You are on page 1of 15

Вредност на производот

• Додавањето на вредност бара стратешка посветеност од


компанијата кон развоен процес насочен кон корисникот
• Вредноста е водена од животниот стил, не од цената
• Вредноста на производот може да се дефинира како ниво на
ефектот кое луѓето лично го очекуваат од производите или
услугите, претставено преку влијание врз животниот стил,
можните функции/операции, и ергономија, кои заедно
резултираат во корисен, употреблив и посаклуван производ
– Корисен производ - задоволува одредена потреба на човекот,
може да се произведе по прифатлива цена и има јасен пазар
– Употреблив производ - едноставен за управување, едноставен за
обучување и надежен
– Посакуван производ - кај кој вградената технологија, функции,
изглед и поставеност на пазарот прават да потрошувачите сакаат
да го поседуваат
Цена наспрема вредност
• Според Josph Pine и James Gilmore, стоките водат кон добра, кои пак
водат кон сервиси, кои денес водат кон искуства
• Искуствата се нов извор на вредности за потрошувачите
• Цената помеѓу стоките, добрата и искуствата се во различни скали и се
разликуваат за неколкупати
• Луѓето се волни да платат скапо за квалитетни искуства (егзотични
патувања, забава, навигација, целовити решенија)
• Економијата во иднина ќе базира на компании кои се способни да
создаваат и продаваат приказни, да создаваат производи блиски до
фантазијата на потрошувачите
• Системот на вредности за потрошувачите постојано се менува и
компаниите мора постојано да го продлабичуваат нивното познавање
на потрошувачите
• Од друга страна, треба да се внимава на цената, зошто луѓето имаат
одреден капацитет за тоа што може да си го дозволат
• Важно е да се вградат вистинските карактеристики, за соодветна
вредност
Цена наспрема вредност

