You are on page 1of 18

MS FRONT PAGE 2003

Со програмата FrontPage можат да се создаваат и уредуваат WEB страници. WEB


страниците можат да се креираат со однапред дефинирани графички теми или шаблони
кои изработката ја прават едноставна и професионална.

Активирање на програма FrontPage


Програмата FrontPage може да се активира преку Start менито со клик на Programs, а потоа на
Microsoft FrontPage или со двоен клик на соодветната икона ако е поставена на работната
површина.
(слика со мени Start→Programs→Microsoft FrontPage)

Снимање Web страница


За да се започне со создавање нова страница треба да се кликне на наредбата New во менито
File.
(слика со мени File→New)

Се појавува прозорец со повеќе понудени можности:


New Blank Page отворање нова празна страница
New Page from Template отворање страница според некој шаблон
(слика со дијалог прозорец File→New)

За да се внесе текст во телото на WEB страницата прво се клика во предвидениот простор, а


потоа се користи тастатурата.
(слика WEB страница – празен WEB страница - започнување со пишување)

Организација на WEB сајтот


На почеток, најчесто се создава почетната WEB страница за дадениот WEB сајт. Таа има цел да
опише за што е наменет WEB сајтот и да прикаже линкови кон различни содржини.
(слика со home page)

Насловот во WEB страницата се пишува во стилот heading 1, поднасловот во heading2 итн.


Обичниот текст се пишува во стилот Normal.

Вметнување нови WEB страници


Потоа се создаваат другите WEB страници кои содржат линкови до некои од преостанатите
WEB страници, но и често линк кон почетната страница. Нова WEB страница се започнува со
истата постапка за создавање нова страница со клик на наредбата New во менито File.
(слика со мени File→New)
(слика со WEB страница и линк кон home page)

Линкови
Над даден текст се додава линк ако тој се избере и се активира помошно мени со десен клик на
глувчето. Потоа се избира наредбата hyperlink и во новоотворениот прозорец се избира
датотеката кон која треба да се постави линкот.
Снимање на презентацијата
По креирањето и уредувањето на презентацијата, документот се снима со наредбата Save во
менито File, или се кликнува на копчето Save на стандардната лента со алатки, или се притиска
Ctrl+S.
(слика со мени File→Save)

Се појавува дијалог прозорецот Save as. Во текст рамката File Name се внесува името на
датотеката која што ја претставува WEB страницата и се клика на копчето OK. Почетната WEB
страница има име index.htm или index.html.
(слика со дијалог прозорец File→Save)

Наслов
Во WEB прелистувачот се прикажува наслов на соодветната WEB страница.
Наловот на WEB страницата може да се смени пред снимањето на датотеката со клик на копчето
Change title. Се појавува нов прозорец каде се испишува текстот што се појавува во насловот.
(слика change title).

Наслов на WEB страницата може да се додели или пормени ако во менито File се активира
наредбата Properties. Потоа насловот се внесува во полето Title.
(слика со мени File→Properties)
(слика со прозорец File→Properties)

Отворање на WEB страницата


Секоја претходно креирана и снимена WEB страница може повторно да се отвори со цел да се
доработи, да се печати или да се прикаже. Вообичаено тоа се прави со наредбата Open во менито
File.
(слика со мени File→Open)

Се појавува дијалог прозорецот Open, каде се клика на документот кој треба да се отвори, по
претходното барање на соодветниот директориум.
(слика со дијалог прозорец File→Open)

Презентирање
Целта на WEB страниците е да се овозможи прикажување со помош на WEB прелистувач.
Додека се уредуваат WEB сајтот и WEB страницата, можат да се погледаат како ќе се
прикажуваат со WEB прелистувачот со наредбата Preview in Browser во менито File или со клик
на табличката во долната рамка на FrontPage.
(слика мени FilePreView in Browser)
(слика табличка PreView во статусна лента)

FrontPage програма
FrontPage е програма за создавање WEB страници. За разлика од програмата Word што
создава документи наменети за печатење на хартија, FrontPage создава документи
наменети за презентирање на WEB сајтови. Секој WEB сајт содржи повеќе WEB
страници, а секоја WEB страница е комбинација на текст, табели, слики или друг тип
на мултимедијални објекти.

Графичка тема
За уредување на WEB страницата може да се користат шаблони или графичка тема за
дизајн на WEB страниците. Графичката тема има предефинирани бои и фонтови за
испишување, слики на позадина, како и поставеност на објектите во рамки на WEB
страницата.

Елементи на WEB страницата


Елементи на WEB страницата можат да бидат рамки, пасуси со текст, формулари за внесување
податоци, линкови, табели, нацртани графички објекти, вметнати слики или други
мултимедијални објекти. За секој графички објект може да се дефинира големина, обоеност,
облик на линиите и слично.
(слика WEB страница со повеќе елементи)

Боите може да се дефинираат со клик на наредбата Background во менито Format.


