You are on page 1of 20

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Економски факултет-Сметководство и ревизија

Тема:Потрошувачката кошничка како показател на животниот


стандард во Република Македонија

Ментор: Изработиле:

проф.Ристе Темјановски 1.Симона Макаренко

2.Тамара Стојчевска
Содржина

Вовед......................................................................................................3

Главен дел.............................................................................................4

1.Податоци за потрошувачката кошница во Р.


Македонија.............................................................................................4

1.1. Потрошувачка кошница за Декември 2006...................6


1.2. Потрошувачка кошница во Јануари 2007 година........7
1.3. Потрошувачка кошница во Фебруари 2007 година.....9
1.4. Потрошувачка кошница во Март 2007 година............11
1.5. Потрошувачка кошница за Декември 2010 година....13
1.6. Синдикална минимална кошница 2011 година..........13
1.7. Синдикална минимална кошница-Јануари 2012........16
1.8. Синдикална минимална кошница- Јануари 2013.......18

Заклучок...............................................................................................19

Користена литература.......................................................................20

2
Вовед

Многу земји се изложени на ефектите на невработеноста како фактор


кој влијае на потрошувачката кошница во нив.Исто така и Р.Македонија
изложена на овој проблем-невработеност.Статистички гледано,во просек,во
едно четиричлено семејство има по еден вработен,што значи дека едно
семејство прима само една плата месечно,што е многу малку за задоволување
на елементарните животни потреби.Со една плата едно семејство не може да
ја исполни својата потрошувачка кошница,односно не може да си ги дозволи
сите добра и услуги.Потрошувачата кошница ја формираат сите
добра,производи и услуги меѓу кои храна,образование,здравсто,средства за
хигиена,облека,обувки,култура,одмор и рекреација и сл.Во оваа семинарска
работа изнесени се податоци со цел да се добие реална слика за
потрошувачката кошница во Р.Македонија, и тоа анализирани се податоците за
месец .Во неа е опфатено секое зголемување,како и секое намалување на
цените не производите и услугите од потрошувачката кошница,изразена со
индексни броеви кои се проследени со соодветен графички приказ.

3
Главен дел

1.Податоци за потрошувачката кошница во Р. Македонија

Со оглед на тоа дека цените на производите во Р. Македонија се


зголемуваaт многу повеќе од платите на населението, може да каже дека се
потешко е да се обезбедат услови за пристоен живот.Речиси цела просечна
плата во Р. Македонија се троши за храна за едно четиричлено семејство. Во
однос на доходот исхраната е нееластична ставка,што значи кога
расположивиот доход останува непроменет, ако цената на храната расте, за
истите продукти во кошницата мора да се зголемува ставката за исхрана.
Поради тоа луѓето за да можат да ги задоволат своите потреби за храна се
помалку трошат пари на облека и обувки, но исто така се забележува дека и во
последните години се штеди на средствата за хигиена. Се вели дека појавата
на Prokter & Gamble со своите производи го подобрила начинот на живот во
земјите во Западна Европа, додека на Балканот појавата на овие производи
потполно го променила начинот на живот. во потрошувачка кошница на едно
семејство влегуваат трошоците за храна, облека, обувки, разни рекреации,
хигиена и сл.. Но ваквата потрошувачка кошница не е дел од начинот на
живеење на секое семејство во Р. Македонија. Само на 5 – 10 % од
населението не му е важно што се ќе стававо кошничката кога пазарува по
маркетите. Сите други пазаруваат по мерка ,што значи дека има многу мал број
богати луѓе во Р. Македонија.Во Македонија порастот на платите заостанува
зад порастот на цените.Па така доколку цените на производите за лична
потрошувачка бележат пораст од 5%, платата во тој месец би имала пораст од
2%. Поради големата понудана работна сила кај нас работодавците ги држат
платите на фиксно ниво и неги корегираат. Вработеноста во Македонија се
движи на ниско ниво. Имено бројот на вработени во едно домаќинство
изнесува по еден. Бидејќи во Р.Македонија има околу 600 илјади домаќинства,
и притоа 600 илјади вработени,13% не добиваат месечна плата или им се
исплаќа со задоцнување, што значи дека 13% од домаќинствата остануваат
без плата.За подобар начин на живот на населението во Македонија потребно
е да се зголеми бројот на вработените и да се зголемат платите. Доколку дојде
до подобрување во овие две области тогаш можеме да кажеме дека

4
Македонскиот граѓанин живее нормално. Поради долгата пракса на
откажување на некои потреби за да се задоволат најнеопходните, некои
реално не нормални работи веќе се гледаат како нормални, а тоа претставува
голем проблем кај нас.

