Professional Documents
Culture Documents
– г. Москва
Факултет за Еконимика и организација на претриемаштво
(Менаџмент на организација)
ЕКОНОМСКА ТЕОРИЈА
на тема:
ПАЗАРНИ СТРУКТУРИ
професор студент,
Prof.dr. Б. Соколовски Дарко
Талевски
6222/159
Битола, 2012/13
1
СОДРЖИНА
1 Вовед
2. Видови на пазарни структури
2.1 Совршена конкуренција како пазарна структура
2.1.1 Крива на побарувачката со која се соочува фирмата при
конкуренција
2.1.2 Максимизација на профитот и оптимално ниво на
производство на фирмата при совршена конкуренција
2.1.3 Крива на понудата на фирмата при совршена
конкуренција
2.2 Поим, суштина и облици на непотполна конкуренција
2.2.1 Монополистичка конкуренција
2.2.2 Монопол и бариери за влез
2.2.3 Графички приказ на максимизацијата на профитот на
монополот
2.3 Поим и карактеристики на омигополот како пазарна
структура
3 Резиме
4 Користена литература
2
Вовед
3
понудата се појавуваат неколку големи фирми. Тука ќе бидат
презентирани карактеристиките на олигополската пазарна
структура. Ќе се укаже на : конфликтот помеѓу мотивот за
конкуренција и мотивот за договарање за ограничување на
конкуренцијата, како и на меѓузависноста во одлучувањето кај
олигополските фирми. Ќе бидат објаснети двата главни облици на
ограничување на конкуренцијата: експлицитно договарање (картел)
и имплицитно договарање (ценовно лидерство); користење на т.н.
испакната крива на побарувачката.
4
Пазарната структура го покажува начинот на кој е организиран
одреден пазар. Видот на пазарната структура е одреден од неколку
основни карактеристики:
А) бројот и степенот на концентрација на продавачите
(претпријатијата) и купувачите.
Б) типот на производот: дали се работи за истоветен, хомоген
производ кој го произведуваат фирмите во рамките во рамките на
индустријата или постои диференцирање на производот.
В) постоење на бариери, за влез на нови фирми и за излез на
постојаните фирми во и од индустријата.
Г) влијание врз цената. Зависно од овие карактеристики,
постојат различни видови на пазарни структури. Вообичаено е да се
зборува за еден спектар од четири основни видови на пазарни
структури: совршена конкуренција, монополистичка конкуренција и
монопол.
1
1
Доколку се работи за структурата на страната на побарувачката, двата последни
видови на пазарни структури се монополска и олигополска.
5
3. Слобода на влез и излез на фирмите во и од индустријата.
Не постојат економски или законски бариери за новите фирми да
влезат во индустријата, нуту за постојаните непрофитабилни,
неуспешни фирми да ја напуштат индустријата. Ваквата слобода
исто така претставува и совршена подвижност т.е. мобилност на
факторите на производство (работна сила, капитал) во движењето
помеѓу различните индустрии.
4. Совршена потполна информираност на учесниците на
пазарот. Купувачите поседуваат совршено знаење за
карактеристиките и цените на производите што ги нудат различните
фирми. Фирмите поседуваат потполно знаење за технолошките
процеси кои се расположливи за производство за даден производ.
Очигледно е дека е многу тешко да се најде во стварноста пазарна
структура која функционира според овие претпоставки. Извесно
приближување до моделот на совршена конкуренција во практиката
се постигнува на пазарот на некои земјоделски производи, пр.
зелените пазари, каде се сретнуваат голем број на ситни продавачи и
купувачи. Во замјите каде што постои фармерски начин,
производството на земјоделски култури со стандардизиран квалитет,
пазарот на пченица е блиску до пазарот на совршена конкуренција.
Пазарот на хартии од вредност (акции, обврзници). Особено во
земјата со најразвиен таков пазар – САД, може исто така да се земе
како добра апроксимација за совршено конкурентски пазар.
