You are on page 1of 7

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМИЈА И ОП

ПРЕДМЕТ: ЕЛЕКТРОНСКИ БИЗНИС

ПРОФЕСОР: Д-Р ШЕКЕРИНКА ИВАНОВСКА

АСИСТЕНТ: М-Р КРИСТИНА МИТРЕВСКА

ПРАШАЊА ЗА 1 КОЛОКВИУМ

1. Објасни го дефинирањето на поимот Електронски бизнис !


Електронскиот бизнис е општ концепт кој ги опфаќа сите форми на бизнис
трансакции или размена на информации кои се изведуваат со употреба на
информатичките и комуникациските технологии
2. Објасни за видови на Електронски бизнис !
-B2B (Busines-to-Business) - модел во кој учесниците се правни лица - компании.
-B2C (Business-to-Customer) - модел кој вклучува продажба на мало на крајните
потрoшувачи - клиенти - корисници.
-C2C (Customer-to-Customer) - модел во кој е продажба на крајниот корисник кој
продава и купува од крајните клиенти, физичко лице. Според овој модел, многу
чести се купување и продавање преку различни огласи.

-P2P (People-to-People) - модел во кој постои размена на стоки, главно


дигитални.

-C2B (Customer-to-Business) - моделот ги вклучува лицата кои своите производи и


услуги ги продава на бизнисите.
- B2E (Business-to-Employer) - модел кој се занимава со внатрешните активности
во рамките на компанијата, обично преку интернет, како што се: размена на
информации помеѓу вработените, замена или продажба на производот на
вработените, онлајн обука, и т.н.
-G2C (Government-to-Citizens), G2B (Government-to-Businesses) - Модели во кои
државните служби разменуваат производи, услуги и информации со физички и
правни лица.

.
3. Објасни што е ЕДИ (електронска размена на податоци) и кои се нејзините
предности !
Електронска размена на податоци (EDI- Electronic Data Interchange) е
електронска размена на документи меѓу клиентите (обично се различни
фактури, сметки и сл.).
 Предности на ЕДИ се:
 намалува употребата на стандардните поштенски услуги, без испраќање на
документи во хартиена форма,
 намалување на административните трошоци (документи, поштенски марки,
пликови..)
 ја олеснува работата и комуникацијата со трето лице / лица.
4. Објасни ги чекорите во функционирањето на ЕДИ !
Првиот чекор е подготовка на електронска документација. Собирање на
податоци потребни за комплетирање на документите се врши на класичен
начин, и на крајот на овој чекор е произведениот документ во електронска
форма.
Вториот чекор вклучува конверзија при испраќање на документот. Претходно
подготвениот документ во електронска форма е претворена во стандарден
формат во согласност со пропишаните спецификации.
Третиот чекор е комуникација. Подготвениот документ се испраќа преку Van
(мрежа на додадена вредност) или Интернет до назначеното приемно место.
 Конверзија на приемот е следниот чекор. Во овој чекор, во документот се
конвертира од форматот на кој бил пренесен до примачот, во формат кој е
разбирлив во информациониот систем на примачот на електронскиот документ.
Обработката на електронскиот документ. Електронскиот документ кој е добиен
преку EDI-I се обработува во стандардна процедура, и било кој друг документ
кој е настанат и создаден во локалната околина
5. Објасни го системот ЕДИ на компанијата Болеро нет !

Системот овозможува електронски пренос на документи и информации меѓу


партиите вклучени во трговски синџир.

Бизнис трансакциите се остваруваат преку Bolero.net системот и се состојат од 9


чекори: Формирање на комерцијален договор, Вториот чекор вклучува
генерирање на СУРФ понуди, Воспоставување на Сурф договор, Ратификација на
обврските на банката, Подготовка на документи, Презентација на документи,
Кога СУРФ ќе ја потврди автентичноста на документите како и усогласеност со
документација однапред со дефинирани стандарди -се проследува до купувачот,
Известување за пристигнување на стоката , Преземање на стоката
Мисијата на организацијата е да обезбеди гарантирани и безбедни испораки на
трговски документи во електронска форма меѓу компаниитe на глобално ниво.

6. Што е Електронска трговија !


