You are on page 1of 27

Џорџ Гордон Бајрон

Лорд Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824) е претставник на романтизмот од Англија.

Неговото семејство било со благородничко потекло, но осиромашено. Кога имал


10 години, починал некој негов братучед и од таму се стекнал со богатство и
лордовска титула. Ова му овозможило да се школува во Кембриџ, а потоа да биде
член на англискиот парламент. Таму ги застапувал правата на работниците и
затоа конзервативците го мразеле и јавно го напаѓале. Разочаран од нападите
решил да ја напушти Англија и да ги посети средоземноморските земји.

Кога се вратил, неговите противници уште повеќе го напаѓале, не само заради


политичките убедувања, туку и поради неговото слободоумно однесување. Тој бил
убав, но куц (едната нога му била покуса), а односите со мајка му биле чудни. Таа
на моменти била многу мила, нежна и интимна, а потоа хистерична и
непресметлива (го тепала). Уште кога бил дете и кога доаѓал дома на распустите,
го гледал нејзиниот распуштен живот исполнет со забави и оргии. Ваквиот начин
на живот и тој го продолжува. Се оженил за грофица, но таа го напуштила.

Подоцна повторно ја напуштил Англија, но овојпат засекогаш. Во Грција се


приклучил во ослободителното движење и таму починал од силна треска
(најверојатно сифилис).
Со своите поеми Бајрон се искачува на врвот на англиската литература:
„Странствувањето на Чајлд Харолд“, „Абидонската свршеница“, „Лара“, „Корсар“,
„Ѓаур“; драмите: „Манфред“ и „Каин“; и хумористично-сатиричните текстови: „Дон
Жуан“ и „Небо и земја“.
Странствувањето на Чајлд Харолд
„Странствувањето на Чајлд Харолд“ е романтичарско-индивидуалистичка поема,
составена од четири песни.
Тема во поемата е патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд.

Идеја – да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во Англија


и во цела Европа.
Содржина
Поемата нема класично развиено дејство, нема заплет, ни композиција освен што
е составена од четири пеења. Дејството се одвива хронолошки, како што се
одвивало патувањето задржувајќи се на позначајните места. Тоа се: војните на
Наполеон; соочување со освојувачки и ослободителни војни; ја велича борбата на
Шпанците против Наполеон; ја велича античката цивилизација; ја опева славата и
пропаѓањето на Рим; ја опишува битката кај Ватерло, потенцирајќи го ужасот и
апсурдноста на војната.
1 песна
Поемата започнува со описот на Чајлд Харолд, кој е млад човек, почитуван и
познат, од благороднички род, кој наместо да се посвети на полезна и творечка
работа, се оддава на бурен, развратен живот со оргии и пир. Презаситен од
таквиот живот кој веќе му здодеал, решава да го напушти родниот кат.
Разочараноста не произлегува само од ваквиот живот туку и од односите во
општеството, па решението го бара во бегството, во осамувањето, во
потонувањето во сопственото јас.
2.
Си бил во Англија и еден човек млад:
на доброчинството му бил тој туѓ… Крај жена
разгалено, до бес, би уживал, од јад!
Ја чекал зората со вино, полно пена;
сред развратот тој сам и идоли си кренал.
На порокот во плен – се спуштил тој во шир:
го презрел сето сам што другите го ценат.
Но среќен само бил сред оргија и пир,
крај жени паднати сал нашол сладок мир!
3.
Пред вас е Чајлд Харолд. Јас нема тука таен
да водам разговор: од каков беше род.
А родот негов беше чествуван и знаен,
со честа беше познат тој под овој свод.
Постапките на внуков беа срамен плод
и честа дедова тој почна да ја гнаси.
Ни летописецот што тоне сиот в пот
не би можел со неа легенда да краси,
а камо ли поет со лаги да ја спаси.
5.
Не се плашел од грев – во гревот тонел цел;
по патот тргна сам што в неморал го тера.
Но – една љубел тој со силен занес врел –
па сепак, можеби, во себе немал вера.
Со ласки развратни кон неа имал мера:
на својот идол свет тој не фрлил со кал:
та неверен би бил и утре како вчера!
Би била скршена од клетников без жал:
да скине оков јак тој потем се би дал.
6.
Од сешто заситен без желба и без страст,
не сакаше да види близок другар сега.
Во очите му често солза видов јас,
но знаеше со гордост срце тој да стега.
Скитајќи в мисли, сам, се реши не на шега
да напушти за долго бучен, роден кат.
Од својата судбина тој нејќеше да бега:
би примил удар нејн, тргајќи Чајлд на пат,
би барал нови луѓе, макар и сред ад!
10.
Не прегрна тој мајка штом на пат се крена,
ни сестра си ја виде пред да тргне в свет.
Тој замина со тага душа што му свена.
Без поздрав другарски по море тргна, клет.
Не затоа што беше корав, студен сет –
та не! Но само оној којшто љубел знае
од ошто толку многу болката без ред
засилува, та човек – колку корав да е –
на разделба од тага не може да трае.
По описот на главниот лик следува Прошталната песна во која преовладува
возвишениот и патетичен тон на разделбата на главниот јунак од својата
татковина.