(слика мени Format→Background)

Во страницата може да се избираат бои за подлогата, текстот и хиперлинковите. Кај


хиперлинковите постојат три состојби на обоеност: основна боја на линкот, боја на посетен линк
и боја за активен линк.
(слика дијалог прозорец Format→Background)

Подлоги се слики или текстури кои контролираат како ќе биде обоена празна WEB страница.
Таа може да биде обоена со избрана боја, со ефекти на премини од една во друга боја, или пак,
да биде шрафирана. Правилно избрана подлога дава професионален изглед на WEB страницата.
(слика WEB страница со подлоги)

Стил за дизајнирање
Изгледот на WEB страницата може да се промени со директни корекции во графичката тема.
Таа ги содржи сите информации за стилот на WEB страницата што опфаќа рамки, распоред на
елементите и нивна обоеност, форматирање на текстот, слика на позадина и слично. За таа цел
се во менито File се активира наредбата Theme.
(слика мени Format→Theme)

Се појавува прозорец каде може да се избере одредена тема од големиот број понудени
графички теми. При изборот на темата може да се одреди дали таа да содржи живи бои (Vivid),
активна графика за копчињата (Active graphics), слика на подлогата (Background) и тн.
(слика прозорец Format→Theme)

Дефинирање на графичка тема


Корисникот може дополнително да ја менува графичката тема или да создава своја ако кликне
на копчето Modify. Тогаш се овозможуваат повеќе копчиња кои нудат можности за менување на
боите (Colors), графиката (Graphics) и текстот (Text).
(слика копче Modify)
(слика копчиња Colors, Graphics, Text, Save, Save As)

Ако се избере менување на боите тогаш во ново отворениот прозорец може да се избере
соодветна секвенца на боите. Можни се и картичките за дефинирање бои и ниво на осветленост
на боите (Color Wheel) или дефинирање боја за подлогата (Custom).
(слика прозорец Modify Theme Colors)
Во случај на избор на копчето Graphics се активира прозорец каде за графичките елементи на
страницата може да се дефинира сликата што го претставува и како да се форматира текстот ако
се појавува во графичкиот елемент. На пример, за точки во листата за набројување се
дефинираат три сликички за првите три нивоа на набројување, без можност се форматира текст,
додека за хоризонтална навигација се дефинира сликата за претставување, сликата кога е
избрана и сликата кога е активна, како и фонтот, големината, и поставеноста на текстот во
рамки на сликата.
(слика прозорец Modify Theme Graphics – bulleted list)
(слика прозорец Modify Theme Graphics – horizontal navigation)

За форматирање на стиловите за текстуалните полиња се клика на копчето Text. Во прозорецот


што се појавува се избира стилот за кој ќе се дефинира форматирањето. На пример, за обичен
текст се избира стилот body, а за наслови heading.
(слика прозорец Modify Theme Text – body, heading)

За крај на уредувањето и снимање на промените се клика на копчето OK. Промените на ниво на


графичка тема може да се снимат со копчето Save или да се дефинира нова графичка тема со
кликање на копчето Save As.
(слика прозорец Modify Theme Graphics – bulleted lis)

Графичка тема
Графичката тема за WEB страницата ги содржи сите дефиниции за обоеноста на
елементите, сликата на позадината, форматирањето итн.

Шаблони
Шаблоните пружаат голема помош во изработката на WEB сајтови и WEB страници.
Покрај дизајнот, со нивна помош се дефинира и структурата на WEB страницата, како
и предлог содржина за WEB сајтовите.

Шаблони за WEB страница


Шаблон за WEB страница (Page Template) е предефиниран дизајн за WEB страницата што
содржи множество на поставувања за WEB страницата, начинот на форматирање, како и
елементи на WEB страницата. Програмата FrontPage содржи повеќе предефинирани шаблони за
страниците.
(слика со можни предефинирани шаблони)

Со шаблонот се изедначува изгледот на WEB страниците. Секој шаблон вклучува распоред на


текстот и објектите што се појавуваат на секоја страница. Се разликуваат различни страници,
како на пример, обична страница , страница за бибилографија, страница за потврда, страница за
внесување одговор, страница со една или повеќе колони итн.
(слика со можни предефинирани шаблони)

Секој може да си создаде свој шаблон што ќе го користи за создавање на WEB страници во
рамки на својот WEB сајт. На таков начин брзо се создаваат страници со изедначен изглед.
Шаблоните се посебно корисни, кога на еден ист WEB сајт работат повеќе различни автори.
(слика со сопствено создаден шаблон)

Како да создадам нова страница според шаблон?


Нова страница може да се создаде со користење шаблон ако се кликне на наредбата New во
менито File.
(слика мени File→New)

Потоа се отвора прозорец и се избира наредбата Page Templates во картичката New from
template.
(слика дијалог прозорец File→New)
Се појавува прозорец каде може да се избере шаблонот за страницата.
(слика дијалог прозорец Page Templates)

Шаблон за WEB сајт


Кога се прави WEB сајт за презентација на одредена компанија тогаш шаблонот најчесто
содржи лого на компанијата и краток опис на горната рамка. Сите WEB страници од WEB сајтот
го користат истиот шаблон за дизајн.
(слика со шаблон за фирма)

Покрај шаблон за изработка на WEB страници, постои и шаблон за изработка на WEB сајтови.
Шаблонот за WEB сајтови дефинира множество на WEB страници кои го составуваат еден WEB
сајт. Овие страници имаат вградено текст и слики кои секој поединечно може да ги менува.
Сите страници употребуваат иста графичка тема односно користат исто множество на бои,
стилови и форматирање.
(слика со примена на шаблон за WEB сајт)

Како да создадам нов WEB сајт според шаблон?


За да се стартува создавање WEB сајт со шаблон треба да се активира наредбата New во менито
File.
(слика со мени File→New)

Се појавува прозорец каде се избира WEB site template.


(слика со прозорец File→New)

Шаблонот за WEB сајтот ја одредува структурата и основните контури на текстот во WEB


страниците. Имињата на овие шаблони се одраз на целта на WEB сајтот, на пример: WEB сајт за
претставување на фирма, за дискусиони групи, за персонален WEB сајт, за WEB сајт за проект и
слично.
(слика со прозорец WEB site template)

Со двоен клик на соодветна икона се создава новиот WEB сајт, како на пример, персоналнен
WEB сајт. Тој поседува повеќе страници и датотеки со слики и икони организирани во повеќе
директориуми. Почетната страница се нарекува index.htm и се стартува ако се кликне двојно врз
нејзината икона.
(слика со новоформиран WEB site i index.htm)

Авторот треба да ја адаптира содржината на страницата со менување и додавање текст и


графика во веќе подготвените WEB страници.
(слика со содржина на index.htm)

До другите страници во WEB сајтот се доаѓа со клик врз нивната икона или клик врз
соодветниот линк.

