You are on page 1of 3

КАТАСТРОФАЛЕН ЗЕМЈОТРЕС (1963)

• Во својата долга историја, градот повеќепати пропаѓал и


одново се раѓал. На 26 јули 1963 година во 5:17
часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени
по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата
сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси
имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се
почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни
километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот
биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над
200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините
животот го загубиле 1.070 негови граѓани, биле повредени
над 4.000 граѓани.
ГРАДОТ СКОПЈЕ РАЗУРНАТ
СОЛИДАРНОСТ КОН СКОПЈЕ
• Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на
тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот
започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот
свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје
кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи
и епитетот „град на солидарноста“.
• Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу
капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се
сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им
помагале на скопјаните.
• Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз - Тито,
изјавил:
• „Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го
изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството,
на југословенската и светската солидарност.

You might also like