Песимистичкото расположение и копнежот по светли хоризонти се причината тој


да ги изрече топлите исповедни зборови на љубов кон родниот крај, родителите и
пријателите.
Проштална песна

О, збогум, роден крај. Ти сив


исчезнуваш зад морска шир.
А ветрот јачи; галеб див
со својот пискот руши мир.
На запад сонцето се крие
и ширта морска губи сјај;
се губиме по патот ние…
О, добра ноќ, мој роден крај!
По час и друг, пред зора-ал
ќе прсне тоа лачи пак;
ќе сретнам тогаш море сал,
но не и тебе брегу драг.
Глеј, дреме мојот замок убав;
во каминот ни плам, ни жар.
Во бршлан ѕидишта се губат
и вие таму песот стар.
„Мој пажу мал, приближи се
и речи зошто плачеш ти?
Те плаши бранот бурен, не?
Ил мракот злобен, можеби?
Избриши се и глава горе:
На коработ е се вввво ред;
одвај да може најбрз орел
тој кораб да го стигне в лет.
И нека да не лула бран,
и ветрот нека праќа крик;
не ме плаши ни океан,
ни бурата со својот рик.“
— Не чудете ми се, ве молам
сер Чајлд, што в тага тонам цел.
Разделбите со блиски болат…
Ме пратија по светот бел.
Од тате испратен јас бев,
му видов в очи светол лач;
за мама појќе ми е грев
што долго ќе ја гуши плач…
„Да, чудно солзите ти стојат;
успокојуваат, јас знам.
Да имав невиност јас твоја
би плачел како ти и сам.
Ти ела, верен слуго мој!
Зар повторно од бледност знак?
Те плашат бури ли без број,
а можеби и Француз-враг?“
— В малодушност јас не сум свенат.
Сер Чајлд, не се плашам ни јас!
Но дома оставив и жена.
Ме сакаше со силна страст.
Со децата и минат дни
крај личниот ви голем двор.
Но, штом го спомнат татка си
— што ќе рече тој тажен створ?
„Те разбирам, ќе страда често.
Се запознав со твојот бол.
Но и да сум на твое место
со потсмев би го примил зол.
Зар има уште таков маж
што верува во женски стон?
Штом не си тука — нова драж
ќе блесне кај нив и во сон!
А страстите се стара тема;
за идни ништо не би дал.
Јас жалам само зашто нема
за некого да сум во жал.
А вака сам, сред море, мрак,
ко крадец некој што се скрил —
кај човечки ќе најдам траг
штом туѓ за луѓето сум бил!
Да, мојот пес… Два-три дни само
(дур не свикне!) тој жал ќе таи,
но ако пак се вратам ваму
— ќе бидам пречекан со лај.
Мој корабе, да одиме!
Ти сечи бран, на долг сме пат!
Кај сакаш таму води ме,
но само не во татков кат.
Јас поздрав искрен вам ви праќам
о, бранови со таква моќ.
На поздрав — поздрав, земјо, враќам:

мој крају роден — добра ноќ!“


Во продолжение на песната, во дијалог со пажот, неговото расположение се
менува. Пажот е тажен што ја остава татковината, жена си и децата, а Чајлд
сфаќа дека нема по кого да тагува. Тој зад себе не остава никого, освен празниот
дворец и песот. Не остава никого кој му е важен. Затоа осамен, отуѓен од сите,
без навистина блиски луѓе, тој решително ја напушта татковината. Без поздрав,
заминува во потрага по егзотични места, каде ќе размисли за сè и можеби ќе
успее да ги реши внатрешните дилеми.

Најпрвин ги посетил Португалија и Шпанија, каде иако се земји со древна


цивилизација, луѓето страдаат и се потчинети. Тој се надева дека славните
витешки времиња повторно ќе се вратат и луѓето ќе се ослободат од ропската
потчинетост. Неговата лична тага и разочараност се зголемува и прераснува во
светска тага поради доминација на злото и несреќата.
2 песна
Чајлд Харолд чувствувајќи симпатии кон поробените народи го продолжува своето
патување во Грција и Албанија каде се соочува со истото страдње и несреќа.
Поетот не може да сфати дека потомците на Античка Грција можат да го поднесат
теророт што се врши врз нив од страна на османлиската власт. Сликата на
Балканот е мрачна и крвава.
Албанецот, со чалма, застанал на патот,
а пиштолот со резба беше шарен сет,
навезена му беше дреата со злато…
Македонец со појас, крвав, сиот блед
крај делија што држи јатаган…И ред
од вакви робје гледаш…

