You are on page 1of 4

КЛЕТНИЦИ

1ТОМ
Приказната започнува во Дињ. Селанецот Жан Валжан штотуку е ослободен од затвор по
19 години поминати во затвор (заради украден леб . Одбиен од меанџиите, кои не даваат
сместување на осуденици, Валжан спие на улица. Меѓутоа,
добротворниот свештеник Мириел, епископ во Дињ, го прима и му дава засолниште.
Сепак тој среде ноќ го краде сребрениот прибор на епископот и побегнува. Фатен е и
вратен назад од полицијата, но епископот го спасува изјавувајќи дека сребрениот прибор
е подарок

Сепак, чисто од навика украдува монета од едно момче по име Жевре. Речиси веднаш се
покајува и решава да го следи советот на епископот Мириел. Го пребарува градот во
паника за да го најде момчето и да му ги врати парите. Во исто време неговата кражба е
пријавена на властите, кои го бараат како повторен престапник. Ако го фатат, тој ќе биде
принуден да го помине остатокот од неговиот живот во затвор, па решава да се крие од
полицијата.

Неколку години порано во Париз, една работничка по име Фантина е лудо заљубена во
господин по име Феликс Толомиес. Човекот подоцна ја напушта Фантина како на шега,
оставајќи ја сама да се грижи за нивната ќерка Козета. Поради тоа што Фантина не може
истовремено да се грижи за детето и да работи, со тешко срце одлучува да се одвои од
Козета. Ја остава на грижа на Тенардие, расипан меанџија и неговата себична и сурова
жена. Фантина не е свесна дека тие ја злоупотребуваат нејзината ќерка и ја користат како
работна сила во нивната меана, и продолжува да се обидува да ги плаќа нивните
измислени барања за издржувањето на Козета. Подоцна, таа е отпуштена од работа од
фабриката на Жан Валжан поради откритието дека има ќерка која е родена надвор од
брак. Фантина ја продава косата, нејзините два предни заби и е принудена да се впушти
во проституција за да ја плати грижата за нејзината ќерка. Фантина исто така бавно
умира.

Фантина, истоштена и осамена, скита по улиците на Париз. Го сретнува Жевер кој ја апси
но со помош на Валжан таа се спасува од затвор.
Жавер доаѓа кај Валжан за да му каже дека го обвинил пред француските власти дека тој
е поранешниот затвореник Жан Валжан. Меѓутоа, Жавер повеќе не се сомнева во него,
бидејќи властите изјавиле дека веќе е приведен човек со изгледот на Валжан. Овој
господин се викал Шанматио. Меѓутоа Валжан знае дека тоа не е вистинскиот човек.
Неговото судење е закажано за следниот ден. Отпрвин Валжан се двоуми дали да се
открие, но на крајот сепак одлучува да се пријави за да го спаси невиниот осуденик. Тој
оди на судењето и го открива неговиот вистински идентитет, но во целата мешаница што
настанува, Жавер не успева да го уапси. Тогаш Валжан се враќа во Монтреј-сир-мер за
да ја види Фантина, следен од Жавер кој се обидува да го уапси во нејзината болничка
соба. Валжан му бара три дена за да ѝ ја донесе Козета на Фантина, но Жавер одбива.
Вознемирена и ослабната Фантина умира во болничкиот кревет. Валжан оди до Фантина
кажувајќи ѝ нешто со нечуен шепот и ѝ ја бакнува раката, а потоа заминува со Жавер.
Телото на Фантина подоцна е сурово фрлено на градските гробишта.
2ТОМ

