда, надоместокот на штети може да биде значително
покомплициран. Телесните повреди можат да доведат до барања за лекарски трошоци, губење
на доход (сегашен или иден), изобличување, болка и страдање, ментално растројство и
губење на дружба. Три класи на штети може да добијат компензација:
• Специјални штети. Специјалните штети даваат надоместок за мерливи штети, како што се
лекарски трошоци и губење на доход како резултат на повреда.
• Општи штети. Општите штети ѝ надоместуваат на повредената страна за нематеријални
загуби како што се: болка и страдање, обезличување, ментално растројство и губење на
дружба. Одредувањето на сумата за овие штети е чисто субјективно.
• Штети за пример. Штетите за пример се суми пресметани за небрежната страна како вид на
казна кога повредата е резултат на голема небрежност или намера. Тие се наменети не само
да казнат, туку и да ги одвраќаат другите од слично однесување во иднина.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
Б. Мора да има конкретна штета или загуба
Големата тешкотија во донесувањето на одлука за секој од овие видови загуби треба да е
очигледна. Прво, и покрај тоа што лекарските и болничките трошоци на повреденото лице се
предмет на прилично прецизни пресметки, повреда што ќе бара изложувања за многу години
во иднина може да направи проблеми во вреднувањето, во времето кога штетите се утврдени.
Истото тоа важи и во однос на загубата на идни доходи. Ако повредата ја спречува жртвата да
работи повторно, проблемот е во тоа да се одреди сегашната вредност на нејзините веројатни
идни доходи.
Во одредувањето на сумите што треба да се доделат за општите штети, ние влегуваме во
светот на фантазијата. Која е, на пример, "цената" на болката и страдањето и менталното
растројство, со губењето на нога или рака? Најдобар одговор е: "Сума за која адвокатот ќе ја
убеди поротата дека вреди".
Конечно, во однос на штетите за пример нема секогаш врска меѓу степенот на загубата на
повредената страна и сумата која е определена. Штетите за пример варираат со однесувањето
на небрежната страна, наместо со степенот на загубата на повредената страна и, во таа
смисла, претставуваат неочекувана добивка за повредената страна.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
Б. Мора да има конкретна штета или загуба
Правило за паралелен извор
Треба да се забележи дека штетите за телесни повреди можат да се пресметаат против
небрежната страна и покрај тоа што повреденото лице може да ја поврати сумата од други
извори. Основниот принцип на општото право, правилото на паралелен извор, се состои во тоа
дека штетите пресметани против прекршителот не треба да се намалат со постоењето на други
извори за обештетување што и се на располагање на повредената страна, како што се
осигурување или план за продолжување на доход, обезбеден од работодавецот. Ако X е
повреден од страна на Y и X има целосно осигурување за надоместување на повредата, тој
сепак може да го тужи Y за висината на лекарските трошоци и губењето на доходот кој тој би
го примил ако нема осигурување.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
В. Небрежноста мора да биде најблиска причина за штетата
• Небрежноста мора да била најблиска причина за штетата ако треба да му се плати
на повредениот. Тоа значи дека мора да имало непрекинат ланец од настани што
започнуваат со небрежност и водат до повреда или штета. Небрежноста мора да
била причината без која не би се случила незгодата.
• Небрежното лице обично се смета за одговорно не само за директните послеици од
неговите активности туку и за последиците што следеле природно и директно од
небрежното однесување. Дури и ако има сила што се вмешува, небрежната страна
може да се смета одговорна за штета ако вмешувањето било предвидливо. На
пример, да претпоставиме дека Смит одлучил да ги изгори лисјата, но не презел
мерки да го ограничи огинот. Ветерот почнува да дува (сила што се вмешува) и
жарчињата што летаат предизвикуваат пожар во куќата на Смит. Небрежноста го
започнала директниот ланец на настани, и покрај силата што се вмешува, Смит
може да се смета за виновен. Ветерот е причина што се вмешува, но е нешто што
Смит требало да го предвиди и да се обезбеди од тоа.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
В. Небрежноста мора да биде најблиска причина за штетата
Заедничка-и-посебна одговорност
• Понекогаш небрежноста на две или повеќе страни придонесува за тоа да дојде до повреда