Особено е воодушевен од љубезноста и гостопримството на Албанците. Во оваа


песна освен разочараноста која ја чувствува, поетот повикува на борба .
3 и 4 песна
Харолд го продолжува своето патување во Холандија, Германија, Швајцарија и
други европски земји за да го задоволи својот авантуристички дух, како и да се
пронајде себе.
Во овие песни е поприсутен мотивот на осаменоста, како и мотивот на природата
која е единственото нешто недопрено од човекот и можност да се избега во
нејзините прегратки. Пејзажот е во функција на романтичарскиот идеал каде
човекот го пронаоѓа својот мир и спокојство. Единствено во природата Харолд се
чувствува исполнет и среќен.
Во последната песна при посетата на Италија исто така се навраќа на нејзиното
античко минато. Тој и понатаму е во истото расположение, осамен бунтовник кој
останува само набљудувач на општествените збиднувања.
Основни карактеристики на Бајроновиот романтичен јунак се чувството на
светската тага, откривањето нови егзотични простори и поддршка на борбата за
ослободување на угнетените европски народи.
Бајронизмот како движење влијаело врз англиската и европската литература.
Под бајронизам се подразбира: култ кон слободата, желба за патување во
далечни и егзотични земји, потенцирање на индивидуализмот, човековото
разочарување кое преминува во светска тага, величање на славното минато
(античко и витешко) и недопрената природа.
Garvanot
Едгар Алан По (1809-1849) е роден во Бостон, САД. Откако таткото ги напуштил,
мајка му починала кога тој имал две години, па бил неофицијално посвоен од
богатиот трговец Џон Алан. Пет години живееле во Англија и таму го започнал
своето школување. Кога студирал во Вирџинија дошол во конфликт со потаткото и
ја изгубил неговата материјална поткрепа. Оттогаш се обидувал да се осамостои,
почнал да пишува и објавува стихозбирки. Две години бил во американската
армија, за потоа целосно да и се посвети на литературата. Работел како
публицист и уредник на повеќе списанија, но цел живот бил сиромашен и гладен.
По смртта на неговата млада сопруга тој ќе се растрои и ќе му се оддаде на
алкохолот и дрогата. Живеел во агонија, работел многу, претчувствувајќи ја
блиската смрт.
По е автор на поетските книги: „Тамерлан и други песни“, „Аларааф
Тамерлан и помали песни“, „Песни“, „Гарванот и други песни“; книгите куса
проза: „Раскази, гротески и арабески“, „Раскази“; новелата: „Доживувањето на
Артур Гордон Пим“; а во последниот период од животот ги напишал
песните: „Ѕвона“, „Анабел Ли“, „За Ани“.
Популарноста прво ја стекнал во Европа, преведуван од Шарл Бодлер, а
потоа и во целиот свет.
Гарванот
Еднаш, среде полноќ една, покрај стари книги седнат,
дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
зачув некој како чука на портата однадвор.
„Некој гостин“ — реков, — „чука на портата однадвор!“
Тоа сал и ниту збор!
Ах, си спомнам многу јасно: в декемвриска вечер касна,
жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
таа вечна неизгор.
А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,
грозен шум во себе скрила. На ужас е чиниш створ!
Па, срцето дури бие, јас го молам да се свие:
„Некој гост е што се крие пред портата однадвор —
доцен гост е што се крие пред портата однадвор“ —
Тоа сал и ниту збор!
Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:
„Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;
врз клепкиве дремка стежна а пак вие в ноќва мрежна
затропавте толку нежно на портата однадвор“ —
тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор —
надвор мрак и ниту збор!
Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,
сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;
Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,
збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,
збор Ленора, што низ ехо се врати во одговор.
Тоа сал и ниту збор!
В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,
зачув некој како чука пак со удар тап и спор.
Па си реков: „Дај, ќе идам до прозорецот, да видам,
треба сигурен да бидам таен ли е некој створ! —
Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор!“ —
Вон сал ветер развигор.
Панѕурите штом ги турнав, преку мене нешто јурна,
низ прозорецот се турна Гарван горд со темен взор.
Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на лорд ил дама ко што дојде однадвор,
врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
летна, седна и ни збор!
И со таа птица света, што пред малку тука слета
одважна и строга сета сега, почнав чуден разговор:
„Бувка немаш да се реси, сепак плашливка ти не си,
грозно, страшно сениште си, Брегот Ноќен ти е двор —
речи, какво име носиш во Плутоновиот хор?“
Тој сал гракна: ”Nevermore!“
Станав плен на почудица, кога таа грда птица
ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,