За означување на крај на создавањето WEB сајтот и WEB страниците во менито File се клика на
Save.
(слика со мени File→Save)

Снимање сопствен шаблон


Откако ќе се создаде WEB страница со потребните елементи и дизајн може да се сними како
шаблон користејќи ја наредбата Save As во менито File.
(слика мени File→Save As)

Се појавува прозорец каде може да се избере каков типот на документ да се сними. Се избира
FrontPage Template и потоа се клика на копчето Save.
(слика дијалог прозорец File→Save As)

Шаблони
Шаблонот содржи информации за позицијата и големината на текст рамките, и сите
детали што го дефинираат изгледот на WEB страниците во рамки на WEB сајтот.
Шаблонот за создавање WEB сајт креира дизајн на WEB страниците и структура на
самиот сајт, со распоредување на WEB страниците.

Уредување WEB страници и сајтови


За остварување на процесот на уредување на WEB страницата и WEB сајтот
овозможени се повеќе алатки со кои се дефинира погледот. Печатењето е дополнителна
можност да се погледаат WEB страниците и евентуално да се откријат настанатите
грешки.

Промена на погледот кај FrontPage


Додека се обработува, FrontPage може да ја прикаже WEB страницата и WEB сајтот на различни
начини. Притоа, не се менува содржината и формата на самата WEB страница или WEB сајтот,
туку само погледот кон нив. Лево од хоризонталната лизгачка лента се наоѓаат копчиња за
промена на начинот на прикажувањето на WEB страницата и WEB сајтот.
Промената на погледот може да се изврши и со наредба преку менито View. На располагање се
следниве начини:
(слика мени View)

Page View - прикажување и уредување на една WEB страница.


(слика Tasks)

Folders – поглед кон создадените WEB страници со можност да се организираат во


директориуми.
(слика Folders)

Reports – во овој поглед може да се види статусот на WEB сајтот и организацијата на WEB
страниците и линковите.
(слика Reports)

Navigation – овозможува преглед на создадените WEB страници со можност за менување на


линковите и додавање копчиња за навигација во страниците.
(слика Navigation)

Hyperlinks – во овој поглед се прикажуваат линковите помеѓу WEB страниците.


(слика Hyperlinks)

Tasks - прикажување на задачите потребни да се завршат при создавње на WEB страницата.


(слика Tasks)

Уредување на WEB страницата


Кога се уредува WEB страница секогаш се избира погледот Page View.
Во прозорецот се разликуваат 3 таблички кои што се употребуваат за да го олеснат дизајнирање-
то на тековната WEB страница: нормален поглед кон WEB страница (Normal), поглед кон
HTML кодот што ја опишува WEB страницата (HTML) и поглед кон WEB страница преку WEB
прелистувач (Preview).
(слика Page View-Normal)
(слика Page View-HTML)
(слика Page View-Preview)

Печатење
Печатениот материјал може да има различен изглед во зависност од изборот на легната
ориентација пејсаж (Landscape) или исправена ориентација портрет (Portrait). За печатење на
WEB страницата во менито File се избира наредбата Print, или се кликнува на копчето Print на
стандардната лента со алатки, или се притиска на комбинацијата копчиња на Ctrl+P.
(слика мени File→Print)

Се појавува дијалог прозорецот Print. Во секцијата Printer се избира печатачот. Бројот на


копиите се внесува во Number of Copies. Параметрите за печатење можат да се менуваат во
менито File и наредбата Page Setup.
(слика мени File→Page Setup)

Уредување на WEB сајтот


Кога се уредува WEB сајт се избира поглед за навигација, приказ на датотеки, извештаи или
приказ на поврзување. WEB сајтот треба да пружи преглед на организацијата на WEB
страниците со нивната поврзаност.

Навигација
WEB страниците во WEB сајтот се однесуваат како страници во програмата Word. За навигација
од една WEB страница кон друга се кликнува на соодветните линкови. Во погледот за
навигација може директно да се клика на иконата за соодветната WEB страница.
(слика Navigation)

Панели
Кога се дефинира погледот може да се дефинираат и панели. Панел е правоаголна површина
поставена од левата страна. Во еден панел вообичаено се сместени иконите кои го дефинираат
погледот. Овој панел постанува активен ако во менито View се избере наредбата View bar.
(слика со мени View→View bar)
(слика со и без панел View bar)

Можно е активирање и други панели. Со клик на наредбата Folder list во менито View се
појавува панел за структура на директориумите, слично како кај програмата Windows Explorer.
(слика со мени View→Folder list)
(слика со и без панел Folder list)

Ако се кликне на наредбата Navigation Pane во менито View се појавува панел за навигација по
WEB страниците.
(слика со мени View→ Navigation Pane)
(слика со и без панел Navigation Pane)

Уредување на WEB страницата и WEB сајтот


За подобро уредување на WEB страницата и WEB сајтот се користат различни погледи
со што се потенцираат детали, се согледува целината на WEB сајтот, се гледа можноста
за навигација и линковите помеѓу WEB страниците. Печатењето се користи како алатка
за да може авторот да ги најде грешките во WEB страница.

Уредување текст
Уредувањето на текстот во WEB страниците е идентичен на уредувањето на текстот во
програма за обработка на текстови.

Одредување белини во WEB страницата


За секој објект може да се стартува помошно мени со десен клик на глувчето. Properties е една
од понудените можности што ги дефинира карактеристиките на објектот.