или штета. Во такви случаи, прашањето за тоа кој е одговорен е од пресудна важност. Еден
од најважните принципи во оваа област е концептот на заедничка-и-посебна одговорност.
Одговорноста се вели дека е заедничка и посебна кога тужителот добива пресуда која може
да се спроведе против прекршители заедно или посебно. Всушност, овој принцип í дозволува
на повредената страна да ја поврати целата сума на обештетување од секој прекршител кој е
во состојба да плати, без оглед на степенот на небрежноста. Ако А и Б биле небрежни и В е
повреден, принципот на заедничка и посебна одговорност му дозволува на В да ја собере
целата сума на штети или од А или од Б, дури и ако А бил 98 проценти виновен, а Б бил 2
проценти виновен. Принципот е напаѓан од разни критичари кои обвинуваат дека тоа е чиста
манифестација на теорија за надоместок "длабок џеб".
• Повеќе од две третини од државите ги изгласаа законите од 1986 или го укинаа или
модифицираа принципот на заедничка-и-посебна одговорност, заменувајќи го со посебна
одговорност или систем за поделба на штетата врз основа на степенот на вина.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
В. Небрежноста мора да биде најблиска причина за штетата
Обврски на сопствениците на имот спрема другите
• Како општо правило, корисникот на земјиште има право да прави што сака со земјиштето, но
важно е да се забележи дека на почетокот сопственикот на имотот или неговиот корисник
има обврска спрема луѓето кои доаѓаат на него. Степенот на грижа која мора да се води
зависи од статусот на лицето кое доаѓа на земјата и од специфичните околности. Општото
право генерално разликува четири класи на луѓе со различни степени на внимание спрема
нив: натрапници, посетители со дозвола, поканети и деца.
Натрапници
• Натрапник е лице кое доаѓа на туѓ имот без право и без согласност на сопственикот или
корисникот. По правило, корисникот на земјиштето нема должност да води грижа за заштита
од повреда на натрапниците на неговиот имот. Децата кои влегуваат на туѓ имот и
"откриените натрапници" се исклучок. Кога ќе се открие натрапникот, корисникот на
земјиштето мора да покаже вообичаена грижа за сигурноста на натрапникот. Во спротивно,
единствена обврска му е да избегне предизвикување на намерна повреда на натрапникот.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
В. Небрежноста мора да биде најблиска причина за штетата
Обврски на сопствениците на имот спрема другите
Посетители со дозвола
• Посетител со дозвола е лице кое доаѓа на имотот со знаење или толеранција на сопственикот, но без цел или
корист за сопственикот. Оваа класификација вклучува продавачи кои одат по домови, деловни посетители кои
залутале барајќи ги просториите каде биле поканети или им било дозволено да влезат, или можеби пријатели
и роднини во посета. Како и со натрапниците, сопственикот на имотот мора да избегне намерна повреда на
посетителот со дозвола. Исто така, тој мора да го предупреди посетителот со дозвола или да ги направи
безбедни условите што претставуваат ризик кој не е толку очигледен за разумно лице кое доаѓа на имотот. На
пример, корисникот на земја има должност да ги заштити посетителите со дозвола од диви и домашни животни
на имотот, кои знае или треба да знае дека се опасни. Затоа, ако семејното куче е опасно и оваа
карактеристика ја покажало претходно, корисникот на имотот мора да го заштити посетителот со дозвола од
животното, или ќе се соочи со апсолутна одговорност.
• Ако корисникот на земјиште знае дека лицата постојано или вообичаено влегуваат на неговиот имот,
корисникот има повисок степен на одговорност спрема таквите лица, отколку спрема обичните натрапници.
Тоа се базира на принципот дека ако сопственикот знае дека лицата имаaт обичај да влегуваат во туѓ имот и не
прави ништо за да го спречи тоа, толеранцијата значи имплицитна согласност за присуство на натрапниците, со
што се менува нивниот статус во посетители со дозвола. Можеби најдобар доказ за оваа имплицитна
согласност е земјениот пат. Корисникот на земјиштето може да ја спречи имплицитната согласност со
поставување на знаци "Забранет влез - приватен имот".
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
В. Небрежноста мора да биде најблиска причина за штетата
Обврски на сопствениците на имот спрема другите
Поканети
• Поканет е оној кој бил поканет на имотот заради некоја цел на сопственикот. Ако лицето кое
доаѓа на имотот е деловен посетител - поканет - а не поканет со дозвола, степенот на грижа
