You are on page 1of 5

ГАТАНКИ

Воздухот го создава, живее без тело, слуша без уши, зборува без уста (ехо)

 Со едно огниште цел свет се грее (сонце)


 Околу куќа оди, во неа влегува, а ништо не фаќа (сонце)
 Има четири нозе и плеќи, а не може да оди (стол)
 Црвен дедо заклучен седи (вино) ///
 Во едно буре две сорти вино (јајце)
 Бел чаршав цела земја покрил (снег)
 Баба зева, дедо виси (бунар и кофа)
 Прво ќе го дадеш, а потоа ќе го држиш (збор)
 Син вир дно нема (огледало)
 Ако ме употребиш ќе бидеш ти, ако ме изгребеш тогаш ќе бидеш
никој (огледало)
 Тебе ти припаѓа, а други ти го користат (име)
 Црн арап на врата виси (клуч)///
 Секогаш доаѓа, но никогаш не останува (утре)
 Долг Тодор без коски (чад)
 Немам ниту рамена, ниту грб, а носам голем товар (мост)
 Бесна кучка в гора лае (секира)
 Од куќа до куќа оди, а внатре не влегува (улица)
 Заби нема ама каса (зима)
 Црно јаже по земја се влече (мравки)///
 Тело и зборови има, а уста и глава нема (книга)
 Ум дава, а не зборува (книга)
 Сама ум нема, а на друг му дава (книга)
 Секој плаче за него, а никој не оди со него (мртовец)
 Тој што го купува не го употребува, а тој што го употребува не го
гледа (мртовечки сандак)
 Цел живот е врзана, а кога ќе ја пуштат, ја носат на колење (лубеница)
 Шарена, шарена, со рака не се фаќа (змија)
 На една нога седи, а срцето и е во главата (зелка)
 Сама баба куќа носи (желка)
 Сив сокол под земја лета (плуг)
 Црно тури, а црвено извади (железо)
 Напред оди, назад не се враќа (време)
 Колку што ги правиш, толку зад себе ги оставаш (траги)
 Бела погача на ќерамиди виси (месечина)///
 Таа беше тука уште кога постана светот, а цела се појави пред еден
месец (месечина)
 Кожата му е црна, срцето му е бело (костен)
 Околу дрво оди, а во него не влегува (кора)
 Главата в гора, опашката в море (река)
 Никнува во гора, пат сама прави, штом море ќе сретне, во него се дави (река)
 Дење и ноќе патува без да застане (река)
 Врви пред сонцето, а не прави сенка (ветер)
 Црна мечка по планина бега (магла)
 Стар дедо на ќерамиди лежи, не се помрднува (оџак)
 Гола сум, а цел свет го облекувам (игла)
 Каде и е главата нема око, каде и е окото нема глава (игла)
 Две сестри сè гледаат, а самите себе не можат да се видат (очи)
 Еве ја, ене ја, ја нема (искра)
 Ако го храниш ќе живее, ако му дадеш вода ќе умре (оган)
 Една плоча го покрива целиот свет (небо)
 Старци со бели бради не можат да се стигнат (бранови)///
 Цел ден те стега, а кога спиеш те ослободува (ремен)
 Студена змија на гуша виси (ѓердан)
 Низ него одиш, а не го гледаш (воздух)
 Крени ја – плаче, легни ја – молчи (гајда) ///
 Рикна вол во темен дол, чуја лисиците напрчија опашките (тапан)
 На свадба го канат, таму ќотек јаде, гласот му се слуша кој знае до
каде (тапан)
 По планини и полиња оди, а никогаш не мрда (пат)
 Мера нема и број нема (пат)
 Градови и села има, куќи нема, планини има, дрва нема, реки и езера има, вода
нема (мапа)
 Има две ‘рбетници и илјадници ребра (железничка пруга) ///
 Полна пештера со клинци (уста) ///
 Сив сокол свисна, земјата се стисна (мраз)
 По скалите оди нагоре и надолу, без да се движи (тепих)
 Брат и сестра се бркат и не можат да се стасат (ден и ноќ) ///
 Живо свиено со игли набиено (еж)
 На маса се ставаат, се сечат, но не се јадат (карти) ///
 Целиот дрвен во главата црвен (кибрит)
 Двајца браќа близанци, очи имаат а не гледаат, јазик имаат а не зборуваат и
двајцата заедно умираат (чевли) ///
 Повисоко од човек, а пониско од петел (капа)
 Како да ја фрлиш на нозе паѓа (мачка)
 Ти ја празниш, а таа е сè поголема (дупка)
 На сонце излегува, а на облачно се крие (сенка)
 Што е најбрзо на светов (ум) ///
 За еден е многу, за двајца доволно, а никако за тројца (тајна) ///
Гатанки

