You are on page 1of 7

УМЕТНОСТА ВО БАРОКОТ

(ЗЛАТЕН ПЕРИОД)

БАРОК И КЛАСИЦИЗАМ – РЕАЛНА СПРОТИВСТАВЕНОСТ


ШПАНСКА УМЕТНОСТ ВО 16 И 17 ВЕК

Изработила: Горјана Наумовска II 1


СУГС Јосип Броз Тито

1
УМЕТНОСТА НА БАРОКОТ – ЗЛАТЕН ПЕРИОД
Барокот е стил во архитектурата, музиката, танцот, литературата, а првенствено во
сликарството, кои ја доживуваат својата појава во Европа од почетокот на 17 век до
1740-тите односно до првите децении од 18 век. Се појавил во Рим, а потоа брзо се
раширил во Франција, северна Италија, Шпанија и Португалија, за потоа да се прошири
и во Австрија, јужна Германија и Русија. До 1730-тите години, барокот веќе еволуирал
во Рококо. Рококо стилот бил доминантен во Франција и Централна Европа до крајот
на 18 век. На териториите на шпанското и португалското царство, вклучувајќи го
целиот Пиринејски Полуостров, барокот продолжил да доминира заедно со новите
стилови, сè до првата деценија на 19 век.
Зборот барок доаѓа од од португалскиот јазик и значи бисер со неправилна форма.
Барокот се појавил како одговор на општествените случувања, односно големи
општествени промени. Се случуваат многу големи научни откритија, со што се
менуваат дотогашните погледи и сфаќања луѓето. Новата филозофија доведува до
сомневање, до можност за истражување и отварање на нови погледи на луѓето, а со
тоа и создавање на услови за нов правец во уметноста.
Барокот се појавил по ренесансната уметност и маниризмот, а му претходел на стилот
Рококо, кој во минатото е нарекуван и "доцен барок". Појавата на барокот како нов
правец во уметноста бил охрабрен од католичката црква како средство да се
спротивстави на едноставноста и штедењето на протестантската архитектура, уметност
и музика, иако лутеранската барокна уметност се развила и во делови од Европа.
Барокниот стил користел контраст, движење, бујни детали, длабока боја,
величественост, се со цел да се постигне чувство на страхопочит.
Благодарение на барокот, денес можеме да уживаме во прекрасните уметнички дела
создадени од Рембрант и Рубенс, Караваџо и Корачи. Mожеме да уживаме во
барокната архитектура во Венеција, Рим, Виена, Краков и низ многу други градови во
Европа.

БАРОКОТ ВО ИТАЛИЈА – МЕЃУ РАЗУМОТ и ЕМОЦИИТЕ


Барокот за првпат се појавил во Рим, и тоа на фасадата на црквата Гесу во 1584 година.
Во 17 век тоа не било ништо чудно според подоцнежните барокни стандарди, но во
1584 година, фасадата на оваа црква била вистински новитет. Подоцна, и
внатрешноста на оваа црква била украсена во барокен стил. Во Рим во 1605 година,
папата Павле Петти станал првиот од серијата папи кои нарачувале базилики и цркви,
дизајнирани да инспирираат емоции и страхопочит преку формите на градбата,
вметнувајќи богатство на бои и драматични ефекти во внатрешноста. Стануваат
фасадите можеби на моменти и пренакитени, но тоа било одговор на умереноста и
урамнотеженоста која претходно владеела. Свештениците нарачувале вакви богати
фасади за да ги привлечат верниците и тие да се чувствуваат пријатно во верските
објекти. При сликањето на внатрешноста на црквите се напуштаат елементите на

2
триаголник, а се внесуваат реалистични елементи при сликањето, се црта мртва
природа (Караваџо).

АРХИТЕКТУРА
Меѓу највлијателните споменици на раниот барок биле фасадата на базиликата Свети
Петар во Рим која се градела од 1606-1619. Новиот дизајн создал драматичен контраст
помеѓу куполата и непропорционално широката фасада, и контрастот на самата фасада
помеѓу столбовите. Од средината до крајот на 17 век барокот го достигнал својот врв,
кој бил наречен Висок барок. Многу монументални дела биле нарачани од страна на
папата Урбан VIII и Александар VII. Скулпторот и архитект Џан Лоренцо Бернини
работел во базиликата Свети Петар во Рим и го дизајнирал огромниот бронзен
Престол на Свети Петар. Исто така е креатор на балдахинот на Свети Петар. И двете
изведби и ден денес се воодушевувачки за туристите и верниците. Бернини е тој што
ги дизајнирал и скалите на Ватикан. Со еден збор, тоа што денес можеме да го видиме
и доживееме во базиликата Свети Петар и воопшто во Ватикан, се огромна заслуга на
Бернини.

