You are on page 1of 11

Универзитет "Св.

Кирил и Методиј" Скопје


Правен факултет "Јустинијан Први"

Судир на Цивилизации

Ментор: Изработил:
Проф-Др. Денко Малески Џенис Сулимани 1495
Асс-Мр. Јулија Брсакоска

Скопје 2011

1
Содржина

Вовед………………………………………………………………………...3

Мултиполарен Свет……………………………………………………...4-5

Односите меѓу цивилизациите………………………………………….5-6

Западната моќ и “Исламската преродба”.................................................7-8

Цивилизациската Војна и Критиките кон Хантингтон.............................9

Заклучок.......................................................................................................10

2
Вовед

“Денеска голем е бројот на тие што веруваат дека војната помеѓу комунизмот и
Западот ќе се заменува со војна помеѓу Западот и Муслиманите”(William Praff,
New York review of books, October 1991)

По Студената војна во светската политичка сцена, односно во меѓународните


односи се појавија различни теории, еден од првите е ендизмот од Фукујама. Тој
го анализира редот што се појавува по завршувањето на Студената Војна. Тој е
убеден дека либералната демократија е највисокото нешто што ја достигнал
рационалноста на човекот. Додека другата теорија која го анализира хасот
настанат после завршувањето на Студената Војна е предводена од Хантингтон.
Фукујама како основач на редот го гледаше ЗАПАДОТ додека Хантингтон како
виновник на хаосот ги сметаше ДРУГИТЕ ЦИВИЛИЗАЦИИ. Од тука и фамозната
фраза на Хантингтон “the West and the Others”.
Иако прво печатена како труд во “Foreign Affairs” во1993 со тема “Судир на
цивилизациите”? Следеше многу интерес за трудот на Хантингтон. После 3 години
е печатена и како книга каде посуштински се анализира хаосот настанат по
Студената Војна, предизвиците на мултиполарниот свет и заканата од една
глобална, меѓуцивилизациска војна.
Начинот како ги третира Хантингтон другите цивилизации ме поттикна да ја
разработам оваа тема . Дали конфликтите во иднина ќе бидат помеѓу различни
цивилизации? Дали Западот ќе успее да ја врати славата? Дали Исламот преставува
Закана? Се големи важни прашања и предмет на дебата во меѓународните односи.

3
Мултиполарен Свет

Студената Војна, или “the long peace” како што беше нарекувана од
Мершајмер, е период кој се карактеризираше со идеолошкиот конфликт на две
супер сили (САД vs РУСИЈА). Меѓутоа овој мировен период завршува со
уривањето на Берлинскиот Зид. Во светската политичка сцена се појавуваат нови
актери кои во текот на студената војна беа аутсајдери.
После Студената Војна глобалната политика стана мултиполарна со многу
цивилизации. Во најголемиот дел од човековата историја контактите меѓу
цивилизаиите биле ретки или речиси немаше. Блиску 400 години западните држави
како: В.Британија, Франција, Шпанија, Австрија, Прусија, Германија, САД, и
други, основале меѓународен систем внатре Западната цивилизација, соработувале,
станале ривали, дури и војувале меѓусебе. Во меѓувреме и се проширувале и
колонизирале или влијаеле кон другите цивилизации.
Во текот на Студената Војна глоблната политика била биполарна и светот
беше поделен во три дела. Еднта страна се основаше од демократските општества
водени од САД, додека комунистичките општества беа водени од Русија.
Конфликтот беше идеолошки, понекогаш и натпревар за вооружување. Најголемиот
дел од конфликтот се водеше во Третиот Свет(сиромашни земји, без политички
став)1
На урнатините на биполарниот свет, се создава еден мултиполарен свет,
којшто ќе балансира помеѓу неколку центри на моќ. Ова нова ситуација создава
нови опасности по светскиот мир , кој и без тоа е загрозен од множество
регионални конфликти, кои се,често, производ на агресивниот национализам, чии
корени се во историските омрази, територијалните аспирации и желбата за
доминација со други2
Во светот после Студената Војна најважните разлики не се веќе идеолошки,
политички или економски. Тие се културолошки. Веќе никој не прашува: Во чија
страна сме?! Сега основно прашање е: Кои сме ние?! Луѓето се идентификуваат

