You are on page 1of 1

Жорж Санд и Малечката Фадета

Жорж Санд, родена како Амантин Лисил Орор Дипен —


истакната француска новелистка од периодот на францускиот
романтизам и воедно една од првите жени кои го достигнуваат
врвот на светската литература. Била активна во
феминистичките кругови во Париз, доживеала голем број на
скандалозни афери, големиот број на љубовници (меѓу кои и
Фредеерик Шопен), начинот на облекување и постојаното
движење во машки друштва. Својот врв го достигнува со
романот „Малечката Фадета“.
Приказна за браќата близнаци Силвине и Ландри кои од самото раѓање се
поврзани еден со друг и не можат да опстојат посебно. Откако потпораснуваат
Ландри заминува да работи во соседството, а Силвине се крши и постојано тагува
и се разболува. Незадоволен од ладниот однос на својот брат тој бега од својот
дом кон блиската река. Во меѓувреме Ландри го бара својот брат и смета дека
одговор ќе му даде старицата Фаде која сите ја сметале за вештерка бидејќи
правела чудни лекови. Старицата има две внучиња Фадета и Жане чија мајка ги
напуштила како мали, па она се изживува врз нив. Одговорот на Ландри му го
дава Фадета и при тоа го обврзува и тој да и исполни некое нејзино барање во
иднина. Подоцна Фадета ќе успее да го извлече Ландри од реката и конечно му
кажува дека треба да танцува со неа на селскиот бал (Фадета била грда и се
обекувала како машко). По танцот, се раѓаат искри помеѓу Ландри и Фадета и
конечно се вљубуваат еден во друг. Откако родителите на Ландри ќе дознаат за
тоа (под изговор дека е бремена) му наредуваат повеќе да не се гледа со неа.
Фадета заминува од селото, а по неколку месеци се враќа бидејќи баба и умрела.
Бабаи и остава големо наследство и родителите му дозволуваат на Ландри да се
венча со неа. За сето тоа време Силвине страда, но конечно ќе се помири откако
Фадета ќе го крене ан нозе и тој заминува во војска. Прават свадба и си живееа
среќно до крајот на животот

You might also like