You are on page 1of 1

Тешкото

Блаже Конески, истакнат книжевник во македонската литература и еден од најважните


кодификатори на современиот македонски литераурен јазик. Познат творец, Конески напишал
многу прекрасни дела кои се важни за македонската литература и народ. Неговите најпознати но
еднакво прекрасни творби „Тешкото Оро“ и „Везилка“ се едни од нај значајните творби во
македонската литература и за македонскиот народ.

„Тешкото Оро“ - неговата инспирација за песназа и начинот на кој Конески ги изјаснува неговите
чувства кон татковината, но истовремено прекрасно ги симболизира тешките времиња на
македонскиот народ и секојдневните маки, болки, сите тие солзи кои ги ронеле Македонците.
Творба која во стихови, преубаво ги опишува тешките векови на македонскиот народ. Орото,
симбол на тоа како низ тешките векови, нашите предци долго пролевале крв за татковината и како
успеале да ја остварат нивната желба и цел низ тие времиња, слободата. „Зурли штом диво ќе
писнат, штом тапан ќе грмне со подземен екот, во градиве зошто жал лута ме стиска, и зошто ми
иде да плачам ко дете,“ зборови на Конески кои одлично ја појаснуваат пораката што стои зад
орото уште во првите неколку стиха. Почетокот на орото е споро, тажно, како и тогашните векови.
Постојаното забрзување на орото е симбол на постојаните напори и борби за слобода кои ги
воделе Македонците поради љубов кон нивната татковина, Македонија. Крајот на орото ја
симболизира конечната слобода за која сонувале нашите предци и која ја добивме после толку
многу време.

Орото - симбол на тешките времиња, на борбите и на копнежот по слобода, но и потсетник да


бидеме благодарни за слободата која ја имаме сега и да ги почитуваме предците кои се бореле за
неа.

You might also like