Се појавува прозорец во кој што може да се избере табличката Margins. Потоа се внесуваат
вредности за белината од левата страна Left и белината од горната страна Top.

Форматирање текст
За уредување на текст рамката може да се користат алатките и наредбите за уредување пасуси и
фонт, слично како кај програмата за уредување текстови Word. Можна е промена на фонтот;
големина на фонтот; дефинирање на масно, накосено и подвлечено пишување; порамнување од
лево, во средина и од десно; итн.
(слика лента за алатки)

Подетално фонтот може да се уредува со наредбата Font во менито Format.


(слика мени Format→Font)
(слика дијалог прозорец Format→Font)

На лентата за алатки за уредување постојат алатки за зголемување и намалување на големината


на фонтот.
(слика лента за алатки - зголеми намали фонт)

За дефинирање на порамнувањето, начинот на вметнување во рамки на пасусот, како и


просторот помеѓу пасусите се користи наредбата Paragraph во менито Format.
(слика мени Format→Paragraph)

Уредувањето на големината растојанието помеѓу пасуси и проредот се постигнува со внесување


вредности во полињата Spacing Before, Spacing After, Word Spacing и Line Spacing.
(слика дијалог прозорец Format→ Paragraph)

Порамнувањето во пасусот се дефинира со наредбата Alignment во менито Format или од


лентата за алатки. Може да се дефинира и порамнувањето на текстот во однос на страните,
порамнето од лево, од десно, од двете страни или центрирано.
(слика лента за алатки - порамнување)
(слика мени Format→Alignment)

Вметнувањето на пасусот во однос на страницата се дефинира со внесување вредности во


полињата Indentation Before text, Indentation After text и Indent first line.
(слика ефекти од вметнувања)

Правила за добро однесување


Со дефинирањето на графичката тема и шаблонот се креира дизајнот за WEB
страницата, кој треба да се запази за сите WEB страници на WEB сајтот. Кога се
обработува текст се избегнува дополнително форматирање на фонтот и пасусите, за да
не се наруши изгледот на целата WEB страница, освен за крајна потреба.

Цртање графички објекти


Слично како и кај сите програми кои обработуваат документи, така и за програмите кои
обработуваат презентации се вградува можноста за цртање графички објекти, како на
пример: различни типови на линии, кругови, елипси, правоаголници и квадрати, како и
сложени објекти од типот на ѕвезди, многуаголници итн.

Алатки за цртање во FrontPage


Иако FrontPage не е програма за цртање, на WEB страниците можат да се направат некои
едноставни цртежи, како на пример: кружница, правоаголник, хоринзонтални и вертикални
линии и слично.
(слика WEB страница со различни графички објекти)

Лентата со алатки за цртање се прикажува во долниот дел од прозорецот. Ако не е активна може
да се активира со клик на Drawing во подменито Toolbars на менито View.
(слика View→Toolbars→Drawing)

Постојат два вида на алатки на лентата со алатки за цртање: алатки за цртање на линии и облици
и алатки за манипулација со нацртаните објекти.
(слика лента со алатки за цртање)
Цртање објект
Без разлика кој облик се црта, постапката е иста односно се сведува на избор на објектот во
алатката. На пример, за да се нацрта правоаголник се кликнува на копчето Rectangle.
(слика лента со алатки за цртање Rectangle)

Потоа покажувачот на глувчето се доведува на позицијата каде треба да биде почетокот на


линијата или еден агол на објектот и со притиснато лево копче на глувчето се повлекува кон по-
зицијата каде треба да биде крајот на линијата или спротивниот агол на објектот.
(слика нацртан правоаголник)

Правилен квадрат или кружница може да се нацрта ако при цртањето се држи притиснато
копчето Shift.
(слика нацртан квадрат)

Цртање сложени облици


За цртање сложени облици постојат специјални алатки во менито Autoshapes на лентата со
алатки за цртање. На пример, за да се црта стрелка, треба да се избере Block Arrows и да се
избере соодветна стрелка.

Потоа глувчето се доведува на позицијата на која треба да биде еден агол на обликот и со
притиснато лево копче се повлекува кон позицијата на спротивниот агол на обликот.
(слика тастатура Ctrl, Shift)

Ако при цртање на обликот се држи притиснато копчето Ctrl на тастатурата тогаш обликот се
црта така што покажувачот на глувчето го означува центарот наместо еден агол на објектот. Ако
се држи притиснато копчето Shift на тастатурата обликот ги задржува оригиналните пропорции.

Нацртан облик може да се замени со друг облик. Тоа се прави на тој начин што прво се
селектира обликот, се кликнува на копчето Draw на лентата со алатки за цртање, се селектира
Change Autoshape и се избира новиот облик.
(слика мени Draw → Change Autoshape)

Цртање графички објекти


Секоја WEB страница треба да содржи графички објекти за посликовито да ги објасни
поимите. Цртањето графички објекти во FrontPage е векторски, но откако ќе се сними
страницата тогаш тие се снимаат како растерски слики.

Мултимедијални oбјекти
Мултимедијалните објекти се пожелни кај програмите за презентации за да се создадат
посакувани ефекти. Постои библиотека на мултимедијални објекти наречена Clip
Gallery со повеќе видови објекти. Покрај тоа, во презентациите можат да се вградат
слики, анимации и звучни сигнали.