1
Samuel P. Huntington, Perplasja e qyteterimeve dhe riberja e rendit boteror, Shkup, 2009, стр.17
2
Денко Малески, Меѓународна Политика, Скопје, 2000, стр.474

4
со културолошки групи: племиња, етнички групи, религиозни групи, нации и во
пошироко ниво со цивилизации. Луѓето ја употребуваат политиката не само да ги
реализираат сопствениите интереси туку и за да го определуваат нивниот
идентитет. Во новиот свет, локалната политика е политика на етнитети,
глобалната политика е политика на цивилизациите. Ривалството на големите
сили е заменет со судирот на цивилизациите3 Како пример Хантингтон ја зема
војната во Босна, тврдејќи дека конфликтот беше пример за војна меѓу
цивилизациите, бидејќи додека Србија добила дипломатска подршка од Русија,
бошњаците добиле различни фондации и оружје од С.Арабија, Турција, Иран и
Либија. И дека нивната помош доаѓало како резултат на нивната културолошка
близина а не за економски цели.
Значи веќе биполарниот систем е заменет со мултиполарниот систем,
условите за појавување на конфликти е поголем во однос на биполарноста. Луѓето
не се идентификуваат со идеологии туку се појавува свеста за културолошкиот
идентитет.

Односите меѓу цивилизациите

Секоја цивилизација себеси се смета како центар на светот. Идеите и


технологијата преминале од една во друга цивилизација, иако често требаше да
поминуваат векови. Пропагирајќи “универзални вредности” различни
цивилизации се обидувале да владеат, односно да водат политика на моќ. Но, не
секоја цивилизација се сложува со универзализмот. Можеби имаат да понудат
други вредности?!
Универзална цивилизација- што подразбираме со терминот “Универзална
цивилизација”? Според Хантингтон нејзина идеја е културно-заедништво на
човештвото и абсорбирање на вредности, верувања, ориентации, заеднички
институции на народите од целиот свет. Сите луѓе во различни општества имаат

3
Samuel P. Huntington, Perplasja e qyteterimeve dhe riberja e rendit boteror, Shkup, 2009, стр.18

5
основни вредности: дека убивањето е лоша работа, имаат морални и етички
чувства, знаат што е правилно...итн4
Светскиот јазик е англискиот. Дипломатите, бизнисмените, научниците, пилотите,
и др. имаат потреба од од продуктивна комуникација. Меѓутоа сведоци сме на
фактот дека во текот на историјата проширувањето на јазик во светот докажува на
проширување на моќта.
Универзализмот е идеологија на западот за да се соочува со незападните
цивилизации. Незападните цивилизации гледаат како Западно она што Западот го
гледа како универзално. Тешко е Западните вредности да се прифаќаат кај
незападните цивилизации, тие или не се согласуваат со вестернизацијата и
модернизацијата или ја прифаќаат едната негирајќи ја другата.
Според Daniel Pipes, само исламските фундаменталисти ги одбиваат и двете5
Религиите- шансите за основање на една универзална религија се многу
пониски за разлика од основањето на универзален јазик6 Според Хантингтон
религијата е основа за дефинирање на една цивилизација. Тој тврди дека расите
може да бидат поделени според цивилизациите, додека религијата може да
обединува раси во една единствена цивилизација.7
Исламот за разлика од Христијанството доживува повисок раст меѓу
светското население. Христијанството се проширува со конвертирање во оваа
религија, додека Исламот се проширува и со конвертирање во оваа религија и со
големиот наталитет. Процентот на Христијанството е околу 30% до 1980 година.
Но, овој процент е во опаѓање и до 2025 се очекува да доаѓа до 25%. Додека
Исламот до 2025 година како резултат на наталитетот може да достигне до 30% од
светското население.
Од наведеното може да забележиме дека Западот се обидува да ги
вестернизира незападните цивилизации повикувајќи се на “универзални
вредности”.