што се бара од корисникот на земјиштето е значително поголем. Поканетите, како
класификација, вклучуваат муштерии или лица на имотот кои се отворени за примање на
луѓе, бесплатно или со плаќање - како театри, цркви, железнички станици и слично. Исто
така вклучува и поштари, луѓе за испорака, работници, чистачи итн., кои доаѓаат на земјата
за понатамошна употреба на земјиштето од онаа на корисникот. Во однос на поканетите,
лицето кое ја користи земјата има должност да провери и открие присуство на природни или
вештачки услови и активности што претставуваат ризик за штета, и треба да ги предупредат
поканетите за такви опасности или да ги заштитат. Ова е посериозен товар отколку грижата
што треба да се води во однос на посетителите со дозвола, со оглед на тоа што важи за
повеќе од само поголеми или невообичаени опасности. Секој услов што може да го повреди
поканетиот е можен извор на правна одговорност.
2.1.1. Небрежност и правна одговорност
В. Небрежноста мора да биде најблиска причина за штетата
Обврски на сопствениците на имот спрема другите
Деца
Законот предвидува поголема одговорност за степенот на грижа што се води во однос на децата. Општоприфатен е
фактот дека децата не се однесуваат секогаш најпаметно. Со оглед на тоа, законот бара од сопственикот на имотот да ги
заштити децата од себеси, без оглед на нивниот статус како натрапници, посетители со дозвола или гости. Со принципот
на привлечна непријатност, висок степен на грижа е предвиден за корисникот на земјиште во однос на некои услови на
земјата - привлечна непријатност - која може да го привлече или повреди детето во раните години. Принципот се базира
на тоа дека постои поголем социјален интерес за безбедноста на децата отколку за правото на корисникот да прави што
сака со своето земјиште. За да е применлив овој принцип, детето мора да е толку незрело што не е во состојба да ја
препознае опасноста. Или мора да е нешто што корисникот на земјата ќе сфати дека содржи неразумен ризик за повреда
на тие деца.
Во примената на овој принцип, корисникот на земјата е обврзан да се погрижи да ги пронајде децата на имотот. Ако тој ги
пронајде, тогаш е обврзан да ги предупреди или да ги заштити од услови кои им се закануваат со смрт или сериозна
телесна повреда. Многу видови на вештачки услови се сметаат за привлечна непријатност. Сепак, не се појавува некој
утврден критериум што судовите го користат. Напуштените возила се сместуваат во оваа категорија. Експлозивите,
оружјето, скалите за подрум, дрвјата, машинерија за изградба и оградите, се смета дека исто така може да се вбројат.
Всушност, скоро сé во и околу имотот во еден момент или друг може да се сместат во оваа категорија. Може исто така да
се забележи дека е тешко да се елиминира можноста за правна одговорност од привлечна непријатност дури и со
умирање, бидејќи дури и надгробните плочи се квалификуваат според овој принцип.
2.1.2. Одбрани од небрежност
• До сега во нашата расправа за небрежноста, се занимававме со постоењето на должност на други или
неисполнување на таа должност. Но, индивидуалното небрежно однесување не мора да значи дека
лицето е законски одговорно. За многу прекршоци во врска со небрежноста, претпоставените небрежни
страни може да имаат одредени одбрани кои може да ги ослободат од правна одговорност и покрај
небрежното однесување.
Преземање на ризик
• Одлична одбрана од прекршочни дејства е преземањето на ризикот од страна на повредената страна.
Ако лицето ја препознава и разбира опасноста што произлегува од дејството и доброволно одлучува да
се соочи со тоа, ова преземање на ризикот ќе блокира секаков надоместок за повреда предизвикана од
небрежност. Можеби највообичаена примена на овој принцип е присуство на одредени спортски
активности како безбол или хокеј. Судовите утврдиле дека при барање на дозвола за присуство,
гледачот мора да се смета дека избрал да го претрпи добро познатиот ризик од удар во глава од топка
или хокеј пак. Друг вообичаен пример е гостин-патник во автомобил. Ако автомобилот се вози на многу
небрежен начин и гостинот не протестира заради опасното возење, тој може да се смета дека го презел
ризикот за повреда.
• Небрежност кај повредената страна. Небрежноста кај повредената страна може да биде пречка за
надомест на штетата, или во некои правни системи да ја намали сумата што треба да ја добие
повредената страна на име надомест на штета. Се развиле две доктрини: придонес за небрежност и
