You are on page 1of 4

Никола Тесла

Никола Тесла (Смилјан, Лика, 10 јули 1856 - Њујорк, 7 јануари 1943) — српски научник,


и истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, познат е како татко
на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци.Роден е во Смилјан, Австро-Унгарија,
Србин по потекло, подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е
најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на
XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за
формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето
на полифазните системи(поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора
во предводник на Втората индустриска револуција.По неговата демонстрација на безжичната
комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во „Војната на
струите“, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник.
Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инженерство, а многу од
неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во
текот на овој период, во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите
научници во историјата или ѕвездите на популарната култура,  но како резултат на неговиот
ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и
технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан како луд научник. Никогаш не
грижејќи се за пари, Тесла умира осиромашен и заборавен на возраст од 86 години.Единицата
во системот SI за густина на магнетен тек или магнетна индукција (често нарекувана магнетно

поле и обележана со ознака  ), во негова чест е наречена Тесла на Conférence Générale


des Poids et Mesures во Париз во 1960 година.
Покрај неговата работа во областа на електромагнетизмот и инженерството, генераторите, Тесла
остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот
управувач и радарот, како и во развивањето
на компјутерската наука, балистиката, нуклеарната и теориската физика.
Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото.
Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат
теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот.
Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли
дваесеттиот век"] и "светецот-заштитник на модерниот електрицитет." Иако бил номиниран
за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание.Тесла се почитува и слави и
во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом - САД.

Најјаките нешта кои ги измислил „лудиот научник“ Никола Тесла

Зракот на смртта
Најозлогласениот пронајдок на Никола Тесла постоел само теоретски – зракот на смртта. Тесла
во 1930-те тврдел дека измислил направа со која може да се создаде силен енергетски зрак кој
може да се насочи кон непријателските авиони и возила. Т.н. „зрак на смртта“ никогаш не бил
конструиран, иако Тесла ги прикажал плановите за уредот на разни воени организации во САД.

Бежична енергија
За време на Светскиот Експо во Чикаго во 1983, Тесла го демонстрирал бежичното пренесување
на електрицитет, запалувајќи серија фосфорни светилки во процесот кој тој го нарекол
електродинамична индукција. Тесла теоретизирал дека таа технологија би овозможила да се
1
спроведува енергија на голема оддалеченост во атмосферата, снабдувајќи ги далечните краишта
со електрицитет.

Машина за земјотрес
Во 1893, Тесла патентирал електричен генератор на парен погон наречен осцилатор. Подоцна
Тесла тврдел дека една верзија на осцилаторот е достаточно моќна да предизвикува земјотреси.
Подоцна тврдел дека со помош на тој осцилатор предизвикал земјотрес во Њујорк во 1098
година, кој во популарната култура останал запомнет како Теслин земјотрес. Тесла тврдел дека ја
уништил машината, а своите помошници ги натерал да се заколнат дека ќе молчат.

Електричен мотор
Во 1887 година, Тесла патентирал дизајн индуктивен мотор без комутатор. Употребувајќи мотор
со ротирачки магнетни полиња, пронајдокот овозможил движење на уреди како вентилатори,
пумпи и други домаќински апарати. Една од најновата и најпопуларна употреба на овој негов
пронајдок, еден век подоцна, е во автомобил брендиран со неговото име, Тесла Моторс.

Ласери
Иако е нејасно кој ги измислил првите ласери, некои од најраните истражувања на ова поле биле
спроведени од Тесла, најчесто во врска со неговиот зрак на смртта и други теории за
футуристички оружја. Неговата работа инспирирала други истражувачи, кои на овој принцип му
дале поинаква, помирољубива намена.

Наизменична струја
Најзначајниот пронајдок на Тесла бил моторот и преносниот систем на наизменична струја.
Методот на пренос на електрична струја бил демонстриран во 1893 година во Чикаго, со кој се
спротивставил на Томас Едисон и неговите бизнис партнери, кои ја поддржувале еднонасочната
струја, што предизвикало војна на препукувања помеѓу двајцата пронаоѓачи, во која победил
концептот на Никола Тесла, и денес наизменичната струја ги снабдува домовите со енергија.

Далечински управувач
Тесла учествувал и во првите истражувања на радио пренос кои резултирале со пронаоѓањето на
првото бродче на далечинско управување, демонстрирано во 1890 година. Со помош на неколку
батерии, прекинувачите управувани со радиосигнали управувале со контролите и моторот на
бродчето. Со овој свој пронајдок, Тесла ја најавил иднината со роботи кои ќе работат за луѓето.

Теслин трансформатор
Во 1891, Тесла измислил еден од неговите најголеми пронајдоци – Теслиниот трансформатор, кој
овозможувал производство на електрични струи и со помош на кој тој ги извел своите
експерименти со осветлување, рентгенско снимање и електротерапија.

Х-зраци

Иако германскиот физичар Вилхелм Рентген се смета за пронаоѓач на Х-зраците, наречени


според него и рентгенски зраци, Тесла експериментирал со овој концепт отприлика во исто време
како и тој.

2
Милијардерот кој почнал од нула – основачот на IKEA, Ингвар
Кампрад
“Секогаш работете со позитивна енергија, во спротивно може само да добиете чир.”

Со имот вреден 48,1 милијарда долари, основачот на IKEA Ингвар Кампрад е еден од најбогатите
луѓе во светот кои стартувале од нула.