не чул птица да му грака и му праќа огнен взор —
птица или друга лишка да му праќа огнен взор
со збор еден: ”Nevermore!“
Гарванот, штом седна таму, еден збор тој гракна само
в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
Друго појќе ни да каже, ни да пафне пердув влажен,
дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
И ти како мојта надеж исчезнат ќе бидеш створ!“
Тој сал гракна: ”Nevermore!“
Изненаден, мигум трепнав, од одветот негов сепнат,
„Сомневање нема“, шепнав, „Се е тоа празен збор.“
Од несреќен стопан сметен, кого Пропаст зла го сплете
и го следи уште, ете, до песните преумор,
тажачките песни, припев на Надежта непрегор
од вечното ”Nevermore!“
Но Гарванот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,
па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;
Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,
мисла тажна, бледна: „кој е овој зловест створ?
Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор
со своето ”Nevermore!“
В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,
без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
врз кадифето кај Она нема веќе ко жив створ
Пак да седне, ”Nevermore!“
Одненадеж ми се чини, мирис воздухот да прими,
божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;
„Страдалнику“, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;
па ангели тој ти пратил мир и непент којшто мати.
Испиј го и тогај мора да ја заборавиш Ленора!“
Грак се слушна: ”Nevermore!“
„Пророку“, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Сеедно е кој те пратил! Сотона ли друг ли створ!
Полн со очај, смел и злобен, дојден ваму в крајов кобен,
в дом кај цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:
Речи, дали Гилеада има цер за тој што страда?“
Тој сал гракна ”Nevermore!“
„Пророку“, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Те колнам во тој што в светот владее над секој створ!
Речи и на мојва душа, која јадови ја гушат,
дали повтор ќе ја гушка Ленора со вљубен взор?
Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?“
Грак се слушна ”Nevermore!“
Нека биде тој збор сега збор разделбен а не шега,
птицо или враже, бегај во Плутоновиот двор!
Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
Од срцево извади го клунот свој, тој слун на нор!
Грак се слушна: ”Nevermore!“
А Гарванот ни да претне, ниту пак за миг да летне
од бистата на Палада, туку како кобник створ
над портата бдее, молчи, со поспани демон – очи,
и врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
И врз таа сенка – тема, душава, знам, веќе нема
да се крене. ”Nevermore!“
отивот во песната „Гарванот“ е смртта на љубената. На почетокот од
песната е прикажан осамениот и разочаран поет, кој во депресивна атмосфера и
време (полноќ, декември), се обидува да најде спас од мислите што го
прогонуваат, од мислите за неговата сакана која повеќе ја нема.
Меѓу сонот и јавето, меѓу реалноста и халуцинацијата, слуша тропање и се
надева дека ќе најде соговорник кој ќе ја ислуша неговата мака. Но, во собата
влетува црно сениште – гавран, кој горделиво се сместува врз бистата на Палада
(божица на мудроста). Гавранот е симбол на смртта, но и на поетовото второ јас,
па затоа во својот безизлез и очај започнува разговор со него. Тоа е всушност
монолог на поетовата растргана душа. Бара помош, напиток за заборав, бара
уште еднаш да ја види, уште еднаш да ја допре, да ја гушне – и добива одговор на
своите молби – никогаш повеќе. Неговиот соговорник, гавранот, постојано му го
повторува тоа – никогаш повеќе. За на крајот, очајно, песимистички да заклучи
дека нема надеж за неговата болна душа.
о врска со оваа песна Едгар Алан По го напишал есејот: „Филозофија на
композицијата“ во кој ни ја открива својата поетска постапка. Тој образложува дека
многу рационално ја обмислил темата и начинот на изложување. За да биде
впечатлива, се определил за убавината, за да биде поетична – за тагата и
спојувајќи ги тие две нешта дошол до мотивот за смртта на саканата прекрасна
жена. Во потрагата по техничко решение за стожерот околу кој ќе се врти целата
градба, заклучува дека треба да има збор кој свечено и издолжено се изговара и
треба да ги содржи „о“ и „р“. Така доаѓа до зборот ”Nevermore“. За да се повторува
и изразот да биде посилен, прво си помислил да разговара со папагал, но доаѓа
до прекрасното решение за гавранот, кој освен што ќе повторува, претставува и
симбол на нешто лошо, злокобно, на смрт. Исто така, при конструкцијата, тој
започнал од кулминацијата, односно од прашањето што му го поставува на
гавранот, а чиј одговор веќе го знаел – дали повторно ќе ја држи во прегратките
својата сакана?; а дури потоа се враќа на почетокот и воведот во дејството.
Напишано од: Билјана Богданоска
Користена литература:

„Избор песни“ од Едгар Алан По


„За матуранти“ од Билјана Богданоска
„Македонски јазик и литература“ за III година за реформирано гимназиско
образование; Стојка Бојковска, Лилјана Минова – Ѓуркова, Димитар Пандев,
Живко Цветковски, Гане Тодоровски, Наташа Аврамовска.
Акцент
Акцентот е нагласено, посилно изговарање на еден слог во зборот.
Слогот врз кој паѓа акцентот се вика акцентиран слог.
 Македонскиот акцент е динамичен и определен. Динамичен акцент значи
дека се одликува со силата на издишната струја, а определен значи дека се
наоѓа на точно определено место во зборот.
 Местото на македонскиот акцент е на третиот слог од крајот на зборот кај
трисложните и повеќесложните зборови.
.
Правила за акцентирање
.
(* Во примерите акцентираните слогови се обележани со цртичка над
самогласката.)
1. Кај едносложните зборови акцентот се наоѓа на единствениот слог.
На пример: сóн, дóм, бóл, вóл.
.
2. Кај двосложните зборови акцентот стои на почетниот слог од зборот, односно
на вториот слог од крајот на зборот.
На пример: сéло, сóлза, дóма, бóлва.
.
3. Кај трисложните и повеќесложните зборови акцентот стои на третиот слог од
крајот на зборот.
На пример: слаткáрница, менувáчница, збóрови.
.
4. Ако зборот се зголемува со додавање на претставки и наставки, акцентот се
поместува за да застане секогаш на третиот слог од крајот на зборот.
На пример: грáд – грáди – и`зградба – изгрáдбата.
a) Kај морфолошки сложените зборови акцентирањето е како кај трисложните и
повеќесложните зборови: полýвреме, едноóбразен, острóумен, знамéносец,
очéвидец.
.
Отстапки од правилото
.
Освен овие правила за акцентирање имаме и определени отстапки.
Отстапките ги има кај глаголскиот прилог, кај некои зборови од туго потекло, кај
прилошки употребени членувани иманки и други.
Повеќе за отспаување од третосложното акцентирање може да прочитате ТУКА.
Карактеристични за македонскиот јазик се и акцентските целости.

Отстапување од третосложното акцентирање имаме во неколку случаи.


Правилата за акцентирање во македонскиот јазик може да ги прочитате ТУКА.
Иако правилото за акцентирање е дека акцентот кај трисложните и
повеќесложните зборови стои на третиот слог од крајот, сепак, има неколку
отстапки:
 Кај глаголскиот прилог акцентот стои на вториот слог од крајот на зборот.
На пример: читáјќи, седéјќи, одéјќи.
 Кај прилошки употребените членувани именки (како прилози за време, кога?
– ова лето – летóво).
На пример: Зимáва не бев на скијање.

Ако се употребени како обични членувани именки, тогаш нема отстапување.

На пример: Многу сакам зима. Многу ја сакам зи`мава.


 Кај зборови од туѓо потекло.
а) Акцентот кај туѓите зборови може да биде на последниот слог: бирó, жири` итн.;

б) Може да биде на вториот слог од крајот на зборот: литератýра, реклáма,


национáлен;

в) Може да биде на третиот слог од крајот на зборот и да се вклопи во нашиот


акцент.

Нема точно правило за акцентирање на туѓите зборови, па затоа тие се


акцентираат по слух.

 Кај некои зборови од турско потекло што завршуваат со наставката: -ана


акцентот се наоѓа на вториот слог од крајот на зборот:
На пример: апсáна, тарапáна, топáна.
 Кај прилозите со деминутивно заначење акцентот се наоѓа на вториот слог
од крајот:
На пример: малкýнѕа, толкýнѕа, олкýнѕа.

Во нашиот јазик неколку зборови можат да се подведат под ист акцент.