Електронската трговија претставува дигитално овозможена комерцијална
трансакција помеѓу организации и поединци.

7. Кои се модели на Електронската трговија !


Продавница модел – има широк спектар на производи и им овозможува на
производителите да ги продаваат своите производи нон стоп, низ целиот свет;
Аукција модел – е натпреварувачки процес каде продавачот бара складни
цени од купувачите и тие се наддаваат, или купувачот бара определени цени од
продавачите. Цените се детерминираат динамично преку нивните наддавања;

Портал модел – се делат на хоризонтални, вертикални и афинитети;

Динамични цени модел - се одликува купување и продавање производи и


услуги на слободниот пазар каде щто цените варираат во зависност од
понудата, побарувачката и потребите на потрошуваците;
Онлајн трговија и модел на заеми – е поврзан со брокерските, осигурителните
и менаџерските работи на веб сајтовите, каде може да се тргува со инвестиции,
заеми и други финансиски компоненти.
8. Објасни ги формите на Електронска трговија !
Има 3 форми во зависност од степент на дигиталност :продуктот, процесот и
добавувачкиот застапник.
9. Како би започнале бизнис преку Е-трговија !
Развој на идеи за интернет бизнис и изработка на бизнис план;
Регистрација на интернет компании;
Домен и хостинг;
Креирање на веб сајтови за интернет бизнисот;
Интернет маркетинг;
Избор и имплементација на начин на плаќање;
Избор на дистрибутивна анализа;
Други прашања (приговори, царини, јазици, даноци и слично).

10. Објасни за електронско нумерирање на артиклите – производите (ЕАН) !


-Со цел да се максимизираат можностите на компјутерската технологија и
опрема за снимање на податоците постои единствен систем на нумерирање,
при што се добива ефикасна енкрипција, идентификација и комуникација
 ЕАН (Европска членска нумерација) е систем кој го прави ова возможно. Овој
систем обезбедува брзо и успешно внесување на податоците во компјутерските
системи со зголемување на брзината, обработка и комуникација.
 ЕАН броеви се единствени и признати во светот. Употребата на ЕАН стандарните
броеви значи дека трговците не треба да одржуваат комплексни линкови до
внатрешните. Постојат 2 типови на бар кодови:
 UPC (Universal product code) – кој се користи во Америка;
EAN (European article number) – кој е пошироко прифатен во Европа
11. Објасни за трговијата преку интернет !
-Предности за организациите
 намалување на трошоците, подобрувања на набавка; проширување на работното
3*време (24/7/365); костумизација; нови бизнис модели; специјализација на
потрошувачите и други користи.
-Предности за потрошувачите
 побогат избор на производи и услуги; можност за купување 24 часа на ден, од било
која локација; костумизирани производи и услуги; поефтини производи и услуги;
инстант добавување; располагање со многу информации и друго.
-Предности за општеството
 побогат избор на производи и услуги; можност за купување 24 часа на ден, од било
која локација; костумизирани производи и услуги; поефтини производи и услуги;
инстант добавување; располагање со многу информации и друго. ???????????

12. Објасни ги карактеристиките на комерцијалниот Веб-сајт !


 може да се реализира или преку учество во плати-по-клик или плати-по-впечаток
или со најавување програми на сајтот и поврзување до директориумите.
 Постојат стотици на плати-по-клик мрежи на интернет, но трите најголеми се:
 Google AdWords
Yahoo Search Marketing
13. Објасни за традиционалните трговски ланци на продажба и Е-бизнисот !
Еден од основните трендови на е-трговијата е брза услуга.
Денес купување не е приоритет и секојдневна работа на повеќето корисници ,
тие очекуваат дека целиот процес на купување ќе се одвива во што пократок
временски период.
Многу успешни компании имаат тенденција да најдат решение за создавање на
предности во однос на конкуренцијата и за зголемување на учеството на
пазарот преку: зголемување на брзината на пристап на пазарот да се намалат
трошоците за дистрибуција како и обезбедување на правилото на производите
во право место и во право време, со ниски трошоци и најдобра цена.

14. Објасни за Е-логистика !