* Зошто се изучува совршената конкуренција?
Изучувањето на моделот на совршената конкуренција може да
покаже како би функционирал еден идеален пазарен систем, во
негова помош моше да се анализираат законитостите и да се оценат
резултатите од функционирањето на една совршено конкурентска
пазарна економија. Всушност, совршената конкуренција претставува
еден вид урнек, стандард за идеално ефикасен економски систем.
6
неограничена количина на производство. Ваквиот резултат
произлегува најмалку од две претпоставки на моделот на совршена
конкуренција. Поради големиот број на производители (продавачи)
во индустријата (пазарот) влијанието на поединечната фирма врз
цената е безначајно. Секој нејзин обид преку пораст на цената да
оствари дополнителен приход ќе предизвика моментално свртување
на сите поранешни муштерии на фирмата кон нејзините конкуренти
кои според втората претпоставка, продавачот сосема идентични
производи и тоа по пазарна (пониска) цена.
7
нејзиното производство не влијае врз пазарната цена. Оттука
фирмата ќе ја продава последната, маргинална произведена единица
со истата цена по која ги продава и сите претходно произведени
единици, тоа значи дека маргиналниот приход ќе е еднаков на
пазарната цена: МР=Р. Доколку овој идентитет го примениме врз
општиот услов за оптимален обем на производство, ќе добиеме:
Р=МС. Со ова е даден условот за рамнотежен обем на производство
за фирма при совршена кокуренција:
Фирмата ќе го зголемува производството се додека трошоците за
последната произведена единица не се изедначат со пазарната цена.
Во услови на совршена конкуренција маргиналниот приход е
еднаков на пазарната цена т.е. цената по која се продаваат сите
произведени единици. Поединечната фирма менувајќи го обемот на
производство (понудата) не може да влијае врз пазарната цена т.е
врз нејзиниот маргинален приход: за фирмата пазарната цена е
„однадвор“ од страна на пазарот одредена големина. Маргиналниот
трошок зависи од обемот на производството што фирмата ќе одлучи
да го произведува. Движењето на маргиналниот трошок во
зависност од обемот на производството претставува релевантна
рамка за анализа на понудата на конкуренциската фирма. Кривата на
понудата на фирмата всушност претставува т.е. се поклопува со
кривата на маргиналните трошоци.
8
концентрацијата на некои значајни индустрии во стопанството на
САД изгледаше вака:
*преработка на нафта – четири корпорации контролираа 50-55%
од пазарот
*авиони – три корпорации контролираа 90-95% од пазарот
*тешка електроопрема – две претпријатија контролираа 65-70%
од пазарот
*лекови – четири корпорации контролираа 65-70% од пазарот
*авионски мотори – две корпорации контролираа 90% од пазарот
и т.н.2
Ова покажува дека за разлика од состојбата на потполна
конкуренција, каде што фирмите немаат практично никакво
влијание врз цената на производите или услугите, кај состојбата на
монопол, олигопол корпорациите можат да влијаат врз висината на
цените на производите и услугите заради фактот што тие имаат
доминантно или значајно учество во креирањето на вкупното
производство и на вкупната понуда. Затоа конкуренцијата во
одреден стопански сектор во кој претпријатијата односно
продавачите имаат некаков степен на влијание врз висината на
цените на производите и услугите се нарекува непотполна
конкуренција.
Постојат три основни облици на непотполна конкуренција: монопол,
олигопол и многу диференцирани продавачи.
2
R. Edwards, M. Reich, T. Weiskop, “The Capitalist System”, New Jersey 1986 p.188
9
*Олигопол – пазарна структура каде што мал број на
корпорации, продавачи имаат доминантни позиции во вкупното
производство и понуда на стопанскиот сектор. Во зависност од тоа
дали овој мал број производители односно продавачи произведуваат
исти, идентични производи или до некаде различни, диференцирани
производи, се разликуваат два вида олигополи. Кај првиот тип
претпријатијата произведуваат идентични или речиси идентични
производи. Кај вториот тип мал број претпријатија произведуваат
исти производи но со диференцирани својства и карактеристики.