компаративна небрежност.
2.1.2. Одбрани од небрежност
1. Придонес за небрежност
• Како резултат на идејата дека секое лице има обврска да се погрижи за сопствената безбедност и не
може да обвини некој друг за штета за која треба да се обвини личната небрежност, се разви принципот
на општото право за придонес за небрежност. За да наплати, повредената страна мора да се појави на
суд со чисти раце. Со принципот на придонес за небрежност, секоја небрежност од повредената страна
дури и мала, најчесто ќе го поништи барањето. Степенот на придонесот за небрежност нема влијание.
Дури и мала небрежност од повредената страна ќе го поништи барањето.
• Придонесот за небрежност е важна и ефикасна одбрана, но е исклучително суров принцип за примена
во модерното општество. Непожелно изгледа тоа што некои судови продолжуваат да го следат
максимумот на општото право за одбивање на поделба на кривицата. На пример, може сериозно да се
доведе во прашање чесноста на законскиот принцип со кој лице кое е 90 проценти виновно за незгодата
треба да се ослободи од одговорност само затоа што повредената страна била 10 проценти одговорна.
Бројот на примери во кои придонесот за небрежност се квалификува како одбрана е практично
бесконечен. Еден од највообичаените примери во автомобилската одговорност е невнимателно
преминување преку улица. Пропуштање да се даде знак за вртење може да биде придонес за
небрежност од ваша страна, иако вашиот автомобил бил удрен од автомобил што наближувал. Неколку
примери за придонес за небрежност се: пијанство, трчање по слабо осветлени скали, предизвикување
на животно, грубо играње.
2.1.2. Одбрани од небрежност
2. Компаративна небрежност
• Заради суровоста на принципот за придонес кон небрежност, повеќето држави прифатија
попопустлив принцип, односно принцип на компаративна небрежност. Придонесот за небрежност
од повредената страна не мора да го поништи барањето, но ќе се користи на некој начин да ги
ублажи штетите што ги плаќа другата страна. Правилата на компаративната небрежност се
поделени во две големи групи. Едната е т.н. чисто правило, понекогаш наречено и Мисисипи
правило, зашто за прв пат е увоено од таа држава во 1910. Со ова правило, секој обвинет кој е
само делумно виновен мора сепак да плати пропорционално на неговата вина. Повеќето други
држави го следат Правилото на Висконсин, прво воведено во 1933, според кое обвинетиот кој бил
најмалку виновен воопшто не треба да плати. До 1995, сите освен седум држави го усвоија едното
или другото правило.
• Принципот на компаративната небрежност содржи многу елементи што треба да се коментираат.
Има ефект на ублажување на суровоста на принципот - придонес за небрежност, особено во
ситуации во кои малиот степен на придонес за небрежност ќе го побие барањето на повредената
страна. Изгледа неправедно да се одбие барањето за случаи во кои небрежноста на повредената
страна е мала, но исто така изгледа нелогично да му се дозволи некому да ја надомести целосно
штетата во такви случаи. Ако поротата може да ги оддели степените на небрежност, принципот на
компаративна небрежност ќе даде логички и праведни резултати.
2.1.2. Одбрани од небрежност
2. Компаративна небрежност
Последна чиста шанса
• Принципот на последна чиста шанса е дополнително променување на принципот на придонес за небрежност.
Со овој принцип, што се користи практично во сите законодавства, се потврдува дека придонесот за
небрежност на повредената страна нема да го спречи надоместокот ако другата страна непосредно пред
незгодата имала "последна шанса" да ја спречи, но не успеала да ја искористи приликата. Неговата логика е
очигледна. Ако некој може да ја избегне незгодата и не прави ништо да ја спречи, тој треба да е законски
одговорен за штетите, без оглед на придонесот за небрежност на повредената страна.
• За да го илустрираме примерот, да претпоставиме дека X вози на автопат по стопирање на знакот - стоп.
Делумно е на автопатот, кога неговиот автомобил откажува. Тој упорно се обидува да го запали автомобилот,
но без успех. Автомобил кој го управува г-ѓа Y со голема брзина се движи по автопатот. Иако Y го забележува
автомобилот на X пред незгодата, таа многу малку намалува и не се обидува да вози на другата страна од
патот. Од судирот што се случува, X може да има право да наплати значителна сума од штетите, иако немал
право да биде на автопатот и знаел дека неговиот автомобил има обичај да откажува. Во овој случај Y била