Започнал продавајќи разни дребулии уште како дете, за подоцна да направи револуција во
бизнисот со мебел и да стане познат и признат милијардер во целиот свет.

Кампрад е роден во Шведска во 1926 година и уште на пет години почнал да продава кибритчиња
за да заработи. На свои 10 години со својот велосипед одел од куќа на куќа и продавал божиќни
украси, риба и моливи.Како млад кратко време бил дел од Нацистичкото младинско движење
охрабрен од неговата баба Германка, следбеник на Хитлер. Денес тој жали што некогаш бил дел
од ова движење, па дури и преку писмо барал прошка од своите вработени.Првата поголема сума
пари ја добил од татко му кога имал 17 години. Тој имал добри оценки и покрај тоа што пател од
дислексија (потешкотии при читање), па татко му сакал да го награди.Парите ги искористил во
1943 за да ја основа IKEA. Сепак ќе поминат уште пет години пред Кампрад да започне да
продава мебел. Првично компанијата произведувала и продавала мали додатоци за домот, како
рамки за фотографии.Во 1956 година Кампрад воведува еден нов начин на “пакување” на
мебелот, “flatpacking”, што било големо олеснување при транспорт. Поимот денес се поврзува со
IKEA, а се однесува на намалување на трошоците со тоа што потрошувачите го купуваат мебелот
на делови и самите го составуваат дома.Неговиот уникатен карактер, една ретка мешавина на
совесност, отвореност и тврдоглавост му помогна да стане бестрашен иноватор на почетокот на
кариерата.За да ги избегне големите давачки за растечката компанија, во 1973 Кампрад го
премести седиштето на IKEA од Шведска во Копнехаген, Данска, а тој со фамилијата замина за
Швајцарија.

Денес компанијата е стационирана во Холандија, Кампрад повторно живее во Шведска и води


една комплексна корпоративна структура што вклучува два огранока, првиот е хуманитарна
организација и продажба на мало, а вториот франшиза.

3
Хенри Форд
Хенри Форд (30 јули 1863 – 7 април 1947) е основач на компанијата Форд Мотор и претставува
татко на модерната лента за склопување која се користи за масовно производство.
Неговиот Модел Т ги револуционирал транспортот и американската индустрија. Како
единствениот сопственик на компанијата, тој станал еден од најбогатите и најпознатите луѓе на
светот. Форд го измислил фордизмот, т.е. масовното производство на голем број на евтини
автомобили со користење на лента за склопување и со високи плати за неговите работници (пет
долари на ден во 1914 година).
И покрај тоа што Форд не бил многу образован, тој имал глобална визија и ја гледал
потрошувачката како клучен фактор за мир. Тој бил еден од водечките пацифисти во Првата
Светска војна, но ја пренаменил својата компанија да произведува воени материјали и во двете
светски војни. Неговата силна волја да ги намали трошоците за производство на автомобили
довело до низа експерименти и иновации; една од неговите идеи била да се создаде систем
базиран на концесии (англиски: „franchise“) со кој се креирале продажни центри во сите градови
во Северна Америка и во поголемите градови на шест континенти.
Неговиот главен конкурент, Џенерал Моторс сепак го престигнал Форд во 1920-тите бидејќи
почнал да им нуди многу повеќи можности на потрошувачите. Потрошувачите имале избор кога
станува збор за моќ, престиж и стил на автомобилот како и најразлични можности за кредит. Форд
го оставил најголемиот дел од неговото богатство на Форд Фондацијата, но исто така направил
неговото семејство да може перманентно да ја контролира компанијата.

Животот на Форд
Хенри Форд е роден на фарма во Мишиген. Неговиот татко му дал џебен часовник кога Форд бил
тинајџер. Форд го демонтирал и го склопувал повторно многу пати. Со тоа тој добил репутација
како поправач на часовници. Во 1879, Форд го напуштил својот дом и се вработил како механичар
во Детроит. Додека работил тој студирал на Голдсмит, Брајант и Стратон Бизнис Универзитетот
во Детроит.
Форд се оженил со Клара Бејбилегс на Април 11, 1888 (на 25 годишна возраст) и се подржувал
финансиски работејќи на фармата и работејќи во воденица. Тие имале едно дете: Едсел Форд. 

Кариера

Во 1891, Форд станал инженер во компанијата Едисон Илуминатинг. Потоа тој бил назначен за
главен инжинер, со тоа тој стекнал поголема количина на пари за да може да направи лични
експерименти со моторите на бензин.
Форд Мотор Компанијата е создадена на Јуни 16, 1903 со капитал од 28.000 долари. За кратко
време, Форд го демонстрирал ново дизајнираниот автомобил кој постигнал 146.9 километри на
час и го скршил светскиот рекорд.
Модел Т бил воведен на 1 Октомври, 1908. Воланот бил од лево, потоа тоа го копирале и други
компании. Целиот мотор и менувачот биле затворени, моторот имал 4 цилиндри. Автомобилот
бил лесен за возење и многу евтин. Чинел само 825 долари во 1908, во денешни пари 21.730
долари. Цената опаѓала секоја година. Во 1916 цената била само 360 долари, во денешни пари
9480 долари. До 1916 се продале околу 472.000 автомобили Модел Т. Секако, ова било
благодарение на сериското производство.

You might also like