You are on page 1of 19

ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈА

1. Пазарна структура – поим, видови и критериуми за класификација


ТИП НА ПАЗАР НА КОЈШТО ДЕЛУВА ФИРМАТА СЕ НАРЕКУВА ПАЗАРНА СТРУКТУРА. Пазарите
меѓусебе се разликуваат во прв поглед според бројот на учесници (продавачи и купувачи) на
пазарот и според нивната моќ да влијаат врз висината на цената на производот. На пазарот на
облека на пример дејствуваат илјадиници произведители кои произведуваат исти или слични
производи и кои меѓусебно силно си конкурираат. Тие немаат никакво влијание врз пазарната цена
на производот. На пазарот на автомобили пак егзистираат неколку производители кои го
контролираат пазарот и имаат значајно влијание врз цената. На овој пазар конкуренцијата е
ограничена. Од друга страна постојат и пазари на кои вкупното производство на добра и услуги го
дава едно единствено претпријатие пр. пазарот на вода, железнички транспорт, мепсо. Тука
претпријатието има силно влијание врз пазарната цена на доброто или услугата. На овие пазари не
постои конкуренција, тие се регулирани од страна на државата. РАЗЛИКУВАМЕ 4 ВИДОВИ ПАЗАРНИ
СТРУКТУРИ: совршена конкуренција, монопол, олигопол и монополистичка конкуренција.
Основата за разликување на овие 4 вида пазарни структури покрај спомнтите два критериума се и
природата на производот ( дали се работи за производи од ист квалитет – хомогени, или
производи со различен, диференциран квалитет) и бариери за влез (дали егзистираат
ограничување за влез и излез на нови фирми во секторот и од секторот).

2. Совршена конкуренција – поим и карактеристики


Совршена конкуренција е пазарна структура која се карактеризира со 4 битни карактеристики:

 Постојат голем број купувачи и продавачи, при што секој купува и продава само мал дел од
вкупната количина на производот на соодветниот пазар. Оттаму купувачите и продавачите не
можат да влијаат врз цените. Тие се мали фирми, немаат моќ, цената е дадена – прифаќање
на цени (price taker)
 Продавачите нудат стандардизирани (хомогени) производи со ист квалитет.
 Продавачите можат лесно, слободно да влезат или да излезат од пазарот – тоа претставува
целосна мобилност на факторите на производство.
 Продавачите и купувачите имаат комплетни (перфектни) информации за цените на
производите и ресурсите (факторите на производство)

Овој тип пазарна структура не егзистира во реалниот живот. Често се нарекува чист пазар. Денес
блиску до оваа форма на пазарна структура е пазарот за жито или пазарот за компири, патлиџани и
др земјоделски производи.

3. Објасни ја кривата на побарувачка на фирма при совршена конкуренција

Во услови на совршена конкуренција во рамките на индустријата функционираат голем број мали,


независни произведители. Кривата на побарувачката за доброто Х на ниво на целата индустрија има
опаѓачки наклон поради простиот факт што со пораст на цената на доброто Х, бараната количина за
истото добро опаѓа и обратно, со опаѓање на цената на доброто Х, бараната количина расте.

Работите стојат поинаку со кривата на побарувачка на поединечната фирма во рамки на


индустријата. Кривата на побарувачката на фирмата што работи во услови на совршена конкуренција
е хоризонтална линија, што значи дека станува збор за совршено еластична побарувачка – мало
зголемување на цената на доброто на поединечната фирма при совр. Конк. Ќе предизвика енормно
опаѓање на побарувачката за доброто што го произведува фирмата, односно побарувачката ќе се
сведе на нула. Доколку пак фирмата не ја зголеми цената и продолжи да продава по тековната цена
таа може да продава неограничена количина на производство.

4. Дополнителен приход и дополнителен трошок – поим, карактеристики и разлики

Дополнителниот приход што фирмата го остварува со производство и продажба на дополнителна


единица на производ претставува маргинален приход на фирмата (MR). според тоа маргиналниот
приход на фирмата пракитчно ги мери промените во вкупниот приход на фирмата како резултат на
производство и продажба на дополнителната единица на производ.

Дополнителниот трошок што фирмата го прави за производство на дополнителна единица на


производ претставува маргинален трошок на фирмата (МС). Маргиналниот трошок на фирмата ги
мери промените во вкупните трошоци како резултат на производство на дополнителна единица на
производ.

5. Просечен трошок и просечен приход – поим, карактеристики и разлики

Просечен приход е приходот што фирмата го остварува на единица производ. Тој се добива кога
вкупниот приход ќе се подели со со бројот на производи. Во услови на совршена конкуренција тој е
секогаш еднаков на пазарната цена на производот.

Просечниот трошок е трошок на единица производ. Тој исто така се добива со делење на вупните
трошоци со бројот на производи.

6. Објасни го работењето на фирма во услови на совршена конкуренција - кус рок

Фирмата што работи во услови на совршена конкуренција не е во можност да влијае врз висината на
маргиналниот приход (цената) со промена на обемот на производство и на понудената количина на
производи на пазарот. Но со промена на обемот на производство и понудената количина на
производи на пазарот,фирмата може да влијае врз висината на маргиналниот трошок. Кривата на
понудата на фирмата што работи во услови на совршена конкуренција, во основа се совпаѓа со
кривата на маргиналните трошоци. Велиме во основа бидејќи кривата на понудата е само еден дел
од кривата на маргиналните трошоци, односно само делот којшто се наоѓа над точката кадешто
кривата на маргиналните трошоци ја сече кривата на просечните варијабилни трошоци. Доколку се
случи пазарната цена на фирмата да падне толку ниско што нема да ги покрива ниту просечните
варијабилни трошоци, фирмата ќе мора да престане со производство. Според тоа под точката на
варијабилните трошоци нема да има никакво производство и никаква понуда. Затоа кривата на
понуда на фирма што работи во услови на совршена конкуренција е над точката каде што
маргиналните трошоци ги сечат просечните варијабилни трошоци.

7. Објасни го моделот на совршена конкуренција во рамките на една индустрија на долг


рок

во моделот на совршена конкуренција во рамки на една индустрија дејствуваат голем број


независни фирми. Сите тие произведуваат производ од ист квалитет. Цената на производот на ниво
на индустријата е детерминирана од пазарната понуда и пазарната побарувачка. Сега да
претпоствиме дека во рамките на индустријата пазарната побарувачка за соодветниот производ
значајно пораснала поради што кривата на побарувачката се поместила кон десно, предизвикувајќи
пораст на цената на производот. Ако пазарната цена на производот значително ги надмине
долгорочните просечни трошоци на индустријата, фирмите во рамките на индустријата ќе почнат да
реализираат вискои, надпросечни профити.

Индустријата остварува економски профит кога продажната цена на производот им овозможува на


фирмите кои дејствуваат во рамките на индустријата да ги поријат просечните трошоци на сите
ангажирани фактори на производство, вклучувајќи го тука и опортунитетниот трошок на капиталот,
како и да реализираат еден одвишок над вкупните трошоци.