небрежна заради тоа што не возела внимателно. Таа ја видела ситуацијата на X и можела да ја избегне
незгодата со тоа што ќе ја намалила брзината, или ако било неопходно, ако застанала. Исто така, таа можела
да вози од другата страна на патот ако немало сообраќај. Една од најтешките лекции што треба еден возач да
ја научи дека правото на предимство, не значи дека му е дозволено да го користи ова право без разумни
обѕири за безбедноста на другите, дури и ако другите се ставиле небрежно во ситуации кои може да
претставуваа ризик за лица и имот.
2.1.2. Одбрани од небрежност
2. Компаративна небрежност
Последна чиста шанса
• Продолжување на прекршочни постапки Според општото право, прекршочните постапки не продолжуваат по
смртта на лицето кое ја предизвикува повредата или повреденото лице. Тоа очигледно спречува надоместок од
страна на личниот претставник на починатиот за неговиот имот. Одговорното лице може да се смета за
кривично, но не и граѓански одговорно. Јасно е, заради тоа, дека ова правило има необична карактеристика,
бидејќи прави да биде попрофитабилно да се убие лице, отколку да се осакати. Скоро во секое законодавство,
ова правило е изменето до извесен степен. Некои закони утврдуваат дека причината за постапка за штета на
имотот продолжува по смртта на обвинетиот или на тужениот. Но, повеќето одат уште подалеку и дозволуваат
продолжување на причините за постапка за лични повреди исто така. Сега секое законодавство има некој вид
закон за предизвикана смрт. Најчесто се создава нова причина за постапка во корист на одредени роднини кои
преживеале - обично брачни другари, деца или родители - што дозволува надоместок на штетата која ја
претрпеле тие лица. Новата причина за постапка, сепак, не ја елиминира одбраната што ѝ е на располагање на
одговорната страна. Со тоа, придонесот во небрежноста на починатиот, преземањето на ризикот, или
одобрението дадено од него пред смртта, за целосно обештетување според пресудата од страна на починатиот
се смета дека ги спречуваат постапките за предизвикана смрт во повеќето држави.
2.1.2. Одбрани од небрежност
2. Компаративна небрежност
Правна одговорност и банкрот
Ризикот од правна одговорност опфаќа потенцијални катастрофални штети. Со различните фактори
што се користат во одредувањето на штетите од дејство комбинирано со небрежност, резултатот
може да е вчудоневидувачки. Нормално, може да се постави прашање дали виновната страна,
соочена со голема пресуда, има друга алтернатива, освен да плати, дури и ако е потребна сума што
цел живот ќе ја плаќа. Банкротот е, се разбира, алтернатива, и можеби е единствена можна насока
на постапување. Небрежната страна ќе изгуби повеќе од она што го собирала дотогаш во животот,
но ќе биде ослободена од остатокот на пресудата. Ослободувањето од обвинението може да се
покаже пожелно за виновната страна, но срамот од банкротирањето ќе трае цел живот и практично
ќе ги спречува сите негови идни бизниси и лични активности.
Пресудата за одговорност што произлегува од своеволен и злонамерен прекршок, од друга страна,
не може да се ослободи со банкрот. Виновната страна ќе биде обврзана да ја плати пресудата ако го
опфаќа остатокот од неговиот живот. Тоа што банкротот нема да ја ослободи пресудата што
произлегува од своеволна и злонамерна постапка е факт што треба да се почитува, особено од
младите луѓе кои се наклонети да возат на начин кој може да доведе до своеволно и злонамерно
однесување.
Прашања:
7. Кои се услови за правна одговорност? добијат компензација?
8. Што претставува институтот Мора да има 16. Што опфаќаат Специјални штети?
небрежност?
17. Што опфаќаат Општи штети?
9. Кои групи на поединци и институции се
ослободени од обврската „да бидат разумен и 18. Што опфаќаат Штети за пример?
паметен поединец“? 19. Што претставува правилото за паралелен
10. Како се дефинира небрежноста? избор?
11. Што претставува Небрежност сама по себе? 20. Што претставува институтот Небрежноста
мора да биде најблиска причина за штетата?
12. Што претставува Апсолутна одговорност?
21. Што претставува Заедничка-и-посебна
13. Што претставува Res ipsa loquitur? одговорност?
14. Што претставува институтот Мора да има 22. Што е придонес за небрежност?
конкретна штета или загуба?
23. Што е компаративна небрежност?
15. Кои се трите класи на штети кои може да
Ви благодарам на вниманието
;'
ОСИГУРУВАЊЕ ОД
ОДГОВОРНОСТ
Доц. Д-р Оливер Филипоски
За кого е наменет овој предмет:
,%%353 35 );;;5))3 55 ; 55 53)) "

