You are on page 1of 5

1.ДЕФИНИРАЈТЕ ГО МЕНАЏМЕНТОТ?

-Менаџментот е универзален процес на ефективно и ефикасно извршување на работата со помош


на други луѓе и ангажирање на ресурсите во од напред дефинираните цели на фирмата.

2.КОИ СЕ ЧЕТИРИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ИЛИ ДЕЛОВИ НА ДЕФИНИЦИЈАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ?

-Процес (процесот упатува на функциите: планирање, организирање и контролирање)

-Ресурси (луѓе, суровини, машини, методи, пари, пазари и информации)

-Хиерархија (ефективно и ефикасно извршување на работата на сите три нивоа на менаџмент –


врвен, среден и менаџмент на пониско ниво)

-Цели (постигнување на резултати)

3.ШТО Е ЕФЕКТИВНОСТ И ЕФИКАСНОСТ?

-Ефективноста е способност да се детерминираат и постигнуваат целите. Таа е мерка за тоа колку


фирмата ги прави вистинските работи. Таа е надворешен индикатор. Ефикасноста е способност
вистинските работи да се прават на вистински начин, со оптимални средства. Таа е внатрешен
индикатор.

4.ШТО Е ПРЕДМЕТ НА МЕНАЏМЕНТОТ?

-Управување со работата организацијата; Управување со луѓето; Управување со производството


и операциите.

5. ШТО Е МЕНАЏМЕНТОТ?

-Менаџментот е наука, бидејќи има развиено научни принципи, научни методи и техники за
истражување.Менаџментот е вештина бидејќи располага со знаења и способности кои се
развиваат преку обука и тренинг во текот на практичната работа. Менаџментот се прифаќа како
професија бидејќи е систематизиран збир на знаења со голема интелектуална содржина и тежи
кон остварување на високи резултати.

6.КОИ СЕ ПРИНЦИПИТЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ СПОРЕД ТЕЈЛОР?

-Научен пристап во работата. Научен пристап при селектирањето, обуката, едукацијата и развој.
Соработка со работниците врз научната методологија. Еднаква поделба на работата и
одговорност.
7.КОИ СЕ ПРИНЦИПИТЕ СПОРЕД ФАЈОЛ?

1). Поделба на работата . 2).Авторитет. 3). Дисциплина. 4). Единство накоманда. 5). Единствно на
насочување . 6).Подредување на интересите. 7). Наградување на персоналот. 8). Централизација.
9). Хиерархија. 10). Ред. 11). Праведност, непристрасност. 12). Стабилност, постојаност на
персоналот. 13). Иницијатива. 14). Единство на персоналот.

8.КОИ СЕ СОВРЕМЕНИ ПРИНЦИПИ НА МЕНАЏМЕНТОТ?

1. Поделба на работата 2. Прифаќање на одговорност 3. Комуницирање 4. Лојалност кон


вработените 5. Создавање на услови (атмосфера) за работа 6. Справување со промените 7.
Создавање на среќни вработени 8. Биди тимски играч 9. Слушај 10. Следи ги етичките стандарди
11. Одржувај доверба 12. Следи ги целите 13. Развивај визија за фирмата 14. Предади се кон
одлично извршување на работата

9. КОИ СЕ ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМОТ?

-Инпут / влез ,Трансформационен процес ,Аутпут / излез ,Повратна врска , Окружување

10. КОИ ФАКТОРИ ВЛИЈААТ НА НАДВОРЕШНОТО ОКРУЖУВАЊЕ?

ОПШТО ОКРУЖУВАЊЕ -Економски фактори ,Технолошки фактори ,Правни фактори ,Политички


фактори ,Демографски фактори, Социолошки фактори ,Природни фактори

11.КОИ СЕ ДИРЕКТНИ ФАКТОРИ НА НАДВОРЕШНОТО ОКРУЖУВАЊЕ?

