You are on page 1of 11

СОУ „ Коле Нехтенин” – Штип

„ Архитектурата во средниот век и ренесансата”

Ментор: Изработиле:

Митре Зашков Тоше Гацов

Иван Стоилковски

Никола Митев

Стефан Петров

Бобан Трајковски

Датум

02/ 06/ 2019


Ренесансна архитектура
Период во историјата на архитектурата меѓу раниот XV и XVII век во различни
региони на Европа, во која имало свесно заживување и развој на одредени
елементи од грчката античка и римска мисла. Стилски, ренесансната архитектура
ја следи готската архитектура, а подоцна е наследена од барокната архитектура.

Ренесансниот стил го става акцентот на симетријата, пропорцијата, геометријата


и регуларноста на деловите како што се покажани во архитектурата на античкото
време, особено во старата римска архитектура од која останале многу примери.

Уредените аранжмани на столбовите, пиластрите и надвратниците, како и


употребата на полукружни сводови, хемисферични куполи, вдлабнатини и мали
згради-храмови ги замениле посложените пропорционални системи и
неправилните профили на средновековните градби. Развиен прво во Фиренца со
делата на Филипо Брунелески, кој се смета за еден од неговите зачетници,
ренесансниот стил многу бргу се проширил и во другите италијански градови, а
потоа во Франција, Германија, Англија, Русија и други места.

Храмот на Сан Пјетро во Монторио, Рим, 1502, од Браманте. Овој мал храм го обележува местото
каде Св. Петарбил казнет со смрт.
Карактеристики на Ренесансната архитектура
Очигледните главни одлики на класичната римска архитектура биле освоени од
страна на ренесансните архитекти. Сепак, со текот на времето се промениле
формите и намените на зградите, исто како што се сменила и структурата на
градовите. Меѓу најстарите градби на преродениот класицизам биле цркви, такви
какви што Римјаните никогаш немале изградено. Ниту пак постоеле модели за
типот на живеалишта во големите градови, кои биле барани од страна на богатите
трговци од XV век. Спротивно на тоа, немало интерес за огромни спортски објекти
и јавни бањи, какви што Римјаните имале изградено. Античката подреденост била
анализирана и реконструирана за да служи за нови цели.

Неискористениот план на Рафаел за црквата Св. Петар

План

Плановите на ренесансните згради имале правоаголен, симетричен изглед, во кој


обично пропорциите се базирале на еден модул. Во рамките на една црква,
модулот е широк колку еден страничен брод. Потребата дизајнот на планот да се
интегрира со фасадата била претставена како проблем во делото на Филипо
Брунелески, кој никогаш не бил во можност овој аспект да го спроведе во
реализација. Првата зграда која го демонстрира ова е Св. Андреја во Мантова од
Алберти. Развојот на планот во световната архитектура ќе започне во XVI век и ќе
кулминира со работата на Паладио.
Фасада

Фасадите се симетрични околу нивната вертикална оска. Црквените фасади


генерално се надвиснати со фронтон и организирани со систем од пиластри и
сводови. Столбовите и прозорците покажуваат редослед кон центарот. Една од
првите вистински ренесансни фасади е Катедралата во Пиенца(1459- 1462), која
се препишува на фирентинскиот архитект Бернардо Гамбарели (познат како
Роселино). Можно е и Алберти да имал мал удел во нејзиниот дизајн. Станбените
згради често биле надвиснати со корниз. Постоело редовно повторување на
отворите на секој кат и централно поставената врата е обележана со напис како
балкон или рустикална бордура. Еден ран и многу копиран прототип била
фасадата за Палацо Рушелаи (1446 и 1451) во Фиренца со три забележани
пиластри.

Св. Агустин, Рим, Џакомо ди Пјетрасанта, 1483


Столбови и пиластри

Во римската подреденост на столбовите се употребени: тосканскиот, дорскиот,


јонскиот, коринтскиот и композитниот тип. Подреденоста може да биде
структурална, поддржувајќи аркада или архитрав, или чисто декоративна,
поставена наспроти ѕид во форма на пиластри. За време на ренесансата,
архитектите се стремеле да користат столбови, пиластри и первази како
интегриран систем. Една од првите згради која користи пиластри како интегриран
систем е Стара Сокровишница (1421-1440) од Брунелески.

Класични редови - гравура од „Енциклпедија том 18.“ (XVIII век.)

Лакови

Лаковите се полукружни или (во маниристичкиот стил) сегментални. Лаковите


најчесто се користеле во аркади, поддржани на столбови или столбови со
капители. Може да има дел од перваз помеѓу капителот и свиокот на лакот.
Алберти бил еден од првите кој го употребил лакот за монументална скала на Св.
Андреја во Мантова.
Сводови

Сводовите немаат ребра. Тие се полукружни или сегментални, за разлика од


готските сводови кои најчесто се правоаголни. Сводот во форма на буре повторно
се враќа во архитектонскиот речник како кај Св. Андреја во Мантова.

