You are on page 1of 2

Басни од Македонија

Марко
Басните потекнуваат од многу одамна, од перидот кога човекот се занимавал со
лов. На почетокот басните се пееле и играле, а подоцна почнале да се раскажуваат.
Заради тоа, се смета дека се многу стари и потекнуваат од прастарите песни и игри.

Илина
Басна е литературна творба во која главна улога имаат животните, и на нив им се
препишуваат човечки особини. Басните секогаш имаат и некаква поука.

Неколку познати басни :

Бисера и Мартин
Гавран и Лисица
Гавранот грабнал однекаде едно парче месо и застанал на некое дрво. Лисицата го
видела, и со желба да дојде до месото, се доближила до гавранот и почнала да го фали :
“Ах, колку си голем и убав! Та ти треба да бидеш цар на птиците зашто само тебе ти
доликува. А тоа лесно би можело да стане, само ако имаш уште убав глас! Гавранот со
желба да се пофали дека и гласот му е убав, го испуштил месото и загракал : “Гра, гра.
Гра!”
Лисицата тогаш го грабнала месото и рекла: “Е мој гавране, глуп гавране! Се имаш, само
памет немаш!”
Петар и Андреј

Зајакот и желката
Зајакот ѝ се потсмеваше на Желката зошто беше спора.
„Стигаш ли воопшто некаде?“ Смеејќи се зајадливо, ја праша.
„Стигам,“ му одговори Желката, „и стигам побрзо одошто мислиш. Ајде да се тркаме за да
ти докажам.“
За Зајакот беше апсурдно да се трка со желката, ама од досада прифати. Па затоа
Лисицата, која се нафати да биде судија, ја обележи далечината која требаше двајцата да
ја изминат и ги испрати.
Зајакот уште на самиот почеток ја одмина Желката, па за уште повеќе да ја понижи и да ѝ
докаже колку е всушност глупава што се трка со него, легна да дремне покрај патеката. Во
меѓувреме, Желката споро ама сигурно напредуваше и по некое време го одмина и
длабоко заспаниот Зајак кој, штом се разбуди и виде дека желката е пред целта, бргу
потрча за да ја престигне, но не успеа.
Желката победи и му докажа на Зајакот дека трката не секогаш ја победуваат брзите, туку
упорните.

You might also like