8. Трошочна и алокативна ефикасност – поим, карактеристики и разлики

Трошочна (производствена) ефикасност во економијата се постигнува доколку сите фирми


произведуваат и продаваат по најниски можни долгорочни просечни трошоци. Совршената
конкуренција во целост го исполнува ваквиот услов.

Алокативна ефикасност во економијата постои доколку секое понатамошно пренасочување на


ресурсите не е во состојба да ја зголеми економската благосостојба на едни луѓе, без да се намали
економската благосостојба на други луѓе, односно членови на општеството т.н Парето критериум за
оптималност.

9. Што се подразбира под непотполна конкуренција

Конкуренцијата во економските сектори во кои претпријатијата, односно продавачите имаат некаков


степен на влијание врз висината на цените на добрата и услугите се нарекува непотполна
конкуренција. Несовршената конкуренција се однесува на пазарните структури како монопол,
олигопол и монополистичка конкуренција.

10. Дефинирај ја состојбата на монопол и природен монопол

Монопол – станува збор за крајниот, екстремен случај на непотполна конкуренција кога еден
единствен производител има потполна контрола врз целиот економски пазар. Пазарот на кој
монополистичкото претпријатие работи се вика монополски пазар.

Природен монопол – станува збор за економски сектори во кои извршувањето на дејноста бара
вложување на огромен капитал, поради што законот за економиите од обем не дозволува таа
дејност да ја извршуваат голем број на претпријатија. Природни монополи можат да бидат
претпријатијата во државна сопственост или приватни претпријатија. (енергија – електрична
енергија, гас, вода ; телекомуникации – поштенски услуги, радија, ТВ ; транспорт – авионски,
железнички, урбан јавен транспорт)

11. Карактеристики на монопол


 Вкупното производство и вкупната понуда ја креира само еден продавач, односно една
фирма
 Монополистот има моќ да ја контролира цената на производот, но по правило регулирано од
страна на владата
 Уникатен единствен производ
 Целосни бариери за влез – нови фирми не можат да влезат во секторот.

12. Што е олигопол и кои се основните видови олигопол

Олигопол претставува пазарна структура каде што мал број корпорации, продавачи имаат
доминантни позиции во вкупното производство и понуда на секторот. Разликуваме 2 типа на
олигопол: првиот тип произведуваат идентични или речиси идентични производи – челик од ист
квалитет или пак нафта (состојба на дуопол) , а кај вториот тип на олигопол мал број претпријатија
произведуваат исти производи, но со диференцирани својства и карактеристики – автомобиилски
корпорации (произведуваат автомобили со иста кубикажа и еднаков број коњски сили но со
различни карактеристики: боја, потрошувачка на бензин, бучност на моторот..)

Карактеристики на олигопол:

 На пазарот доминираат неколку меѓусебно зависни продавачи – фирми


 Тие се креатори на најзначајниот дел од производството и понудата во индустријата
 Ограничено влијание врз цената
 Диференциран или хомоген производ
 Постојат значителни бариери за влез
 Нема секогаш агресивна конкуренција.
13. Што претставува монополистичка конкуренција

Пазарна структура во која постојат многу претпријатија кои продаваат производи коишто се
диференцирани. Не произведуваат исти по квалитет производи (производи од текстил,кожа, паста за
заби, козметички производи, шампони итн). Карактеристики: на пазарот доминираат голем број
независни продавачи – фирми, ограничено влијние во цената – секоја фирма може да формира цена
за секој негов производ ,Постои слободен влез и излез, произведуваат диференцирани производи.

14. Направи разлика меѓу трите основни облици на непотполна конкуренција

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ СОВРШЕНА КОНКУРЕНЦИЈА И МОНОПОЛИСТИЧКА КОНКУРЕНЦИЈА


Вид конкуренција Сличност Разлика
Совршена конкуенција Голем број субјекти (продавачи) Произведуваат идентични
на страната на понудата производи
Монополистичка конкуренција Голем број субјекти (продавачи) Произведуваат диференцирани
на страната на понудата производи

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ ОЛИГОПОЛ СО ДИФЕРЕНЦИРАНИ ПРОИЗВОДИ И МОНОПОЛИСТИЧКА


КОНКУРЕНЦИЈА
Вид конкуренција Сличност Слабост
Олигополска конкуренција со Се произведуваат Мал број субјекти на страната
диференцирани производи диференцирани производи на понудата
Монополистичка конкуренција Се произведуваат Голем број субјекти на страната
диференцирани производи на понудата

15. Наброј ги бариерите за влез на претпријатијата во одделни економски сектори

Постоењето бариери (рестрикции, пречки) за влез на претпријатијат во одделни економси сектори


довеле до исчезнување на совршената конкуренција.

Бариери од различна природа:

 Окрупнување на претпријатијата заради искористување на економии од обем (масовно


производство пр. сектори од хемија, автомобили, црна металургија)
 Правни бариери за влез (ексклузивни права дадени од државата – природен монопол и
патенти (пр. Полароид – фотографски апарати со помош на кои фотографијата се добива
веднаш по сликањето.)
 Природни богатства (кафе – Бразил, нитрати – Чиле, злато – Јужна Африка, нафта – ОПЕК,
контролата на производство во вакви случаи им е препуштена на крупните домашни или
странски корпорации кои едновремено имаат доминантни позиции и во светското
производство на споменатите производи.
 Диференцијација на производите (автомобили со моќни кочници, скапа опрема – за
побогатите потрошувачи, типичен пример за ова се автомобилските компании Ролс Ројс и
Порше кои прозведуваат автомобили од висок квалитет, најчесто по нарачка, се задоволуваат
поедини желби, вкусови и преференции)
16. Како се пресметува вкупен приход на монополот

Вкупниот приход на монополот се добива со множење на количините (q) со цената (p).

Логично е да се тврди дека монополот во практиката ќе настојува да го најде најсоодветниот


конпромис помеѓу количината и цената, кој во крајна линија ќе му обезбеди висок приход и профит.
Тој оптимален компромис помеѓу количната и цената според тоа ќе значи дека монополот никогаш
нема да произведе и продаде толку производи колку што неговиот реален капацитет де факто му
овозможува да продуцира.

17. Што претставува маргинален приход на монополот (позитивен и негативен)

Маргиналниот приход ги мери промените во вкупниот приход како резултат на производството и


продажба на дополнителната единица производ. Маргиналниот приход може да биде позитивен и
негативен. Тој е позитиен кога со порастот на продажбите вкупниот приход расте и покрај
опаѓањето на цената. Тој е негативен кога со порастот на продажбите опаѓањето на цената е толку
големо што предизвикува и опаѓање на вкупниот приход.

18. Објасни го однесувањето на маргиналниот приход на монополот со еластичноста на


побарувачката на производите на монополот?