4
Samuel P. Huntington, Perplasja e qyteterimeve dhe riberja e rendit boteror, Shkup, 2009, стр.57
5
Исто, 77
6
Исто, 67
7
Derek S. Reveron and Jeffrey Stevenson Murer, Flashpoints in the war of terrorism, New York, стр.19

6
Западната моќ и “Исламската преродба”

Виновникот за опаѓањето на Западот Хантингтон го гледа во Истокот,


односно кај другите(...или “the others”) , фокусирајќи се повеќе во Исламската
цивилизација.
За моќта на Западот се појавуваат две погледи. Првиот го претставува
Западот како тотален победник. Според Хантингтон, Западот е единствената
цивилизација која има основни интереси во секоја друга цивилизација или друг
рајон и има вештина да влијае врз политиката, економијата и безбедноста врз
секоја друга цивилизација. Другите цивилизации имаат потреба за помошта на
Западот за да ги постигнуваат нивните цели и да ги бранат нивните интереси. Со
Хантингтон се согласуваат и други теоритичари, според кои, Западните држави:
 Владеат со Меѓународниот банкарски систем.
 Ги контролираат валутите.
 Владеат со меѓународните пазари на капиталот.
 Се во состојба да прават воени интервенции.
 Ги имаат во контрола морските патишта.
 Преовладуваат со меѓународните комуникации.
 Преовладуваат со индустриската технологија на оружјето.
Вториот поглед го преставува Западот како сила во опаѓање. Исламот се
повеќе зема непријателски став кон Западот. Економската моќ со брзина преминува
во Источна Европа, денеска околу 2/3 од светското производство се реализира во
Источна Азија8
Опаѓањето на Западот има три карактеристики9
 Многу е бавен процес. Зголемувањето на Западната моќ траела 400 години,
истотолку ке треба за да се бара неговото опаѓање.
 Опаѓањето не е во праволиниска форма. Отворените демократски општества
имаат вештина за преродба.

8
Ahmet Davutogllu, Kriza globale-debate rreth 11 shtatorit, Shkup, 2005, стр.196
9
Samuel P. Huntington, Perplasja e qyteterimeve dhe riberja e rendit boteror, Shkup, 2009, стр.89

7
 Моќта е вештина на еден човек или група да го менува однесувањето на
друг човек или група.
Исламската преродба- “Исламската преродба” е интелектуално движење,
која преовладува низ целиот свет. Како што вели еден Арабски службеник од
С.Арабија: “Исламот за нас е начин на живеење. Ние сакаме да се модернизираме
ама не и по секоја цена да се вестернизираме”10 Моќта на преродбата ги
поттикнувува Исламските влади да ги подржуваат Исламските институции и
практики. Во 70-80-те муслиманските влади почна своите режими да ги
идентификуваат со Исламот. Јорданскиот крал Хусеин убеден дека секуларните
влади немаат иднина во Арабскиот свет зборувал за потребата да се креира
“Исламска демократија” и “Модернизиран Ислам”. Кралот Хасан од Мароко се
повикува на своето профетско потекло и улогата “Верски Командант”. Султанот
на Брунеи, кој беше познат по своите не-муслимански практики, својот режим го
именува како “Муслиманска Монархија”. Бен Али во Тунизија редовно во своите
говори се повикуваше на Алах. Во Бангладеш го извадија од уставот
секуларизмот(1970). Во Турција во 90-те за прв пат беше доведено во прашање
секуларниот идентитет11
Со оглед на тоа што веќе многу време Западот е во подем Хантингтон верува
дека можно е пак да се врати неговата моќ. Иако Истокот и другите цивилизации се
во прогрес. Тој крајно верува во Западната цивилизација.

