You are on page 1of 3

МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА

ПОЈАВА ПЕТТА
СПАСЕ (Сам).

СПАСЕ: Ич трпи ли ме срце да седам кај овците! Нека


лежат под сенка. (Се обѕрнува). Ај к‘де се? Алиштата си ги
собрале? Да не си ошле? А, не можит да бидит. Нивава ја
остајле недожната, полозиве лежат пак и децата сега им
донесоа ручек. Мутлак се тамо, под букана, ручаат. Јас
овде ќе си поседам, ќе ‘и почекам. Али да си одам? А, не!
Не си одам дури не ја видам. Лична, лична на веков ја
немат! С о очи ке ме испиеше… Да ја посакам, кој знае
дали ќе ми ја даат? Овчар сум, пак и сирака сум; а без неа
не ќе можам да живееам. Ко срцево да ми го украде, во
умов се `та ми е. (Се вслушува; оддалеку се слуша тивко
пеење). А, пејт некој. (Се поткрева на прсти и гледа кон
кулисите).

ЦВЕТА: (Пее зад кулисите).

Легнала Ѓурѓа на мала врата,

Ѓурѓо ле, нема Ѓурѓа да станит.


Леле до бога, кучка глава не креват и тн.

СПАСЕ: Дали не е таа? Ах таа е! Нејзиниот глас се слушат!


Ах, бре пиле, али ќе ме сакаш, аџиба? Како да сторам?
Немам чоек што да ме научит! Немам мајка, немам татко,
немам род, роднина, та да ме научит, мори душо, како да
те земам! Чекај, ја да е посвирам малку, таа ако ме љубит
ќе дојдит да се видиме. (Ја засвирува на кавалот истата
песна). Татко е мајка е, ми се виѓат добри луѓе, а брат и од
нашата вера е толку речи. Јунак дете е било, сум слушал.
Да му е алал, така требит. Јунаци, јунаци требит да
бидиме, та така саде ќе се ослободиме побрго… Ќе
пуштам стројници ќе ја посакам, белки ќе ми ја даат. И
зашто да ми ја не даат… Пак не сум толку сиромав…

ЦВЕТА: (Пее поодблиску).

Донесите и првото либе

Болаки лудо, море, ќе станит.

СПАСЕ: (Потскокнува). Бреј, та` ме нагази! Што праам


сега? Ах! Ете ја. (Се крева на прсти). Колко е лична! Ах,
мори душо! Сега ќе те прашам! Али стои да и се скријам.
(Се сокрива зад кулисите. Влегува Цвета).
СТИГНАВ ДО ПОЈАВА 6ТА

You might also like