Престолот на Свети Петар Балдахинот на Свети Петар


Друг голем иноватор на италијанскиот висок барок бил Франческо Боромини, чија
главна работа била црквата Сан Карло але Куатро Фонтане или Свети Карло од

3
четирите фонтани која била градена од 1634-1646. Главниот простор на црквата бил
овален, под овална купола. Насликаните тавани, преполни со ангели и светци и
архитектонски ефекти биле важна карактеристика на италијанскиот висок барок.
Стилот се раширил брзо од Рим во други региони на Италија. Се појавил во Венеција, и
тоа со изградба во црквата Санта Марија дела Салуте која била градена од 1631-1687
од дотогаш непознатиот архитект Балдасар Лонгена. Изградил висока оригинална
осмоаголна форма на црква, крунисана со огромна купола. И ден денес оваа црква
изградена во времето на Црната чума, е една од најубавите објекти кои го красат
Големиот Канал во Венеција. Местоположбата, архитектурата, внатрешноста на
црквата, приказната за оваа црква ја прават можеби и најпривлечна локација за
туристите во Венеција.

Црквата Санта Мариа Делла Салуте

БАРОК И КЛАСИЦИЗАМ – РЕАЛНА СПРОТИВСТАВЕНОСТ

ШПАНСКА УМЕТНОСТ ВО 16 И 17 ВЕК


Католичката црква во Шпанија, особено језуитите, биле движечка сила на шпанската
барокна архитектура. Првата голема работа во овој стил била капелата Сан Исидро во

4
Мадрид, започната со изградба во 1643 година од Педро де ла Торе. Таа е
спротивставеност од екстремно богатство на орнамент на надворешноста со
едноставност во внатрешноста, поделена на повеќе простори. Користени се ефекти на
светлината за да се создаде чувство на мистерија. Понатаму се продолжило со
Катедралата во Сантијаго де Компостела која била модернизирана со серија барокни
додатоци кои се започнати на крајот на 17 век. Катедралата и денес е многу важен
центар за верниците и за Католицизмот. Почнувајќи со силно украсена камбанарија,
заградена со две уште повисоки и поукрасени кули, наречени Обрадорио. Друга
знаменитост на шпанскиот барок е кулата на капелата на палатата Сан Телмо во
Севиља од Леонардо де Фигероа. Со навлегување на барокот на пиринејскиот
полуостров, се создало кохезивно делување на барокот со елементите на готското и
маварското наследство.

Катедрала во Сантјаго де Компостела

СЛИКАРСТВО
Во Шпанија се појавиле неколку сликари, од кои најважен е Диего Веласкез. Бил
главен уметник во дворот на шпанскиот крал Филип IV. Бил најзначаен уметник во
Шпанија и во Португалија, во шпанското Златно доба. Тој бил индивидуалистички
уметник на современиот барокен период. Сликал со послободен начин кој се
карактеризирал со смела четка. Покрај бројните изведби на сцени од историско и

5
културно значење, ги има насликано портретите на шпанското кралско семејство.
Негово најзначајно дело е Дворските благороднички или на шпански Лас Менинас.
Влијаел на работата на многу уметници, вклучително и на Пабло Пикасо.

Лас Менинас
Друг значаен сликар е Франциско де Зурбаран. Има направено многу дела, меѓу кои
најзначајно е Апотеозата на Свети Томас Аквински. Насликана е во 1631, првично
насликана за Доминиканскиот колеџ во Севиља, но сега е во Музејот на ликовните
уметности во Севиља. Делото го покажува свети Тома Аквински како се искачува на
Небото, каде се Христос, Богородица, апостолите Павле и Свети Доминик, а светиот
Дух се спушта врз него во форма на гулаб.

6
Апотеозата на Свети Томас Аквински

Последен во низата значајни уметници од периодот на барокот во Шпанија е


Бартоломеј Муриљо. Иако е најпознат по своите религиозни дела, Муриљо,
израбоувал значителен број слики на жени и деца. Овие живи, реалистички портрети
на цветни девојки, деца и просјаци, претставуваат голема и привлечна евиденција за
секојдневниот живот на неговото време. Тој, исто така, насликал два автопортрети, од
кои еден се наоѓа во Лондонската Национална галерија.

Светото семејство со малата птица

You might also like