Валжан успева да избега само за да биде повторно фатен и осуден на смрт. Неговата
смртна казна е заменета од страна на кралот со казна на доживотно ропство. Додека да
биде повторно пратен во затворот во Тулон, на военото пристаниште, Валжан спасува
еден морнар кој ќе паднел од опремата на бродот. Толпата почнала да вика „Овој човек
треба да биде помилуван“, но кога властите ги одбиваат молбите на толпата, Валжан
одглумува лизнување и паѓа во океанот со цел да избега, потпирајќи се на верувањето
дека се удавил.
Валжан пристигнува во Монфермеј на Божиќ. Тој ја наоѓа Козета Тој, исто така, сведочи
за лошото однесувањето на нивните разгалени ќерки Епонина и Азелма спрема Козета,
Следниот утро на Божиќ, Валжан ги информира Тенардиеви дека сака да ја земе Козета
со него. Валжан им плаќа 1.500 франци и заедно со Козета ја напуштаат гостилницата.
Валжан и Козета се засолнуваат во Париз. Валжан изнајмува куќа каде кратко живее
заедно со Козета. Меѓутоа, неколку месеци подоцна Жавер го открива нивното
засолниште. Валжан ја зема Козета наоѓаат засолниште во манастир со помошта на
Фошлеван, човекот кој Валжан го спаси, а кој е сега градинар во манастирот.

3том

Осум години подоцна, Пријателите од АБЦ, , подготвуваат граѓански немири против


десницата, Ним, исто така, им се придружуваат и сиромашните од Дворот на чудата,
вклучувајќи го и најстариот син на Тенардиеви, Гаврош, кој сега е уличар.

Еден од студентите, Мариус Понмерси, По смртта на неговиот татко, кој му дава упатства


да му помогне на некој воен наредник, по име Тенардие. кој му го спасил животот
во Битката кај Ватерло — всушност Тенардие ги ограбувал мртвите тела за време на
војната,
Во градините на Луксембург Мариус се заљубува во сега порасната и убава Козета.
Тенардиеви, меѓувремено се селат во Париз и сега живеат во сиромаштија откако ја
изгубиле гостилницата.
Епонина, една од ќерките на Тенардиеви, сега парталава и сиромашна, го посетува
Мариус во неговиот стан, просејќи за пари. Мариус ја сожалува и ѝ дава малку пари.
благородници ќе дојдат на посета за да им помогнат за пари. Со цел да изгледаат
посиромашно, Тенардиеви го гасат огнот и ја растураат куќата. Пристигнуваат
благородниците - всушност Валжан и Козета. Мариус веднаш ја препознава Козета.
Откако ја оценува нивната животна ситуација, Валжан ветува дека ќе се врати со пари за
нивната ќирија. Откако тој и Козета заминуваат, Мариус ја бара нивната адреса од
Епонина. Епонина која е заљубена во него колебливо се согласува да му ја даде.
Тенардиеви исто така ги препознаваат Валжан и Козета и се заколнуваат дека ќе се
одмаздат. Тенардие ја придобива помошта на Патрон-Минет, доста позната и страшна
банда на убијци и крадци.
Мариус го наслушнува планот на Тенардиеви и оди кај Жавер да го пријави криминалот.
Потоа се враќа дома и чека Жавер и полицијата да пристигнат. Тенардиеви ги испраќаат
Епонина и Азелма надвор да разгледат дали има полиција. Кога Валжан се враќа со
парите за киријата, Тенардиеви со Патрон-Минет го фаќаат во заседа и тој го открива
својот идентитет. Мариус го препознава Тенардие како човекот кој му го спасил животот
на неговиот татко во Ватерло и се наоѓа во дилема. Се обидува да најде начин да го
спаси Валжан, а во исто време не сака да го предаде Тенардие. Валжан не признава дека
го знае Тенардие и кажува дека никогаш се немаат видено. Валжан се обидува да избега
меѓутоа е придушен и врзан. Тенардие му наредува на Валжан да му плати 200.000
франци. Тој исто така му наредува да и напише писмо на Козета да се врати во станот, за
да ја држи како заложник додека тој не ги донесе парите. Откако Валжан го пишува
писмото и му ја кажува адресата на Тенардие, тој ја праќа г-ѓа Тенардие да ја донесе
Козета. Г-ѓа Тенардие се враќа сама и кажува дека адресата е лажна. За ова време
Валжан се обидува да се ослободи. Тенардие одлучува да го убие Валжан и тој и Патрон-
Минет му се нафрлаат. Мариус е очаен и не знае што да прави. Тогаш се присетува на
парчето хартија што го напиша Епонина претходно. Тој го фрла во станот на Тенардие
преку пукнатината на ѕидот.
Жавер.доаѓа Тој ги апси сите Тенардиеви и Патрон-Минет .Валжан успева да избега од
местото на настанот пред Жавер да го види.

