You are on page 1of 5

„Бумбаров лет“

Николај Римски Корсаков

Николај Римски Корсаков (Nikolaj Rimski-Korsakov 1844-1908) е познат руски композитор.

Во своите дела користел фолклор, народни легенди и приказни. Впечатоците од природата ги искажувал преку
различна инструментална боја. Така ја напишал оркестарската композиција „Шехерезада„ и операта „Приказна
за царот Салтан“.

„Бумбаров лет“

Оваа позната и виртуозна

мелодија го претставува летот на бумбарот

Се изведува на многу инструменти: пијано,

кларинет, флејта, саксофон, хармоника и други.

Користејќи ги музичките

изразни средства: постојани и постапни промени на брзината и јачината на обоениот звук и мелодијата со
лизгачки тонови, Корсаков направил музичка слика на патот на бумбарот до царскиот дворец.
Кога царот Салтан сака да го протера тој инсект, се создава вознемиреност иако во композицијата изобилува
ведрина, младешка сила, среќа, радост и неизвесност. Забележителна е возбудата на слушателот бидејќи
композиторот не ги дистанцирал човечките чувства на Гвидон претставени во ликот на бумбарот.

Задачи:

1. Воочи и именувај го видот на темпото на композицијата.

2. Измери го темпото со метроном.

„Турски марш“

Волфганг Амадеус Моцарт

Дознај повеќе:

Малиот Моцарт настапувал на многубројни концерти. Патувал низ Европа со својот татко и постарата сестра.
Публиката се восхитувала на генијалноста на малиот изведувач и композитор поради што бил наречен „чудо од
дете“.

Покрај пијаното многу добро свирел и на виолина. Детската безгрижност и веселиот темперамент се одлика на
неговото рано творештво.

За време на неговиот краток живот неуморно и брзо творел, мотивиран од се што го опкружува.

малиот Моцарт

„Турски марш“ III став-дел од Соната за пијано


Турскиот марш започнува со милозвучна распеана мелодија во мол, по која следи мелодија која има ведар,
маршовски карактер во дур и умерено темпо.

Мелодијата на „Турскиот марш“ е една од најпопуларните мелодии денес. Со голем интерес ја изведуваат и
слушаат и децата и возрасните.

работната соба на Моцарт

Марш е композиција во дводелен такт со нагласен ритам. Најчесто се свири на свечености каде се движат
свечени поворки на цивили или војници, во придружба на барабанчиња и дувачки инструменти.

Задачи :

1. Поделете се на групи (девојчиња и момчиња) и движете се со чекори соодветни на ритамот и


ритамот на мелодијата (девојчињата- мол, момчињата-дур).
Адаџо

Т.Ѓ. Албинони

Томазо Албинони

Томазо Албинони (1671-1751 година), е италијански композитор и виолинист. Живеел и


творел за време на музичката епоха - барок. Напишал голем број оперски дела, со кои се
прославил и оставил белег во музичкото творештво. Инструменталните композиции и денес се
предизвик за изведба и се наоѓаат на репертоарот на многу музички интерпретатири.

Особено се истакнуваат и може да се издвојат неговите концерти за обоа.

Обоа е музички инструмент кој припаѓа на групата дрвени дувачки инструменти.

Најпопуларното и најизведуваното негово дело е композицијата Адаџо во g-moll.

Адаџо во g-moll.

Во оваа композиција главен впечаток остава прекрасната мелодија во бавно темпо која
побудува чувство на тага, нежност, револт, восхит... За истата композиција се направени
аранжмани за различни видови оркестри и инструменти.

Активности:
1. Одреди го темпото на композицијата;

Објасни ја поврзаноста на темпото со карактерот

You might also like