You are on page 1of 6

ЗОШТО НИ СЕ

Зошто ни се рачињата?
-Мама да ја галат.
Зошто ни се устињата?
-Мама да ја фалат.
Зошто ни се ушињата?
-Мама да ја слушаат.
Зошто ни се рачињата?
-Мама да ја гушкаат.
Очињата зошто ни се?
-Мама да ја гледаат.
Ножињата едно-две
кон мама да трчаат.
........................................................................................

КОЈ ПОМАГА

Кој на мама и помага тој е чисто злато,


така велат бабичка и дедо и тато.

Мама цел ден работи,готви,чисти мие,


таа дома последна легнува да спие.

Приборот за јадење си го измив сама,


собата ја исчистив без да знае мама.
Слушнете другарчиња,кој што прави така,
заслужува пофалба-секој ќе го сака.

КАКО ПОЗДРАВУВАМ

Ако сретнам другарче


ке му речам ЗДРАВО!
Тато ке ме пофали
браво,браво,браво.

Наутро ДОБРО УТРО


секогаш поздравувам.
Напладне со ДОБАР ДЕН
секому се јавувавм.

На вечер-ДОБРА ВЕЧЕР
секому сакам,
и често поздравувам
со крената рака.

Штом некој си легнува


и се смири звон,
обично поздравувам
ДОБАР,ЛЕСЕН СОН.

Патник кога сретнувам


го сметам за брат,
со поздрав го испаракам
СРЕКНО!ДОБАР ПАТ!

Сто полжави
Сто полжави цела чета
низ шумата смело шета.
Командант е дебелиот
најстариот,најсмелиот.
Сите одат храбро в слога,
секој носи по два рога.
Па мецана нека пази
чија трева другпат гази.

Страчка каша варела


Страчка каша варела
од јачмен и просо,
а косот крај огнот
си го чепкал носот.
Како што ми изгледа
овој глупав кос,
во животот не видел
шамивче за нос!
Штурецот и мравките

Стегна лута зима,


ветрот фучи,коси,
дрвјата ги корне
и студ голем носи.
А штурчо е гладен,
глад го мачи пуста,
три недели ништо
тој не ставил во уста.

Кај мрaвката појде


-Ке те молам прости,
гладен сум и смрзнат,
ти дојдов на гости.
Дај ми житно зрно
малку да се згреам,
а штом дојде лето
песни ке ти пеам.

Јас мрзливи гости


не сакам да примам,
зошто храна дома
и јас малку имам.
Кој како си сее,
тоа ке си жнее,
а ако беше вреден,
нема да си беден.
Мрзливиот штурчо
патот си го фати
и гладен,
и тажен
дома си се врати.
ЦРЕШИ

Нашите цреши
многу се зрели.
Има и црвени
има и бели.
Ако е една
во уста ја ставам.
Ако се две
обетки си правам.

You might also like