You are on page 1of 2

Ослободителните движења на балканските народи под Османлиска власт

Услови за појава на ослободителни движења

Прашања

1. Наведи ги причините кои довеле до појава на ослободителни движења кај балканските


народи
Слабеењето на Османлиското Царство, војните помеѓу Османлиската држава и европските
сили биле причините за појава на ослободителните движења на балканските народи.

2. Зошто ослободителните движења не се развиле подеднакво кај сите балкански народи?


Ослободителните движења не се развиле подеднакво кај сите балкански народи затоа што
сите балкански држави имале различна географска положба и некои од нив имале силни и
богати колонии во Европа кои им помагале за ослободителните движења.

Појава и развој на ослободителните движења

А) Грција
1. Кој имал најголемо влијание врз појавата и развојот на грчкото ослободително
движење?
Ригас Велестинлис имал најголемо влијание, кој ги повикувал Грците на бунт и бил под
големо влијание на француската револуција. Тој се залагал сите балкански народи да бидат
рамноправни, да имаат една држава а тоа да биде грчка република.
2 . Која била најсилната организација и каква била нејзината цел?
Најсилната организација била Филики Етерија (Друштво на пријатели) , формирана во
Одеса во 1814 год. Цел на оваа организација било создавање на Грчка држава.

Србија
1. Караѓорѓе Петровик и членовите на познатото семејство Ненадовиќ биле носители на
идејата за ослободување на Србија и организатори на востанието.
2. Србите за разлика од Грците немале создадено своја силна организација која би се
подготвувала за востание.

Бугарија

1. Георги Раковски кој работел на создавање услови за востание, организирал чети и


комитети,
Христо Ботев и Васил Левски кои го обединиле бугарското револуционерно и
ослободително движење во еден Бугарски револуционерен централен комитет
2. Паралелно со ослободителното движење, Бугарите започнале дејства за добивање своја
црква, и после неколку години успеале во својата намера. Султанот во 1870 година издал
ферман за создавање на Бугарска егзархија која била важна за создавањето на бугарската
држава.

You might also like