Да се потсетиме дека побарувачката е еластична кога значајно реагира на промените на цените на


производите. Во почетокот смалувањето на цените на производите на монополот силно ја зголемува
побарувачката за тие прозиводи, поради што вкупниот приход и маргиналниот приход растат.
Подоцна побарувачката навлегува во зоната на нееластичност. Смалувањето на цените не ги
зголемува продажбите поради што вкупниот приход опаѓа, а маргиналниот приход поприма
негативна вредност.

19. Како монополот го максимизира профитот? Објасни ги двата начина на максимизација


на профитот на монополот. Прикажи ги графички.

Вкупен профит = вкупни приходи – вкупни трошоци Tpr = TR – TC

Максимизација на профит – точката каде маргиналниот производ = маргиналниот трошок MR =MC

ТОЧКАТА каде монополот ги максимизира профитот се наоѓа на два начина:

 Ако ги споредиме вкупните приходи и вкупните трошоци ( најголемата разлика)


 Ако ги споредиме маргиналните приходи и маргиналните трошоци ( точка на нивната
еднаквост
20. Олигопол и олигополска пазарна структура – поим и карактеристики

Олигополот е пазарна структура во којашто неколку, најчесто три-четири крупни претпријатија


доминираат на пазарот, односно го креираат најзначајниот дел од производството и понудата во
секторот индустрија.

Карактеристики:

 Мал број понудувачи имаат значајно влијание врз цените


 Можат да произведуваат идентични/хомогени производи (пр. челик и бетон со ист квалитет)
или диференцирани прозводи (пр. автомобили од иста класа, но со различни к-ки)
 Олигополската структура создава бариери за влез (економии од обем, правни бариери за
влез, природни богатства,диференцирани производи) како и специфични форми на бариери
– стратегиски одвраќања. Порастот на капиталот и технологијата на постојните олигополски
претпријатија го ограничуваат влезот на другите претпријатија.
 Интеракција = меѓузвисност меѓу претпријатијата при носење деловни одлуки (теоријата на
игри е во директна врска со стратегиската меѓузависност на олигополските претпријатија)
 Однесувањето на претпријатијата во олигополската пазарна структура може да биде:
фирмите да манифестираат висок степен на кооперативност, меѓусебна соработка – висока
цена на производот и реализација на високи профити и некооперативно однесување –
влегуваат во меѓусебна конкурентност – блиску до совршена конкуренција, агресивни
реклами со цел да им превземат дел од пазарот на постојните конкуренти и да остварат висок
профит.
21. Од каде произлегува меѓузависноста на олигополските фирми при донесувањето на
значајни деловни одлуки?

Помеѓу учесниците во олигополската пазарна структура владеат и односи на интеракцијата, односно


меѓузависност при донесување на значајни деловни одлуки. Имено, ако едно од претпријатијата во
индустиријата размислува за зголемување или намалување на цените на производите, пред да ја
донесе таквата одлука мора да ја предвиди реакцијата на другите претпријатија со доминантни
позиции во индустријата – дали и тие ке го следат и ќе ги покачат односно намалат цените или ке
продолжат да породаваат по иста цена. Да претпоставиме дека станува збор за олигополско
претпријатие кое призведува хомоген производ. Ако едно претпријатие ја зголеми цената, а другите
не го следат, тој ке ти изгуби своите потрошувачои – потрошувачите ке се свртат кон другите
претпријатија кои продаваат производ од ист квалитет по пониска цена. Меѓузависноста во
донесувањето на деловни одлуки постои и во обратна ситуација.

22. Што се подразбира под терминот колузија?

колузијата претставува форма на експлицитно, јавно, отворено или па имплицитно,тајно, преќутно,


договарање помеѓу олигополистичките претпријатија за меѓусебно ограничување на конкуренцијата.
Кога договарањето е јавно, отворено настанува картел. Кога договарањето е тајно,преќутно станува
збор за ценовно лидерство.

23. Картел – поим, основни карактеристики и причини за негова внатрешна нестабилност

Картел – група на претпријатија кои избираат заедничка цена која ги максимизира вкупните
индустриски профити. Кателот настанува кога олигополистичките претпријатија јавно, отворено, се
договараат за меѓусебно ограничување на конкуренцијата. Претпријатијата се договараат за:
производните квоти што одделните претпријатја можат да ги понудат на пазарот, за висината на
цената по којашто ќе го продаваат производот и за деловите на пазарот на кој одделните
претпријатија ке ги пласираат своите производи – т.н регионална поделба на пазарот. Доколку
претпријатијата цврсто де придржуваат до договорот резултатот ке биде ограничено производство и
понуда, висока цена и високи профити. Картелот е штетен бидејќи предизвикува економска
неефикасност и монополизација на пазарните структури.

24. Објаснете ја економската неефикасност што произлегува од егзистенцијата на состојба


на картел.

Картелот е штетен бидејќи предизвикува економска неефикасност и монополизација на пазарните


структури. Во економската литература дури се потенцира дека тој има двоен негативен ефект врз
економската ефикасност, понагласен од оној кај монополот. Имено, и монополот и картелот
ограничувајќи го производството заради одржување на високи цени,фактички произведуваат под
нивните реални можности, односно нерационално ги користат расположливите ресурси. Тоа е
штетно за вкупната ефикасност на економијата.

25. Ценовно лидерство – поим и форми

ценовно лидерство претставува преќутно ограничување на конкуренцијата помеѓу


олигополистичките претпријатија кои доминираат во рамките на индустријата. Кај ЦЛ
координацијата и кооперацијата на претпријатијата во однос на цената по којашто ќе се продаваат
производите на пазарот се врши преќутно. Едноставно, една од фирмите ќе се издвои како фирма
лидер, предводник и цената по којашто таа ги продава своите производи ја прифаќаат и останатите
олигополистички фирми во рамките на индустријата.

26. Што објаснува теоријата на игри?

Теоријата на игра ја дефинира играта како состојба во којашто учесниците донесуваат интелигентни
одлуки кои во основа се меѓузависни. Примена на теоријата на игра во економијата е најчеста во
анализата на однесувањето на фирмите во олигополистичката пазарна структура. Учесниците во
играта се олигополистичките фирми кои редовно се принудени при донесување на значајни деловни
одлуки да ги предвидат, антиципираат, потезите, реакциите на своите конкуренти. Притоа
олигополистичките фирми се соочуваат со бројни дилеми, слични на дилемите на затвореникот,
една специфична ситуација којашто се третира во теоријата на игра и којашто економистите ја
користат за да се објасни самата суштина на теоријата.

27. Кооперативни и некооперативни игри - поим, карактеристики и разлики

Кога играчите се некооперативни, не соработуваат и не го почитуваат договорот, крајниот резултат


на играта ќе биде високото производство, ниски цени и ниски профити. Интересно е дека ваквиот
резултат од играта е оптимален за општеството бидејки овозможува високо или целосно
искористување на расположливите производствени капацитети и ниски цени на задоволство на
потрошувачите – бизнисите и граќаните. Но ваквиот резултат не е поволен за фирмите кои се
мотивирани да го максимизираат профитот. Оваа игра покажува зошто олигопилите се нестабилни и
зошто кај секој производител во рамките на олигополот се јавува мотив да не го почитуваат
договорот. Сличноста со дилемата на затвореникот е во тоа што и ка него се јавува мотив да признае
и да се извлече со пониска казна, што е можно доколку неговиот партнер молчи, не признава.