Втора година/3 семестар/Изборен предмет


• Бизнис логистика 2+1+1
• Бизнис администрација 2+1+1
Литература:

• Авторизирани предавања од Доц. Д-р Оливер Филипоски


• Осигурување од одговорност (авторизирани предавања), Д-р
Братислав Милошевиќ и Стевчо Мечески, Охрид, 2008
• Основи на ризикот и осигурувањето, Емет Ј. Воган и Тереза
Воган, 1999.
Вовед

• Осигурувањето од одговорност спаѓа во новите гранки на


осигурување. Настанувањето на ова осигурување е многу
поврзано со развојот на одговорноста за штета. На крајот на
минатиот век доаѓа до огромен напредок на производните
сили, науката, техниката и технологијата па виновникот за
штетите, предизвикани со работењето на различните машини е
тешко, често и неможно да се утврди. Сè повеќе има штети кои
настанале без ничија вина, па затоа се јавува потреба да се
пронајде лице одговорно за надомест на ваквата штета. Поради
тоа се воведува поимот објективна одговорност – одговорност
без вина.
Вовед

• Од тогаш, во исто време почнува и брзиот развој на осигурувањето. Луѓето


тежнеат да се заштитат од опасностите кои ги создава модерниот живот и
поради тоа многу нашироко го користат осигурувањето. Станало се потешко
да се наплатат штетите од штетници бидејќи штетите станале многубројни и
поголеми, и се почесто се утврдува инсолвентност на одговорните лица. Од
друга страна, наплатата на штетата од штетникот се заканувала да
предизвика материјален пропаст на штетникот, што не е од општествен
интерес ако тој се занимава со општествено корисни активности, а не е ниту
правично, бидејќи штетата настанала без негова вина. Така созреала
идејата за социјализација на одговорностите, т.е. префрлање на
одговорноста на поширок круг на луѓе – сите тие кои се занимавале со
опасни дејности и кои се во можност на другите да им причинат штета. Оваа
идеја почнала да се остварува по пат на осигурување од одговорност.
Осигурениците “штетници“ за релативно мал износ – премија, добиваат
неопходна сигурност, а истовремено и третите лица добиваат осигурен
плаќач на штетата. Значи дека индивидуалниот надоместок го заменува
колективниот.
Вовед

• Значаен чекор во развојот на ова осигурување претставува донесување на


прописот за задолжително осигурување од одговорност за поединечни штети:
сите кои се занимаваат со определен дејност претставуваат штетници и
заеднички ги носат ризиците од занимавање со таа дејност.
• Значењето на осигурувањето од одговорност е во тоа што дава сигурност на
осигурените лица, бидејќи ги ослободува од штетите кои невнимателно можеле
да ги направат вршејќи ја својата професионална дејност. Тие во осигурувањето
од одговорност ја наоѓаат заштитата од опасности за да економски не
пропаднат. Исто така е важно и жртвите да бидат осигурени од одговорност,
бидејќи им е важно да бидат обесштетени.
• Во модерните општества човекот го следат многу опасности независно од
неговата волја, од кои не постои апсолутна и директна заштита. Брзиот
техничко – технолошки напредок довел до користење на машини со која од една
страна се олеснува животот на човекот, но од друга страна можат поради
природата на работата да нанесат штета не само на самиот него, туку исто така
и на другите.
Вовед

