You are on page 1of 4

Везилка

Поетот со првите стихови започнува дијалог со старата иискусна везилка од која бара сопатник во потрагата за
инспирација, воизнаоѓање на соодветните зборови од кои еден по еден ке го навезеона што се нарекува проста и
строга македонска песна. Тој ја истакнувасвојата длабока вознемиреност и растрепереност и вели:

“ Везилке, кажи како да се роди,Проста и строга македонска песнаОд ова срце што со себе водиРазговор ноќен ви
тревога бесна”.

Тој го бара одговорот во прегратките на тешкото минато, во времето наголемите историски настани испреплетени со
маки и страдањаовенчани со крв и коски, со болки и солзи за изгубената слобода,изгубените надежи, згаснатите
здивови на илјадници кои го дале ипоследниот од својата земја, за своите чеда, за себе и за човечноста.

Везилката како сведок на се она низ што поминал македонскиот народму дава совет и насока и му вели да провлече
два конца од срцевината,едниот црн а другиот црвен. Црниот буди морничави таги, а црвениотсветол и стрвен копнеж.
Тука веќе е исткаена таа симболичност наовие две бои, едната како боја и белег на смртта, темнината и стравот,а
другата како повик за револуција, повик за борба, крик извишен восудбинската вкрвавена зора. Му вели да ги земе
при себе и да живеепесна од копнеж и песна од мака, стихови во чиј стожар лежисудбината, мачното, стихови кои ќе
допрат до сечие срце и ќепредизвикат чувство на бунт и разгор:“

Везилке крени наведена лика,Погледај в небо во претпладне злато:Се шити таму и чудесно бликаТвојата везба на
синото платно”. Ја храбри дека слободата е близу, дека стравот, страдањето иболките ќе минат за миг, во оној момент
кога ќе се почувствувасинилото на небото, кога ќе се појави синиот конец на дебелотоплатно. Везилката го поттикнува
и понатаму, му зборува за своитеспомени помагајќи да ја доврши својата песна, својата низа однавезени зборови кои
кријат радост и тага, живот и смрт, слобода иропство, - се како еден контраст, на една неразделна целина во
којаедното не може без другото. Му зборува дека тие две бои, црвена ицрна, тие бои на жарта се оние кои создаваат
немир и страв, се ониекои будат морници и солзи, спомени и сеќавања. А поетовото око ко натрепетна срна е она што
постојано бара чудесен звук, жариште намотиви и инспирација за своја наредна песна, за свој иден стих.Останува само
везилката, и понатаму опкружена со тие две бои, со тиедве судбини кои пополека но сигурно го пригушуваат и гаснат
секојнејзин мил спомен. Зашто таа видела слики и призор на црнило и хорор, а ние ја слушаме само вистинската
приказна за едно бурновреме.

“-И најмил спомен што в душа ми блесне,Се гаси од нив ко цвеќе без боја,Но ти што ловиш звук на чудна песна,Ти си ја
кажа судбината своја.”

тилска фигура како реторско прашање со кое бара совет одвезилката и започнува разговор со дијалошка форма на неа.
Во вторатастрофа одговорот е јасен и има симболичко прикажување. Црнатанишка го симболизира ропството, маките
и страдањата намакедонскиот народ, а црвената нишка, борбата и копнежот послобода. Има контраст:“

едниот буди морничави таги Другиот копнеж и светол и стрвен”

И вториот дел од песната е во дијалошка форма. И повторнореторско прашање и компарација за да на крајот заврши
зборувајќи засебе, за својата судбина како творец, уметник.

Основен мотив: Македонската историја претставена на вез.


Структура: 8 строфи со по 4 стиха ( катрен )
Литературен вид: Лирска песна.
Јазик: македонски поетски.
Рима: вкрстена рима ( напишете си римата, да не ви ја пишувам сега )
Песната е напишана во дијалошка форма.
Аудитивни елементи: чудесно блика, горат и капат, ловиш звук.
Визуелни елементи: срце што води разговор, се шари и чудесно блика везба на синото платно.
Епитети: проста ( песна ), строга ( песна ), тревога ( бесна ) итн...
Метафора: ти - морно око на трепетна срна.
Компарација: авторот како еднолична низа, спомен како цвеќе без боја.
Персонификација: боите горат и капат.
Везилка
Мотив: Тажната судбина на македонската везилка.

Поетски слики:

1.Раѓањето на проста и строга македонска песна.


2.Црвениот и црниот конец симбол на маката и болката н
македонската жена.
3.Еднолична низа на песна од копнеж и мака.
4.Темната и вкрвавена зора ја симболизират македонскат
5.Синото платно и блесокот во далечините,во претпладн
6.Двете бои кои капат во очите на уморната Везилка.
7.Дните минати во прокоби и мака.
8.Најмилиот спомен како цвеќе без боја.
 

Поетот со првите стихови  започнува дијалог со старата и  искусна везилка од која бара сопатник во
потрагата  за инспирација, во изнаоѓање на соодветните зборови од кои еден по еден ке го навезе она
што се нарекува проста и строга македонска песна. Тој ја истакнува својата длабока вознемиреност и
растрепереност и вели:
 “ Везилке, кажи како да се роди,
   Проста и строга македонска песна
                Од ова срце што со себе води
               Разговор ноќен ви тревога бесна”.
 
