You are on page 1of 16

Универзитет „Св.

 Кирил и Методиј“ во Скопје
Факултет за ликовни уметности

Семинарски труд

по предметната програма
историја и теорија на уметноста
[курс: 5]

Неопластицизмот на Пит Мондријан

изработил:
Ерзана Ислами
Ликовна педагогија
инд. бр. 1630
предметен наставник:
д-р Небојша Билиќ, ред.проф.

Скопје
Декември 2018
Содржина

Вовед..............................................................................................3

Неопластицизмот и формирањето на De Stijl..............................4

Неопластицизмот на Пит Мондријан...........................................6

Заклучок.......................................................................................12

Илустрации..................................................................................13

Список на илустрации.................................................................15

Користена литература.................................................................16

2
Вовед

Неопластицизмот претставува стил на површинското нефигуративно


сликарство кој е оформен од стана на Пит Мондријан и групата Де Стијл во
1912 година. Основни негови елементи со хоризонталните и вертикалните
линии и основните бои (црвена, сина и жолта) како и ебоите (црната и
белата). Правеот бил присутен и кај архитектурата на групата Де Стијл.
Основните принципи во архитектурата биле одбивање на однапред
зададените форми, прекршување на зидовите (отворени градби кон
просторот) и асиметричната конструкција.

Пит Мондријан како основач на неопластицизмот, преку упростување


на формата дошол до геометриската апстракција како единствено можно
оформување и сообразување на геометрискиот ред во светот. Во почетокот
тој се интересира за пастителните и животинските фрми и мотиви и
подоцна се преориентирал кон светот на модерната цивилизација. Раната
фаза од неговите трудови е кубистичка која што ја довел до апстрактно
сликарство. Сликите отсекогаш ги компонирал во хоризонтални и
вертикални површини и без сликарски ракопис. Поврзаноста кон идејата
и принципиелната доследност го прават Мондријан најистакнатиот
апологет на апстракцијата – неговото сликарство, лишено од сите емоции
и трагедии, во основата медитативниот и метафизичкиот карактер се
симбол на настојувањето на живата пеалност да се спротистави трајниот
вид на универзалната реалност.

3
Неопластицизмот и формирањето на De Stijl

Неопластицизмот е насочен кон барање на чистите основи на


реалноста на универзалниот јазик, но не со јазикот на индивидуалните
форми, а во позадината ја истакнува персоналната реализација на
уметникот. Тој ја геометризира површината на сликите врз основата на
одредени законитости и можно е да се употребуваат само прави агли,
прави линии и долги, одредени црни линии, а колоритот е редуциран на
употребата на трите основни бои (црвена, сина и жолта) и три хроматски
бои (бела, цива и црна), при што обоените површини се ограничени со
црни линии – контури и компонирани се секогаш во хоризонтални и
вертикалн линии1. Најголемо влијание неопластицизмот имал на
архитектурата и формата на применетата уметност, како на пример
рекламата.

Пит Мондријан (Piet Mndrian), како основач на неопластицизмот,


преку упростување на формата дошол до геометриската апстракција како
единствено можно оформување и сообразување на геометрискиот ред во
светот. Во почетокот тој се интересира за растителните и животинските
форми и мотии и подоцна се преориентирал кон светот на модерната
цивилизација. Раната фаза од неговите трудови е кубистичка која што ја
довел до апстрактно сликарство. Сликите отсекогаш ги компонирал во
хоризонтални и вертикални површини и без сликарски ракопис.

Неопластицизмот или Де Стијл (De Stijl) како активно движење траел


14 години, од 1917 до 1931 година. Тој во соновата се карактеризира со
работата на три уметника, сликарите Пит Мондријан и Тео ван Дусбург
(Teo van Doesborg) и архитектот Герит Ритфелд (Gerrit Rietveld).
Останатите седум членови на оригиналнатагрупа, формирана под водство
на Ван Дусбург во 1917 и 1918 година, т.е. уметниците Барт Ван дер Лек
(Bart Van der Leck), Георг Вантонгерло (Georges Vantongerloo) и Вилмос
Хусар (Vilmos Huszar), архитектите Јакобус Ауд (Jacobus Oud), Јан Вилс
(Jan Wils) и Роберт Ван’т Хоф (Robert van’t Hoff) и поетот Ентони Кок
(Anthony Kok) се сметаат за релативно маргинални фиури кои, иако
одиграле значајна улога во ширењето, не произвеле работи кои би

1
Toro Asano, Futurism, Impressionism, Fauvism, Dadaism, Neo – plasticism, Tokyo, 1978, стр.
67
4
одговарале на зрелиот стил на движењето. Првобитно тоа била слабо
поврзана група, која формално заедно настапила со потпишување на
првиот манифест на неопластицизмот во првиот број на De Stijl
списанието кој се појавил во 1918 година, а чиј што уредник бил Ван
Дусбург. Групата постојано се менувала.