28. Што е доминантна стратегија?

Доминантна стратегија е да не се придржува на договорот и да оди на високо производство, бидејки


во секоја варијанта ќе оствари повисоки продажби и повисоки профити.

29. Што е “Нешова рамнотежа” и на што упатува нејзиниот краен резултат?

Џон Неш е автор на концептот наречен Нешова рамнотежа. Овој концепт се однесува на т.н
некооперативни игри – состојба кога олигополистичките фирми меѓусебе не соработуваат, односно
не се договараат за обемот на производство и висината на цените. Нешовата рамнотежа настапува
кога секој од играчите ја избира најдобрата можна стратегија при даден избор на другиот играч.

Вид на пазарна СОВРШЕНА МОНОПОЛ ОЛИГОПОЛ МОНОПОЛИСТИЧКА


структура КОНКУРЕНЦИЈА КОНКУРЕНЦИЈА
КАРАКТЕРИСТИКИ
Број на Многу, Едно, независно Неколку, Многу, независни
претпријатија независни меѓусебно
зависни
Влијание врз Никакво Големо, по Одредено Ограничено
цената правило
регулирано од
влада
Природа на Хомоген Униктен Диференциран диференциран
производот (единствен) или хомоген
Бариери за влез Не постојат Комплетни – нови Постојат и Речиси отсуствуваат
фирми не можат најчесто се
да влезат во значителни
секторот
примери Производство на Пошта, Автомобили, Текстил, печатење
пченица, зелени електростопанство, авионски книги, ресторани
пазари, голем железнички мотори,
број мали транспорт, производство на
продавници за водоснабдување, челик
снабдување на телекомуникации
гаѓаните со
прехрамбени
производи.

30. Економија – поим и предмет на изучување

Економијата е фундаментална економска наука којашто го изучува разместувањето


(алоцирањето) на ретките, ограничените ресурси кон точките на нивната најефикасна
употреба. Глобално гледано, можно е да се говори за 4 различни концепции за предметот на
изучување на економијата. Неокласичната концепција – оваа концепција го лоцира предметот на
изучување на економијата во доменот на откривањето на причините и законитостите во
формирањето на богатството на народите (материјално и нематеријално). Неомаргиналистичката
концепција – поаѓа од фактот дека ресурсите се ретики и ограничени а желбите и потребите на
граѓаните неограничени. Задача на економијата е да не учи како ограничените и ретки ресурси
најрационално да се искористат, односно алоцираат ,разместат кон точките на употреба кои е дадат
највисоки приноси. Пазарната парадигма – суштината на процесот на економисувањето се
манифестира преку размена и пазарот. На пазарот под дејство на понуда и побарувачка се
формираат цените на добрата и услугите и цените на факторите на производство. Синтетичка
концепција – ги обедунува претходните три концепции. Што да се произведува (богатство), како да
се произведува (ресурсите) и за кога да се произведува (пазар).

31. Објасни го дијаграмот на кружното движење во економијата

Се претпоставува дека во економскиот живот учествуваат два тима економски субјекти: фирми и
домакинства. Фирмите произведуваат и продаваат најразновидни добра и услуги. Но за да
произведуваат добра и услуги, тие мораат постојано да купуваат фактори на производство: земја,
труд, капитал. Значи фирмите истовремено се јавуваат и како продавачи на добра и услуги и како
купувачи на фактори на производство. Домаќинствата за да ги задоволат најразновдните потреби
(храна, облека, трајни потрошни добра, здравствени услуги..) мораат постојно да купуваат
најразновидни добра и услуги. Тие тоа го прават со помош на доходот, парите, што ги добиваат со
продавање на факторите на производство кои се во нивна сопственост. Значи, домаќинствата
истовремено се јавуваат и како купувачи на добра и услуги и како продавачи на фатори на
производство. Тоа значи дека фирмите и домаќинствата меѓусебе комуницираат, стапуваат во
интеракција,преку пазарот на добра и уџлуги и преку пазарот на фактори напроизводство. На
пазарот на добра и услуги фирмите се јавуваат во улога на продавачи а домаќинствата како
купувачи. На пазарот на фактори на производство домаќинствата се продавачи а фимите купувачи.

32. Научни методи со кои се користи економската наука – поим и карактеристики

Економската наука користи строга ригорозна истражувачка процедура што се вика научен метод.
Истражувачката процедура опфаќа три фази:
 Опсервирање, набљудување на економсиот феномен
 Развивање на модел, односно теорија што ја изразува суштината на феноменот
 Тестирање на теоријата и нејзино потврдување или отфрлање
33. Микроекономија и макроекономија – поим, карактеристики и разлики

Разликувањето меѓу микроекономијата и макроекономијата се базира врз ширината, опфатот и


нивото на разгледување на испитуваната материја. МИКРОекономијата го претставува оној дел од
економската наука кој го испитува однесувањето на поединечната фирма, на потрошувачите и на
одделните еономски сектори во економскиот живот (потрошувачи,работници, инвеститори, фирми).
МАКРОекономијата го испитува начинот на функционирањето на економијата во целина. Го
претставува оној дел од економската наука којшто ги изучува најсинтетичките економски агрегати на
ниво на вкупната економија: стапките на економсиот раст, односно на движење на бруто домашниот
производ, невработеноста, инфлацијата и нивните меѓусебни односи.

34. Позитивна и нормативна економија – поим, карактеристики и разлики

Позитивната економија ги изучува фактите во економијата. Заклучоците на оваа економија обично


се јасни, реални и поткерепени со бројки. Позитивни се изјавите што се обидуваат да го опишат
светот онаков каков што е. (што е? Или што се случило?) на пр. во периодот 1996-206, просечната
стапка на инфлација во мак.економија инесуваше 2%. За разлика од позитивната, нормативната
економија во анализите внесува етички и вредносни судови и критериуми. Таа не дискутира за тоа
какви се работите, односно појавите, процесите, фактите во реалноста, туку КАКВИ ТРЕБА ДА БИДАТ.
Нормативни се изјавите за тоа каков би требало да биде светот. Таа прашува на пример: дали е
потребно на сиромашните и безработните да им се дава социјална помош, дали најбогатите луѓе
треба да се оданочуваат повеќе или помалку или констатира дека стапката на невработеност треба
да биде 4%.