Тој го бара одговорот во прегратките на тешкото минато, во времето на големите историски настани
испреплетени со маки и страдања овенчани со крв и коски, со болки и солзи за изгубената слобода,
изгубените надежи, згаснатите здивови на илјадници кои го дале и последниот од својата земја, за
своите чеда, за себе и за човечноста. Везилката како сведок на се она низ што поминал македонскиот
народ му дава совет и насока и му вели да провлече два конца од срцевината, едниот црн  а другиот
црвен. Црниот буди морничави таги, а црвениот светол и стрвен копнеж. Тука веќе е исткаена таа
симболичност на овие две бои, едната како боја и белег на смртта, темнината и стравот, а другата како
повик за револуција, повик за борба, крик извишен во судбинската вкрвавена зора. Му вели да ги земе
при себе и да живее песна од копнеж и песна од мака, стихови во чиј стожар лежи судбината, мачното,
стихови кои ќе допрат до сечие срце и ќе предизвикат чувство на бунт и разгор:
                                                “Везилке крени наведена лика,
                                                 Погледај в небо во претпладне злато:
                                                  Се шити таму и чудесно блика
                                                  Твојата везба на синото платно”.
 
            Ја храбри  дека слободата е близу, дека стравот, страдањето и болките ќе минат за миг, во оној
момент кога ќе се почувствува синилото на небото, кога ќе се појави синиот конец на дебелото платно.
Везилката го поттикнува и понатаму, му зборува за своите спомени помагајќи да ја доврши својата песна,
својата низа од навезени зборови кои кријат радост и тага, живот и смрт, слобода и ропство, - се како
еден контраст, на една неразделна целина во која едното не може без другото. Му зборува дека тие две
бои, црвена и црна, тие бои на жарта се оние кои создаваат немир и страв, се оние кои будат морници и
солзи, спомени и сеќавања. А поетовото око ко на трепетна срна е она што постојано  бара чудесен звук,
жариште на мотиви и инспирација за своја наредна песна, за свој иден стих. Останува само везилката, и
понатаму опкружена со тие две бои, со тие две судбини кои пополека но сигурно го пригушуваат и
гаснат секој нејзин мил спомен. Зашто таа видела слики и призор на црнило и хорор, а ние ја слушаме
само вистинската приказна за едно бурно време.
 
                                                “-И најмил спомен што в душа ми блесне,
                                                Се гаси од нив ко цвеќе без боја,
                                                Но ти што ловиш звук на чудна песна,
                                                Ти си ја кажа судбината своја.”
 
            Стилска фигура како реторско прашање со кое бара совет од везилката и започнува разговор со
дијалошка форма на неа. Во втората строфа одговорот е јасен и има симболичко прикажување. Црната
нишка го симболизира ропството, маките и страдањата на македонскиот народ, а црвената нишка,
борбата и копнежот по слобода. Има контраст:
 
                                                “ едниот буди морничави таги
                                                Другиот копнеж и светол и стрвен”
 
 И вториот дел од песната е во дијалошка форма. И повторно реторско прашање и компарација за да на
крајот заврши зборувајќи за себе, за својата судбина како творец, уметник.

                                   Атрибути на ликот Мерсо од романот


„Странецот“ од А. Ками
Ликот на Мерсо од „Странецот“ на Ками, е човек на новото време. Тој е отуѓен од
општеството не прифаќајќи ги неговите норми, атеист по убедување.

Мерсо е слободен човек, со можност за слободен избор. Неговиот проблем е во сфаќањето


на таа слобода бидејќи станува незаинтересиран за сè што се случува околу него.

Според Мерсо, човековиот живот е безвреден и сеедно е како ќе се живее зашто и така
мора да се умре. За него е сеедно дали ќе ја види за последен пат мртвата мајка, дали ќе
пие кафе и ќе пуши цигари додека ѝ се оддава последна почест, дали ќе се ожени со Марија
или не. Сè му е сеедно.

Деновите ги минува незинтересирано, а кога му се пружа можност да оди во Париз и да


напредува, тој одбива.

Не сака да промени ништо во својот безначаен живот. Од здодевност го прифаќа и


пријателството на Ремон иако знае дека може да си има проблеми со законот. Прифаќа да
сведочи за него иако знае дека тоа не е вистина. Прифаќа да се замеша во тепачката иако
тоа него не го засега. И на крајот таа незаинтересираност ќе го доведе во ситуација да убие
човек. Но, тој и понатаму е рамнодушен. Не се вознемирува заради убиствито, не се
покајува, не зажалува, па дури и не размислува за тоа. Како ништо да не се случило.

Прочитај повеќе за романот „Странецот“.


И во текот на судскиот процес Мерсо е рамнодушен, не го сфаќа сериозно, не се потрудува
да каже што било во своја одбрана. Тоа што го кажува е неприфатливо за останатите луѓе
— дека заради сонцето и неподносливата горештина — убил.
Само на крајот, кога ја добива смртната пресуда, во Мерсо почнува да се буди нешто. Се
крева револтот кај него заради неможноста од избор. Пресудата е дефинитивна и конечна.
Смртта е конечна. Тогаш за првпат не му е сеедно што нема да поживее уште дваесет
години, бидејќи секогаш има шанси за нов почеток и за поинакво сфаќање на работите.

Затоа, бидејќи извршувањето на смртната казна е неизбежна, Мерсо помирувајќи се со тоа,


сепак посакува барем тогаш околу него да има многу луѓе. Да не биде сам и осамен, како
што бил целиот негов живот.

You might also like