You are on page 1of 11

Бизнис план

Погон за производство на бетон и бетонски префабрикати

Изработила :
Марија Бајлозова IV-8
Содржина :
1. Општи податоци за фирмата
2. Вовед
3. Опис на проектот
4. Маркетинг план
1. Општи податоци за претпријатието

Полно име на фирмата : “ EКО БЕТОН “ ДОО –


претпријатие за производство на градежни материјали
Адреса : ул. Партизански одреди
Тел. Факс : 02/644-637
ЕМБ на фирмата : 923884786215
Даночен број на фирмата : 40299900002965
Жиро сметка : 200000065003829
Деловна банка : Комерцијална Банка А.Д. Скопје
Структура на сопстеност : ДОО
Број на вработени : 7
2. Вовед
Претпријатието “ ЕКО БЕТОН “ Д.О.О. Скопје е основано
23.12.2008 г. Како претпријатие кое ќ е се занимава со
производство на градежни материјали. Претпријатието
располага со современа опрема за производство на градежни
материјали .
Претпријатието е основано од двајца содружници кои се
дипломирани инжинери по технологија на машинско
производство на градежни материјали . Односот на
сопственоста на меѓу основачите е 50% - 50% . Претпријатието
брои 7 работници.
Со искористувањето на модерните технолошки достигнувања
во областа на происводство на градежни материјали со
искористување на отпадните материи и нус производи во
индустријата кои инаку се фрлаат и претставуваат се поголем
еколошки проблем претпријатието ке се обиде да го сврти
вниманието , како на постојаните купувачи така и на новите
клиенти.
3. Опис на проектот
3.1 Опис на производство
Знаеме дека најнеквалитетниот јаглен –лигнитот е многу поефтино гориво
за употреба во индустријата отколку другите конвенционални енергенси како
што се нафтата,гасот и електичната енергија и во Македонија го има
релтивно доволно. Меѓутоа употребата на лигнитот во индустријата се
повеќе се избегнува заради испуштање на CO2 во воздухот, како и заради
огромните кочичества на пепел кои се создаваат при негово согорување, а
чие депонирање создава огромен еколошки проблем и голема опасност по
здравјето на лугето. За земја со релативно сиромашни енергетски ресурси
како што е Македонија би бил голем бенефит ако се успее постојаните
извори на ефтина енергија да бидат максимално искористени, а природната
средина да биде максимално зачувана, уште повеќе ако од сето тоа може да
се извлече и одреден профит.
Главен аспект на овој елаборат е употребата на пепелта при произодството
на готов бетон, цементен малтер, бетонски префабрикати ( цевки ивичници за
тротоари, елементи за поплочување и сл.) при што еден дел од пепелта би се
користела како ефтина замена за цементот.
За да се започне ваков бизнис потребно беше да се направат неколку видови
на истражувања и тоа :
- Истражување и одбирање на најпогоден индустриски објект кој
користи јаглен од рудникот Дримкол
- Истражување и одбирање на најповолна локација за сместување на
производниот погон
- Испитување на локалниот пазар на бетонот и на бетонски производи и
пресметка на минимално рентабилно производство на дневно, месечно
и годишно ниво
- Испитување на хемиските и физичките особини на пепелта од
избраниот индустриски обијект и нејзино имплементирање во
постоечките рецепти за производство на бетон и бетонски производи,
како и испитување, сертификација и стандардизација на така добиените
производи
- Одредување на висината на потребните инвестициски и обртни
средства за започнување на производството и ставање на проектот во
временски рамки.

Првите три истражувања беа направени од самите основачи и за нив не беше


потребно издвојување на некои посериозни средства но и прокрај тоа се дојде
до изненадувачки интересни и позитивни резултати :

-Еден од најголемите индустриски објекти кој користи јаглен од рудникот


Дримкол е текстилниот комбинат ТЕТЕКС од Тетово. Дневната
потрошувачка на јаглен на Тетекс изнесува 80-90 тони, а дневното
количество на пепел изнесува 20-30 тони и истиот претставува голем
еколошки проблем за околината така што ако не биде изнајдено решение за
негово отстранување – фабриката ќе мора да се преориентира на течно
гориво, што ке биде економски неисплатливо.