Движењето настанало како спојување на два поврзани начини на


размислување. Тоа биле неоплатонистичката филозофија на
математичарот д-р. Метју Шенмекерс (Mathieu Schoenmaekers) и
„примената“ архитектонска концепција на Хенрик Петрус Берлаге
(Hendrik Petrus Berlage) и Френк Лојд Рајт (Frank Lloyd Wright). Шенмекерс
практично ги формулирал принципите на неопластицизмот во својата
книга „Нова слика на светот’:две фундаментални целосни спротивности
кои ја обликуваат нашата Земја се: хоризонталната линија на силата, т.е.
курсот на земјата околу сонцето, и вертикалната, длабокото просторно
движење на воздухот, кое потекнува од центарот на сонцето“2 и подоцна во
истиот труд напишал дека неопластицизмот е примарно колористички
систем: „Трите основни бои се жолтата, цината и црвената. Тоа се
единствените бои кои постојат... Жолтата е движењето на восдухот...
Сината е спротивност на жолтата... Како боја, циното е небото, таа е
линија, хоризонталност. Црвената пандан на жолтата и цината... Жолтата
зрачи, сината „се губи, повлекува, црвената плива“.“3

Појавата на Мондријановите посткубични композиции, составени од


речиси исклучиво испрекинати хоризонтални и вертикални линии, се
поклопува со уметничкото враќање од Париз во Холандија во 1914 година,
во време кога бил речиси во секојдневен контакт со Шенмекерс.
Влијанието на Рајтовите идеи се одразува на архитектот Ван’т Хоф, кој
после предвоениот престој во САД, во својот Хуис тер Хајде во 1916 година
реализирал извонредна рана вила од армиран бетон дизајниранаво
деривиран Рајтовски стил. Нитѕ Шенмеерс, ниту пак Ван’т Хоф нема да
играат значајна улога во движењето после 1017 година. До тогаш тие веќе
ја исполниле својата цел. Идеите кои тие ги поставиле и демонстрирале
брзо биле прифатени и трансформирани после војната од страна на
централните фигури на движењето т.е. Мондријн, Ван Дусбург и Ритфелд.
2
Mathieu Schoenmaekers, Het nieuwe wereldbeeld, C.A.J. van Dishoeck, 1915, стр. 92
3
Ibidem, стр. 148
5
Две други приферни фигури имале важна но кратка улога како
катализатори за време на непосредниот поствоен период. Една од нив е
белгискиот уметник Џорџ Вантогерло, а втора холанскиот пионир на
апстракција Бар ван дер Лек. Нивниот придонес бил круцијален: се
поставува прашањето дали без нив би се развила карактеристичната
естетика т.е. преминувањето од раните трудови од 917 година на зрелиот
стил од 1923 година за само 6 години. Прочуената Ван Дусбургова
апстракција на кравата (Composition VIII The Cow) од 1916/17 на одреден
начин многу се должи на Ван дер Лек, додека Вантонгерловата скулптура
на Интерлацијата на масите од 1919 година јасно претходи на естетиката
на масите која ќе ја искористат Ван Дусбург и Ван Естерен во нивната
Уметницка куќа и Розенберговата куќа, проекти од 1923 година.

1) Од 1916 до 1921 година е фазата на формирање која е


концентрирана во Холандија;
2) Периодот од 1921 до 1925 година треба да се гледа како период на
созревање и интернационално ширење;
3) Периодот од 1925 до 1931 година треба да се гледа како период на
трансформација и конечна дезинтеграција.4

Неопластицизмот на Пит Мондријан

Пит Корнелис Мондријан бил холандски сликар и голе, теоретичар на


уметноста. Тој наголемо дал придонес во уметничка група De Stijl која ја
основал Тео ван Дусбург. Мондријан развил еден нов облик на апстрактна
уметност наречен неопластицизам.