35. Фактори на производство – поимно определување

Инпутите најчесто ги дефинираме како добра и услуги што ги користат претпријатијата во процесот
на производство. Со различна комбинација на различни инпути можат да се произведат
најразновидни добра и услуги. Аутпутите се добрата и услугите што се добиваат во процесот на
производство со комбинација на инпутите. Тие директно одат во потрошувачка. Инпутите уште ги
нарекуваме ФАКТОРИ НА ПРОИЗВОДСТВО. Се делат на три широки категории: земја труд и капитал.
ЗЕМЈАТА или природните ресурси во основа се дарови на природата. Тука влегуваат обработливите
земјишни површини, земјата како фактор врз кој се подигаат, се лоцираат, фабричките згради,
железничките пруги, куќите.. ТРУДОТили човечките ресурси се сведуваат на трошење на физичите и
умствените способности на луѓето во економските процеси, односно во продукцијата на
најразновидни добра и услуги. Луѓето за да можат да произведуваат мораат да имаат соодветни
квалификации, знаења, умеења итн. КАПИТАЛОТ или произведените ресурси го сочинуваат
најразлични произведени добра кои служат за производство на други добра и услуги. Тука влегуваат
алатите и машините, опремата во производствените хали и сл. И четвртион фактор на производство
е ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО. Овој фактор на производство е поврзан со активноста на претприемачите.
Претприемачите се сопственици на капитал, односно на мали фирми кои се способни : да
воведуваат иновации во производството и врз таа основа да ги фиференцираат своите производи во
однос на конкуренцијата, да превземаат ризик и да вршат алокација на ресурсите.

36. Образложи го значењето на Законот за реткоста


Сите ресурси со кои располага една земја се релативно ретки и ограничени. Тоа е случај со
природните ресурси бидејки обработливите земјишни површини, рудите, минералите, енергетските
извори, се ограничени, ограничени се и човечките ресурси, а посебно високо квалификуваниот труд
и капиталот е ограничен ресурс односно опременоста со машини, технологија , транспортни
средства и сл. Сите произведени добра и услуги се ретки, односно имаат ограничена понуда и се
нарекуваат економски добра. Наспроти економските добра стојт слободните добра (чистиот воздух,
бистра вода на планините). Слободните добра повеќе се предмет на изучување а други профили на
занимање: биолози, физичари, хемичари.. додека ресусите секогаш се релативно ретки и
ограничени, желбите на луѓето се практично неограничени. Во реалниот живот важи законот за
реткоста – никаде не постојат доволно ресурси за да се проиведат сите добра и услуги што
луѓето сакаат да ги поседуваат и трошат. Заради овој факт економијата останува значајна и
витална наука – таа истражува како рационално да се употребуваат ретките ресурси.

37. Опортунитетни трошоци – поим, карактеристики и значење

Опортунитетниот трошок ни го покажува изгубениот доход врзан за алтернативната употреба на


ресурсите. Бидејќи ресурсите имаат поголем број алтернативни употреби, опортунитетниот трошок
секогаш се врзува за највисоко вреднуваната, најповолна или најдобра алтернативна употреба на
соодветниот ресурс. На пример: да претпоставиме дека сте соочени со избор меѓу две алтернативи:
да се запишете на факултет и да студирате или пак да се вработите во фамилијарната фирма. Ако се
одлучиме за првата алтернатива автоматски ја губиме втората т.е да се вработиме и да примаме
плата. Одлуките што треба да се донесат бараат споредба на трошоците и користа од повеќето
алтернативи.

38. Објасни го значењето на централниот економски проблем: што, како и за кого да се


произведува

Во услови кога ресурсите се релативно ретки и ограничени, општеството најпрвин мора да одлучи
ШТО ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА, односно кои видови добра и услуги ќе ги проиведува и во колкава количина.
Дали да се произведуваат повеќе добра за широка потрошувачка или пак повеќе инвестициони
добра? Дали да се произведат повеќе трајни потрошни добра или пак повеќе храна и облека? КАКО
ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА е многу битно, тоа е врзано со многу дилеми: какова технологија ќе се користи
при производство на различни добра и услуги, намодерна висока или пониска? ЗА КОГО ДА СЕ
ПРОИЗВЕДУВА е третото прашање, општеството треба да одлучи кој ќе ги ужива плодовите од
производството, односно каква ќе биде распределбата на доходот. Дали ке имаме општество со
малку богати и многу сиромашни, значи со типично неправична распределба или општество без
големи социјални разлики.

39. Командни и пазарни економии – поим, карактеристики и разлики

Економскиот проблем се решава преку административно централистичко планирање, односно


институции кои однапред ги согледувале потребите за одделни производи и врз та основа
утврдувале колкави количини ке се произведуваат од секој производ. Пазарот е маргинализиран.
Централниот економски проблем е решен преку Централно плански институции составени од
политичари, планери и инженери. Тие ја планираат во детали количината добра и услуги потребни
за економијата. К-ка на овие економии е недостиг на одделни производи (има голема веројатност да
се појави грешка во планирањето или пазарен неуспех на фирмите за да го реализираат
планираното). Вкусовите и преференците на потрошувачите се запоставени. На пазарот постои и
одреден вид на државна интервенција којашто е финансирана преку оданочување од страна на
владата. Овие интервенции се состојат во наметнувањето на даноци, фиксирање на цени,
лиценцирање на снабдувачите или регулации за квалитетот. Можноста за грешки на панерите и
голема.

Пазарни економии – пазарот претставува институција т.е механизам кој воспоставува врска помеѓу
купувачите и продавачите на различни добра и услуги. Произведителот само одлучува како ке го
употеби својот капитал, каква фирма ке основа, што и колку ке произведува и каде ќе продава со цел
максимизација на профитот. Потрошувачот сам одлучува кои производи и услуги ке ги купи и од ког
ке купи, каде ке се работи и сл. Пазарот ја остварува функцијата на автоматси регулатор меѓу
производството и потрошувачката во рамки на пазарната економија. Пазарен неуспех се случува
кога пазарот не успева ефикасно и рационално да ги алоцира ресурсите и да обезбеди соодветно
решавање на проблемите при што е неопходна државна регулација на економскиот раст. Пазарниот
неуспех може да биде предизвикан од: монополи, екстерналии, асиметрични информации, јавни
добра. Екстерналиите претставуваат позитивно или негативно влијание од активностите на едно
лице или фирма врз благосостојбата на другите. Негативни ексттерналии – загадување на животната
средина (вода воздух) од страна на фабриките кои испуштаат гасови и отпадни води, како и
загадување на воздухот од густ сообраќај. Позитивни екстерналии – образовен процес, иновации..

Асиметрични информации – состојба кога продавачите и купувачите поседуваат различни


информации за добрата и услугите што се предмет на тргување. На пр.на пазарот на добра и услуги
продавачот ги знае и добрите и лошите страни на производот што го продава, што не е случај и со
купувачот. На пазарот на осугурување живот, барателот на осигурувањето знае каква му е
здравствената состојба и може некои информации да ги прикрие, што не е случај и со
осигурителната компанија.

Пазарна моќ – претставува способност на едно лице или фирма да има прекумерно влијание врз
пазарните цени. (еден сопственик, монополот има пазарна моќ врз продажбата на одредено добро.
Потребно е државна регулација).