(слика со слики од Clip Gallery)


Clip Gallerry мултимедијални објекти
Во пакетот Microsoft Office е вградена посебна колекција на мултимедијални објекти и тоа
слики (Clip Art), звуци (Sounds), видео анимации (Videos) и фотографии (Pictures). Овие
мултимедијални објекти го формираат множеството Clip Gallery.
За да се вметне мултимедијален објект се клика на алатката Insert Clip Art во лентата со алатки
за цртање (Drawing) или се активира наредбата Picture и Clip Art; Movies and Sounds и Sound
from Galery или Movie from Galery во менито Insert.
(слика мени Insert)

Се отвора дијалог прозорецот Clip Gallery и се избира соодветна картичка, а потоа категоријата
(подгрупа) и објектот. За вментување се клика на копчето Insert.
Други мултимедијални објекти
Во WEB страницата може да се вметнат и објекти од други датотеки ако во нив има фо-
тографии, видео снимки или тонски записи за предметот на WEB страницата. За таа цел во
менито Insert и подменито Picture се активира наредбата From File.
(слика мени Insert→Picture→From File)

Се појавува дијалог прозорецот Insert Picture сличен на дијалог прозорецот Open за отворање на
Windows документи и се избира датотеката.
(слика дијалог прозоре Insert Picture)

Ако сликата е премногу голема или мала за WEB страницата, тогаш нејзините димензии можат
да се променат со повлекување на рачките кои се појавуваат веднаш по вметнувањето. За
пропорционално менување на димензиите се држи притиснато копчето Shift.
(слика со рачки и нејзино скалирање)

Активирање на мултимедијалните објекти


WEB страниците се главно статични: тие се појавуваат и остануваат. Видеото и звуците се
динамични односно можат да се активираат ако се кликне на нив. За таа цел овие објекти
најчесто се поврзуваат со линкови.

Постои можност одредени звуци или видео снимки да се активираат автоматски. Тоа се прави во
менито Format со наредбата Dynamic HTML effects.
(слика мени Format→Dynamic HTML effects)

Се отвора дијалог прозорецот Dynamic HTML effects и се избира кога да се активира ефектот.
Постојат повеќе можности за активирање ефект: кога ќе се позиционира глувчето Mouse over,
при клик Click, двоен клик Double click или при полнење на страницата Page load.
(слика прозорец Dynamic HTML effects)

Вметнување динамички компоненти


Покрај дефинирањето специјални ефекти за постојни објекти, во WEB страницата може да се
внесат други динамички ефекти. Постојат три типа на динамички ефекти, што се активираат со
избор на Dynamic Effects во дијалог прозорецот што се отвора кога во менито Insert ќе се кликне
на наредбата WEB component.
(слика мени Insert→WEB component)
(слика прозорец WEB component - Dynamic effects)

Hover button е ефект кој се поставува како линк кон друга страница. Кога ќе се постави глувчето
над ова копче, тогаш тоа може да си ја смени бојата, да прикаже слика или да свири звучен
ефект. Се активира со избор на
(слика примена на hoover)

Marquee е поле за лизгачки текст кој се движи во лева или десна насока.
(слика примена на marquee)

Banner AD manager е поле за плакат каде динамички се менува содржината на страницата. Тоа
наликува на билбоард каде се менуваат сликите во одредени временски секвенци.
(слика примена на banner add)

Ефекти за премин кон WEB страници


Убав динамички ефект е додавањето преодни ефекти при менување на WEB страницата.
Секогаш кога ќе се кликне на линк за да се прикаже друга страница се стартува соодветен
преоден ефект. Тоа се постигнува во менито Format со наредбата Page transition.
(слика мени Format→Page transition)

Се појавува прозорец кој дефинира за која активност ќе се стартува преодниот ефект. Можни
активности се при влегување во или излегување од WEB страницата, или при посетување или
напуштање на WEB сајтот.
(слика прозорец Page transition)
Мултимедијални објекти
Презентациите стануваат многу ефектни ако во нив се вградат мултимедијални објекти,
како на пример: звучен сигнал, слики и видео анимации. Анимациите дополнително
може да се контролираат односно кога да се активираат, да се повторуваат до притисок
на копче и слично.

Напредни обработки
Напредната обработка на графичките објекти опфаќа обработка на слики со
отсекување, вградување рамки на објектите или вградување текст во графичките
објекти.

Обработка на готови слики


Отсекувањето делови од слика претставува скратување на страните на одредена слика со цел да
се отстранат непотребни елементи. Тоа се прави со селектирање на сликата и активирање на
лентата со алатки за слики (Picture toolbar) во менито View и подменито Toolbars со наредбата
Picture.
(слика мени View→Toolbars→Picture)

Потоа се клика на копчето Crop на лентата со алатки за слики и покажувачот на глувчето се


трансформира во алатка за пресекување. Отсекувањето на дел од сликата се изведува со
повлекување на рачките од сликата.
(слика ефект од отсекување)

Додавање текст врз слика


Со клик на копчето Add text на дадена слика се додава текст кој може да објасни некој детал од
сликата или целата слика.

Поставување провидност
Кај дадена слика може да се избере некоја боја да биде провидна односно да се постави да биде
транспарентна. Сликата може да има само една провидна боја. Тоа се постигнува со активирање
на копчето Set transparent color во лентата за алатки за обработка на сликите.
(слика со активиран Hotspot)

На сликата може да се зголемува или намалува контрастот соодветно со копчињата More


contrast и Less contrast, како и да се зголемува или намалува осветленоста со копчињата More
brightness и Less brightness.