Од 1892 година студирал на академијата во Амстердам. Преокуоиран


со пелигиозните проблеми, тој ги проучува теозофските списи и станува
член на секта. Од овој период потекнуваат платната исполнети со мастика,
со мотиви на осамени куќи со длабоки тоналитети и необично
осветлување. Почетокот на војната во 1914 година го затекнал во
Амстердам, а околу 1915 година го напушта овој мотив како почетна
оцнова и површина компонира слободно во прегледен и смирен ритам на
обоени квадратни површини означени со црни линии. Колористичката
4
Michael White, De Stijl and Dutch Modernism, Manchester University Press, 2003, стр. 55
6
скала редуцирана е на три основни бои: жолта, сина и црвена. Како што
веќе прикажав во Дел 1, во 1917 година тој е еден од основачите на
движењето Де Стијл и ги формуира принципите на неопластицизмот.

Во нпоследните години мотивите на неговите слики се редуцирани на


минимум; конечно неговите платна содржеле неколку обоени површини
на бели подлоги. Во платната настанати во Америка недостасува
карактеристичната црна линија, со што е ублажен општиот впечаток и
постигнат е пожив и поведар ритам на површината.

Поврзаноста кон идејата и принципиелната доследност го прават


Мондријан најистакнатиот апологет на апстракцијата – неговото
сликарство, лишено од сите емоции и трагедии, во основната
медитативниот и метафизичкиот карактер се симбол на настојувањето на
живата пеалност да се спротистави трајниот вид на универзалната
реалност. Со своите теоретски ставови и методи Мондријан извршил многу
големо влијание на сликарството со апстрактното изразување и доживеал
епигоните на неговите геометризам автоматски да ги поворуваат обоените
кадрати како еден од постмодерните ликовни спекулации.

Првите слики на Мондријан биле натуралистички и


ипмресионистички, а темите главно биле пејсажи. Овие слики главно ги
прикажувале ветерниците, млиновите, реките, полињата и црквите.
Мондријан насликал и некои постимпресионистички слики кои денес се
чуваат во музејот во Хаг. Првите неговите слики кои имаат назнака на
апстракција се платната настанати од 1905 до 1908 година кои
прикажуваат нејасни дрва и куќи чии што одрази се во мирна вода. Иако
конечниот резултат доведува до тоа дека гледачот повеќе ја нагласува
формата отколку содржината, овие дела се сеуште фиуративни и дури
подоцна гледачите во нив го бараат почетокот на Мондријановата
апстракција.5

Мондријановите слики од 1917 година може да се интерпетираат од


теозофска страна, но самиот Мондријан, под влијание на кубизмот, сфатил
дека сликите постојат како независни објекти. Од тогаш неговите слики се
повеќе ја користат геометријата и го зголемуваат влијанието на

5
Hans Jaffe, De Stijl, Harry N. Abrams, 1967, стр. 40
7
индивидуалецот во користењето на боите. Тео ван Дусбург токму во тоа
време организирал група на уметници со токму такви цели. Мондријан и
Дусбург се запознале и станале речиси нераздвојни. Дусбург започнал да
слика во Мондријанов стил, а Мондријан доаѓал кај Дусбург по совети за
расправата за авангардното сликарство која ја подготвувал. На тој начин
Мондријан и Дусбург ја основале групата која е позната како Де Стијл
(Стил). Таа група од 1917 година издавала и истоимено списание во кое
Мондријан пишѕвал монгу есеиво кои го дефинирал тоа сликарко
движењето било тоа дека природата и интелекток, или женскиот и
машкиот принцип, негативно и позитивно, статично и динамично,
вертикално и хоризонтално мора да се доведат во рамнотежа.6 Таа идеја,
според Мондријановите замисли, ја изнел самиот Тео ван Дусбург.

Мондријан во 1916 година насликал само една слика – Композиција


(Composition). Сликата сам ја замислувал како црковна фасадс, но на таа
апстрактна композиција тоа не е возможно да се види. Во 1917 година
настанале бели слики со квадрати во разни бои и црни линии кои пливаат
на бела површина (Композиција во боја А, Композиција бр.3 со обоени
површини 3). Истата година Мондријан се откажува од поврзувањето на
своите вообичаени мотиви (море, дрва, цркви) со нова сликарка форма. Во
текот на неговите последни години во Холандија, настанува една
композиција со силни бои (Композиција со решетки 8; Композиција во
форма на шаховско поле во темни бои), и ромбоидни омпозиции по
примерот на Тео ван Дусбург.