Сл.1.Потрошна кошница

5
1.1.Потрошувачка кошница во Декември 2006

Во декември 2006 година можноста за купување на производите


епоголема или помала и тоа во зависност од производот. 5 Можностите за
купување се зголемиле кај производите: телевизор ТВ -56 за 15.2%, масло за
јадење за 10.2%, леб – тип 500 за 6.5%, автомобил“Фиат Пунто” за 6.2%, кравјо
млеко за 6.1% и бензин “МБ-96” (премиум) за4.4%. Можностите за купување се
намалиле кај цигарите “Родео супер лајт” за26.1% и маркицата за превоз за
6.0%.

Потрошувачка кошница декември 2006


Намалување на цените Зголемување на цените во
во % %
Телевизор 15,20 Цигари “Rodeo 26,10
Масло за 10,20 super light”
јадење Маркица за 6
Леб тип 500 6,50 превоз
Автомобил 6,20 Исхрана и 25,30
“fiat punto” пијалоци
Млеко 6,10 Бензин 4,40

Просечната нето-плата по работник за декември 2006 година изнесувала


13.854 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалоци изнесувале 10347
денари и според тоа биле пониски од просечната нето - плата за 3507 денари,
односно 25.3%. Тоа значи дека едно четиричлено домаќинство можело да ја
набави оваа кошница со една просечна нето - плата. Во периодот октомври-
декември 2006 година, просечната нето-плата ја покривала вредноста на
кошницата, а најголем остаток од 27.4% бил забележан во октомври 2006
година. Декември 2006 година имаше 21 работен ден. Просечната исплатена
нето-плата по работник за декември 2006 година изнесувала 13.854 денари. Со

6
просечно работно време од 7 часа, дневната заработувачка изнесувале 659,71
денари, саатнината 94,24 денари и пресметано во минути, 1,57 денари. Врз
основа на овие податоци и податоците за просечните цени, пресметано е
потребното време за работа по единица производ и услуга.

1.2. Потрошувачка кошница во Јануари 2007 година

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалоци заедно


четиричлено домаќинство за јануари 2007год., пресметана врз основана
цените на мало, изнесувала 10.369 денари што во однос на претходниот месец
е повисока за 0,2%.Според податоците на Државниот завод за статистика,
индексот на цените на мало во јануари во однос на претходниот месец бил
повисок за 0,1%, а трошоците на животот биле повисоки за 0,4%. Најголем
пораст на индексот на цените на мало од 2,6%, во однос на декември 2006
година, било забележано кај земјоделските производи. Пораст на индексот на
цените на мало од 0,2% бил забележан кај пијалоците и услугите. Намалување
на индексот на цените на мало од 0,4% било забележано кај индустриско-
прехранбени производи.Индексот на цените на мало во јануари 2007 година, во
однос на истиот месец од претходната година, бил повисок за 1,6%.Цените на
стоките и услугите наменети за лична потрошувачка, мерени преку индексот на
трошоците на животот, во јануари 2007 година, во однос на декември 2006
година, биле повисоки за 0,4%.Во рамките на индексот на трошоците на
животот за јануари 2007година, во однос на декември 2006 година, индексот на
групата услуги забележал пораст од 1%, додека индексот на групата стоки
забележал пораст од 0,3%.

7
Потрошувачка кошница во јануари 2007 година
Пораст на цените на Процент на пораст

Земјоделски производи 2,60


Пијалоци и услуги 0,20
Лична потрошувачка 0,40
Парно греење 20,80
Култура и разонода 1
Средства за образование 1,40
Прехрамбени производи 0,90

Гледано по главни групи, според намената на потрошувачката, во


јануари 2007 година во однос на претходниот месец пораст на индексот на
трошоците на животот од 1,4% е забележан во групата Домување поради
повисоките цени на парното греење за 20,8% и рентата за 2,9%. Пораст на
индексот на трошоците на животот е забележан во групата Култура и разонода
од 1%, поради повисоките цени на средствата за образование за 1,4% и
услугите за образование и развој за 0,3%. Пораст од 0,4% е забележан во
групата Исхрана поради повисоките цени на јајцата за 6,2%, овошјето за 2,2
%,свежиот зеленчук за 1,6%, преработките од зеленчук за 1,4%, рибата за 1% и
други прехранбени производи за 0,9%, додека намалување на индексите е
забележано кај месото за 2%.

