You are on page 1of 3

ФРАНЧЕСКО ПЕТРАРКА - КАНЦОНИЕРОТ

ФРАНЧЕСКО ПЕТРАРКА
Франческо Петрарка е најголемиот лиричар на предренесансата кој оставил длабока
трага во историјата на светската поезија поттикнувајќи и благородни влијанија врз
идните генерации поети, но и цели бранови на имитатори. Тој бил овенчан поет и
почитувана личност во своето време. Петрарка бил материјално обезбеден и живеел
достоен живот. Тој бил првиот вистински лиричар во европската литература, поет -
индивидуа- лист свртен кон сопственото лирско Јас во поезијата, исполнет со вербата
дека славата природно му припаѓа. Франческо пишувал како Данте, на латински и
народен јазик и сметал дека со слава ќе се здобие користејќи го латинскиот јазик. Но,
напротив, неговата слава ја стекнал со неговото дело Канцониерот напишано на
народен јазик.

КАНЦОНИЕРОТ
Канцониерот содржи 366 песни од кои 317 се сонети, 29 канцони, 9 сестини, 7 балади
и 4 мадригали. Воглавно, сите овие песни со исклучок на 24 кои спаѓаат во религиско-
медитативни, политички и сл. се љубовни според мотивот. Книгата глобално се дели
на два дела: првиот (In vitam) каде се опева дона Лаура жива и вториот (In mortem) ја
опева својата идеална љубов откако ќе почине. Неговото творештво е обележа-но со
личноста на идеалната жена (Лаура) која ќе стане опсесија на неговата поезија. Во
поезијата на Петрарка забележуваме постојани мотиви што се повторуваат: убавината
на Лаура, емоциоаналното доживување на природата, сеќавањето на средбите
безнадежни соништа за возвраќање на љубовта. Во неговата поезија можеме да
согледаме еден поинаков судир за разлика од неговите претходници, судир на
чувствата. Тој е авторот според кој италијанската верзија го добила своето име -
петраркистички сонет. Сонетот е сотавен од 14 стихови(единаестерци) организирани
во 2 катени и 2 терцети.
Во првиот дел, уште на почетокот се среќаваме со збунетоста на лирскиот субјект од
силните љубовни чувства кои го облеваат и со кои не знае и не може мирно да живее.
Затоа тој почнува со бегање од реалноста и со бегање во осамени места каде се
обидува да сфати што му се случува. Недостижната љубов е причината која го
присилува лирскиот субјект да бега во осамени места, далеку од луѓето кои можеби ќе
ја откријата неговата тајна. Изморен од „ладната поза“ пред светот тој се одмара во
осаменоста каде може послободно да им се препушти на љубовните чувства.
10.
Со чекор бавен, осамен јас шетам
замислено низ тие пусти места;
со буден поглед гледам толку честа
од човек трага овде да не сретнам.

Љубовната болка од ден на ден станува сè понеиздржлива. Копнежот е толку силен


што не може да избега од него, тој и во смртта ќе го прати. Неговата болка прераснува
во очај кој кога би го опишал со зборови целиот свет би го расплакал. Затоа одлучува
да се осами и да се ослободи во плач.
Љубовта предизвикува противречни чувства. Тој е ту тажен, ту среќен; ту го
возвишува, ту го проколнува моментот кога се вљубил.

61.
Благословен нека е и ден и месец и доба,
Година, час, миг златен, она време
И волшебен крај и место каде
Среќа дупла, двојно в пранги ме стави.
Благословен нека е мигот прв,
Што в пранги ме стави со љубовта мене,
И лак и стрела што срце ми бодат,
И раните кои на срце ми лежат.
Но, смртта на Лаура го прекинува овој земен копнеж. Со нејзината смрт, возвишените
чувства се засилуваат. Тој ја сместува во рајот и едвај успева да се помири со нејзината
смрт. Во тие моменти посакува и самиот да умре зашто се чувствува преморен од
долгото страдање. Ја посакува смртта како олеснување, како спас.
302.
Мислава моја ме крена на пат:
Неа ја барав по земјава сета,
ама ја нема во земскиов кат:
полична, горда ја видов кај шета
в градина рајска, со друшки, на пладне.
Рака ми зеде: „Се надевав – рече –
дека ќе дојдеш во Еденов вечен.
Денот ми сврши пред ноќта да падне…
Иако жали што љубовта не му се остварила, тој е горд што останал чесен и што на тој
начин ќе го заслужи местото во рајот, крај својата сакана Лаура:
365.
Плачам сега по деновите изминати, бол,
Кога за тебе се тресев, смртни свете,
Иако крилја имам, не летнав, не,
Пример да бидам, не долен и зол.
Ти, што злото го знаеш, и грешно и страшно,
На небото крал вечен, невидлив, со надеж
На душа да помогне што талка, слабее,
И маните со милост да и ги замени;
Живеев ли така во борба и бури,
Мирно да си умрам, ако животот
Залуден беше, смртта чесна нека биде.
Смртта и животот што крајот го чекаат,
Раката твоја милозливо помош нека даде:
Ти, барем знаеш, надеж во други немам.

You might also like