На сликата Композиција 2 Мондријан користи елементарни ликовни


елементи – прави линии, каде што хоризонталните и вертикалите се сечат
под прав агол со што се узразува апсолутната рамнотежа. Менувајќи ги
површините на различните положби на исправените линии, се создава
апсолутна композициска хармонија. Површините се исполнети со
примарни бои: сина, жолта и црвена. Боите се чисти и силни, означени со
мрежа од црни линии вкрстени под прав агол.

Мондријан во 1917 и 1918 година го издал делото Нова пластика во


уметноста (De Nieuwe Beelding in de Schilderkunst), а тоа претставувало
неговото прво влегување во теоријата на уметноста. Но, најдобриот опис на
6
Susanne Deicher, Mondrian, Taschen, 1999, стр. 36
8
тоа движење се наоѓа во писмото кое во 1914 го напишал на Х.П. Бремер:
„Јас ги конструирам линиите и комбинациите на боите на рамна
површина со што би ја искажал општата убавина со најголемата светлина.
Природата (или онаа која ја гледам) ме инспирира, ме става, како и секој
сликар, во емоционална состојба во која еден поттик доаѓа за нешто да се
направи, но сакам да дојдам колку што е можно поблиску до вистината и
сето она што е апстрактно, додека не ја достигнам основата (сеуште само
надворешна) на работите... Верувам дека е можно, преку хоризонталните и
вертикалните линии кои се конструирани свесно, но без калкулации,
предводени од големата унтуиција и доведени до хармонија и ритам, оваа
осноцна форма на убавина, со додавање на други линии и кривини
доколку е потребно, може да се стане уметност, силна колку што е и
вистината“.7

Во летото 1919 година Мондријан се враќа во Париз. Неговото ателје


било затворено за време на неговиот престој во Холандија, а неговите
слики биле многу добро сочувани. Во тој период групата Де Стијл веќе
била во позиција да се прослави низ светот. Ван Дусбург и Мондријан ја
прославиле низ сликарството, а белгискиот скулпор Џорџ Вантонџерло ја
барал неопластицистичката формула во скулптурата.

Што се однесува до неговите ликовнии дела, атмосферата на


поствоениот Париз на уметниците им овосможила поголема слобода, што
самиот Мондријан ја користел за да ја прифати апстракцијата до крајот на
животот. Мондријан во текот на 1919 и 1920 година започнал да слика
„решеткасти“ слики и почнал да горазвива стилот поради кој е познат во
светот. Вонраните делови од овој период, линиите кои ги одвојуваат
правоаголните форми на сликите се многу тенки и имаат сива боја, а не
црна како воподоцнежните дела. Тие линии стануваат побледи како што
одат кон работ на сликата за разлика од линиите во подоцнежните дела
кои се едноставно испрекинати. Правоаголните форми, кои се значително
во поголем број, а воедно и се помали од оние во подоцнежните дела,
главно се со примарните бои, црна или сива, а многу малку од нив се во
бела боја за разлика од подоцнежните дела каде што постепено опаѓа
бројот на обоените површини, а расте бројот на белите.

7
Paul Overy, De Stijl, Studio Vista, 1969, стр. 102
9
Контракомпозицијата IV претставува уште еден пример на сличности
од Ван Дубсгурговите подоцнежи дела и Мондријановите „решеткаси“
дела. Како и кај Контракомпозицијата XII, линиите кај Мондријановите
подоцнежни неопластицистички дела биле потенки и испрекинати, а
постоеле и повеќе полиња на кои преовладувале три бои (цина, жолта и
црвена) и бела како што Мондријан се повеќе стареел.

Мондријан со своето враќање во Париз и преминувањето на


наеопластицизмот ја постигнал својата тогашна цел, односно ги
престигнал Брак и Пикасо и станал најапстрактниот сликар на тоа доба.
Но, после овој период следел периодот на депресија. Мондријан во 1920
година сакал, но примерот на Ван Гог, да го напушти Париз и да отиде на
југот на Франција. Тогаш на Ван Дусбург му рекол дека својата кариера
сака да ја заврши со проштална изложба, а потоа да отиде во јужна
Франција. Сепак, на крајот Мондријан одлучил да остане во Париз.8