4том
Откако Епонина се ослободува од затвор, таа го наоѓа Мариус и тажно му кажува дека ја
нашла адресата на Козета. Тој таму ја наоѓа Козета и си ја искажуваат љубовта еден
спрема друг. Епониа прави добро дело со тоа што ги брка крадците од куќата на Козета и
Валжан.
Валжан се чувствува загрозено откако го гледа Тенардие во соседството неколкупати.
набргу Козета ќе замине за Англија. Мариус се обидува да добие дозвола за женидба од
г-динот Жилнорман. тој одбива и му кажува на Мариус да ја земе Козета како негова
љубовница. Во немирите Гаврош го забележува Жавер и го информира Енжолра дека
Жавер е шпион. Жавер признава дека е тука да ги шпионира студентите. Енжолра и
другите студенти го врзуваат.
Кога Мариус пристигнува на барикадата, револуцијата веќе е започната. Кога тој се
наведнува да подигне едно буре со барут, доаѓа еден војник да го застрела. Потоа еден
човек ја покрива устата на пушката на војникот со неговата рака. Тоа всушност била
Епониа преправена во машки алишта и му го спасува животот и умира признавајќи му
дека го сака и му дава едно писмо.
Отакако Мариус го зема писмото, Писмото е напишано од Козета. Тој дознава каде е
Козета и ѝ пишува писмо со кое се простува од неа. Писмото на Валжан му го доставува
Гаврош.
Валжан дознава дека љубовникот на Козета се бори и тоа го ослободува, но еден час
подоцна тој се облекува во униформа на Националната Гарда, се наоружува со пушка и
муниција, и го напушта домот.

5том
Валжан пристигнува на барикадата и веднаш му го спасува животот на Мариус,
Валжан го спасува Жавер за да не биде убиен од студентите. онесвестен Мариус. Сите
други студенти вклучувајќи го и Енжолра се убиени. Валжан избегува преку
канализацијата, носејќи го телото на Мариус на рамењата. На крајот успева да најде
порта за да излезе од канализацијата, но за негово разочарување, портата е заклучена.
Но Тенардие непрепознавајќи го му отклучува за неколку ситни пари.
Тој го сретнува Жевер и го моли д не го апси за да го однесе Мариус дома и Жевер му
дозволува но бидејќи Валжан му го спаси животот тој неможе да одлучи дали да го апси и
се самоубива во реката Сома.
Мариус полека заздравува од повредите и тој и Козета се венчаваат. По свадбата Валжан
му признава на Мариус дека тој е поранешен осуденик. Мариус е ужаснат од откритието.
Убеден дека Валжан е човек со лош морал, ја отргнува Козета од него. Валжан ја губи
желбата за живот и залегнува во неговиот кревет.
Маскираниот Тенардие му приоѓа на Мариус, но Мариус го препознава. Тенардие
обидувајќи се да го уцени Мариус со тоа што го знае за Валжан, несакајќи го поправа
неговото погрешното мислење за Валжан и му ги открива на Мариус сите добрини кои ги
има тој направено. Тој се обидува да го убеди дека Валжан е убиец и го покажува парчето
од палтото што го пресече како доказ. Стаписан, Мариус го препознава материјалот и
сфаќа дека Валжан го спасил од барикадата. Мариус вади 500.000 франци и му ги фрла
на Тенардие в лице. Тој го соочува Тенардие со неговите злосторства и му нуди огромна
сума на пари ако замине и вети дека никогаш нема да се врати. Тенардие ја прифаќа
понудата и со Азелма заминува за Америка, каде станува трговец со робови. Како што
брзаат кон куќата на Валжан, Мариус ја известува Козета дека Валжан му го спасил
животот на барикадата. Пристигнуваат да го видат, но големиот човек умира. Во неговите
последни моменти се чувствува среќен со неговата посвоена ќерка и зетот до него. Тој
исто така на Козета и го открива нејзиното минато како и името на нејзината мајка. Во
прегратките на Козета, Валжан подлегнува на раните и умира.

You might also like