You are on page 1of 1

Љубов, страдање и болка како мотив во сонетите на Петрарка

Петрарка, како предвесник на ренесансата, но сè уште под влијание на


средновековната литература, творел на латински јазик сметајќи го за официјален.
Сепак, дел од творештвото го пишувал на народен јазик, оној дел од творештвото кој не го
сметал вреден, а кој излегувал од неговата душа. Тоа се песните посветени на Лаура
пишувани 30 години и собрани во збирката „ Канцониерот “.
Воглавно делото составено од сонети, во чии стихови се опеани искрените чувства на
Петрарка и нестабилноста на неговата душевна состојба,. Сонетите будат силни чувства и кај
читателот, создаваат болка и сочувство кон поетот бидејќи лесно е воочлива неговата тага,
како и жалењето и разочараноста, особено во стиховите кога тој зборува за неговиот
несреќен живот. Причината за очајот со кој Петрарка непрестано се соочувал се крие во
сенката од неговото срце. Тоа всушност била невозвратената љубов од идеалната жена,
Лаура, која што станала центар на неговиот живот уште од моментот кога првпат ја здогледал,
а воедно и опсесија во неговата лирика. За жал, таа веќе била мажена и има многудетно
семејство за што Франческо бил свесен уште од самиот почеток како и, за последиците од
неговите чувства со кои еден ден тој ќе морал да се соочи. Така, имајќи го предвид
патешествието што претстоело, тој заслепен од љубовта сепак го посветил сиот свој живот на
неа, никогаш неоткажувајќи се. Сѐ уште не е јасно дали тој некогаш воопшто разговарал со
неа, но се верува дека само еден фрлен поглед кон Лаура му послужил како инспирација да
пишува поезија за неа до крајот на животот.

Тој и покрај љубовта кон Лаура или можеби токму поради силните чувства што владееле во
него, започнал да се занимава со свештенство. Спротивно на очекуванит придобивки, добива
силен удар од реалноста, а тоа му ги отвара очите кон лицемерието што се криело зад
насмевките околу него. Соочувањето со оваа вистина, фактот дека дури и животот надвор од
неговото осамено секојдневие е осуден на пропаст го довело Петрарка во една невозможна
ситуација. 

Оној момент кога веруваме дека „не може да е полошо од ова“, се покажал како
моментот кога неговото страдање тукушто започнало, сѐ поради ужасниот настан кој никој не
можел да го предвиди – смртта на неговата сакана. „Сакана“ е всушност огромно
потценување на неговите емоции, таа за него била жената во која тој бил лудо заљубен
откако знаел за себе, затоа соочувањето со нејзината смрт најверојатно било најтешкото
нешто што поетот некогаш го доживеал.

You might also like