You are on page 1of 2

Виктор Иго – Сликар на Француското општество од неговото време

„Клетници“ (критика преку ликовите на Жан Валжан и Фантина)

Автор на делото „Клетници“ е Виктор Иго – дел од групата на


романтичарските писатели, човек кој твори во времето на романтизмот во
Франција.
Романтизмот се појавува по рушењето на феудалното општество и
создавањето ново, граѓанско, капиталистичко општество, време во кое обичниот
човек се соочува со разочарувањето од неостварените идеали за слобода.
Поради тоа, во овој период се создал човек кој е со загубена доверба, човек кој се
издвојува од општеството и бега во свој субјективен свет. Оттука произлегуваат и
обележјата на романтизмот: субјективноста, односно индивидуалноста,
меланхолијата и светската тага, копнежот по нешто далечно и недостижно,
патувањето во далечни земји, враќањето во минатото, свртувањето кон
традицијата и народното творештво, создавањето на националното чувство и
целосната творечка слобода.
Кога станува збор за францускиот романтизам, од делата на Русо се
инспирирала романтичарската генерација. Во обликувањето на романтичарскиот
животен идеал, освен Русо, значајна улога одиграле и Франсоа – Рене де
Шатобријан и Џорџ Гордон Бајрон. На романтичарите им одговарал
шатобријановиот естетизам, субјективизам, лиризам и неговата книжевна
инспирација.Французите немале чувство за романтизам, па француските
уметници го прикажувале туѓиот романтичен живот и на тој начин настанал
францускиот романтизам.
Во „Клетници“ се опфатени сите слоеви, односно се среќаваме со
претставници
од сите три слоја.
Главни ликови во овој роман се Жан Валжан и малечката Козета.
Други ликови се Фантина и нејзината ќерка Козета, кои се припаднички на
нискиот слој. Тие се девојки кои немале среќа во животот, но тој се менува на
подобро благодарение на Жан Валжан. Се среќаваме и со ликот на Жавер,
припадник на средниот слој и полициски инспектор кој постојано го следи Жан
Валжан, поради што во некои мигови предизвикува одбивност. Тој всушност е
фанатик, кој е верен на својата професија. За него светот е црно – бел и според
неговите верувања на затвореник не може да му се верува, односно тој тотално
се согласува со поговорката: „Лесно е да си добар, тешко е да си праведен“.
Според него луѓето не се менуваат и законот е тој којшто никогаш не греши. Но
Жавер својата заблуда ќе ја открие кога во една ситуација сфаќа дека законот
понекогаш е неморален и неправеден, а разочарувањето во слепата вреба и
рушењето на неговата животна филозофија ќе го однесе до дното.
Тема во романот е сликата на француското општество, а преку овој роман,
Виктор Иго ја олицетворува својата идеја за патот и начинот на човечкот
овоздигнување и исцелување преку покроноста, страдањето, љубовта и жртвата.
Жан Валжан уживајќи на врвот, помагајќи на оние под него и докажувајќи ни
дека: „Се може да се постигне, само доколку се сака“,си го живее животот, се
додека минатото да се вмеша во прекрасната сегашност и иднината во хаос да ја
претвори. Кога само една грешка од минатото ќе му се наплати во сегашноста,
кога кругот само еднаш ќе се заврти, а кармата ќе си го одигра своето во
согласност со универзумот, животот на Жан Валжан повторно ќе се промени. Тој
ќе почне да живее во бегтство и со различни идентитети, но со една цел – да го
исполни ветувањето дадено на една очајна мајка, да ја пронајде малата Козета.
По исполнувањето на оваа цел, неговиот живот ќе добие смисла и тој ќе го
посвети остатокот од животот на малечката Козета. И двајцата израснати во
тешки
околности, ќе си покажат што значи љубовта. Поминувајќи низ различни незгоди и
згоди, ќе сфатат колку се приврзани еден за друг, а човекот кој ја спаси,
малечката Козета за татко смета.
Овој роман е приказна која ни укажува на суштината и смислата на животот,
на неговата игра и брзината со која истиот може да се смени, а воедно и ни праќа
порака да уживаме во секој миг додека сме тука, бидејќи не знаеме што ќе се
случи следно, укажувајќи ни на она што најверојатно сите многу пати сме го
слушнале: „Животот е краток!“

You might also like