- Позитивна околност е што Тетовскиот регион ( за разлика од источна


Македонија ) во моментов се наоѓа сред вистинска градежна експанзија која
ќе потрае и наредните десетина и повеќе години така да би било скоро
идеално погодно да биде сместен на овие простори. Исто така оди во прилог
и близината на цементарниците во Скопје и Генерал Јанковиќ – Косово како
потенцијални купци на делот од неискористената за сопствено производство
пепел и како потенцијални снабдувачи со една од главните суровини –
цементот.

- При првата посета на фабриката и промовирање на идејата, веднаш ни беше


понудено бесплатно да добиеме на користење земјиште во сопственост на
комбинатот за изградба на производствениот погон, а во замена за да ја
превземеме одговорноста за отстранување на пепелта која на фабриката и
претставува како еколошки, така и финансиски проблем ( се издвојуваат
големи средства за искористување на депонии и за фрлање на пепелта). На
овој начин обезбедивме бесплатно дел од репроматеријалнот односно
пепелта.
3.2 Инвестиција и финансиска структура
За да се започне со овој бизнис потребно е да се направи одредена
инвестиција за неопходната опрема и тоа :
- Три метални силоси со капацитет од по 50 тони, за складирање на
цемент и пепел ( 3 х 10.000 € = 30.000 € )
- Автоматска мешалка за бетон со систем за дозирање со вага и со
транспортна лента за додавање на песок ( 20.000 € )

- Бетонски бункери за складирање на песок (4 х 2.000 €= 8.000 €)

- Компресорска станица и пумпа за истовар и утовар на камиони (8.000 € )

- Машина за производство на бетонски цигли, цевки , тротоари итн.(20.000 €)

- Вилушкар за утовар на готови производи (5.000 €)

- Изработка на проектна документација (1.000 €)

- Градежни работи и монтажа на погонот (10.000 €)

- Електрична и водоводна инсталација (3.000 €)

- Почетни обртни средства за набавка на репроматеријали (25.000 €)

Вкупната инвестиција за опрема изнесува 135.000 €

Основачите имаат обезбедено сопствени средства во износ од 85.000 € ,


останатите 50.000 € ќе бидат обезбедени по пат на банкарски кредит, каде
како гаранција би бил залог врз набавената опрема. ( Заради еколошкото
значење на проектот, од Светската Банка за обнова и развој одобрен е мошне
поволен кредит со 2 години грејс период, со рок на отплата од 4 години и со
каматна стапка од 7 % годишно. Ова значи дека после истекот на првите две
години, компанијата ќе има обврска секој месец да издвојува за главнината
на кредиот износ од 1041 € ( 50.000 € : 48 месеци = 1.041 € ) како и за камата
292 € . Или вкупната месечна рата би изнесувала околу 1330 €.

3.3 Временски план на реализација на инвестицијата

Времето потребно за започнување на работа би се сместило во следниве


рамки :

- Изработка на проекти : 10 дена


- Вадење на градежни дозволи : 30 дена
- Отпочнување на земјените работи и нарачка на опрема : 45дена
- Монтирање на опремата и пробно пуштање во работа : 15 дена
- Технички прием и одобрение за работа : 10 дена
- Непредвидени околности : 10 дена

Вкупно : 120 дена

За време на овие 4 месеци паралелно ќе се работи на лабораториските


тестирања и на процесот на стандардизација и сертификација. Исто така ќе
биде и објавен оглас за прием на работници и ќе биде извршен нивниот
избор.

3.4 Студија на профитабилноста


За да ја докажеме економската оправданост на овој бизнис, најпрвин треба
малку да се забавиме со технологијата бетонот и бетонските производи.
Знаеме дека бетонот се состои од 3 компоненти и тоа цемент, песок и вода.
Цената на сите комоненти како и цената на работната рака и цената на
чинење на инвестицијата ни ја даваат производната цена на еден кубен метар
бетон. Цените се следниве :

