You are on page 1of 2

ТЕМА:”МОТИВОТ ВО ПЕЧАЛБАРСТВО И РАЗДЕЛБАТА

ВО НАРОДНАТА МУЗИКА”

Првите иселенички движења се поврзани со печалбарството, кое во 90-те


години на XIX век станало масовна појава и било еден од најсилните докази за
неподносливата состојба за живеење на македонскиот народ.Тешките, лоши а
често и невозможни услови за живеење како и постојаната борба за опстанок
присилиле голем број Македонци да ја напуштат својата татковина,да ги
напуштат своите блиски и да заминат на печалба.Печалбарството за нив било
прозорец кон иднината,прозорец кој што ќе ги води кон подобро утре нив и
нивните семејства.Иако чувтвувале голема тага во срцата,сепак не гледаќи друг
излез луѓето се решавале на тој чекор.
Во минатото најчесто мажите биле тие кои што се решавале да го напуштат
своето огниште,својот дом и да заминат во туѓина,но во денешно време има се
повеќе жени,како и цели семејства кои што заминуваат на печалба.Токму
тешкиот живот и заминувањето на печалба биле причината да се напишат
голем број народни песни. Создавањето на овие народни песни е поврзано со
настани од реалниот живот, и според темата која ја обработуваат претставува
патриотски песни.Преку овие песни ни се прикажува реалната слика од
животот на печалбарите.Секоја песна била со своја приказна,со посебна
музика,со различен текст.Но, сепак постои нешто што му е заедничко на сите
печалбарски песни,а тоа е тагата,болката во душата,носталгијата...Во секоја
нивна нота и во секој стих се чувствува копнежот по родниот крај,се слуша
плачот од печалбарите,плачот за нивните блиски,за роднините,за
татковината.Најубавите македонски печалбарски песни се раѓале токму од
длабоката тага на разделбата при заминување и испраќање на печалбарите.
Песната “Туѓината пуста да остане“е само една од многуте печалбарски песни
која зборуват за несреќната љубов,за тагата...Сите нејзини четири строфи
имаат иста тематска атмосфера и се исткаени со солзите и копнежот на
девојката која го чека својот љубен да се врати од печалба.И кога по три
годинии добива писмо во кое нејзинитот љубен и соопштува дека нема да се
врати,дека заљубил друга и за неа се оженил,таа со болка во душата и солзи во
очите ја прокоолнува туѓината дека е виновна за нивната разделба и за
нејзината несреќа.Во песната”Кога тргнав Цвето“се опева неверството на
Цвета.Во неа авторот зборува за лажните ветувања,за растргнатоста на
печалбарот помеѓу сиромаштијата и сомнежот во својата жена.Бидеќи оваа
песна е испеана со народни инструменти многумина мислат дека е изворна
народна песна.Но сепак станува збор за новосоздадена песна чиј автор е Абас
Цаноскии,а музиката е компонирана од Васка Илиева.Оваа песна е препеана од
голем број изведувачи како што се Петар Нечоски,Благица Павлоска,Драган
Вучиќ,Јордан Митев и др.Снимена е и српска верзија за песната од страна на
Шабан Шаулиќ.Песната”Туѓино Јабано”ја компонирал композиторот Мате
Грујовски.А Благоја Груески ја испеал таа уба песна која зборува за
непроспиените ноќи,за голема љубов како и за нивната разделба за која ја
обвинува туѓината.
Најголеми сведоци за животот во туѓината се токму печалбарските песни како
и солзите кои се слеваат по лицето на печалбарите.Во поголем дел од
печалбарските народни песни застапен е звукот на традиционалните
инструменти како што се гајдата и зурлата а тие се и главна крактеристика на
традиционалната македонска музика.Бидеќи зурлата и гајдата најубаво можат
да ја опишат болката во душата,љубовта,копнежот по родниот крај и пустата
туѓина,која што колку и да е убава сепак никогаш нема да биде наша татковина
и наш дом.

ИЗРАБОТИЛ
Бојан Пројчески II3

You might also like