8
1.3.Потрошувачка кошница во Фебруари 2007 година

На едно четиричлено домаќинство во Македонија во февруари


заисхрана и пијалаци му биле потребни 10.373 денари што е за 0,4% повеќе од
претходниот месец. Државниот завод за статистика информира дека индексот
на цените на мало врз основа на кој се пресметува вредноста на
потрошувачката кошница во февруари во однос на јануари бил понизок за
0,1%, а трошоците на животот се останати на ниво од претходниот месец.
Намалување на индексот на цените на мало од 0,5% било забележано кај
земјоделските производи и индустриско - непрехранбените производи. Пораст
на индексот на цените на мало од 0,5% е забележан кај индустриско-
прехранбените производи, а пораст од 0,1% е забележан кај услугите.
Индексот кај пијалоците е останат на исто ниво.

Потрошувачка кошница за фебруари 2007 година


Зголемување на цените на Процент
Исхрана и пијалоци 0,40
Индустриско-прехрамбени 0,50
производи
Средства за перење 0,10
Лекови 0,20
Култура и разонада 0,30

Ресторани и хотели 0,30


Жито 2

Индексот на цените на мало во февруари годинава, во однос на истиот


месец од претходната година, бил повисок за 1,2%, а во однос на декември
2006 година е на исто ниво.Кумулативниот индекс на цените на мало за
периодот јануари-февруари 2007 година, во однос на истиот период од
претходната година, забележал пораст од 1,4%. Цените на стоките и на
услугите наменети за лична потрошувачка, мерени преку индексот на
трошоците на животот во февруари во однос на јануари останале на исто ниво.

9
Во рамките на индексот на трошоците на животот за февруари во однос на
претходниот месец индексот во групата услуги забележал намалување од
0,1%додека индексот кај стоките останал непроменет. Според намената на
потрошувачката во февруари во однос на јануари пораст на индексот на
трошоците на животот од 0,3 отсто било забележано кај хигиената и здравјето
поради повисоките цени на средствата за перење за 0,3%, лековите и услугите
за нега и хигиена за 0,2%. Пораст на индексот на трошоците на животот бил
забележан кај културата и разонодата од 0,3 % поради повисоките цени на
услугите за образование и развој за 1,1 %, додека намалување од 0,2% било
забележано кај средствата за образование. Индексот на трошоците на животот
во групата ресторани и хотели бил пораснат за 0,3%, главно како резултат на
порастот на индексот кај услугите засместување од 2,3 %.Пораст на индексот
на трошоците на животот бил забележан кај исхраната од 0,2%, поради
повисоките цени на производите од жито за 2%. Намалување на индексот на
трошоците на животот во февруари вооднос на јануари било забележано кај
сообраќајните средства и услугите од0,8% поради пониските цени на течните
горива и мазива за 4%.Кумулативниот индекс на трошоците на живот за
периодот јануари-февруари 2007 година, во однос на истиот периодод
претходната година е повисок за 0,7%.

10
1.4. Потрошувачка кошница во март 2007 година

За храна и пијалоци на едно четиричлено домаќинство во март му биле


потребни 10.346 денари, што според податоците на Државниот завод за
статистика е помалку за 0,3% во однос на претходниот месец. Индексот на
трошоците на животот во март 2007 година, во однос наистиот месец од 2006
година, забележал пораст од 0,8%, а во однос надекември 2006 година пораст
од 0,6%. Кумулативниот индекс пак натрошоците на животот за периодот
јануари-март 2007 година, во однос наистиот период од претходната година,
бил повисок за 0,7%.Индексот на цените на мало во март 2007 година, во
однос нафевруари, бил повисок за 0,6%, а трошоците на животот биле
повисокиза 0,3%. Пораст на индексот на цените на мало од 1% во март
2007година, во однос на претходниот месец, бил забележан кај индустриско -
непрехранбени производи, од 0,5% кај услугите, 0,2% кај индустриско -
прехранбените производи и 0,1% кај пијалаците.Намалување на индексот на
цените на мало од 2,1% билозабележано во групата земјоделски производи.
Индексот на цените на мало вомарт 2007 година, во однос на истиот месец од
претходната година, билповисок за 2%, а во однос на декември 2006 година за
0,6%. Кумулативниотиндекс на цените на мало за периодот јануари-март 2007
година, во однос наистиот период од претходната година, забележал пораст од
1,6%. Цените настоките и услугите наменети за лична потрошувачка, мерени
преку индексот натрошоците на животот, во март 2007 година, во однос на
февруари 2007година, се повисоки за 0,3%. Пораст забележал индексот во
услугите од 0,4 %,а стоките се повисоки за 0,2%. Според намената на
потрошувачката, пораст на индексот на трошоците на животот од 1,4% бил
забележан во групата домување поради повисоките индекси на комунално-
станбените услуги за 11,4%, електричната енергија за домаќинствата за 2,4%,
садовите и приборот за домаќинството за 1,1%, конфекцијата за домаќинство
за 0,7% и мебелот за 0,2%. Намалување било забележано кај парното греење
за 13,2%, цврстите горива за 1,6% и електричните апарати за домаќинството за
0,1%. Пораст на индексот на трошоците на животот бил забележан кај
сообраќајните средства и услуги од 0,5%, поради повисоките цени на течните
горива и мазива за 2,9 %,додека намалување на индексите во оваа група било
забележано кај превозотна патници за 1%.