ПОСЕБНО ОПКРУЖУВАЊЕ -Купувачи-потрошувачи,Доставувачи,Конкуренти ,Дистрибитери

12. КАКВО ОКРУЖУВАЊЕ РАЗЛИКУВАМЕ СПОРЕД ПРОМЕНЛИВОСТ?

-Мирно окружување . Мирно окружување со зголемени промени .Окружување што реагира .


Турболентно окружување

13. КОИ СЕ ДИМЕНЗИИ НА ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА?

-Комплексност, Формализација, Централизација, Сеопфатност

14.НАБРОЈТЕ ГИ ЕЛЕМЕНТИТЕ НА КУЛТУРАТА?

Разликуваме две големи групи на елементи на културата. И тоа:Когнитивни :Претпоставки,


верувања, ставови, погледи ; Симболички :Симболи, митови, приказни, церемонии, норми

15.КОИ ТИПОВИ НА КУЛТУРА ГИ ПОЗНАВАТЕ?

Разликуваме 4 основни типа на култура. И тоа: Култура на моќ ,Култура на улоги , Култура на
задачи ,Култура на подршка
16. КОИ СЕ МЕНАЏЕРСКИ НИВОА?

-Вертикална диференцијација :Врвни менаџери,Средни менаџери,Линиски менаџери

Хоризонтална диференцијација :Менаџер на дивизија,Функционален менаџер,Проектен менаџер


17. КОИ СЕ МЕНАЏЕРСКИ УЛОГИ?

-Интерперсонални улоги,Информациски улоги,Улоги на донесување одлуки

18. КОИ СЕ МЕНАЏЕРСКИ СПОСОБНОСТИ?

-Технички способности / вештини, Човечки способности ,Концепциски способности

19. КАКВИ МЕНАЏЕРИ РАЗЛИКУВАМЕ СПОРЕД ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ?

-Иморален менаџер,Аморален менаџер,Морален менаџер

20. ДЕФИНИРАЈТЕ ГИ ПОИМИТЕ ЕТИКА, ДЕЛОВНА ЕТИКА И МЕНАЏЕРСКА ЕТИКА?

-Етиката е збир на морални вредности и правила за однесување на луѓето.Деловната етика се


однесува на праведноста на работата на фирмата.Менаџерската етика е начин на морално
одлучување и однесување на менаџерите

21.ШТО ПРЕТСТАВУВА ПЛАНИРАЊЕТО?

-Планирањето е мисловен процес и свесна дејност заснована врз научна основа, дејност за
барање избор на сакани и остварливи идни цели, како и начини за постигнување на тие цели.
Планирањето е процес со чија помош системот ги приспособува своите ресурси спрема промените
во надворешните и во внатрешните услови.

22. КОИ СЕ ЕЛЕМЕНТИ НА ПЛАНИРАЊЕ?

-Поставување на цели и на приоритети , Насоки на делување , Ресурси , Имплементација на


планот

23. ОБЈАСНЕТЕ ГО ЗНАЧЕЊЕТО НА ЦЕЛИТЕ?

Целите имаат надворешно и внатрешно значење. Надворешно значење на целите се однесува на :


намера ,мисијa,легитимитет.Внатрешно значење на целите се однесува на :
одговорност,мотивацијa,стандарди,дизајн

24.КОИ СЕ НАЈЧЕСТИ КОНФЛИКТИ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ПОМЕЃУ ЦЕЛИТЕ?

1. Краткорочните цели во однос на долгорочниот раст на организацијата 2. Остварување на


поголеми профити во однос на поголема позиција кон конкуренцијата 3. Директна продажба во
однос на развој на нови производи 4. Поголемо навлегување на постоечкиот пазар или развивање
на нови пазари 5. Постигнување на догорочен раст преку поврзан пазар или низ нов неразвиен
пазар 6. Профитни или непрофитни цели 7. Растеж или стабилност
25.КОИ СРЕДСТВА СЕ КОРИСТАТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПЛАНОТ?

- Авторитет -легитимна форма на моќ. Убедување -процес на продажба на планот .Политика


-писмен извештај за целите и за начинот на нивното остварување.