Сликите на WEB страницата треба да бидат мали во големина, за да не заземат долго време за
пренесување од WEB сајтот. Затоа се воведува можност за сликичка кратенка каде се нацртани
контурите на сликата и истата претставува линк кон вистинската слика. Се активира со помош
на копчето Thumbnail во лентата за алатки за обработка на сликите.
(слика со активиран Thumbnail)

Осетлива мапа со линкови


На дадена слика може да се постави линк со копчето Hotspot во лентата за алатка за обработка
на сликите. На таков начин сликата ќе стане осетлива графичка мапа со линкови. Кога глувчето
ќе се појави над одделен дел од сликата ќе може да се стартува нова страница.
(слика со активиран Hotspot)

Вметнување други објекти


Во WEB страницата може да се вметне хоризонтална линија која одвојува различни делови. Тоа
се постигнува во менито Insert со клик на наредбата Horizontal line. Обликот и обоеноста на
хоризонталната линија се дефинира графичката тема.
(слика мени Insert→Horizontal line)
Во WEB страницата може да се вметне рамка во линија каде се дефинира текст кој не може да
ги напушти димензиите на рамката, туку може само да се лизга погледот по текстот. За таа цел
во менито Insert се избира наредбата Inline frame.
(слика мени Insert→inline frame)

Специјален симбол во текстот, како и тековна дата и време може да се вметнат со наредбите
Special symbol и соодветно Date and Time во менито Insert.
(слика мени Insert→ Special symbol)
(слика мени Insert→ Date and Time)
Напредни обработки
Објектите во WEB страниците можат да се обработуваат со вградување специјални
ефекти, како што е на пример: цртање рамка околу објектот, поставување текст во
објектот или во насока на линијата и слично.

WEB компоненти
Текст за WEB компоненти
WEB компоненти
Постојат повеќе различни WEB компоненти што можат да се вментат во WEB страницата со
наредбата WEB component во менито Insert. Една од нив е компонентата која го пребарува
постојниот WEB сајт. За таа цел во прозорецот WEB component се избира WEB search со типот
Current Web.
(слика мени Insert→ WEB component)
(слика прозорец WEB component - WEB search)
(слика поставена WEB search компонента)

Навигациски копчиња
Лента со линкови е множество на копчиња што служат за навигација по WEB страниците.
Најчесто како линк се поставува копчето за враќање назад, враќање на почетната страница,
преминување кон следна WEB страница итн. Во WEB страницата може да се вметнат
навигациски копчиња со наредбата Navigation во менито Insert.
(слика мени Insert→ Navigation)

Се појавува прозорец каде се избира типот на WEB компонентата. Се избира лента со линкови
Link Bars, а потоа типот. Можни типови се лента со копчиња за линкови, (Bar with custom links),
лента за линкови напред и назад (Bar with back and next links) и лента со навигациска структура
(Bar based on navigation structure).
(слика прозорец WEB component)

Потоа се избираат типот на копчиња засновано на графичката тема. За понатаму се клика на


Next.
(слика прозорец WEB component)

На крај се избира ориентацијата на копчињата дали да биде хоризонтална или вертикална и се


клика на Finish.
(слика прозорец WEB component)

Се појавува прозорец за карактеристики на лентата за лникови. Треба да се дефинира име за


лентата и да се додадат страниците кон кои ќе се линкува. За таа цел се клика на Add link и се
избира страницата кон која ќе се линкува.
(слика прозорец Link bar properites)
(слика прозорец Add to link bar)
Галерија на слики
Во WEB страницата може да се вметне WEB компонента што реализира фото галерија. За таа
цел во прозорецот што се појавува по активирање на наредбата WEB component од менито Insert
се избира Photo Gallery. Постојат 4 различни можности за фото галерија. Првата создава мали
сликички како кратенки во повеќе редови организирани како слики во хоризонтални редови.
Втората создава колаж од слики, а насловот за секоја од сликите се појавува кога глувчето ќе се
појави над истата. Третата покажува мали сликички како кратенки, а во средината се прикажува
една од сликите во форма на слајд шоу. Последната можност ги поредува сликичките кратенки
вертикално, а насловот го испишува десно од сликите.
(слика мени Insert→ WEB component)
(слика прозорец WEB component – Photo Gallery)
(слика поставена Photo Gallery компонента)

Содржина на сајтот
Една од WEB компонентите се однесува на содржината на WEB сајтот што се добива со избор
на Table of Contents од прозорецот што се добива кога ќе се стартува наредбата WEB component
во менито Insert. Може да се избере содржина на WEB сајтот или подредено според категорија
на страниците односно мапа на сајтот.
(слика мени Insert→ WEB component)
(слика прозорец WEB component – Table of contents)
(слика поставена Table of contents компонента)
WEB компоненти
Текст за WEB компоненти

Формулари
Текст за Формулари
Формулари
Формуларите на WEB сајтот наликуваат на хартиени формулари. Тие можат да користат
информации од посетителите на WEB сајтот, како на пример податоци за нарачки, испорака или
наплата. Типично, секој посетител пополнува формулар со кликање, избирајќи од копчиња со
опции, кутии за одобрување, лизгачки менија или коментари во полиња за внесување текст.

За таа цел во програмата FrontPage може да се создадат формулари, кои се поставуваат на WEB
страницата. Кога се создаваат формулари може да се специфираат како да се собираат податоци
од посетителите на WEB страницата. Резултатите можат да се прикажат на соодветен начин. За
да функционираат формуларите во форма на собирање податоци, WEB сајтот мора да има
специфична инсталација кај Интернет провајдерот.

Постојат шаблони кои дефинираат повеќе типови на општо познати формулари, како на пример:
формулари за контактна информација, за барање, за нарачка, за испратница, за сметка, за
наплата, за повратна информација, за книга на посетители, за пребарување итн.