Последната Мондријанова слика е Виктори Буги Вуги (Victorz Boogie


Woogie). Оваа слика е недовршена поради неговата смрт и истата е
направена на ромбоидно платно. Сликата се држи до Мондријановиот
стил на прикажување на музиката на платно и така е правена во ист стил
како и Бродвеј Буги Вуги (Broadway Boogie Woodie). Пваа слика, иако
работена во ист стил, е значително покомпликувана и покомплексна од
претходната. Формите и се значително, неправилни, а сликата содржи
многу повеќе квадрати и правоаголници кои ги прекинуваат основните
линии на сликата. Некои од линиите на сликата дури се направени и со
нижење на неколку квадрати од разни бои. Формите кои ги пополнуваат
празнините помеѓу линиите се уште побројни, покомплицирани и погусто
распоредени. Оваа слика сигурно е најдинамичната слика на Мондријан
поради наведеното користење на боите на мали простори и во поголеми
количини. Сите тие форми на сликата се одвоени до точка каде што
линиите и точките едвај се разликуваат една од друга што дава впечаток на
ефект на трепкање.9

Со своите теоретски ставови и методи Пит Мондријан извршил многу


големо влијание на апстрактното сликарство, на рационалистичкаа

8
Marty Bax, Complete Mondrian, Lund Humphries, 2001, стр. 393
9
Ibidem, стр. 411
10
архитектура и на примарната уметност. Некои холандски архитекти
конструираат во просторот волумени се како на Мондријановите слики.
Крајните поедноставени архитектонски волумени се сведени на основните
форми, додека површините се обоени со примарните бои. Епигоните на
неговиот геметризам автоматски ги повторуваат обоените квадрати како
една од помодните ликовни спекулации.

Револуционерната и геометриска естетика на неопластицизмот


можела да се сфати и како антиументост поради одбивањето на било какви
сликарски и естетски форми од минато. Самиот Мондријан исведувал
визуелно олабавување на решетките со што би создавал впечаток на
привидна динамичност на своите слики.

Заклучок

Неопластицизмот како активно движење траел 14 години, од 1917 до


1931 година. Тој во основата се карактеризира со работата на три уметника,
сликарите Пит Мондријан и Тео ван Дусбург и архитектот Ферит Ритфелд.
Движењето настанало како спојување на два поврзани начини на
размислување. Тоа биле неоплатонистичката фолозофија на

11
математичарот д-р. Метју Шенмекерс и „примената“ архитектонска
концепција на Хенрик Петрус Берлаге и Френк Лојд Рајт. Со своите
теоретски ставови и методи Мондријан извршил многу голео влијание на
сликарството со апстрактното изразување и доживеал епигоните на
неговиот геометризам автоматски да ги повторуваат обоените квадрати
како еден од постмодерните ликовни спекулации. Што се оденсува до
неговите ликовни дела, атмосферата на поствоениот Париз на уметниците
им овозможила поголема слобода, што самиот Мондријан ја користел за да
ја прифати апстракцијата до крајот на животот. Мондријан со своето
враќање во Париз и преминувањето на неопластицизмот ја постигнал
својата тогашна цел, односно ги престигнал Брак и Пикацо и станал
најапстракниот сликар на тоа доба. Со своите теоретски ставови и методи
Пит Мондријан извршил многу големо влијание на апстрактното
сликарство, на рационалистичката архитектура и на примарната уметност.
Некои холандски архитекти конструираат во просторот слично како на
Мондријановите слики.

Илустрации

12
Слика 1

Слика 2

13
Слика 3

Слика 4

Список на илустрации
14
Слика 1: Пит Мондријан, Композиција 2 во Црвено, Сино и Жолто, 1930

Слика 2: Пит Мондријан, Виктори Буги Вуги, 1924-44

Слика 3: Пит Мондријан, Бродвеј Буги Вуги, 1942-43

Слика 4: Пит Мондријан, Композиција 10: Пјер и океанот, 1915

Користена литература
15
Marty Bax, Complete Mondrian, Lund Humphries, 2001

Mathieu Schoenmaekers, Het nieuwe wereldbeeld, C.A.J. van Dishoeck, 1915

Michael White, De Stijl and Dutch Modernism, Manchester University Pres,


2003

Paul Overy, De Stijl, Studio Vista, 1969

Susanne Deicher, Mondrian, Taschen, 1999

Toro Asan, Futurism, Impressionism, Fauvism, Dadaism, Neo – plasticism,


Tokyo, 1978

Hans Jaffe, De Stijl, Harry N. Abrams, 1967

16

You might also like