26.Што претставува стратегиското планирање?

-Стратегиското планирање е процес што вклучува истражување на пазаната состојба, потребите на


потрошувачите, предностите и слабостите на конкуренцијата, социо – политичките, правните и
економските состојби, технолошкиот развој и расположливоста со ресурси што создаваат
можности или ограничувања со кои се соочува организацијата.

27.Кои се основните стратегии на стратегиското планирање?

-Видови на стратегии: 1. Стратегија за развој на пазарот 2.Стратегија за настап на нов пазар


3.Стратегија за развој на производ. 4. Диверзификација

28.Кои се стратегии на стратегиските бизнис единици?

-Видови на стратегии на СБЕ: Ѕвезди , Cash cow – Готовинска крава, Прашалници , Cash traps-
(Готови јамки) Куче

29. КОИ СУБФУНКЦИИ ГО СОЧИНУВААТ ОРГАНИЗИРАЊЕТО?

- Специјализација , Департманизација ,Делегирање на авторитет ,Опфат на менаџментот

30. КАКО СЕ ВРШИ ДЕПАРТМАНИЗАЦИЈА?

-Резултати :Департманизација според производ , Департманизација според потрошувач ,


Географска департманизација

- Внатрешни операции :Функционална департманизација ,Процесна департманизација

-Комбинирана департманизација

31. ШТО ПОДРАЗБИРАМЕ ПОД ДЕЛЕГИРАЊЕ НА АВТОРИТЕТ?

-Авторитетот се дефинира како легално или организациско право да се спроведат одлуки без
одобрение од повисоко рангиран менаџер.

32. КАКОВ РАСПОН НА КОНТРОЛА РАЗЛИКУВАМЕ?

-Распон на контролата е бројот на подредени на еден менаџер. Распонот на контрола може да


биде широк и тесен. Тесен распон е до шест подредени, а широк повеќе од шест.Разликуваме
распон на извршување и оперативен распон. Распонот на извршување се однесува на средниот и
врвниот менаџмент. Оперативниот распон се однесува на линискиот менаџмент. Распонот на
извршување вклучува помалку интеракции од оперативниот распон.
33. КОИ ФАКТОРИ ВЛИЈААТ НА РАСПОН НА КОНТРОЛА?

-Компетентност на вработени, Планови, Делегирање на авторитет, Природа на работа, Стандарди,


Комуникациски техники , Други фактори.

34. КОИ СЕ ЧЕКОРИ ВО КОНТРОЛИРАЊЕ

-Поставување на стандарди , Мерење на резултатите според стандарди , Споредување на


извршувањето со стандардите , Корегирање на отстапувањето

35. КОИ СЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КОНТРОЛАТА

 Објективност на контролата

 Флексибилност на контролата

 Економичност на контролата

36. ЗОШТО Е ВАЖНА КОНТРОЛАТА

 Ефикасно користење на ресурсите

 Зголемување на квалитетот

 Одговорност кон потрошувачите

 Иновации во организацијата

37. КОИ ВИДОВИ НА КОНТРОЛА СПОРЕД ПРОЦЕСОТ ПОЗНАВАТЕ ?

-Прелиминарна контрола , Тековна контрола ,Фидбек (повратна) контрола

38. ШТО СОДРЖИ ПРЕЛИМИНАРНА КОНТРОЛА?

-Контрола на човечки ресурси , Контрола на материјали , Контрола на капитал , Контрола на


финансии

39. ШТО СОДРЖИ ФИДБЕК КОНТРОЛАТА?

-Анализа на финансиски извештаи , Анализа на стандардизирани трошоци , Контрола на квалитет,


Проценка на извршувањето на вработените

40. КОИ СЕ СТАНДАРДИ ЗА КОНТРОЛИРАЊЕ?

- Физички стандарди , Стандарди на чинење ,Стандарди на капитал ,Стандарди на приход ,


Програмски стандарди , Целите како стандарди Несватливи стандарди.

You might also like