40. Што покажува границата на производните можности на општество? Објаснете ја


аналитичката вредност на кривата на производните можности.

Границата на производствените можности на општеството ни ја покажува максималната количина на


производи што една компанија може да ја постигне со искористување на сите расположливи
ресурси – природни,човечки и произведени. (пр. имате само 10ч на располагање за студирање а
треба да полагате два предмета. Значи ресурсот време е ограничен. Вие одбирате како е го
поделите време дали по 5часа и за двата предмета или сето време ке го посветите на еден предмет.
Ако се одлучите за студирање на еден предмет веројатно ке добите висока оцена по тој предме а
слаба по другиот. Ако учите и за двата по 5часа веројатно е да добиете средна оцена и по двата)

Аналитичка вредност на кривата на производни можности

Прво, економијата сеедно на која точка на кривата ке се најде, максимално ги користи


производствените ресурси. Второ, заради претходното сите точки на границата на производните
можности се ефикасни. Трето, општо е познато дека сите општества страдаат од недоволната
ангажираност на ресурсите којашто се мнифестира во форма на постоење на невработеност,
неискористени природни ресурси и сл. Во вакви услови економијата не е на границата на
производствените можности туку внатре, во границата на производствените можности. Четврто,
кривата на границите на производствените можности одлично го илустрира законот за реткоста во
економијата и елементарниот факт дека економијата е наука за изборот –во услови на ретки и
ограничени ресурси што,како и за кого да се произведува. И петто, процесите на економскиот раст и
развој на новите технологии ги зголемуваат производствените можности на општествата и ја
поместуваат кривата на производствени можности нагоре, на десно.

41. Основите на теоријата на производство - производната функција и одлуките на


фирмата

Односот помеѓу количината на употребените инпути за да се добие определено количество на


производ – аутпут се вика производствена функција. Ако на пр. станува збор за производство на
жито, производствена функција ке ни покаже колку метрички центи жито можат да се добијат со
комбинација на различни оличини инпути за производство на жито: земја со определен бонитет,
труд (работници), трактори, семенски материјал и сл.

42. Индивидуална сопственост, партнерство, корпорација – поим, предности и


недостатоци

Постојат три основни форми на бизинс организации: фирма во индивидуална сопственост,


партнерство и корпорација.

 Индивидуална сопственост (мали и средни претпријатија во сопственост на едно лице)


карактерисики: двете функции сопственичката и менаџерската се интегрирани во едно лице.
Предности: лесно се организираат, високо мотивирани сопственици – сопственикот е
заинтересиран за развој на споствениот бизнис, Слабости: ограничени финансиски ресурси –
ограничен пристап до банкарските институции, недостаток на специјализација – сопственикот
во исто време е менаџер, маркетинг агент и продавач, сопственикот има неограничена
одговорност – сопственикот во бизнисот ги ризикува не само средствата на бизнисот туку и
сопствените средства.
 Партнерство (фирма во сопственост на две или повеке индивидуи кои се согласни да
поседуваат и да водат бизнис, со неограничена одговорност – одговараат со целиот свој
имот) Предности: лесно се организираат, поголема специјализација во менаџментот, помалку
ограничени финансиси ресурси – подбар пристап до банките. Слабости: проблеми во
менаџментот – повеке луѓе –различни политики,а потребно е консензус на сите партнери,
финансиите се сеуште ограничени, континуитетот на партнерството е ограничен – нема
перманентен карактер (повекување или смрт на партнер), сопствениците имаат неограничена
одговорност – без оглед на поединечното нивно учество во вкупниот капитал, за оврските на
фирмата одговараат со целито свој капитал.
 Корпорација (фирма во сопственост на акционери со ограничена одговорност).
Корпорацијата го стекнува својот капитал преку печатење и емисија на акции. Обично целата
процедура на печатење, емисија и пласман на акциите се врши преку специјализирани
институции (инвестициони банки во САД, традиционлни бани во ЕУ), ангажирани од страна на
корпорациите. Предности: ефективна форма за собирање на пари – финансиски капитал,
растот на фирмата е многу веројатен, корпорацијата има ограничена одговорност –
акционерите го ризикуваат само она што го платиле за да ги купат акциите, корпорацијата
има континуитет (трајно постоење) независно од сопствениците – трансферот на сопственота
на корпорацијата или смрт на акционер неможат да влијаат на корпрацијата, можат да
обезбедат висок квалитет во менаџментот, подобар пристап до банките, сектори за
истражување и развој. Слабости: двојно оданочување – данок на профит и персонален данок
на доход, проблеми со менаџментот –проблеми во носење одлуки, високи трошоци за
издавање акции, добивање дозволи за работа.
43. Производна функција – поим и карактеристики

Инпути = фактори на произвоство (труд, капитал,земја,претприемништво)

Аутпут = готов производ

Производна фунција = однос меѓу инпутите и аутпутите

Производната функција = количина инпути неопходна за производство на определено количесто


аутпут. Pr = f(K,L,Z)

44. Вкупен производ, маргинален и просечен производ – поим, карактеристики и разлики


o ВКУПЕН ПРОИЗВОД (Total product – TP) – Третата колона од табелата ни го покажува вкупниот
производ. Станува збор за вкупниот број на производи искажан во физички единици, а како
резултат на користењето на фиксен фактор (пр. 1 хектар земја) и варијабилен фактор
(различен број на работници).
o МАРГИНАЛЕН ПРОИЗВОД (Marginal product – MP) – ги мери промените на вкупниот производ
како резултат на дополнително вложување на единица променлив фактор, под претпоставка
дека другите инпути остануваат непроменети
o ПРОСЕЧЕН ПРОИЗВОД (Average product – AP) – се добива кога вкупниот производ се става во
однос (се дели) со варијабилниот фактор. Просечниот производ е максимален кога се
изедначува со маргиналниот, а се намалува кога е поголем од маргиналниот.
45. Закон за опаѓачки приноси

Со додавање на дополнителна единица на променлив фактор на производство, под


претпоставка дека другите фактори на производство се константни, неговиот маргинален
производ, со тек на време покажуваат тенденција на опаѓање.

Прво, претпоставката дека законот за опаѓачките приноси доаѓа до израз само доколку еден фактор
на производство (инпут) е променлив, а сите други фактори на производство се фиксни, треба да се
надополни со уште еден елемент: променливиот фактор на производство секогаш е од ист квалитет.
Во нашиот пример каде што трудот е променлив капитал, тиа би значело дека во производството се
додаваат, се ангажираат дополнители работници со исти квалификации.

Второ, овој закон не треба да се меша со законот за негативни приноси

Трето, законот на опаѓачки приноси на долг рок во основа не се потврдува главно поради дејството
на новите технологии.

46. Наведи ги и објасни ги трите производни подрачја на фирмата

47. Што е суштината на комбинацијата и заемната супституција на факторите на


производство?

