You are on page 1of 11

Ренесанса

РЕНЕСАНСА е културно движење кое се поврзува со оживувањето на


учењето основано врз класични извори, развојот на линеарната перспектива во
сликањето и постепената, но распространета образовна реформа. Најчесто,
поради оваа интелектуална преобразба ренесансата се смета за мост
помеѓу средниот век и новиот век.
Ренесансата најверојатно е најдобро позната по
сиот развој во уметноста и по придонесите на
учените луѓе како Леонардо да Винчи и
Микеланџело
Леонардо да Винчи
Леонардо да Винчи е познат
италијански ренесансен архитект,
астроном, анатом, уметник, сликар,
изумител, вајар, ботаничар и
инженер. Tој сакал да знае сè за
природата, односно како таа работи.
Леонардо бил многу добар во
проучување, дизајнирање и
изработка на секакви интересни
работи.
Мона Лиза
Мона Лиза е слика изработена со
маслени бои врз табла од топола во
текот на 16 век од страна на
Леонардо да Винчи и е една од
најпознатите слики во западната
историја на уметноста.
Тајната Вечера
Тајната вечера е ѕидна слика во
доминиканската црква „Санта
Марија дела Грација“ во Милано,
сликана од 1494 до 1498 година.
„Тајната вечера“ го прикажува
клучниот момент на последната
вечера што Исус им го поделил на
12-те апостоли. Сликана е од
Леонардо да Винчи по порачка на
кнезот на Милано, Лудовико
Сфорца.
Витрувијански
човек
Витрувијански човек е позната
скица, изработена од Леонардо да
Винчи, околу 1490 година во еден од
неговите дневници. На сликата е
прикажана гола машка фигура во две
варијанти со раздолжени раце и нозе,
впишани во круг и квадрат. Сликата и
текстот многу често се нарекуваат
Канон за пропорциите или Човечки
пропорции и се засноваат на трудот на
прочуениот римски архитект и писател
Витрувиј.
Микеланџело
Микеланџело ди Лудовико
Бонароти Симони е италијански
ренесансен вајар, сликар, архитект, поет и
инженер кој имал големо влијание врз
развојот на западната уметност. И покрај
тоа што направил неколку „излети“, надвор
од уметноста,неговата разновидност во
дисциплните со кои се занимавал била
толку уникатна, што се смета за еден од
моделите на тоа како еден уметник на
ренесансата треба да изгледа, заедно со
неговиот пријател Леонардо да Винчи.
Пиета
Пиета од Микеланџело е мермерна
скулптура во Базиликата Свети
Петар во Ватикан, и таа е прва и
најпозната од неколку скулптури од
Микеланџело на истата тема.
Создавањето
на Адам
Создавањето на Адам e една од
деветте сцени на таванот на
Систинската капела. Оваа фреска денес
е една од најпознатите слики на светот.
Сликањето на таванот на Систинската
капела, која е наречена така според папа
Сикст IV, кој дозволил таа да се
изгради, а ја нарачал папата Јулиј II, го
насликал Микеланџело, од 10 мај 1508
година до 31 октомври 1512 година.
Статуата на
Давид
Микеланџело во 1504 година го
завршил своето најпознато дело,
Статуата на Давид. Ова ремек-
дело, изработено од мермерна плоча
од каменолом во Карара, на кое
претходно веќе се работело, одново
ја потврдува еминентноста на
Микеланџело како вајар, неговата
посебна техника и моќта на
фантазијата.

You might also like