Формулари во WEB страницата може да се постават слично на WEB компонентите. Оваа


постапка води до таканаречено визуелно програмирање, кога на графички начин ќе се внесуваат
елементи кои ја одредуваат содржината на порзорецот. Можни се повеќе формулари:
општ облик на формулар со копче за активирање и поништување (Form),
копчиња со функција (Push button),
активни копчиња со дефинирање специјални функции (Push button),
текстуално поле за внесување вредности (Textbox),
полиња за внесување поголеми текстови (Text area),
копчиња за избор што ги исклучуваат другите копчиња (Option – radio buttons),
поле за одобрување-штиклирање (Check box),
лизгачки-спуштачки менија (Drop-down box),
формулар за избор на датотека (File upoload).
Формулари
Текст за формулари

Рамки и табели
Текст за Рамки и табели
Рамки
Рамките се користат кај WEB страниците за да се подели прелистувањето кај WEB
прелистувачот на повеќе делови. На таков начин секоја рамка може да прикаже засебна WEB
страница. Вградувањето на рамки овозможува на еден екран истовремено да се прелистуваат
повеќе WEB страници.

Вообичаено рамките се вградуваат во WEB страницата со цел да се направи еден дел од


страницата да се движи, друг дел да остане неподвижен. Менијата или логот на компанијата се
одличен пример за реализација на рамки. На примерот е прикажана организација на WEB
страница со 3 рамки: горната се нарекува плакат (banner), левата се наменува за содржина
(contents) и најголемата средишната е главната страница каде се прикажуваат податоците.

Страница со рамки се создава според постапката за започнување нова страница со клик на


наредбата New во менито File. Потоа се избира страницата Frames Page од шаблонот за WEB
страници.

Кога ќе се создаде страница со рамки за секој дел се избира која страница ќе ја прикажува.

Табели
Во WEB страниците можат да се вметнуваат табели за приказ на податоци во табеларен формат.
Табела е множество на клетки поставени во редици и колони. Во секоја клетка може да се
вметне текст или графички елемент. За да се постави табела треба во менито Table и подменито
за Insert да се избере наредбата Table.
(слика мени Table→ Insert→Table)

Во прозорецот што се појавува се избира бројот на колони и редици за дадената табела и потоа
се клика на OK.
(слика прозорец Insert→Table)

Во секоја клетка на табелата се внесува текст или графички објект. Од една кон друга клетка се
преминува со притискање на копчето TAB во десна насока и надолу, а со притискање на
комбинацијата Shift и TAB се преминува во лева насока или нагоре.
(слика со табела и пополнета прва клетка и премни кон втора клетка)

Во табелата може да се додаваат редици и колони во менито Table и подменито Insert. Со избор
на наредбата Table се додава табела, со Rows or Columns се вметнуваат редици и колони, со
Cells нови клетки, a со Caption заглавје за табелата.
(слика мени Table→ Insert)

Две или повеќе соседни клетки може да се спојат во една клетка. За таа цел прво се избираат
соседните клетки, а потоа се активира наредбата Merge Cells во менито Table.
(слика мени Table→ Merge cells)
(слика ефект од спојување клетки)

Клетките во табелата може да се раздвојат што претставува активност спротивна на


спојувањето. Тоа се постигнува откако ќе се избере клетката што треба да се подели и во менито
Table се активира наредбата Split Cells. Можно е дефинирање на вредноста на колку клетки ќе се
подели дадената клетка, како и ориентација дали поделбата да се изврши во вертикална или
хоризонтална насока.
(слика мени Table→ Split cells)
(слика ефект од раздвојување клетки)
Во даден момент пожелно е табелата да се отцепи на два дела што се постигнува со наредбата
Split table во менито Table.
(слика мени Table→ Split table)
(слика ефект од раздвојување табела)

Кога ќе се формира табелата може да се поместуваат рабовите на клетките. За таа цел со


глувчето се клика врз работ на клетката и потоа со притиснато лево копче се движи глвучето се
до саканата позиција, кога глувчето се отпушта.
(слика пометување рабови кај табелите)

Редица, колона или цела табела може да се избере со избор на една од наредбите Row, Column,
Table во менито Select.

Покрај поместувањето на рабовите на клетките може да се дефинираат и точните вредности за


големината на клетките со избор на наредбата Properties во менито Table. Големината се
специфира во точки или пиксели.
(слика мени Table→ Properites)

Рабовите на табелата може да се потенцираат и точно да се дефинира нивната обоеност и


дебелина со внесување вредности во полињата Borders size или дефинирање со клик на копчето
Style, потоа на копчето Format и избор на наредбата Border.
(слика мени Table→ Properites)

Рамки и табели
Текст за рамки и табели

Обработка на WEB страниците


WEB страниците и објектите што ја сочинуваат WEB страницата можат да се
селектираат, скријат, бришат или копираат. Windows оперативниот систем вградува
концепт на привремена меморија во компјутерот со можност објектот да се отсече, да
се копира и да се постави. Покрај тоа, овозможува и концепт за памтење редослед на
зададени наредби и активности, а потоа реставрирање на состојбата пред истите.

Бришење на WEB страниците


Избрана WEB страница може да се избрише кога е активен поглед за WEB сајтови, како на
пример, погледот за навигација, погледот со директориуми и слично. Страницата прво се
избира, а потоа се брише со наредбата Delete Page во менито Edit или со притискање на копчето
Delete.

Треба да се внимава да не се избрише страница која се покажува со линкови од други страници.