Можноста за заемна супституција и комбинација на факторите на производство е можна ако се


исполнети две својства: деливи (ако можеме да ги поделиме на пр.земја, некои од фаторите не се
деливи, па нивната комбинација и супституција не е можна на пр.машините) и адаптибилни (значи
дека на постојните фактори на производство можеме да им додадеме други фактори на
производство пр. на земјата можеме да и додадеме се повеке работници). Фирмата е одбере
најефтин начин (производна функиција) да произведе производи. Која производна функција ке биде
одбрана зависи од цената на производствените фактори. Ако трудот е поефтин од капиталот, тогаш
третата производна функција еподобра од првата.

48. Што подразбирате под крива на еднакви производи?

Кривата на еднакви можности ги покажува различните комбинации на труд и земја кои можат да се
употребат за да се произведат ХХ исти единици на производ.

49. Кога доаѓаат до израз економиите од обем и какви видови економиии од обем
постојат?

Константни економии од обем имаме тогаш кога промените на сите инпути (фактори на
производство) доведуваат до пропорционален пораст на вкупното производство. Ако инпутите се
зголемат за 10% тогаш и производството ке порасне за 10%.на пр. ако 10 работници работат на 10
машини и произведуваат 100 кошули дневно, порастот на инпутите за 50% (значи ангажирање на
уште 5 нови машини 5 работници) ќе предизвика и пропорционален пораст на производството од
50% односно вкупно производство од 150 кошули дневно.

Опаѓачки економии од обем имаме тогаш кога промените во инпутите имаат за резултат
подпропорционален пораст на вкупното производство. Доколку на пример при проиводство на
пченица, користеното земјиште, опремата, ѓубривото, бројот на работници, количината на воа и др
инпути пораснат за 10%, а вкупното производство за 5% велиме дека дејствува законот за опаѓачките
економии од обем.

Растечки економии од обем имаме тогаш кога промените во инпутите имаат за резултат
надпропорционален пораст на вкупното производство. На пр. ако инпутите пораснат за 10% вупното
производство ќе се зголеми за 15%. Ова значи дека продуктивноста по единица инпут се зголемила
за 5%.

**Со окрупнување на претпријатијата доаѓаат до израз економиите од обем и поради фактот што т.н
фиксни трошоци по единица производ намалуваат. Станува збор за трошоци врзани за плаќање на
закупнини на згради, за опремата, за плаќање камати на кредитите, значи за трошоци кои
претпријатието би морало да ги прави дури и под претпоставка дека нема да работи и произведува.

50. Трошоци во економија - поим и карактеристики

Паричните издатоци, односно плаќања што претпријатието ги врши за ангажираните фактори на


производство во економијата се викаат трошоци. Трошоците се значајна економска категорија
којашто најдиректно е врзана со профитот на претпријатието. Профитот на секое претпријатие се
покажува како разлика меѓу вкупниот приход и вкупните трошоци.

51. Фиксни трошоци - поим и карактеристики

Овој вид на трошоци не реагира на промените на обемот на производство, односно на промените на


аутпутот на претпријатието. Овие трошоци реално постојат и се исплаќаат дури и кога
претпријатието воопшто не работи и проиведува (закупнна, амортизација, камата)

52. Варијабилни трошоци - поим и карактеристики

Овие трошоци реагираат, се менуваат во зависност од промените на обемот на производство.


Варијабилните трошоци најчесто се врзани за потрошокот на суровини, помошни материјали, плати
на вработените.
Вкупните трошоци, станува збор за збир, сума, на сите трошоци на претпријатието врзани за даден
обем на производство.

53. Просечни трошоци - поим и карактеристики

Се добиваат кога одделните видови вкупни трошоци се поделат со бројот на произведените


единици. На ист начин се добиваат и просечните фиксни и просечните варијабилни трошоци.

54. Маргинални трошоци - поим и карактеристики

Маргиналниот трошок ги мери промените во вкупните трошоци како резултат на дополнително


произведена единица на производ. Тој претставува неопходен трошок за производство на секоја
дополнителна единица на производ.

55. Објасни ја врската помеѓу производството и трошоците

Врската помеѓу производството и трошоците е најнепосредна, најдиректна. За претпријатието да


отпочне процес на производство, мора да набави инпути, фактори на производство, односно да
направи парични издатоци, трошоци за нивното купување. Фирмите ги комбинираат своите фактори
на производство со цел да произведат аутпут со минимални трошоци. Оттука кривите на трошоците
се во врска со кривите на производството. Маргиналниот производ опаѓа, а маргиналниот трошок
расте заради законот за опаѓачки приноси! Со дадавање на дополнителна единица варијабилен
фактор, ceteris paribus маргиналниот производ опаѓа.

56. Што претставува кривата на вкупните просечни трошоци на долг рок? Каква е
нејзината аналитичка вредност?

На долг рок сите фактори на производство се варијабилни. Оттука сите трошоци на производство се
исто така варијабилни. Тоа значи дека на долг рок фирмите можат да купат нови машини и опрема
кои ке го зголемат аутпутот. Тоа обично води кон намалување на просечните вкупни трошоци.
Кривата на вкупни просечни трошоци на долг рок ги покажува најниските трошоци на производство
за различни нивоа на аутпут при дадена технологија и дадени цени на факторите.

57. Биланс на состојба

Претставува преглед на средствата, обврските и нето вредноста на претпријатието во даден момент,


најчесто на крајот на годината. Левата страна на билансот на состојбата ја сочинуваат средствата на
претпријатието односно активата, а десната страна ја сочинуваат обврсите на претпријатието и
неговата нето вредност односно пасива.

58. Биланс на успех

Претставува преглед на вкупните приходи и трошоци на работењето на претпријатието за определен


временски период, најчесто една година, односно за остварениот финансиски резултат од
работењето на претпријатието – реализиран профит (добивка) или реализирана загуба.

59. Направи разлика меѓу сметководствениот и економскиот профит на претпријатието

Сметководствениот профит е разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните трошоци на


претпријатието, онака како што се евидентираат во сметководството.

Економскиот профит е поширок поим кој покрај експлицитните трошоци за кои претпријатието
прави конкретни парични издатоци, ги вклучува и имплицитните опортунитетни трошоци.
Економскиот профит заради фактот што ги вклучува и опортунитетните трошоци секогаш е помал од
сметководствениот профит.

60. Што претставува индивидуалната побарувачка за определено добро и кои се


факторите кои ја условуваат побарувачката за доброто?

Индивидуална побарувачка за определено добро претставува количина на доброто што едно лице
сака и е способно да ја плати во определен временски период. Факторите што ја условуваат
побарувачката за доброто се:

o Цената на доброто (P)


o Доходот на потрошувачите (Y)
o Големината на пазарот (M)
o Цената на добрата поврзани со тоа добро (Pr)
o Вкусовите на потрошувачите (T)
o Очекувањата на потрошувачите за движењето на цената во иднина (E)
o Други релеванти фактори (O)
o dx = f(Px,Y,M,Pr,T,E,O)
61. Индивидуална и пазарна побарувачка за добро Х – поим, карактеристики и разлики

Кривата на побарувачка ни ги покажува соодносите помеѓу бараната количина за доброто Х од


страна на една индивидуа и цената на доброто Х. Пазарната побарувачка за доброто Х претставува
збир на индивидуалните побарувачки за доброто Х на соодветниот пазар.