Цивилизациската Војна и Критиките кон Хантингтон


10
Исто, стр.122
11
Исто, стр.129

8
XIX-от век беше век на Европа, додека XX-от до последната четвртина беше
век на Атлантикот. Додека од последната четвртина на XX-от очигледна е
виталноста и кај другите цивилизации, како Кина, Индија и Исламските држави.

Мали се шансите да почне глобална војна, каде ќе се конфронтираат


големите сили, меѓутоа и не е невозможно12 Најголеми се шансите во војна да
влегуваат муслиманите и не-муслиманите. Според Хантингтон муслимански земји
се поделени меѓу себе и многу е лесно да се совладат, на оваа теза на Хантингтон
се спротивставува Ахмет Давутоглу13 во својата книга “Криза глобале-дебати околу
11 септември” каде вели дека: “Хантингтон не може да ја предвидува моќта на
обединувањето на муслиманските земји”14 Виновникот за евентуална војна помеѓу
цивилизациите Хантингтон го гледа кај другите цивилизации(the West and the
others). Иако не го негира просперитетот на Исламот, тој свет го третира како
“традиционален” или како свет што би можел да ја иницира војната меѓу
цивилизациите.
Хантингтон се базира на писателот Киплинг, кој зборува за “одговорноста на
белиот човек” како тој да е креирач на светскиот поредок, додека Давутоглу тврди
дека светскиот поредок не треба да се основа само на “cheks and balance”, од
големите Западни сили, туку и учество и од другите цивилизации.
Значи и покрај големото фаворизирање на Западот од Хантингтон, во
денешната политика се појавуваат многу центри на моќ, САД, Русија, Европска
Унија, Кина, Индија, и Муслиманскиот свет кој мошне поделен, но манифестира
елементи на единство во определени кризни ситуации15

Заклучок

12
Samuel P. Huntington, Perplasja e qyteterimeve dhe riberja e rendit boteror, Shkup, 2009, стр.365
13
Поранешен советник на премиерот на Турција сега Министер за Надворешни работи, Професор
на многу еминентни Светски Универзитети.
14
Ahmet Davutogllu, Kriza globale-debate rreth 11 shtatorit, Shkup, 2005, стр.221
15
Денко Малески, Меѓународна Политика, Скопје, 2000, стр.476

9
Од сето оваа можам да заклучам дека Хантингтон на некој начин го
предупредува Западот. Дадените проценти за раст на Исламот и неговата преродба
не се анализираат со цел да се фаворизира Исламот, туку се преставува како
шаблон на западот за тоа што оние треба да бидат претпазливи. Тој, едноставно се
плаши од подемот на Исламот. Целата негова теорија ја сфаќам како мисионeрски
повик на христијанството и целосната Западна култура на војна против
муслиманите. Како помеѓу редовите да се гледа повикот: “да одиме во напад пред
да не нападнат”.
Во едно се согласувам со Хантингтон а тоа е дека глобалната војна односно
помеѓу-цивилизациската војна е можна. Од проста причина што Западот по секоја
цена се обидува да им наметнува “универзални вредности” на Истокот, а од друга
страна пак имајќи го предвид неспоивоста на вредностите, свеста на тие луѓе и
нивната доверба во традициите мислам дека нема да толерираат да бидат
потчинети. И за крај за разлика од Хантингтон јас заканата за евентуална глобална
војна го гледам кај западот.

“Луѓе, Ве правев од еден маж и една жена , ви праев племиња и народи за да се


знаете меѓу себе...” (Kuran, Huxhurat:13)

Библиографија:

10
Samuel P. Huntington, Perplasja e qyteterimeve dhe riberja e rendit boteror, Shkup, 2009

Денко Малески, Меѓународна Политика, Скопје, 2000

Derek S. Reveron and Jeffrey Stevenson Murer, Flashpoints in the war of terrorism, New
York

Ahmet Davutogllu, Kriza globale-debate rreth 11 shtatorit, Shkup, 2005

Ingmar Karlsson, Besimi Terrori dhe Toleranca, Shkupi, 2010

11

You might also like