од голема Високо
важност искуства развиени

сервиси
ПОТРЕБИ НА
ПОТРОШУВАЧИТЕ КОМПЕТИТИВНА
ПОСТАВЕНОСТ
добра

од мала
стоки примитивни
важност
Водена од цената Премиум
ЦЕНОВНА СТРАТЕГИЈА
Цена наспрема вредност
• Психоеконометрија одредува за што луѓето сметаат
дека вреди да се потрошат пари
Black&decker WLS17B Snake Light
Tiffany & Co.
17 LED Cordless Work
Light/Flashlight, $19.99
Amazon.com
Цена наспрема вредност
• Tiffany & Co. - проект за нова продавница за накит во Лас Вегас,
купувањето во ваква продавница е посебно искуство и му ја
зголемува позитивната самопретстава на купувачот, а има и што
да раскаже
Можности за вредност
• Седум класи на можности за успех:
– Емоции
– Естетика
– Идентитет
– Ергономија
– Влијание
– Главна технологија
– Квалитет
• Ергономијата, технологијата и квалитетот се однесуваат на
задоволството за време на примената на производот, краткоточно и
долгорочно
• Социјалниот ефект, ефектот врз оклината, идентитетот на производот,
и естетиката се однесуваат на аспектите на животниот стил на
потрошувачот, неговата фантазија
• Поделбата овозможува анализа на вредноста за повеќето класи на
производи
• Карактеристично за високо квалитетен производ е да поседува барем
по еден атрибут на вредност во секоја од вредносните категории
Емоции
• Емоцијата ја дефинира суштината на искуството,
фантазијата
• Различни фантазии соодветствуваат на различни
производи:
– Чувство на авантура - возбуда и истражување
– Чувство на независност - слобода од ограничувања
– Чувство на безбедност - безбедност и стабилност
– Сензуалност - луксуз
– Доверба - ве поттикнува да го користите производот
– Моќ - авторитет, управување, чувство на супериорност
• Квалитетните производи може да поттикнуваат повеќе
емоции
Естетика
• Естетиката се однесува на перцепцијата со сите наши
сетила
• Иако кај повеќето производи фокусот е на визуелните и
тактилните катактеридтики, сепак пожелно е да се
стимулираат што повеќе сетила
• Естетски својства се:
– Визуелни - формата мора да ги поврзува обликот, бојата,
материјалот и текстурата со значењето на производот и
пазарот
– Тактилни - при физичка интеракција со производот
– Аудиторни - производот треба да ги испушта само
посакуваните звуци, а да ги елиминира несаканите
– Мирисни - производот мора добро да мириса
– Вкус - Производите кои се јадат, приборот, како и други
производи кои се ставаат во уста (играчки) мора да имаат
добар вкус или воопшто да немаат вкус
Идентитет
• Квалитетните производи поседуваат индивидуалност и
персоналитет, единственост, безвременски стил и се
соодветни на околината
• Идентитетот на производот го потпомага и идентитетот на
марката
• Три атрибута на идентитетот на производот се
персоналитетот, точка во времето, и чувството за
просторот:
– Персоналитет- способност на производот да се вклопи, а сепак
да се разликува од директната конкуренција, и врката која
производот ја има со останатите производи на компанијата
– Точка во времето - производот треба да соодветствуа на
времето во кое се создава и тоа да го прикаже на јасен и
моќен начин (комбинација на карактеристики и естетика)
– Чувство за просторот - производот мора да се дизајнира со
чувство за начинот и просторот во кој се користи.
Влијание
• Одговорноста на компанијата кон општеството е
поврзана со системот на вредности на купувачот
• Донаторите, безбедните работни средини,
бенефитите за здравјето и фамилиите, придонесуват
за имиџот на компанијата
– Социјални - производот може да има различни ефекти на
животниот стил на целната група, подобрување на
социјалниот живот, поставување на нови стандарди
– Животната средина - Конструирањето за животната
средина или „зелен дизајн“ се фокусира на
минимизирање на негативните ефекти од
производството и користењето на производите врз
животната средина
Ергономија
• Ергономијата се однесува на движењата на луѓето и
на нивната интерракција со статичките и со
динамичките производи
• Потрошувачите бараат удобен допир и интуитивно и
едноставно управување, кое треба да се запази на
подолго време
• Можности за поголема вредност се:
– Едноставност при работа - производот треба да е
едноставен за управување и разбирање, движењата да
бидат природни, прилагодливи големини според
различни луѓе кои едноставно се постигнуваат
– Безбедност - Производот мора да е безбеден при
употреба
– Комфор - Производот треба да е удобен и да го намалува
физичкиот и менталниот напор при употреба
Главна технологија
• Применетата технологија треба да овозможи
исправно функционирање на производот, да ги
исполни очекувањата и да биде надажен при работа
• Луѓето очекуваат унапредување на технологијата,
функциите да се зголемуваат, како и поквалитетно
извршување на функциите
– Овозможување - главната технологија треба да е
соодветно напредна за да обезбеди доволно добри
карактеристики. Технологијата која се користи може да
биде многу напредна или вообичаена, но мора да ги
исполнува перформансите кои ги очекува потрошувачот
– Надежност - потрошувачите очекуваат производот да не
се расипува често и да не ги губи перформансите во текот
на употребата
Квалитет
• Квалитет - прецизност на изработката на рабовите и
површините, составот на материјалот, врските и др.
• Производот треба да укажува со својот изглед од надвор
на севкупниот квалитет кој го поседува внатре
• Кавалитет може да се однесува и на звукот кој го создава
вратата при отварање, спојот на деловите од пластика, и
други детали
• Технологијата за производство и монтажа е прилично
напредната и не е премногу скапо да се постигне добар
квалитет
– Изработка - спој и финиш - производот треба да е изработен
со доволно тесни толерансии за да ги оствари посакуваните
перформанси
– Трајност - задржување на перформансите при долго време на
употреба
Дијаграм за оценка на вредноста
ниско средно високо
Емоции авантура
независност
сигурност
сензуалност
доверба
моќ
Ергономија комфор
безбедност
едноставно
користење
Естетика визуелна
аудиторна
тактилна
звучна
вкус
Идентитет точка во времето
чувство за простор
персоналитет
Влијание социјално
животна средина
Главна технологија надежна
моќна
Квалитет изработка
трајност

Дијаграмот може да се користи за оценување и споредување


на различни производи
Време и место за вредности
• Не е доволно само да се зголемат поединечните вредности, туку
производот треба да биде комплетен во смисол на Gestalt (целовитост)
• Можностите за успех се тесно сврзани со СЕТ факторите
• СЕТ факторите се променливи со време, што важи и за можностите за
успех
• Пример: пипета на VistaLab - новата пипета се користи при
поергономски агол на раката при притискање, не бара често полнење,
дозирањето е попрецизно и може да се подесува и контролира преку
дисплеј. Дизајнер: Frogdesign NY

Стара пипета Нова пипета

You might also like