Во таков случај во тие страници треба да се сменат линковите, за да не покажуваат кон
непостоечка страница.
(слика мени Edit→Delete Page)
(слика тастатура Delete)
(слика лента за алатки Delete)

Отсекување, копирање, поставување


Активностите за отсекување, копирање и поставување кај Windows оперативниот систем се
применуваат и кај програмата FrontPage. Може да се обработуваат WEB страниците и нивните
елементи, како на пример: текстуални полиња, слики и други објекти.
(слика со објекти и концепт за привремена меморија)
За отсекување се користи наредбата Cut во менито Edit или се притиска комбинацијата на
копчиња на тастатурата Ctrl+X, или се користи алатката за отсекување.
(слика мени Edit→Cut)
(слика со Ctrl+X)
(слика лента за алатки Cut)

За копирање се користи наредбата Copy во менито Edit или се притиска комбинацијата на


копчиња на тастатурата Ctrl+C, или се користи алатката за копирање.
(слика мени Edit→Copy)
(слика со Ctrl+C)
(слика лента за алатки Copy)

Објектот сместен во привремената меморија може да се постави во документот со наредбата


Paste во менито Edit, или со притискање на комбинацијата копчиња на тастатурата Ctrl+V, или
со алатката за поставување.
(слика мени Edit→Paste)
(слика со Ctrl+V)
(слика лента за алатки Paste)

Поништување наредби
Поништување на последната активност се активира со наредбата Undo во менито Edit, или со
притискање на Ctrl+Z или со кликнување на копчето Undo на стандардната лента со алатки.
(слика мени Edit→Undo)
(слика тастатура Ctrl+Z)
(слика лента за алатки Undo)

Во програмата се паметат голем број на последователни активности на корисникот и со


последователно активирање на наредбата Undo се поништуваат повеќе последователни
промени.
(слика со мени Edit→ Undo)

По користењето на наредбата Undo, корисникот може повторно да се предомисли и да побара


сепак да му се врати поништената измена. Тоа се прави со копчето Redo на стандардната лента
со алатки, со наредбата Redo во менито Edit или со притискање на комбинацијата копчиња Ctrl
Y.
(слика со Ctrl Z)
(слика со мени Edit→ Redo)
(слика со Ctrl Y)
(слика лента за алатки Redo)
Обработка на WEB страниците
Слично на обработката на различни видови документи, така и WEB сајтот може да се
отвори и да се уредува неговата организација. Обработката опфаќа менување на
постојните WEB страници или додавање нови. Тие можат да се копираат, отсекуваат и
поставуваат.

Обработка на објектите
Сите објекти на WEB страницата можат да се отсекуваат, копираат и поставуваат.
Посебно важна обработка на елементите на WEB страницата е редоследот на
појавување на мултимедијалните објекти, со што се дефинира видливоста.
Селектираните објекти можат да се поместуваат, скалираат, ротираат или накосуваат.

Селектирање
Рамките, графичките објекти, вметнатите слики или мултимедијални објекти можат да се
селектираат со кликање на левото копче на глувчето. Повеќе објекти или дел од текстот се
селектираат со позиционирање и придвиќување со притиснато лево копче на глувчето.
Објектите се деселектираат со клик на празниот простор на WEB страницата.
(слика со селектирани објекти)

Бришење
Селектиран објект може да се избрише со наредбата Delete во менито Edit или со притискање на
копчето Delete.
(слика мени Edit→ Delete)
(слика тастатура Delete)
(слика лента за алатки Delete)
(слика со објект)

Редослед на појавувањето на графичките објекти


Објектите во WEB страницата можат да се преклопуваат. За да се одреди редоследот на
појавување на објектите се клика на копчето Draw на лентата со алатки за цртање и се активира
наредбата Order или се активира помошното мени со десен клик на глувчето.
(слика за WEB страница со преклопени објекти)

За дефинирање на редоследот на појавување на објектите се избира:


Bring to Front го донесува објектот најгоре во групата.
Send to Back го донесува објектот најдолу во групата.
Bring Foreward го поместува објектот повисоко за еден слој.
Send Backward го поместува објектот пониско за еден слој.

Групирање објекти
Со цел да не се загуби подреденоста на повеќе графички објекти се формира целина наречена
група на објекти. За таа цел се избираат објектите што се групираат, а потоа се клика на копчето
Draw на лентата со алатки за цртање и се активира наредбата Group.
(слика мени Draw→Group)

Групираните објекти можат повторно да се вратат во претходната состојба со селектирање на


кој било објект од групата и кликнување на Draw→Ungroup.
(слика мени Draw→Ungroup)

Поместување и скалирање објекти


Околу селектираниот графички објект се покажуваат рамка и рачки за повлекување.
(слика WEB страница со графички објект)

Селектираниот графички објект може да се помести ако со глувчето се повлече рамката, но не


рачките.
(слика со поместен објект)

За промена на димензиите на селектираниот графички објект се повлекуваат рачките околу


објектот. Ако се повлече рачка на агол истовремено ќе се променат и широчината и височината
на објектот, а ако се повлече страничната тогаш ќе се промени само една димензија.
(слика WEB страница со скалиран објект)

Ротирање објекти
Во алатките за цртање постои алатка Free Rotate наменета за ротирање објект околу неговата
средишна точка. Тогаш, рачките околу избраниот објект стануваат кругови. За ротирање се
повлекуваат кружните рачки додека објектот не се донесе во потребната позиција. Потоа се
клика на алатката Free Rotate на лентата со алатки за цртање за да се исклучи ротирањето.
(слика ротиран објект)

Ротацијата може да се оствари во менито Draw (од лентатата со алатки за цртање) со наредбата
Rotate/Flip која дава дополнителни можности за ротирање на објектите. Објектот може да се
ротира за 90 степени во лево или во десно, или пак, да се ротира околу хоризонталната и
вертикалната оска.
(слика мени Draw→ Rotate/Flip)
Обработка на објектите
Објектите што го сочинуваат WEB страницата можат да се преклопуваат. За да се
одреди видливоста се дефинира редоследот на појавување, или пак, објеките се
групираат во посложен објект. Тие можат да се копираат, отсекуваат и поставуваат,
порамнуваат итн. Над графичките објекти можат да се изведат повеќе геометриски
трансформации: транслација, скалирање, ротација, издолжување, накосување итн.

You might also like