You are on page 1of 7

 Точното наведување на туѓите мисли се вика

директен говор.
Сите радосно извикаа : „ Утре ќе одиме на
театар!“

Кога туѓите мисли ги пренесуваме со свои


зборови, тогаш употребуваме индиректен
говор.

Сите радосно извикаа дека утре ќе одат


на театар.
 Препиши ги следниве реченици, а потоа
стави ги интерпункциските знаци за да го
означиш директниот говор.

Маја ми предложи Попладне дојди кај нас.

Тогаш кралицата праша Оглаедалце,


огледалце кажи ми кој е најубав на светот?
Директниот говор во речениците може да се запише на 3 начини:
На крајот од реченицата напишана во директен
говор прво се пишува прашалник, извичник или
три точки, а потоа се затвараат наводниците. Кога
реченицата завршува со точка се пишуваат прво
наводниците , а потоа точката.

Пример:
1.Наставничката праша: „Кој ќе оди на настава во природа?“
2.Мама извика: „Не го отварај прозорецот кога има бура! “
3.„Во овој камион сум превезувал: јаболка, круши, зелки ...“ -
му кажа возачот на тато.
4.Мила напиша оглас: „ Ја менувам мојата топка за јаже за
скокање“.
ЗАДАЧА - ниво лесно
Во следниве реченици напиши интерпункциски знаци ( две точки,
цртичка и наводници) на соодветното место.
1. Коле влезе и поздрави Добар ден, бабо.
2.Сите ќе не поканиш на твојата свадба? праша синот на соседот.
3.Оваа зима рече дедо Даме не излегов од дворот потаму.

ЗАДАЧА - ниво средно


Преобрази ја оваа реченица од индиректен во директен говор.
Примени ги трите начини. Следи го дадениот пример од учебникот
на стр 117.

ЗАДАЧА - ниво високо


Измисли реченици ( 3) во кои ќе употребиш директен говор, притоа
примени ги трите изучени начини.
Учебник стр 117

You might also like