Е-логистика е логистика врз основа на развој на информационо-
комуникациската технологија и се јавува кај е-трговија и е-бизнис и е начин на
водење на бизнис промените.
Е-логистика има формирање на нови начини на контакт со клиентите и меѓу
клиентите и партнерите.
Пазарите за каде што понудата е наменета, е-логистиката се занимава со
ланецот на снабдување во економијата, вклучува управување со набавките и
ланецот на снабдување врз основа на ефикасна размена на електронски
информации

-Со зголемување на употребата Интернет технологиите во денешната


економија, е- логистиката обезбедува логистичка поддршка не само во рамките на
целосниот систем на набавки но, и во поддршка на потрошувачите.

15. Објасни за Менаџмент на снабдувачки синџири - составни делови на синџирот


на снабдување и вредности !
Менаџментите на снабдувачки синџири (SCM) е процес на планирање ,
организирање и управување со сите активности на ланецот на снабдување.
Ланецот на снабдување го вклучува во себе животниот циклус на производот.
Тоа подразбира движење на материјалните и нематеријалните вложувања
 Најголема улога во ланецот на снабдување има купувачот и продажбата во
синџирот на снабдување.
 Најголемите активности се :
 Набавни активности
 Внатрешни активности
 Продажни активности
 Комбинација на купувачки и продажни активности

16. Објасни како се решава прашањето на враќање на производите во Е-трговијата!


-Враќање на местото каде што сте ги купиле – ова решение е добро само ако
бројот на откажаните производи е мал . Ова решение можеби е поефикасно од
гледна точка на продавачот, но клиентот сеушне не задоволен.

-Достапност на купувачот да ја остави вратената стока на одредени пунктови. Ова


зависи од тоа какви се продажните места - прирачни продавници или поштенски
сандачиња.

-Враќањето на стоката се врши преку надворешни соработници – кои обезбедуваат


цлосна поддршка на целокупниот процес на логистика на враќање на стоката.

17. Објасни што е Интернет маркетинг !

За ефикасно работење на компанијата преку интернетот значи примена на


традиционалните знаења во областа на маркетингот
Работењето на маркетингот на интернет може да се види како се движи еден
производ или услуга од производителите до потрошувачите, со користење на
интернетот како средство за промоција, продажба, или каналите на
дистрибуција
Интернет маркетингот може да биде едноставно дефиниран
како: остварување на маркетинг целите преку примена на дигиталните
технологии. 
18. Објасни за дилерски програми во Интернет маркетингот !
Програми чија примарна цел е заработка на интернет.
На овие програми продавачот, односно сопственикот на презентацијата на која
преку линкот, корисникот доаѓа до програмата на сајтот е основоположник и
дилер, а од купувачот кој купува некој производ или услуга, добива одредена
провизија
19. Што е Вирален маркетинг !
Вирален маркетинг се дефинира како секоја друга стратегија, која ги поттикнува
индивидуите да можат маркетинг пораката да ја шират на други и на тој начин
создавајќи потенцијал за прикажување и експоненцијален раст на овие пораки
и нејзиното влијание.
20. Кои се трендови во Интернет маркетингот !
-Мајкрософт Бинг –
Bing, има за цел да им понуди на своите клиенти различни искуства во потрага
по саканиот термин. За пребарувачите кои веќе еднаш пребарувале на
интернет ја користат веќе еднаш пребаруваната од бинг.
-Видео Маркетинг

новина во областа на интернет маркетинг, но е значаен фактот дека оваа форма


на онлајн рекламирање е недоволно искористен во глобални рамки
-Мобилен маркетинг
 ја користи технологија на мобилни плаќања, односно, плаќања базирани на
користење на мобилни уреди, мобилни телефони.

-Widget marketing – Графички маркетинг

 овие елементи се мали веб апликации кои може да се работат на повеќе


платформи (десктоп, старт страница во пребарувачот, мобилни уреди, веб-сајтови,
блогови).
-Видео пребарување
пребарувањето и сортирањето на видео материјали најмногу е спроведено преку
користење на мета тагови, наслови и описи
 Е-маил маркетинг
истражувањата покажуваат дека е-пошта останува повеќе како корисно средство за
комуникација меѓу луѓето на интернет

You might also like