Како срце чука, бие. Постојано време вие. По потреба ти се нуди и наутро да те буди
На ѕид ил` на маса стои и секунди везден брои
часовник

Лета, на невидлив коњ јава и по некој сантиметар во висина ти става


време

Седум браќа лете растат и се зголемуваат, а пак зиме да се чудиш - тие се смалуваат
деновите од неделата

Таква мајка нигде нема - 12 деца роди за 365 дена!


година

Црно живо поточе, по земјата тече, црно живо синџирче, по ѕидот се влече.
мравки

По ќошиња нишки преде, лулашка си плете, ама штом ќе дојде мама веднаш ќе ја
смете.
Прикажи одговор 

Со два чифта крилја фини и големи очи сини, долги нозе на три ката прескокнува по
три ата. Во роеви штом ќе дојде, родот богат в неврат појде.
скакулец

На свадба го канат, а пак ќотек јаде гласот му се слуша, којзнае до каде


тапан

Мешиште надуено, в селата прочуено, гласој чудни шири, плаче но и свири.


гајда

Под зелени лисја, в сенка, на ластунка долга, тенка, везенка или жолта, бела, со вкус
на банана зрела. Штом узрее мирис шири и скарани деца мири.
диња

Личам на глава, растам во леа, од облак пијам сребрена смеа. На себе имам кошули
триста... Сказната секогаш ми е иста!
зелка
Нечија будалеста глава, на шега се нарекува така. Се јаде печена или варена, а некој
во пита ја сака.
тиква

Зимно време ве чекаме со зимско сонце и снежина а лете со зеленило и благотворна


свежина. За одмор жими ушево најдобро е во...
Крушево

Неговата вештина граници нема, со чук на железото мерка му зема.


ковач

Кој го управува авионот во облаците горе? Не го плаши бескрајот на небесното море!


пилот

Лекува болни, советува здрави и сето тоа со љубов го прави.


лекар

Тој управува со тоа чудо што се движи по две шини лудо.


машиновозач

Една мајка јато деца води, а ниедно живо не го роди.


квачка и пилиња

Везден е во вода, в бара, со сплескан клун по дното шара. Гнездо вие в шевар, в
трска, сака многу да се прска. Дал ` од радост ил` од тага постојано вели "Га-га!"
пајка

В бразда јајца несам секој вика, плуска "Ај, глупава ли е оваа наша..."
гуска

Бело знаменце, бело никнало расте под снегот, со него уште во зима пролетен
станува брегот.
кокиче

Над кошула, блуза, џемпер го носиме често. Во секоја гардероба има важно место.
палто

Китна плетка баба плете од шарена волна, да ја грее внучката да не биде болна.
џемпер

Сочна, зрела, жолта, ќе ти заслади душа. И дрвото и плодот се викаат...


круша

Ора, коси, бревка, бучи, кола влече, а коњ не е, бразди рие, ама може и да ора и да сее
трактор

Летам бргу, како ветер ти ме знаеш драго дете, побрз јас сум и од орел и над облак
летам горе, бучам силно, небо дерам оти јунак смел ме тера.
авион

Над него планина лична, околу полиња плодни. Во градот фабрики многу и дуќани
убави, модни Така го фали Никола градот свој, бабам...
Битола

You might also like