You are on page 1of 10

Романика

Романска архитектура
• Романска архитектура (од лат. romanus — римски)
или романика  е архитектонски стил кој се развил
во средновековна Европа и се карактеризира со својот масовен
квалитет, дебели ѕидови, кружни куполи, сводови и високи
кули. Стилот се појавил на почетокот на XII век, а се развил
истовремено со готскиот стил, кој пак се карактеризира со
шилести куполи. И покрај тоа што не постои официјален
период за започнувањето на овој стил, може да се каже дека се
појавил, дури во периодот од VI до X век.
• Во романската архитектура, секоја градба има своја определен
симетричен облик. Во текот на периодот на развој на стилот
биле изградени многу палати, цркви и други објекти.
Развој и карактеристики
• Развојот на романската архитектура бил засилен
со завршувањето на христијанизацијата во
Европа, по што на верниците им требало
простор во кој би можеле да се состануваат за да
вршат литургиски обреди и проповеди.
• Овој архитектонски стил се карактеризира со
устојчив облик на градбите, црвстина и сила. Се
граделе два вида на
градби: базилики и ротонди. И двата облика
потекнуваат одкорене античката архитектура.
Базилика
• Базиликата била во правоаголен облик и била
поделена на повеќе кораби, од кои централниот
бил највисок и најширок. На источната страна се
наоѓала полукрижна апсида, во чијашто средина се
наоѓал олтарот, од кој се служел обредот.
Внатрешноста била осветлена од светлината која
продирала низ прозорците на горниот дел од ѕидот.
Таквото осветлување било наречено „базиликално
осветлување“.
• Составен дел од градбите биле и кулите, кои биле
градени во западниот дел од градбата.
Базиликата Сен Реми во Ремс
Ротонда
• Ротондата, исто така била едноставна градба со
кружен облик, чиј кров бил во облик на конус.
Карактеристична е за средновековната уметност,
додека во римската архитектура се употребувала
како надгробен споменик.
• Христијаните граделе ротонди на местата на кои се
потсеќале на главните настани од животите
на светците и нивната маченичка смрт.
• Имало ротонди со една, но и со повеќе апсиди.
• Осто во овој период карактеристични градби биде и
црквите и замоците.
Ротонда од црквата Света Катерина
во Знојмо
Цркви и замоци
• Карактеристични романски градби биле бендиктинските манастири, во чии
рамки неодвоен дел била базиликата.
• Во склад со романската архитектура, биле градени и световни објекти, како што
се замоците. Замокот содржел одбранбен систем, односно ѕидини кои служеле
за одбрана од непријателот, а секој замок содржел и палата.
• Салцбуршкиот замок
• При изградбата на романските цркви и замоци се употребувало камен, но во
некои подрачја и дрво. Тешките камења биле малтерисувани, со што градбата
како целина била многу тешка. Меѓу најзначајните романски елементи спаѓаат
полукружниот лак, кој бил дел од прозорците, кои пак понекогаш биле
вградувани еден врз друг и порталите во изградбата на куполите. Биле
употребувани полукружни и вкрстени сводови кои се потпирале на два
лака. Столбовите биле украсени со капитоли. Тешките ѕидови не овозможувале
поголеми отвори.
• Внатрешноста на црквата била малтерисана и украсена со скулптури и
сликарски дела по ѕидовите со мотиви од религиозен карактер од Библијата и
животот на светците, кои на тој начинбиле приближувани до верниците, кои не
знаеле да читаат.
• Внатрешноста на замоците била едноставна и по правило била опремена со
голем ковчег, кој бил украсен и служел за седење, а во употреба биле и
едноставните елементи како кревет, маса и столица. Замоците биле осветлувани
Салцбуршкиот замок
Изработиле:
• Илина Ангеловска
• Петар Трајкоски
• Михаил Трајкоски II-4 одд

You might also like