You are on page 1of 11

Индустрискиот подем во

европа
Цели на лекцијата

 Да се запознаеме со научно-технолошкиот развој


 Да се запознаеме со стопанскиот подем на Европа и развојот на меѓународната трговија
Прва индустриска револуција
 Индустриската револуција го означила новиот период од
светската историја кога земјите ги пренасочиле своите економии
од земјоделство кон индустрија.
 како резултат на големите технички пронајдоци кои го
зголемиле производството и го олесниле сообраќајот се
забележал брз развој на стопанството и подем на граѓанството.
 Наместо да се користат мускулите, животните, ветерот или
водата почнале да се употребуваат најразлични машини.
 Прв значаен чекор претставува откривањето на парната
машина која ја усовршил Џејмс ват во 1769 година.
Американецот Роберт Фултон во 1803 година го конструирал брод на парен погон.
 Англичанецот Џорџ Стивенсон во 1829 година ја конструирал првата парна
локомотива.
 Тоа претставувало вистинска револуциска промена поради што ова време го нарекуваме
прва индустриска револуција
 Поради развојот на парната машина се повеќе се заменувале мануфактурните
работилници кои имале мал број на едностави машини, почнало да се појавуваат фабрики
кои имале голем број на модерни машини.
 Работната рака се повеќе била заменувана со машината.
 На почетокот на xix век индустриската револуција од англија се шири кон западна европа
и сад, а од средината на векот индустрискиот развој ги зафатил средна и источна европа и
преоѓа на другите континенти.
 Забележливи промени настанале и на планот на развојот на земјоделството.
Дошло до усовршување на земјоделските машини и на начинот на обработка на земја,
одгледувањето на стока итн.
 Од дваестетите години на xix век копањето на јаглен, тесктилната и метална индустрија
се развиваат во белгија и брзо се прошируваат кон другите земји.
 Од 40-тите години, низ европа се граделе железнички мрежи, се отворале фабрики. Се
подобрил квалитетот на железото како и челикот.
Втора индустриска револуција
 Втората индустриска револуција започнала во втората половина на xıx век, на кој
основен печат и дал употребата на електричната енергија. Примената на електричната
енергија и преработката на нафтата овозможиле побрз развој на индустријата, а
посебно развој на некои НОВИ гранки: ХЕМИСКАТА, ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКАТА И
ФАРМАЦЕВСКАТА ИНДУСТРИЈА.
 ГОЛЕМИ ПРОНАОЃАЧИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ПРИМЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА
ЕНЕРГИЈА БИЛЕ:
 ТОМАС ЕДИСОН – НЕГОВ НАЗНАЧАЕН ИЗУМ БИЛ ПРОНАОЃАЊЕТО НА
ЕЛЕКТРИЧНАТА ЛАМБА
 НИКОЛА ТЕСЛА – СЕ ПРОЧУЛ СО ИЗРАБОТКА НА МОТОРИ ЗА НЕИЗМЕНИЧНА
СТРУЈА
 ПОЧНАЛЕ ДА СЕ ГРАДАТ БРОДОВИ за подолги патувања, масовно градење на
железници, сериско производство на автомобили, а билО конструирано и првото
летало.
 Во 1876 година, американскиот физичар ГРАХАМ БЕЛ ГО КОНСТРУИРАЛ ПРВИОТ
УПОТРЕБЛИВ ТЕЛЕФОН.
 КОН КРАЈОТ НА xix век, браќата Лимиер го пронашле киноматографот.
 Италијанскиот пронаоѓач Маркони ја испратил првата радиопорака од Велика Британија во
Франција.
Подем на граѓанството (буржоазијата)
 Пропаѓањето на деудалните односи било неминовно, а забрзано се развивало граѓанското
(буржоаско) општество (капитализмот). До тие промени луѓето живееле од земјоделство, а
од тогаш повеќе луѓе се вработувале во индустријата.
 Започнал брз развој на градовите. Многу мали и безначајни места станале важни
индустриски центри со десетици илјади жители.
 Употребата на нафтата и електричната енергија довеле до уште поголем и побрз развој на
индустријата и сообраќајот и до промени во животот на луЃето.
 Граѓанството во текот на XIX ВЕКСТАНУВА НАЈВАЖЕН И ПОЛИТИЧКИ НАЈСИЛЕН
ОПШТЕСТВЕН СЛОЈ. ВО ГРАЃАНСТВОТО ГИ ВБРОЈУВАМЕ: СОПЕТВЕНИЦИТЕ НА
ПРЕТПРИЈАТИЈАТА И ФАБРИКИТЕ, БАНКАРИТЕ, ТРГОВЦИТЕ, ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ
ИТН.

You might also like