You are on page 1of 6

УЧИТЕЛОТ

Учителот, кој е тој?


Дали е тоа, оној кој почнал
аз, буки, веди
гордо да ги реди,
или оној кој сакал јазикот
граматички да го среди,
или тоа е оној кој те научил
зборовите вака да ги редиш?

Да, тоа се сите тие:


Кирил и Методиј,
Климент и Наум,
Мисирков и Конески.
Тоа сте сите вие,
а за писменоста што ни ја дадовте,
бескрајно благодарни сме ние.

Ангела Ангелеска VIа одд.


О.У. Елпида Караманди-Битола
Ментор: Сузана Петковска
e-mail: angela2010angeleska@gmail.com
Чувари

Вие што го чувате споменот на мојата младост,


на мојот занес, на мојата смеа,
на мојот понесен збор,
знајте:
понекогаш сум толку жеден за вашата рака!
И ми се чини дека од само еден допир,
мек и мигновен,
сè би минало што ме боли,
би се сталожило,
и би здивнала мојата душа.
Но сепак стојте кајшто сте се нашле,
да не се видиме пак!
Ваша должност нека остане,
да не се наруши споменот каков сум бил.
Ништо друго!

Поезија од Блаже Конески


Ангела Ангелеска VIа одд.
О.У. Елпида Караманди-Битола
Ментор: Сузана Петковска
e-mail: angela2010angeleska@gmail.com
Везилка

1. 2.
Везилке, Везилке, крени наведена лика,
кажи како да се роди Погледај в небо во претпладне златно:
Проста и строга македонска песна Се шари таму и чудесно блика
Од ова срце што со себе води Твојата везба на синото платно.
Разговор ноќен во тревога бесна?
За тебе нема ни вечерен запад,
— Два конца парај од срцето, драги, Ти — морно око на трепетна срна.
Едниот црн е, а другиот црвен, Две бои таму ти горат и капат,
Едниот буди морничави таги, Две шарки твои — црвена и црна.
Другиот копнеж и светол и стрвен.
Зар не се плашиш од јаркоста нивна,
Па со нив вези еднолична низа, И најмил спомен дека ќе ти згасат?
Песна од копнеж и песна од мака, Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
Ко јас што везам на ленена риза Дните ти минат, прокоби се гласат.
Ракав за бела невестинска рака.
— И најмил спомен што в душа ми блесна
Судбинско нешто се плело за века Се гаси од нив ко цвеќе без боја.
Од двете нишки, два созвучни збора, Но ти што ловиш звук на чудна песна,
Едната буди темница што трека, Ти си ја кажа судбината своја.
Другата буди вкрвавена зора.

Поезија од Блаже Конески


Ангела Ангелеска VIа одд.
О.У. Елпида Караманди-Битола
Ментор: Сузана Петковска
e-mail: angela2010angeleska@gmail.com

You might also like