You are on page 1of 2

СТРАДАНИЈАТА НА МЛАДИОТ ВЕРДЕР

„Да, навистина сум само патник, скитник на земјава,


дали сте пак вие нешто повеќе“
- ГЕТЕ

Јохан гете роден на 28 август 1749 и починал 22 март 1832 е германски


романописец, драматур и научник. Гете бил една од клучните фигури на
германската литература и движењето Вајмарски класицизам во доцниот 18 и
раниот 19 век; ова движење коинцидира со просветителството. Влијанието на
Гете се ширело низ Европа и за време на следниот век неговата работа била
примарен извор на инспирација во музиката, драмата, поетиката и филозофијата.
Гете започнал да пишува поезија под влијание на германските и француските
автори. Првите песни на Гете имаат претежно духовен и пригоден карактер и
директно се под влијание на германските поети од 18 век. Водејќи се од тогашната
литературна мода, во Лајпциг ја објавил својата прва збирка песни во
анакреонтичарски дух, „Анета“, а потоа напишал и една симпатична игра со
наслов „Табиетите на вљубениот“ во која ги опишал својот однос и љубомората
кон Кетхен Шенкопф, ќерката на еден гостилничар од Лајпциг. Тој напишал и
многу други романи, но најпознат му бил Страданијата на младиот Вертер.
Страданијата на младиот Вертер е дело напишано од Гете која што тема била
страданијата и сентименталноста на 17. год момче кое случајно се вљубува.
Идеата во овој роман е да се прикаже однесувањето на младата генерација во
германското општество кое не знае да направи разлика помеѓу чувствата и
разумот. Веднаш по анонимното објавување, романт доживеал голем успех и
набргу следувале нови изданија, а бил преведен на повеќе јазици: до крајот на 18
век се појавиле 15 француски и 12 англиски изданија. Под негово влијание, многу
луѓе се облекувале во стилот на Вертер (јавачки фрак со месингени копчиња,
жолт елек, високи чизми) го имитирале неговиот начин на живот, а странските
туристи доаѓеле во Вецлар за да ги посетат местата во кои се сличува дејството
на романот. Сцени од романот се пијавиле дури и во Кина, насликани на
порцелан. Дури и самиот Гете почнал да с еоблекува како Вертер. Жените, пак се
облекувале во стилот на Лота: долг, бел фустан со висок струк, со куси ракави
длабоко деколте. Романот бил остро критикуван од црквата.
Романот „Страданијата на младиот Вертер“ извршил големо влијание врз развојот
на романтизмот чии дела биле преполни со вертеровската „светска болка“.
Заплетот на романот започнува кога се случува љубовниот триаголник меѓу
Вертер, Алберт и Лота. Романот е испишан како серија од писма што му ги
испраќа на својот пријател откако заминува во потрага по непосредноста и
едноставноста на бидувањето. Веретровото бегство во едно мало грдо гратче го
оставаат градот зад себе, градините големите дворови и тој смета дека
душевниот мир ќе го најде во природата на овој мал простор. Но, тоа не успева.
Неговите чувства се засилуваат во неговото пренагласено безумно вљубување во
Лота. Безумноста на неговата страст кон Лота поризлегува од таму што тој
целосно и се препушта иако уште пред да ја запознае е дека таа веќе е свршена.
Нивната прва средба се случува на игранката каде што доаѓа до израз неговата
слепа вљубеност, но тој не превзема ништо. Вертер и Лота безрезервно се
препуштаат на ова пријателство, се до моментот додека не се појави Алберт. Со
негово доаѓање пријателството продолжува да се одвива меѓу тројцата но Вертер
постојано барал моменти каде што Лота ќе биде сама. Вертер почнува да се
растргнува помеѓу разумот и страста. Растргнат кај него се јавува желба да се
казни поради неа, бидејќи не може да им одолее на чувствата. Почнува да
размислува да замине, но му гори душата и самиот се преиспитува .Вертер кога ќе
се врати Лота е веќе омажена за Алберт и тоа било како последна причина за
неговото самоубиство. Последното писмо го пратил до неговиот пријател Вилхем
и се самоубил. Крајот на романот го завршува неговиот пријател Вилхем кој во
писмата зборува за самоубиството на Вертер.
Страданијата на младиот Вертер се најголемиот љубовен роман во светската
книжевност. Тоа е драматична приказна за едно пасивно и сентиментално
незадоволство на пречуствителното момче, херој на своето време, кое бега од
светот, но неможе да ги избегне цврстите окови кои му ги наметнува општеството.
Затоа младиот Вертер наполно му го врти грбот на тоа општество бегајќи од
луѓето и се повеќе тонејќи во природата. „Страданијата на младиот Вертер“ е
роман со лирска исповед за најнежните и најскриените душевни расположенија и
најдлабоката духовна болка на маладата кревка душа за која пред тоа не се
знаело, а ниту после тоа ќе се слушне.
Гете успеал на неспоредлив начин во описот на една љубовна трагедија да ги
собере сите големи проблеми на своето време во борбата за правилниот развиток
на младата личност. Затоа, овој роман претставува безвременска приказна која ќе
му помогне на секој млад човек, девојка или момче, да ги прескокне бездните, што
се содаваат во еден период на животот, меѓу силното тело на младоста и неѓните
нишки на духот.

You might also like