62. Закон за побарувачка во економијата

Покачувањето на цената на доброто, под претпоставка дека ништо друго не се променило,


предизвикува опаѓање на вкупната барана количина за тоа добро. Намалувањето на цената
на доброто, под претпоставка дека ништо друго не се променило, предизвикува пораст на
вкупната барана количина за тоа добро.

Зошто со покачување на цената бараната количина се намалува: тоа е така од две причини. Прво
заради ефектот на супституција –замена на едно добро со друго на пр. струја за нафта, говедско месо
за пилешко итн. Второ заради ефектот на доходот – покачувањето на цената на доброто се сведува
на осиромашување на потрошувачите затоа ако порасне цената на месото потрошувачите ке
купуваат и трошат помалку месо. Ако се намали цената поинаку стојат работите. Поевтинувањето на
добрата ја зголемува потрошувачката.

63. Гифинов парадокс – појаснете ја суштината.

Гифиновиот парадокс може да се објасни со преовлдување на ефектот на доход пред ефектот на


супституција. Имено покачувањето на цената на компирите, во услови кога тие се основен
прехрамбен производ од кој во крајна линија зависи егзистенцијата на сиромашното население уште
повеке го намалила и така нискиот доход на населението. Во услови на голема сиромаштија
можност за супституција на компирите со други прехрамбени производи не постои, затоа што во тоа
време месото било луксуз за населението во Ирска. Во таа ситуација ефектот на супституција
комплетно изостанува, а ефектот на доход е силен: населението на зголемента цена на компирите
одговара со зголемена побарувачка. Кај инфериорните дора порастот на доходот на потрошувачка
место кон зголемување, води кон намалување на побарувачката на овие добра. (пр. лебот е
инфериорно добро)
64. Што подразбирате под терминот движење низ кривата на побарувачка? Направете
разлика помеѓу екстензија и контракција на побарувачката.

Движење низ кривата на побарувачката е условена од промените на цената на доброто.

Екстензија на побарувачка = зголемување на барана количина како резултат на промена на цената.

Контракција на побарувача = намалување на барана количина како резултат на промена на цената.

65. Што подразбирате под терминот поместување на кривата на побарувачка?Кога


кривата на побарувачка се поместува кон десно, а кога кон лево.

Поместување на кривата на побарувачката е условено од промената во другите фактори кои ја


детерминираат побарувачката освен цената: промени во доходот на потрошувачите, големината на
пазарот, цените на супститутите, вкусовите на потрошувачите, очекувањата на потрошувачите и сл.
Секоја промена која го намалува бараното количество при определена цена ја поместува кривата на
побарувачката кон лево. Секоја промена која го зголемува бараното количество при определена
цена ја поместува кривата кон десно.

66. Поим за понуда и крива на понуда

Под понуда се подразбира количината на одредено добро што претпријатијата сакаат и се способно
да ја произведат и продадат за определен временски период. Односот помеѓу пазарната цена на
едно добро и количината на доброто што произведителите, претпријатијата сакаат да ја произведат
и продадат, цетерис парибус, ни ја дава кривата на понудата. Факоторите што ја условуваат понудата
се: профитот, цената на доброто, цената на другите фактори на производство, технологијата, цената
на другите добра што се во врска со доброто Х, и други релеванти факти.

67. Пазарна рамнотежа – поим и карактеристики

Пазарната рамнотежа се постигнува во точката каде што купувачите се подготвени по дадената цена
да ги откупат сите понудени количини, а продавачите се подготвени по истата цена да ги продадат
сите произведени количини од соодветното добро.

68. Ценовна еластичност на побарувачката – поим, видови и карактеристики

Ценовната еластичност на побарувачката го покажува интензитетот на реагирање на бараната


количина на некое добро на промената на цената, цетерис парибус.

промена на бараната количина на доброто Х во %


Ed = _____________________________________________________________
промена на цената на доброто Х во %

69. Еластична, нееластична и единечна побарувачка – поим и карактеристики


 ЕЛАСТИЧНА ПОБАРУВАЧКА (Ed >1)

Промената во бараната количина е поголема од промената на цената на доброто. (пр. цената се


зголемила за 10%, а бараната количина се намалила за 20% ; 20/10 = 2 >1)

 НЕЕЛАСТИЧНА ПОБАРУВАЧКА(Ed < 1)


Тука промената во бараната количина е помала од промената на цената, односно побарувачката не
е доволно чувствителна на промената на цената на соодветното добро. Заради тоа нееластичната
побарувачка исфрла коефициент помал од 1.

 ЕДИНИЧНА/ УНИТАРНА ЕЛАСТИЧНОСТ НА ПОБАРУВАЧКА(Ed = 1)

Тука коефициентот на еластичноста на побарувачката е 1 што значи деа бараната количина на


соодветното добро расте или намалува пропорционално со промената на цената – ако цената
порасне за 10%, побарувачката ке се намали за 10% и обратно.

70. Објасни кога побарувачката е совршено нееластична, а кога е совршено еластична?


Претстави ги со графикон.

Побарувачката е совршено нееластична кога промената на цената на определено добро не


предизвикува никакви промени во бараните количини од истото добро. Кривата на побарувачката
во случаите на перфектна ценовна еластичност на побарувачката е вертикална линија и покажува
дека бараните количини на доброто се еднакви за секоја цена на истото добро. Пример за
производи со типично нееластична побарувачка се зачните: црн пипер, канела, готварска сол, кои
домакинствата ги употребуваат во ограничена количества, па и при значајно намалување или
зголемување на нивната цена бараните количества остануваат непроменети.

Совршено еластична побарувачка постои кога и мало зголемување на цената на доброто Х ќе


предизвика бараното количество на доброто да падне на нула. Тоа е случај кај моделот на совршена
конкуренција, кога голем број ситни и меѓусебно независни произведители произведуваат добро од
ист или горе –долу ист квалитет. Пример ако илјадници фармери произведуваат пченица од ист
валитет, поради што сите продаваат по иста цена 1000 долари за тон. Ако еден ја зголеми цената на
1050 долари, тогаш купувачите комплетно ќе се свртат кон другите фармери.

71. Еластичност на понудата – поим и фактори кои ја детерминираат.

Еластичноста на понудата го мери степенот, односно интензитетот на реакцијата на понудените


количини на доброто Х на промените на неговата цена.

Промена на понудена количина во

Es =_________________________________________________________

Промена на цените во %

Фактори кои ја детерминираат еластичноста на понудата се: времето што на претпријатието му стои
на располагање за промена на производство и понудата во зависност од промената на цената,
производствените можности на секторот и мобилноста на ресурсите.

You might also like