You are on page 1of 1

Цајтгајст (Духот на времето)

Цајтгајст движењето е активистичко движење основано во САД во 2008 година од страна на


Петар Џозеф. Го критикува пазарниот капитализам, опишувајќи го како структурно корумпиран и
непотребен за ресурсите. Ги отфрла историско верските концепти сметајќи ги за погрешни и гo
прифаќа научното и еколошкото гледиште. Економскиот систем и застарената општествена
структура ги смета за главна причина за најголемите социјални проблеми. Многумина
движењето го опишуваат како пример за конспиративност, научно фантастичен планетарен
комунизам, синтеза од духот на Новата Ера и теорија на заговор, прв апокалиптичен култ на
интернетот, со членови кои напамет ги повторуваат партиските ветувања со весела верност.
Основната идеја која ја застапува движењето е замената на постоечката цивилизација со
„економија базирана на ресурси“ која е кибернирана и во која не се користат пари. Движењето
Цајтгајст и проектот Венус ја промовираат замената на човечкиот труд со автоматизација,
владата би била колективно учество од страна на јавноста, потпомогнато од напредна
кибернација. Според движењето, самите луѓе нема да донесуваат одлуки во врска со
поголемите општествени прашања, туку овие одлуки ќе бидат донесувани со помош на научен
метод, врз основа на носечкиот капацитет на Земјата, а не на човековото мислење. Замената на
донесувањето одлуки од луѓето со вештачка интелигенција се нарекува „Општествена
кибернација“. Приватниот имот нема да се укине, но како што ќе се развива културата, тој ќе
застарува, и ќе биде заменет со „систем на универзален пристап“.
Ова движење го претставува светот како единствен систем и луѓето како едно семејство и
признава дека сите земји мора да се разоружаат и да научат да споделуваат ресурси и идеи ако
сакаат да преживеат. Се залага да им се помогне на сите на планетата Земја, а не на избрана
група.

You might also like