Куполи

Куполата била доста застапена, и како многу голема структурна карактеристика


видлива само од надворешноста и како средство за покривање помали простори
видливи само од внатрешноста. Куполите ретко биле користени во средниот век,
но по успехот на куполата во дизајнот на Брунелески за црквата Санта Мариа Дел
Фиоре и неговата употреба во планот на Браманте за црквата Св. Петар (1506)
во Рим, куполата станала неопходен елемент во црковната архитектура, а
подоцна и во секуларната архитектура, како кај вилата Ротонда на Паладио.

Куполата на црквата Св. Петар, Рим. Волганг Штук, 2004


Плафони

Покривите се опремени со рамни или вдлабнати плафони. Не се отворени како во


средновековната архитектура. Често се обоени или декорирани.

Врати

Вратите обично имаат правоаголни горни греди. Можат да бидат поставени во


лакот или прицврстени со триаголен или сегментален корниз. Отворите кои
немаат врати се вообичаено заоблени и често имаат голем или декоративен
темелник.

Прозорци

Прозорците можат да бидат поврзани и поставени во рамките на еден полукружен


лак. Може да имаат правоаголни горни греди и триаголни или сегментални
корнизи, кои често се користеле наизменично. Симболична во овој поглед е
палатата Фарнезе (1517) во Рим. Во маниристичкиот период, понува да се
употребува “Паладијанскиот” лак, користејќи мотив од високи полукружни отвори
на врвот обградени со два долни правоаголни отвора. Прозорците се користат за
да се даде поглед, да се внесе светлина во градбите и во домашната архитектура.
Витражот иако понекогаш користен, сепак не е карактеристичен.

Предворјето на палатата Стоци, Фиренца


Ѕидови

Надворешните ѕидови генерално се од високо довршена камена ѕидарија,


поставена во хоризонтални редови. Надворешните агли на зградите често се
потенцирани со грубо изработени ќошиња. Приземјето и подрумите биле често
грубо изработени по примерот на палатата Медичи Рикарди (1444-1460)
во Фиренца. Внатрешните ѕидови се глатко малтерисани, а површинскиот слој е
во бела-креда боја. Кај поформалните простори, внатрешните површини се
украсени со фрески.

Детали

Предметите, украсите и сите декоративни детали се изрезбарени со голема


прецизност. Изучувањето и усовршувањето на деталите на антчките Римјани бил
еден од важните аспекти на ренесансната теорија. Различни редоследи бараат
различни групи на детали. Некои архитекти биле построги од другите во
употребата на класичните детали, но исто така постоел и добар дел на изуми во
решавањето на проблемите, особено со аглите. Лајсните се издвоени околу
вртатите и прозорците, наместо да бидат вградени како во готската архитектура.
Извајани фигури биле сместени во вдлабнатини или поставени на столбови. Тие
не се составни делови на градбата како во средновековната архитектура.
Средовековниот градител
Во Европа, како во античкиот, така и во средовековниот период, градбите не биле
препишувани на одредени индивидуи и имињата на архитектите биле често
непознати,и покрај големиот број на религиозни објекти кои датираат од тој
период.Во текот на средовековниот период, занаетчиите формирале здруженија
за да си ја организираат трговијата, чии пишаните договори опстанале, особено
оние поврзани со црковните објекти.Улогата на архитектот најчесто била онаа на
висококвалификуван ѕидар, или, како што понекогаш се опишуваат во
современите документи “Magister lathomorum”.

Notre Dame во Париз, Франција. La Rotonda (1567), во Италија од Palladio.

Ренесансата и архитектот
Со ренесансата и нејзиниот нагласок на поединецот и човештвото, наместо на
религијата, и со целиот нејзин развој и достигнувања, започнало ново поглавје.
Градбите биле припишувани на посебни архитекти – Брунелески, Алберти,
Микеланџело, Паладио – и култот на поединецот започнал.

Сепак, не постоела јасна граница помеѓу уметник, архитект и инженер, или било
кој друг од сродните струки и често, називот бил регионална привилегија. Во оваа
фаза, сѐ уште било возможно за еден уметник да дизајнира мост, но
структуралните пресметки биле во рамките на делокругот на генералистот.
Користена литература
1. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D1%80%D1%85%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BA
%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0#%D0%A1%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BE
%D0%B2%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_
%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB
2. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B0%D0%BD
%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BA
%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0
Содржина
1. Ренесансна архитектура........................................................................стр. 1
2. Карактеристики на Ренесансната архитектура ...................................стр. 2 – 7
a. План..............................................................................................стр. 2
b. Фасада..........................................................................................стр. 3
c. Столбови и пиластри...................................................................стр. 4
d. Лакови...........................................................................................стр. 4
e. Сводови........................................................................................стр. 5
f. Куполи...........................................................................................стр. 5
g. Плафони.......................................................................................стр. 6
h. Врати.............................................................................................стр. 6
i. Прозорци.......................................................................................стр. 6
j. Ѕидови...........................................................................................стр. 7
k. Детали...........................................................................................стр. 7
3. Средновековен градител........................................................................стр. 8
4. Ренесансата и архитектот......................................................................стр. 8
5. Користена литература............................................................................стр. 9

You might also like