Група зборови поврзани со заеднички акцент се нарекуваат акцентски целости.
Групата зборови всушност ја сфаќаме како еден збор и ја акцентираме според
правилото: на третиот слог од крајот на зборот, односно на целината.
1. Акцентски целости со негацијата не
а) Негацијата не и глаголот што следува се подведуваат под заеднички
акцент.
На пр.: нé ͜ дојде, нé ͜ кажа, нé ͜ пее.
Во овие примери акцентот паѓа на негацијата не, групата се изговара
заедно, па дури многу често погрешно се пишува заедно (особено со често
употребуваните глаголи: може, сака, знае).
б) Кога меѓу негацијата не и глаголот има една или две кратки заменски
форми сите образуваат акцентска целост.
На пр.: неUмуUјáUдаде, неUниUгóUзема.
в) Кога по негацијата следува помошниот глагол сум и тој влегува во
акцентската целост.
На пр.: неUсúмUвидел, неUсумUјáUвидел.
г) Кога по негацијата следува честичката ќе и таа влегува во акцентската
целина.
На пр.: неUќеUпóмине, неUќеUјаUзáпомни.
д) И честицата би кога следува по негацијата, влегува во акцентската
целост.
На пр.: неUби`Uкажал, неUбиUмуUгоUнапрáвила.
2. Акцентски целости со заповеден начин и кратки заменски форми
а) Кога зад заповедниот начин следуваат кратки заменски форми, тие се
подведуваат под ист акцент.
На пр.: дáјUми, дáјUмиUја, дајтéUмиUги.
б) Кога пред заповедниот начин стои негацијата и таа влегува во
акцентсата целост.
На пр.: неUдáвајUму, неUмуUјáUдавај, неUдавајтéUмуUги.
3. Акцентски целости со именка што означува сродство и кратка заменска
форма што следува по неа.
Овие акцентски целости често погрешно се пишуваат заедно.
На пр.: мáјкаUми, тáткоUти, сéстраUму, бáбаUи.
4. Акцентска целост од предлог и долга заменска форма.
Во акцентска целост не влегуваат само предлозите: освен, наспроти,
заради и поради. Сите други предлози образуваат акцентски целини.
На пр.: сóUмене, бéзUтебе, зáдUнего, прéдUвас, пóUнив.
5. Акцентска целост од прашален прилог и друг прашален збор со глагол.
На пр.: когáUдојде?, какоUпóмина?, кајUóтиде?, когаUгóUвиде?,
какоUмúUрече?, кајUгóUнајде?, какоUмуUгóUзеде?
И кратките заменски форми меѓу прашалниот збор и глаголот влегуваат во
акцентската целост.
6. Акцентска целост од прашален збор и именка.
На пр.: колкуUдéнови?, какви`Uкниги?
Исклучок правиме кога логички истакнуваме (потенцираме).
На пр.: Кáква кни`га бараш?
7. Акцентска целост од предлог и именка.
Овие акцентски целости се образуваат само под услов:
– содржината на именката логички да не се истакнува,
– именката да не е членувана.
На пр.: нáUдрво, зáдUврата, нáдUглава, пóдUвода, нáUраце, нáUдуша.
8. Акцентска целост од показна честичка и кратка заменска форма.
На пр.: éвеUго, éнеUја, éтеUги.
9. Прашалниот збор камо образува акцентска целост.
На пр.: кáмоUја?, камóUтиUги?
10. Акцентска целост од прост број и именка.
На пр.: пéтUдена, двеUлубéници.
Вежби
1.Подели ги на слогови и акцентирај ги следните зборови (внимавајте на
отстапувањата): голомразица, граматика, прилепчанец, телефон, правосмукалка,
филтер, пишувајќи, тире, доброволен, сепаре, заминуваат, фрижидер, генијален,
законодавство, мислејќи, трпезарија
2.Означи ги и акцентирај ги акцентските целости во текстовите!
а) Стојна мислеше дека Петре не дојде на забавата. Таа не го виде, зашто
тој дојде подоцна со сестра му. Тој не би ја пропуштил можноста да се забавува,
а и приликата да се смири со неа.
– Ене го Петре! – рече Петранка.
Тој не сакаше веднаш да им се приближи, но тие тргнаа кон него.
– Здраво Петре! Кога дојде?- праша Петранка.
– Пред малку и не останувам повеќе од пет минути,- одговори тој.
– Утре дојди на гости кај нас и донеси ми ги учебниците,- се уфрли во
разговорот и Стојна.
– Утре не ќе можам, мајка ми ќе дојде од Германија.
– Добро, тогаш задутре,- рече Стојна, смеејќи се.
б)Старците одеа полека – полека, фатени рака под рака. Не можеа да
најдат клупа за да си ги одморат нозете. Секои пет дена одеа на доктор и никако
не ја завршуваа работата. Или нивниот доктор не беше таму или тие не ги носеа
сите потребни документи.
– Ене клупа,- рече старата.
– Што ти рече докторот? Кога да дојдеме?- праша стариот.
– Во десет. Имаме уште пол час.
– Седни си тогаш. Подај ми ја торбата да ја земам водата.
Старата се наведна, ја извади водичката и му ја подаде.
– Еве ти! Напиј се!
Стариот се заблагодари и праша:
– Утре ќе ни дојде ќерка ни на гости?
– Не, ќе дојде в петок. Со неа ќе дојдат и внуците.
– Добро. Утре ќе купиме се што ни треба да им направиме убав ручек.
Прашања за проверка:
– Што е акцент?
– Каков е македонскиот акцент?
– Каде се наоѓа акцентот кај едносложните зборови?
– Кај кои зборови имаме отстапување од правилото за акцентирање?
– Што се акцентски целости?

Матурски прашања од областа акцент.

Прашања за повторување и вежбање


(голем дел се адаптирани од матурските тестови):

1. Македонскиот акцент е:
а) статичен и определен; б) диманичен и определен; в) слободен.
Одговор:

б) диманичен и определен

2. Дополни ја дефиницијата за акцентот во македонскиот јазик со еден од


понудените одговори.
По однос на местото акцентот во македонскиот јазик кај трисложните и
повеќесложните зборови паѓа на:
а) третиот слог од крајот на зборот; б) последниот слог од зборот; в) првиот слог
од зборот.
Одговор:

а) третиот слог од крајот на зборот

3. Отстапување од третосложното акцентирање во македонскиот стандарден јазик


има кај:
а) глаголската именка; б) глаголската придавка; в) глаголскиот прилог.
Одговор:

в) глаголскиот прилог

4. Акцентски целости се:


а) сите акцентирани зборови; б) кога се отстапува од правилото за акцентирање;
в) група зборови подведени под еден акцент.
Одговор:

в) група зборови подведени под еден акцент


5. Акцентот кај глаголскиот прилог во македонскиот стандарден јазик паѓа на:
а) последниот слог; б) вториот слог од крајот на зборот; в) третиот слог од крајот
на зборот.
Одговор:

б) вториот слог од крајот на зборот

6. Кај кои од следните зборови има отстапување од правилото за третосложно


акцентирање:
литература, читајќи, седнува, одење, решо, апсана, зимува, малкунѕа
Одговор:

литература, читајќи, решо, апсана, малкунѕа

7. Акцентската целост „не-сум-ја-видел“ е:


а) акцентска целост со енклитика; б) акцентска целост со проклитика; в) акцентска
целост со полнозначни зборови
Одговор:

б) акцентска целост со проклитика

8. Акцентската целост „давајќи-му-го“ е:


а) акцентска целост со енклитика; б) акцентска целост со проклитика; в) акцентска
целост со полнозначни зборови.
Одговор:

а) акцентска целост со енклитика

9. По однос на местото, акцентот во македонскиот јазик кај трисложните и


повеќесложните зборови паѓа на:________________________________.
Одговор:

третиот слог од крајот на зборот

10. Во народната поговорка „Крушата под круша паѓа“, треба да се изговори:


а) акцентска целост од два полнозначни збора; б) акцентска целост со проклитика;
в) акцентска целост со енклитика.
Одговор:

б) акцентска целост со проклитика

11. При правилен изговор на следната реченица: „Ќе дојдам со тебе.“ треба да
образуваме:
а) акцентска целост со проклитика; б) акцентска целост со енклитика; в) акцентска
целост со два полнозначни збора.
Одговор:

а) акцентска целост со проклитика


Панонски легенди
„ Панонски легенди “ е најстарото оригинално дело од нашата (словенската)
средновековна литература.
Составено е од два дела: Житие на Кирил и Житие на Методиј.
Во житијата е опишан животот на двајцата создавачи на словенската писменост.
Во врска со авторството на житијата има различни мислења, од кои се издвојуваат
две:
1. Дека автор на Кириловото житие е Методиј, а на Методиевото Климент
Охридски;
2. Дека автор на двете житија е Климент Охридски.
Тема во житијата е животот и делото на браќата Кирил и Методиј.
Идејата на „Панонските легенди“ е да се докаже и одбрани правото на Словените
на свој јазик да создадат своја писменост и култура.
Композиционо житијата се составени од: воведен дел, изложување и заклучок.
Иако се работи за средновековна литература, стилот во житијата е разбирлив,
едноставен, со многу епитети, компарации, реторски прашања итн.
Во Житијата на Кирил и Методиј е опишано нивното детство, образование,
мисиите на кои биле испратени, создавањето на првата словенска азбука,
признавањето на словенската писменост од папата во Рим.
Константин со помош на Методија ја создава првата словенска азбука —
глаголицата и ги преведува книгите за богослужба на словенски јазик за во 863
година да оди во Моравија.
Leksikologija
Лексикологија е дел од лингвистиката што го проучува составот на зборовите на
еден јазик. Таа се дели на повеќе поддисциплини:

1. Семантика (за значењето);


2. Етимологија (за потеклото);
3. Лексикографија (за речниците);
4. Фразеологија (наука за постојани зборовни состави – фразеологизми).

ЗБОРОТ има своја форма и содржина, што значи своја граматичка и своја
лексичка страна. Лексикологијата се занимава со лексичката, односно
содржинската страна на зборот.
Да го земеме за пример зборот м а с а. Според формата, тој збор е составен од
четири гласа кои се означуваат со соодветни знаци од азбуката. „М а с а“ е именка
од женски род во еднинска форма. Може да ја членуваме и да го смениме бројот
(масата, масава, масана, маси, масите) итн. Овие граматички карактеристики се
неговата надворешна стана.

Но, во свеста на човекот, кога ќе го кажеме зборот „маса“, веднаш се создава


слика за предметот што го означува и ние го сфаќаме значењето на зборот. Тоа е
содржината на зборот, неговата внатрешна – лексичка страна.

Вежби лексикологија (лексички значења на зборовите, лексиката според


потеклото, според сферата на употреба, според процесот на обновата, стилска
вредност):

1. Напиши синоними за следните зборови:

мома, ружа, поаѓа, има, душман, ракоплеска

2. Како се викаат здебелените зборови во примерот:


Мојот син има 12 години.
Тој носи син шешир.
3. Употреби ги зборовите наградува и надградува во реченици.

Како се викаат овие зборови? _______________________________________


4. Употреби го зборот лак во реченици каде ќе го покажеш неговото различно
значење.

Како се викаат овие зборови? _______________________________________


5. Од зададените, состави нови зборови со некоја од претставките: не-, без-, раз-,
а-, анти-

среќа, зрел, свесен, жали, страстен, симетричен, фашист.