МОНОПОЛИСТИЧКА КОНКУРЕНЦИЈА
10
БАРИЕРИ ЗА ВЛЕЗ
11
*Даровите на природниот фактор како бариери за влез на нови
претпријатија.
Во некои земји во светот се концентрирани особени, специфични
природни богатства, како што е на пример случајот со кафето во
Бразил, нитратите во Чиле и др. Контролата на производството во
вакви случаи им е препуштена на крупни домашни или странски
корпорации кои едновремено имаат доминантни позиции и во
светскиот аутпут на споменатите производи. Заради тоа влезот на
други претпријатија во овие специфични сектори е многу отежнат,
практично невозможен.
*Диференција на производите.
Станува збор за фактор од економска природа која исто така
придонесува за ограничување на влезот на нови претпријатија во
секторите. Имено кога се врши диференцијација на производите т.е.
на нивните карактеристики и квалитет, најчесто се има предвид
одделен сегмент на потрошувачи чии желби, вкусови и преференции
треба да се задоволат. Но на тој начин нужно се стеснува се
сегментира или фрагментира и самиот пазар на кој се реализираат
производите. Пример корпорацијата врши диференцијација на
особеностите и карактеристиките на автомобилите- опремување со
специјални сопирачки, серво управувач, клима уред и др.- предвид
се имаат побогатите потрошувачи.
12
развиените пазарни економии олигополот преставува најчеста форма
на пазарна структура. Во однос на карактерот на производо, кај
олигополот среќаваме случаи како хомогени, така и на
диференцирани преоизводи. Степенот на диференција на производот
во различни случаи е различен и се јавува и како фактор кој го
одредува степенот на ограниченоста на конкуренцијата во конкретна
олигополска индустрија. Конкуренцијата е ограничена и поради
постоењето на бариери за влез и излез во и од индустријата.
Причините за постоење бариери можат да бидат различни: постоење
на економии на обем, правни ограничувања, а некогаш бариера
може да биде високото ниво на трошоци за реклама, промоција на
производот. Особено значајно кај олигополот е можноста за
специфичен вид на бариера за влез во фомрана т.н. стратешко
одвраќање на потенцијални конкуренти.
Она што лежи во основата на проблематиката на олигополот е
инхерентниот конфликт помеѓу два спротиставени вида на
однесување на претпријатијата: договарање и конкуренција. Или
како што теоријата на игри ги нарекува: стратешки типови на
однесување кооперативно и некооперативно однесување.
Олигополските претпријатија се растргнати помеѓу два
спротиставени мотива: првиот, да се договорат меѓу себе да ја
ограничат вупната понуда и да ја одржуваат цената на високо ниво
остварувајќи високи профити, преку подобрување на квалитетот на
производите, воведување на нови производи, агресивно
рекламирање и сл. да ги диференцираат производите за да одземат
дел од пазарот на своите конкуренти и така да го зголемат профитот
на сопствените претпријатија. ова доведува до следните резултати:
*Доколку преовладува поривот за договарање
(кооперативност) олигополт доведува до обем на производството и
цени блиски на оние кои бе се оствариле во услови на монопол –
мал обем на производство и високи цени.
* Доколку преовладува поривот за конкуренција
(некооперативност) олигополот доведува до обем на
производството и цени блиски на оние кои бе се оствариле при
совршена конкуренција – голем обем на производство и ниски цени.
*Колку е поголем бројот на претпријатијата, колу се послаби
бариерите за влез, толку и крајниот резултат од олигополската
пазарна структура ќе се оддалечува од состојбата на монопол и ќе се
приближува до совршената конкуренција.
13
ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА КОНКУРЕНЦИЈАТА КАЈ
ОЛИГОПОЛОТ – КОЛУЗИЈА
14
РЕЗИМЕ
15
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
16