You are on page 1of 3

Црква „Св.

Софија“ — Охрид

Марко

Црквата Света Софија во Охрид е една од најголемите цркви кои потекнуваат од средниот
век на територијата на Македонија. Оваа црква се наоѓа во стариот дел на градот Охрид и е една
од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрески.
Денес во оваа црква кое е значајно културно место се одржуваат концерти, настапи на познати
уметници од манифестацијата Охридско лето, театарски претстави и друго.

Илина

Оваа црква била изградена по големата мисија на браќата Кирил и Методиј, врз остатоците
на црква од времето на Цар Самоуил кога својата престолнина ја преместил од Преспа во Охрид.
Меѓутоа точното време кога била изградена ова црква не е утврдено затоа што нема зачувани
документи за тоа. За денешната црква се споменува дека била обновена за време на
архиепископот Лав, кој во времето од 1035 до 1056 година се наоѓал на престолот на црквата.

Бисера

На почетокот, црквата имала само една главна купола, а во XIV век било изградено
раскошното надоврешно предворје. Во времето на архиепископот Григориј, оваа црква станала и
го преставувала врвот на архитектурата во Македонија од XIV век.

Андреј

Кога Македонија потпаднала под турска власт, црквата била претворена во џамија. Сите
фрески нбиле покриени со вар, куполата на црквата била срушена. Старата олтарна мермерна
преграда со пластична декорација била отстранета. Се што потсетувало на црква било уништено и
биле додадени обележја на џамија.
Мартин П.

На почетокот на XIX век црквата се користела и како складиште за оружје.

Но, по втората светска војна, се превземале мерки за заштита на овој објект. Во 1949
година започнало чистењето на фреските, кои биле варосани од Османлиите. Истовремено било
извршено и нивно копирање за изложбата „Средновековната уметност на народите на
Југославија“ која се одржало во палатата Шајо во Париз.

Петар

Фреските биле исчистени а биле извршени и дополнителни архитектонски зафати за да се


зачува овој вреден споменик на културата на Македонија.

Живописот на оваа црква е огледало на средновековното сликарство во Македонија од


времето кога Охрид бил под власт на Цариградската патријаршија.

Црквата Света Софија е една од најубавите цркви покрај брегот на Охридското езеро, и
една од вкупно 365 црвки со кои може да се пофали градот Охрид.

You might also like