Овие зборови со спротивно значење се викаат ______________________.

6. Направи деминутивни форми од зададените зборови употребувајќи две


различни наставки:

уста, стол, дете, глава


7. Пр. На едно масиште беа испоседнати сто луѓе.

Што означува и како се вика формата „масиште“ употребена во примерот?

8. Направи аугментативни форми од зададените зборови употребувајќи две


различни наставки:

вол, крава
9. Пр. Во селцето живееја одвај пет семејства.

Што означува и како се вика формата „селце“ употребена во примерот?

10. Подвлечи го пејоративот во следната реченица:

Таа вошла нашла мене памет да ми соли.

11. Какво е потеклото на здебелените зборови во реченицата?


Мојата сестра има убави очи.
Мотивите во нашата литература често се многу тажни.

12. Подвлечи ги турцизмите во реченицата:

Откако го изедов бурекот сакав да запалам цигара, ама немав кибрит.

13. За следните интернационализми пронајди соодветни наши зборови:

диференцира, инкогнито, хипокрит, реноме, симултано, фундамент

14. Состави реченица (реченици) во која ќе употребиш барем два збора од твојата
професионална лексика (и подвлечи ги).

15. Подвлечи ги дијалектизмите во реченицата:

Јаска им кажах да дојдат.

16. Состави кус дијалог (или реченици) во кој ќе употребиш жаргонски зборови.
17. Во следниот пример здебелениот збор се вика _________________________.
Тој за сите си остана еким, никој не го вика доктор.

18. Подвлечи ги индивидуализмот во стихот:

… таго ле неисплакана, остани горда недоустена…

19. Подвлечи го архаизмот во реченицата:

Сите млади се готват, ќе одат аскер.

Матурски прашања од областа на лексикологијата


Прашања за повторување и вежбање
(голем дел се адаптирани од матурските тестови):
1. Зборовите основа и база се:
а) хомоними; б) пароними; в) синоними.
Одговор: в) синоними

2. Одговори каков вид лексика е употребена во следниве стихови од Конески:


Нам нешто не ни е таман
како да молиме аман!
а) книжно-литерарна; б) разговорна; в) општонародна (неутрална).
Одговор: а) книжно-литерарна

3. Одговори на кој вид лексика припаѓа зборот типче.


а) дијалектна лексика; б) терминолошка лексика; в) жаргонска лексика.
Одговор: в) жаргонска лексика

4. Во реченицата: „Гоце цело утро го поправа печатачот“ употребен е:


а) архаизам; б) историзам; в) неологизам.
Одговор: в) неологизам

5. Зборот терзија е:
а) архаизам; б) историзам; в) неологизам.
Одговор: а) архаизам

6. Во реченицата: „Типката е кул“ е употребена:


а) дијалектна лексика; б) терминолошка лексика; в) жаргонска лексика.
Одговор: в) жаргонска лексика

7. Првата именка во реченицата: Дечиштана му го скршиле прозорецот на


соседот, претставува:
а) пејоратив; б) деминутив; в) хипокористик.
Одговор: а) пејоратив

8. Именката мажиште претставува:


а) деминутив; б) хипокористик; в) аугментатив.
Одговор: в) аугментатив

9. Зборовите непријател и душман претставуваат:


а) антоними; б) синоними; в) хомоними.
Одговор: б) синоними

10. Во која група лексички зборови ќе го ставите зборот „азно“?


а) неологизми; б) англизми; в) турцизми.
Одговор: в) турцизми

11. Напиши антоним на зборот пријател.


Одговор: непријател, душман

12. Запиши го антонимот на зборот напад.


Одговор: одбрана

13. Зборовите каменче и моливче се:


а) деминутиви; б) хипокористици; в) пејоративи.
Одговор: а) деминутиви

14. Според потеклото, зборовите ректор и театар се:


а) варваризми; б) неологизми; в) интернационализми.
Одговор: в) интернационализми

15. Кај зборовите патент (затворач) и патент (изум) се среќава појавата


_________.
Одговор: хомоними / хомонимија

16. Зборовите снежец и годинка претставуваат:


а) деминутиви; б) хипокорисници; в) пејоративи.
Одговор: а) деминутиви

17. Зборовите метален / ментален се:


а) хомоними; б) пароними; в) синоними.
Одговор: б) пароними

18. Зборот свеќичка спаѓа во видот:


а) деминутиви; б) хипокорисници; в) пејоративи.
Одговор: а) деминутиви

19. Одговори каков вид лексика е употребена во следниве стихови од Конески:


Нам нешто не ни е таман
како да молиме аман!
а) книжно-литерарна; б) разговорна; в) општонародна (неутрална).
Одговор: а) книжно-литерарна
Blaze konevski 5 Stilistika
Adminastrativen stil
Morfologija nemenluvi zborovi

You might also like