Цени на репроматеријалите
Речен песок 0-4 mm 7,2
€/ton
Речен песок 4-8 mm
6,5€/ton
Речен песок 8-16mm 5,9€/ton
Речен песок 16-1.5mm 5,5€/ton
Цемент ПЦ 45 - 15P 95 €/ton
Цени на Потребно kg
репро за 1 m³ бетон Производна цена
Табела 1 материјали Цена по kg 1m³
Cement PC
45 - 15P
Цемент(PC42,5N) 95€/ton 95 €/ton 0,095 €/kg 36,1
Песок 0-4mm 7,2€/ton 765 kg 0,0072€/kg 5,508
Песок 4-8mm 6,5€/ton 195 kg 0,0065€/kg 1,2675
Песок 8-16mm 5,9€/ton 525 kg 0,0059€/kg 3,0975
Песок-32mm 5,5€/ton 385 kg 0,0055€/kg 2,1175
 Готов бетон 48,1€

Истражувањата покажаа дека во тетовскиот регион постојат десетина


производители на бетон кои произедуваат приближно исто количество на
бетон месечно ( секој по околу 1690 м3) . Да ја земеме истата количина и за
нашава анализа иако сеуште не сме објасниле како ке успееме да бидеме
конкуренти за да продадеме толкаво месечно производство во околина со
голема конкуренција.

Долната табела ги дава трошоците на производство на месечно ниво .

Бруто плати на вработените 4 h400 = 1600€

Бруто плати на основачите 2 h 1500 = 3000€

Вода и струја 1000€

Гориво 1000€

Кредит 1330€

Одржување 1000€

Трошоци за маркетинг и производство 1000€

Месечна вредност на сопствен капитал 300€

ВКУПНО ТРОШОЦИ 10.230€


Ако вкупните месечни трошоци ги поделиме со планираното месечно
производство од 1690m³ (10.130€ / 1690m³) ке добиеме износ од околу 6€ по
метар кубен бетон кои треба да бидат додадени во цената на
репроматеријалот – тоа значи дека точната цена на производство на 1 метар
кубен бетон ќе изнесува 48€ + 6€ = 54€

Моменталната пазарна цена на 1m³ бетон изнесува 56€ што значи дека
месечно погонот би генерирал чист профит во износ од 56-45 = 2 €/m³ х 1690
= 3380€. Тоа на годишно ниво изнесува 40.560 €, или за целиот инвестициски
период од 6 години ( 2 год. Грејс период и 4 години исплата на кредиот ) би
изнесувало 243.360€. Тоа значи дека ако се одбие земениот кредит заедно со
каматите во износ од 63.840€ и ако се одбие сопствената инвестиција од
85.000€ , тогаш компанијата би остварила чист профит од 94.520 € за период
од 6 години , или во просек 15.753€ годишно.
4. Маркетинг план
Трговијата со бетон и со бетонски производи опфаќа два сегменти.
Првиот се градежните претпријатија кои гравитираат во околината каде што
е лоциран погонот. Тоа е заради природата на бетонот (транспортот и
вградувањето мора да се одвиваат брзо пред да се стврдне ). Во тетовскиот
регион има повеќе градежни претпријатија кои релативно добро работат на
помали па и средно големи проекти. Во почетокот ке ги избегнуваме
поголемите зафати заради тоа што имаме таков бизнис план ,па
произвотството можеме да го планираме до одредени граници. Градежните
претпријатија имаат некој, каков таков бизнис план, па призводството
можеме да го планираме до одредени граници.Главен проблем би
представувала сигурната и навремена наплата на продадениот производ. Во
прочетокот би настапувале со обезбедување на плаќањето одреден ценовен
попуст. За почеток е планирана една групна презентација организирана
заедно со нашиот соработник – производителот на адитиви. На
презентацијата би се поканиле представници од градежните фирми на кои би
им се представиле предностите на бетонските производи кои содржат пепел и
би им се презентирале можности од кои и тие би имале корист , а сето тоа би
било поткрепено со резултатите од извршените тестирања како и со
официјалните сертификати за квалитет.

Вториот сегмент од пазарот е индивидуалната изградба – граѓаните. За


промовирање на новиот производ кај оваа група на клиенти потребно е
искористување на некој од медиумите, а најпогодни за тоа а и нај ефтини се
дневните весници. Тоа би се извело преку мали огласи со популаризирање на
цената и квалитетот. Исто така предвидено е и поплочување на некоја помала
јавна површина со наши производи така да станат видливи за широката
популација. Проблем кај индивидуалната изградба претставува и фактот дека
не постои никакво планирање на количествата кои би биле потребни ,меѓутоа
капацитетот на погонот е далеку над планираното почетно производство со
што ќе се избегне еветуална пребукираност во процесот.

You might also like