11
Потрошувачка кошница во март 2007
Намалување на цените на Процент
Храна и пијалоци 0,30
Земјоделски производи 2,10
Парно греење 13,20
Цврсти горива 1,60
Електрични апарати за 0,10
домаќинство
Превоз на патници 1
Облека и обувки 0,40

Пораст на индексот на трошоците на животот во март годинава, во


односна февруари, бил забележан во групата хигиена и здравје за 0,2% поради
повисоките цени на услугите за нега и хигиена за 0,4 %, средствата за хигиена
за 0,3% и лековите и другите медицински производи и услуги за 0,2 %.Индексот
на трошоците на животот во групата ресторани и хотели забележал пораст од
0,2% како резултат на порастот на индексот кај туристичките аранжмани за
1,1% и храна и пијалаци во ресторани и киосци за 0,2%. Минимален пораст на
индексот на трошоците на животот од 0,1% во однос на претходниот месец,
бил забележан во групата тутун и пијалоци. Вогрупата облека и обувки е
забележано намалување на индексот од 0,4% поради пониските индекси на
облеката за 1,1%, додека кај обувките е забележано зголемување од 0,8%.
Минимално намалување на индексот на трошоците на животот од 0,1% било
забележано во групите исхрана и култура и разонода. На ниво од претходниот
месец останал индексот на групата останати услуги, неспомнати на друго
место.

12
1.5.Потрошувачка кошница за декември 2010 година
Вредноста на Синдикалната минимална кошница зa декември 2010
година изнесува 29.199,00 денари.

Реден бр. Елементи кои ја формираат вредноста на декември % учество


минималната синдикалната кошница 2010 година структура
1.Исхрана и пијалоци 12.342,00 42,27
2.Домување 9.016,00 30,88
3.Хигиена 2.096,26 7,18
4.Превоз 2.326,34 7,97
5.Облека 1.808,40 6,19
6.Култура 1.070,00 3,66
7.Одржување на здравје 540,00 1,85
ВКУПНО: 29.199,00 100,00

1.6.Синдикална минимална кошница 2011 година


На 24 февруари 2011 година Сојузот на синдикатите на Македонија ја
претстави својата Синдикалната минимална кошница.

Според ставовите на ССМ Синдикалната минимална кошница е


пореален модел на пресметување на трошоците на живот. Во изработката на
кошницата се поаѓа од вредноста на потрошувачката кошница што ја
изработува Државниот завод за статистика. Вредноста на статистичката
кошница, која вклучува 63 производи, во 2010 година се движеше помеѓу
11.900 и 12.650 денари. Меѓутоа, исхраната и пијалоците не се единствениот
трошок за нормално функционирање на едно семејство.

Типот на претпоставеното домаќинство е четиричлено семејство, кое живее


во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. Синдикалната
минимална кошница вклучува седум групи:

13
1. исхрана и пијалоци
2. домување
3. хигиена
4. превоз
5. облека и обувки
6. култура
7. одржување и здравје.

Првата група трошоци е преземена од Државниот завод за статистика,


затоа што оние 63 производи, иако не ги изразуваат целосните потреби за
исхрана, ги изразуваат можностите, навиките и традицијата во исхраната. Таа
вредност во ССМ не се зема како просечна, туку како минимална вредност.

Домувањето има две подгрупи: комунални трошоци, со пет елементи, и


покуќнина, опрема за куќа и одржување, што ќе се следи преку 13 добра.
Хигиената има две подгрупи – личната хигиена со седум производи и хигиената
на домот, исто со седум производи. Овие ставки се искажани по минимум
количини по најниски цени.

За превозот се вклучени минимални изразени трошоци, односно два


месечни билети за превоз, работнички и ученички или студентски.
Облеката и обувките вклучуваат набавка на по едно парче облека и обувки за
секој член на семејството по сезони.

Во пресметката за култура се вклучени трошоците на три производи, и тоа


еднаш месечно одење во кино и редовно купување на еден неделен и еден
дневен весник.
Одржувањето и здравјето вклучува основни трошоци за лекарства, без
лекарствата за хроничните болести.