• Поради сите тие причини осигурувањето од одговорност го ослободува


човекот од стравот да ги користи современите машини, превозни средства
итн., со кои може да ги повреди и себе и другите. Институцијата
осигурување од одговорност направила чекор напред во зголемувањето на
безбедноста, пред сè на третите лица. Поголемата грижа на државата да ги
заштити своите граѓани дошла до израз пред сè во пропишувањето на
задолжителното осигурување од одговорност. Во сето ова посебно место
зазема осигурувањето од автоодговорност. Не е потребно да се истакнува
значењето на фактите дека ова осигурување е пропишано како
задолжително бидејќи сам за себе зборува податокот дека во 20 век, векот
на науката и техниката, автомобилите усмртиле повеќе луѓе отколку сите
војни во 20 век.
• Од правен аспект осигурувањето од одговорност претставува договорно
уредување на правните односи помеѓу три лица: осигурителот кој наплатува
премија и на тој начин ги презема имотните последици на одреден штетен
настан; осигуреник, кој се ослободува од последица на граѓанска
одговорност, и трето лице на кое со надоместокот од осигурување му се
врши обесштетување во случај да од тој настан претрпи штета.
Вовед

• Ова осигурување има пред сè оштетен карактер. Осигурителот ги превзема


на себе имотните последици на осигурениот настан, на пример штетите на
трети лица предизвикани од употреба на моторни возила.
• Висината на одговорност на осигуреникот, кој е покриен со осигурување,
може да биде со неопределен и со определен предмет, односно не мора, а
може да биде однапред познат. Во случај на осигурување на неодреден
предмет, осигуреникот е изложен на одговорност за штетата која го
погодува некое лице или некој предмет, а која не може однапред да се
одреди (смрт, повреда на телото или здравјето на некое лице или
оштетувањето на некој имот). Овде не може однапред да се утврди
осигурената вредност па поради што не може однапред да се утврди и
висината на одговорноста. Во другиот случај, осигурувањето се склучува во
врска со одговорност која за осигуреникот може да настапи поради
оштетувањата или загубите на некои конкретни предмети, на пример,
одговорност на превозникот за штети кои можат да настанат на стоките
примени за транспорт; одговорност на закупците спрема сопственикот за во
случај на пожар на закупениот стан итн.
Вовед

• Осигурувањето од одговорност може да биде задолжително и доброволно.


Според Законот за супервизија во осигурување предвидени се следниве
видови на осигурувања од одговорност: 1. Осигурување од одговорност од
употреба на моторни возила; 2. Осигурување од одговорност од употреба на
воздухоплови; 3. Осигурување од одговорност од употреба на пловни
објекти; и 4. Општо осигурување од одговорност. Првите три видови на
осигурувања од одговорност според нашите закони се задолжителни
осигурувања.
• Постојат две сфаќања кои различно го третираат осигурувањето од
одговорност. Едните сметаат дека тоа е толку различно од имотното
осигурување што треба да биде посебна гранка на осигурувањето, покрај
осигурувањето на имот и осигурувањето на лица. Другите го набљудуваат
осигурувањето од одговорност во рамките на имотното осигурување (покрај
осигурувањето од пожар, предмети, домаќинско, моторни возила и сл.).
Вовед

• Денеска преовладува второто мислење, по кое осигурувањето од


одговорност е дел од имотното осигурување, иако има и сличности и
разлики со останатите видови на осигурувања на имот. Сличности се:
• Основното начело на имотното осигурување, начелото на обесштетување
карактеристично е и за осигурувањето од одговорност бидејќи корисникот
на осигурувањето не може да наплати од осигурување повеќе отколку што
изнесува штетата која ја претрпел;
• Начелото на материјален интерес е да корисникот на осигурувањето може
да биде само лицето кое има имотен интерес да штетата не се случи што е
начело и кај осигурување од одговорност;
• По исплатениот надоместок од осигурување, осигурителот стапува во право
на осигуреникот односно корисникот на осигурување спрема третите
одговорни лица (кога тоа постои) или правото на оштетеното лице спрема
осигуреникот (кога овој последниот не е покриен со осигурување).
Задача 1:

• Во текот на часот студентите (поединечно) од приложениот


материјал да состават 7 прашања за првата презентација.
Прашања:

1. Што претставува објективна одговорност?


2. Што претставува социјализација на одговорности?
3. Што претставува осигурувањето од одговорност од правен
аспект?
4. Каков може да биде предметот при определување на висината на
осигурената одговорност?
5. Според ЗСО кои видови на осигурувања од одговорности постојат?
6. Кои од нив се задолжителни, а кои доброволни?
Ви благодарам на вниманието
;'

You might also like