You are on page 1of 2

Земјотресот во Скопје 1963 година

Во својата долга историја, Скопје повеќепати пропаѓало и одново се издигало. Неколкупати


било погодено од катастрофални земјотреси. На 26 јули 1963 година градот повторно бил
погоден од катастрофален земјотрес.

Силен потрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала кој траел 20 секунди го
срамнил Скопје. Часовникот застанал на 5 часот и 17 минути. По главниот потрес, следеле
и други потреси кои траеле до 5 часот и 43 минути. Градот за миг престанал да живее.
Железничката станица, Поштата, Банката, офицерскиот дома, Домот на Армијата,
хотел Македонија и др. познати објекти биле урнати. Загинале околу 1070 лица, 4000
биле повредени, а околу 200.000 луѓе останале без покрив на главата.
Веста за катастрофата која му се случила на Скопје за кратко време го обиколила
светот. Уште во првите мигови по катастрофата, со спонатана и организирана акција на
граѓаните, армијата и полицијата започнала првата помош за граѓаните под
урнатините. Помошта набрзо почнала да пристигнува од целиот свет.
Во тие моменти дошла до израз меѓународната солидарност каква што дотогаш не била
запаметена во светската историја. Повеќе од осумдесет земји, нивните влади,
хуманитарни организации и граѓани дале свој допринос за ублажување на последиците
од катастрофалниот земјотрес.
Првата помош стигнала од тогашните југословенски републики, доброволци,
медицински екипи, градежници, храна, лекови, облека, шатори, ќебиња се донирале за
настраданите во земјотресот.
Меѓународниот Црвен крст испратил апел до сите меѓународни организации за
организирање храна за скопските деца. Интерпарламентарната унија дала препорака на
сите парламенти и влади да помогнат во обновата и изградбата на новото Скопје. Од
тогаш и Скопје го носи епитетот „град на солидарноста“.
ООН веднаш по катасрофата преземале плански и долгорочни планови за да му
помогнат на разурнатото Скопје. Во времто кога започнале да пристигаат врвни
стручњаци во седиштето на ООН било кажано:”Скопје ќе биде споменик на човечката
солдарност”.
На 19 септември 1963 година претставниците на 35 држави на Генералното собрание
при ООН се обратиле до генералниот секретар и во име на своите влади, побарале во
дневниот ред на заседанието да се вклучи дополнителна точка „Мерки во врска со
земјотресот во Скопје, Југославија“ при што собранието ја усвоило резолуцијата за
давање меѓународна помош.
Тогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, исто така, му наредил на
Министерството за одбрана и на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) да
преземат активности за укажување на помош на Скопје и неговите жители. Голема
помош пристигнала и од Советскиот Сојуз. Нивниот лидер, Никита Хрушчов, дури и
лично го посетил Скопје во август 1963 година. За првпат, по почнуавњето на
студената војна, воени претставници на двете суперсили, САД и СССР, се сретнаа во
Скопје и соработувале во помошта.
Покрај помошта од земјите од светот, Скопје добило и помош од 18 меѓународни
хуманитарни и други организации. Благодарение на меѓунродната солидарност градот
почнал повторно да никнува. За кратко време никнале нови населби Драчево, Козле,
Тафталиџе, нови училишта, градинки, болници, станбени згради, концертни сали,
театри итн.
По секоја катастрофа Скопје повторно како феникс се издигнувало. По секое уривање
успевало да застане на сопствени нозе, да преживее и засекогаш да остане отворен
град.

You might also like