Не се вклучени трошоците за рекреација, образование, хотели и ресторани,


семејни прослави, не затоа што не се потребни, туку затоа што во кошницата
се пресметуваат само неопходните трошоци.

Ако се направи споредба со просечната нето исплатена плата за месец


декември 2010 одина, од 20.633 денари, тогаш просечната плата покрива 70
отсто од Синдикалната минимална кошница. Тоа значи дека се потребни уште

14
најмалку 42 отсто повеќе пари за нормален живот. Меѓутоа, само 9,1 отсто од
вработените имаат плати повисоки од 20.000 денари и 2,3 отсто имаат плати
повисоки од 30.000 денари.

Промените и цените се исто така динамични. Посебно варираат регулираните


цени на струјата, парното, водата, кои минатата година отидоа нагоре, што ги
поскапува животните трошоци.

15
1.7.Синдикална минимална кошница- јануари 2012

Реден бр. Елементи кои ја формираат вредноста на месец 1 % учество


минималната синдикалната кошница 2012 година структура
1.Исхрана и пијалоци 13.035,13 42,16

2.Домување 9,971,80 32,26

3.Хигиена 2.106,45 6,82

4.Превоз 2.335,31 7,55

5.Облека и обувки 1.840,95 5,95

6.Култура 1.070,00 3,46

7.Одржување на здравје 555.28 1,80

ВКУПНО: 30.914,92 100,00

16
17
1.8.Синдикална минимална кошница- Јануари 2013
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за јануари 2013
година изнесува 32.075,00 денари.

Реден бр. Елементи кои ја формираат вредноста на месец 1 % учество


минималната синдикалната кошница 2012 година структура
1.Исхрана и пијалоци 13.409,37 41,81
2.Домување 10.437,26 32,54
3.Хигиена 2.183,77 6,81
4.Превоз 2.339,98 7,29
5.Облека и обувки 2.046,85 6,38
6.Култура 1.070,00 3,34
7.Одржување на здравје 587,74 1,83
ВКУПНО: 32.074,97 100

Само околу 3.2 проценти од вработените добиваат плата повисока од 30


илјади, а потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство е 32.074
денари. Само три отсто од вработените примаат плата што може да ги
задоволи потребите на едно четиричлено семејство. Другите се снаоѓаат како
знаат. Работата на црно, парите од иселениците и семејната солидарност
колку-толку го одржуваат животниот станадард на некое ниво. Податоците што
ги добиваме покажуваат дека околу 80 илјади работници примаат плата од 12
до 20 илјади денари, додека само околу 3,2 проценти од вработените добиваат
плата повисока од 30 илјади денари. Ако ја имаме предвид и висината на
потрошувачката кошничка од 32,074 денари тогаш е очигледно дека сепак
недостасуваат сериозен дел на средства кои треба да одат во смисла на
задоволување на потребите на едно четиричлено семејство. Социологот
професор Илија Ацески вели дека сивата економија што зафаќа околу две
милијарди евра годишно како и парите што ги праќаат иселениците го
одржуваат животниот стандард во земјата на некое ниво. Дополнително, на
одржувањето на социјалниот мир влијае и семејната солидарност.

18
Заклучок
Преку наведената анализа на податоци изразени преку нивните
индексни промени овозможен е преглед на секое зголемување и на секое
намалување на цените во потрошувачката кошница, и како семејствата во
Р.Македонија се справуваат со овие промени во цените. Исто така презентиран
е и начинот на кој едно македонско семејство ги распределува своите месечни
примања преку податоците за просечната нето-плата. Со истите податоци
покажано е дека во определениот примерок нема изразита праволиниска врска
помеѓу просечната нето-плата и вредноста на потрошувачката кошница, а
оцената на основната маса не е статистичка сигнификантна. Од погоре
наведените статистички податоци може да се констатира дека Република
Македонија се справува со големи и тешки проблеми, како што се: порастот на
цените на производите и услугите, порастот на невработеноста и
намалувањето на платите. Сите овие проблеми претставуваат пречка во
развојот на Р. Македонија кој, воедно, е потребен за општо подобрување на
животот и стандардот на населението во Република Македонија.

19
Користена литература:

http://www.ssm.org.mk/mk/ekonomija/sindikalna-minimalna-koshnica

https://www.slobodnaevropa.mk/a/25057507.html

http://www.stat.gov.mk/

http://www.ssm.org.mk/mk/ekonomija/sindikalna-minimalna-koshnica

20

You might also like