You are on page 1of 7

Рудни богатства

1.Рудите воопшто па и во нашата држава се делат на:

а)Метални руди:

-Со преработка на металните руди во топилниците се добиваат метали


од кои понатаму се изработуваат разни производи.

-Во нашата земја се застапени следните руди:

·Железна руда-претставува основа за развој на металургијата.

Во нашата држава се искористува само железната руда од

рудникот "Ржаново" на планината Кожуф.

Оваа руда порано се преработувала во Топилницата Фенимак која

во 2019г е преименувана во Еуроникел индустри

Железна руда
·Олово-цинкова руда

Нашата земја е особено богата со оваа руда.

Неа најмногу ја има на Осоговските планини каде што се наоѓаат

рудниците "Злетово"-Пробиштип," Саса"-Македонска Каменица

"Тораница"-Крива Паланка.

Овие руди во минатото се топеле во Топилница Велес која


поради
објективни причини односно големо загадување е прекината со

работа.

Руда на олово

Руда на цинк
·Бакарна руда

Оваа руда се ископува од рудникот "Бучим"-Радовиш.

Инаку со преработка на оваа руа покрај бакарот се добива сребро

и злато.
Бакарна руда

·Антимонова руда се ископува во рудникот "Ржаново" заедно


со никелова и железна руда,

Руда на антимон
б)Неметални руди

Овие руди можат да се сретнат во сите области на нашата држава.

Тие наоѓаат примена во:градежништвото,хемиската индустрија,

индустрија за стакло,текстилна индустрија и др.

Поважни неметални руди се:

· Цементни лапорци-претставуваат значајна суровина за


добивање цемент.

Наоѓалиштата се наоѓаат во околината на с.Усје-Скопје.

Во 1957г е изградена фабриката за цемент"Усје"која користи

цементни лапорци,

Цементни лапорци
· Кварцен песок-претставува главна суровина за производство
на стакло.
Наоѓалишта на кварцен песок има во селата Горно и Долно Соње
(Скопско)
Кварцен песок

·Гипс-наоѓа примена во градежништвото,индустријата за


порцелан,во медицината и др.
Најголеми наоѓалишта се наоѓаат по долината на р.Радика
во близина на Дебар.Таму е изградена фабриката за гипс Кнауф

Гипс

·Глина -распространети се скоро во сите наши котлини.


Тие се користат за производство на порцелан,тули,ќерамиди,
грнчарски производи и др.
Фабрики за производи од глина има низ повеќе градови во нашата
држава.

Глина
·Мермер-претставува значајна суровина во градежништвото и
вајарството.
Наоѓалишта на мермер има во Прилепско,Гостиварско и
Кичевск
(Цер)
Најквалитетен мермер се експлоатира во рудникот
Сивец(Прилеп)
Мермер
Ваша задача е откако ќе ја прочитате содржината повторно да
составите грозд(можеби претерав со гроздовите но сметам дека
подобро така ке научите наместо да одговарате на прашања)
Напишаното ми го праќате во инбокс.
Исто така по ваша желба истражете за кој било рудник во нашата
држава и напишете по неколку реченици.(исто така пратете ми го
и тоа)
Ви посакувам пријатна работа и убав ден.

You might also like