You are on page 1of 1

Анте Поповски

Една од најчестите теми за размислување на нашите поети е македонскиот народ во минатото


исегашноста,неговата судбина и непокорот на македонците.Силната љубов кон татковината
прекрасно е опеана во песните на Анте Поповски, и затоа литературните критичари го нарекуваат
летописец на земјата македонска. Уште од насловите на неговите збирки се забележува
преокупираноста на поетот со Македонија.

Огромната љубов кон родната земја не може да не остави рамнодушни. Стиховите на Поповски се
пример како се сака Македонија. Затоа извори од неговата поезија е преведена на десетина
светски јазици и ги има во секоја антологија на современата македонска поезија. Анте Поповски е
македонски поет, публицист, есеист и политичар. Откако завршил основно и средно обнразование
се запишал на медицински факултет. Добитник е на бројни награди кои ги заслужил со творење на
дела како што се Вардар и Македонија. Можеме да ја воочиме патриотската поезија како и
љубовта за татковината и историјата на македонскиот народ. Преку песната Македонија поетот на
еден начин ни ги прикажува природниот убавини преку неговите одбрани стихови. Од стиховите:

,,Еве ја таа проста земја


од заморено дишење
и од молк “

Можеме да сфатиме дека сака да го спомне тешкиот период кој го минал македонскиот
народ низ минатото како и болката од чекањето за да се дојде до подобро утре и спас од
разните непрекинати борби. За нејзината слобода загинале многу жртви затоа сме
должни да се грижиме и гордееме за неа. Исто така тој ни објаснува дека и денес има
земји кои сакаат да ја уништат и дека борбата уште не е завршена. Реката Вардар во
истоимената песна од Анте Поповски претставува симбол на големина, истрајност,
плодност. Тоа се особини кои го опишуваат народот кој живее на ова парче земја.
Местото каде што извира реката Вардар се нарекува Вруток, поетот за него ни кажува
дека никогаш не не напуштил и не пресушил, па така и ние да не ја напуштаме нашата
земја. Не секогаш ситуацијата е сјајна и понекогаш има невреме, и водите се матни што
го симболизираат бурното минато, додека реката е сведок на разни настани. Нашето
постоење на еден начин зависи од неа и ако ја напуштиме ке пресушеме и умреме.

Многу херои се жртвувале за да се постигне денешната положба на државата и многу


луѓе, автори придонеле тоа да се пренесе од генрација на генерација и да не се
заборави. Еден од нив е и Анте Поповски кој со неговите дела ја објаснува некогашната
состојба и упатува важна порака кон читателите.

You might also like