You are on page 1of 16

Универзитет „Св.

Климент Охридски“ - Битола


Факултет за Безбедност – Скопје

Семинарска работа по предметот:


„Меѓународни односи со меѓународна полициска соработка“

Тема:
ДАЛИ КОНФЛИКТОТ ОД 2014 ГОДИНА ПРЕТСТАВУВА НОВА СТУДЕНА
ВОЈНА ПОМЕЃУ РУСИЈА И САД

Ментор: Изработил:
Доц. Д-р Александар Иванов Маријана Величкова

Скопје, Април 2018 година


СОДРЖИНА

ВОВЕД......................................................................................................................................3
1. ПОЧЕТОЦИ НА СТУДЕНАТА ВОЈНА............................................................................5
2. ДАЛИ СТУДЕНАТА ВОЈНА НАВИСТИНА ЗАВРШИ..................................................8
3. КОНФЛИКТОТ ВО УКРАИНА ОД 2014 РЕЗУЛТАТ ЗА „НОВА СТУДЕНА ВОЈНА“...9
4. ЗАКЛУЧОК.........................................................................................................................15
5. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА...........................................................................................16

2
ВОВЕД

Време на заземен голем чекор за напредок во екот на технологијата


економијата, политиката па и нуклеарниот потенцијал е одраз на можностите на
човекот кој како поединка или групно ги има искористено максимално со цел да си
создаде подобро место за лични достигнувања и изнесување на сопствено мислење,
јавно.
Човекот одсекогаш се стремел длабоко да продре во секоја научна дисциплина
со цел подобро да ја осознае и истата да ја искористи за воспоставување контакт со
реалноста и оформување на принципи кои ќе му служат како водич во иднината.
Меѓутоа сето тоа залагање и усовршување околу пронаоѓањето на овие научни
методи, средства и техники,брз научен развој довел до последици кои ден денес силно
се одрзуваат врз човештвото.
Неусогласувањата кои од секогаш постоеле меѓу индивидуите довеле до
создавање на нови форми на тензија и натпревар помеѓу народите. Неможноста да се
пронајде средина во која секој ќе ги изнесе своите интереси со меѓусебно почитување,
довела до борба со оружје, а не борба со умови.
Резултат на таквото неусогласување на интересите е војната. Вооружен судир
на две или повеќе држави кои окупираат или освојуваат територии со цел да
дејствуваат на истата со свиоте интереси.
Првата светска војна или Големата војна е една од најголемите војни низ
историјата со најсмртоносни конфликти, која всушност го отворила патот за големи
политички промени. На период од 30 години се случува уште еден глобален вооружен
конфликт,помасовен и далеку покарактеристичен со своите последици. Втората
светска војна која ги зафатила мнозинството земји во светот на секој населен
континент.
Меѓутоа времето на војните не завршуваше тука, напротив периодот по втората
светска војна овозможи ново неусогласување и заладување на односите на секој можен
начин без притоа да се употреби оружје. Таквиот ривал се појави помеѓу двете
велесили САД и СССР кој се одвиваше на повеќе полиња: идеологија, воени сојузи,
освојување на вселената, технолошка надмоќ, шпиунажа, нуклеарни воени потенцијали
и сл. Иако никогаш не дојде до непосреден воен судир помеѓу овие велесили, во текот
на половина век постојано се зголемувале воените сили и политичките борби за

3
подршка ширум светот. Војната се нарекува „студена“ поради отсуството на воени
судири како и „заладеноста“ на односите помеѓу земјите во блоковите.
Ваквиот специфичен вид на војна траел 20 години, односно до мометот кога
претседателите Михаил Горбачов и Роналд Реген кои одржале состаноци со цел
постигнување на договор за меѓусебна толеранција.
Важно е да се напомене дека таквата меѓусебна толеранција била постигната на
одредено време, меѓутоа и ден денес се повеќе се поставува прашањето, дали односите
повторно се на пат да истакнат „заладеност“ односно почеток на „Нова студена војна“
помеѓу САД и сегашната Русија, поради акутните геополитички заострувања кои
прераснуваат во локални конфликти.

4
1. ПОЧЕТОЦИ НА СТУДЕНАТА ВОЈНА

Корените на Студената војна се наоѓаат во непријателствата помеѓу Советскиот


сојуз и Западот кои започнале во период на Првата светска војна, во текот на
Октомвриската револуција кога СССР се појавиле како голема комунистичка сила.
Идеолошкиот судир помеѓу капитализмот и комунизмот започнал уште тогаш, бидејќи
САД ја поддржувале царската опција во Русија, не се согласувале со истапувањето на
Русија од војната преку мировниот договор со Германија и не го признавале СССР до
1933 година.
Во времето на Втората светска војна, Советите длабоко се сомневале дека
Англо-Американците оставиле на нив да го носат најголемиот товар на војната и да се
вклучат само на крајот за да влијаат на мировните договори и затоа ја одложувале
инвазијата на Нормандија.
Постоело и силно несогласување помеѓу сојузниците како треба да изгледа
Европа по војната. Постоело и несогласување за тоа како да се воспостават
заедничките системи за безбедност по војната. Американските водачи сметале дека
треба да се формираат пазари и влади , односно дека земјите по примерот на САД,
земјите преку меѓународни организации ќе можат да ги решаваат споровите, додека
советските водачи сметале дека безбедноста е поврзана со контрола на просторот.
На конференцијата во Јалта 1945 сојузниците се обиделе да договорат рамка за
повоена безбедност, меѓутоа не постигнале цврст договор. Со крајот на војната се
сметало дека исходот се состои во тоа што САД ја имале освоено Западна Европа,
додека СССР, Источна. Во окупираната Германија биле воспоставени окупациони
зони.
Во јули 1945 на конференцијата во Потсдам се појавиле сериозни разлики околу
развојот на Германија и Источна Европа. Труман го известил Сталин дека САД
поседува силна бомба кој дотогаш не била видена, меѓутоа не го предупредил дека
станува збор за атомска бомба. Сталин на тоа реагирал сосема смирено и верувал дека
тоа е само уште едно оружје за смртоносно уништување, со што се надевал дека ја
искористат.
По само неколку дена биле фрлени бобмите врз Хирошима и Нагасаки, кои биле
причина за понатамошен конфликт помеѓу САД и СССР. По бомбардирањата Сталин
протестирал до американците дека им понудиле мало влијание во Јапонија, така што
Труман и неговиот кабинет дознале дека советските разузнавачки сили одамна имаат

5
уфрлено шпиони во американската воена индустрија, односно во американскиот врв,
по што станало јасно дека Сталин има знаење за атомската бобма уште пред Труман да
го извести. Гневот од недовербата меѓу Сојузниците како и брзото нуклеарно
вооружување на Советскиот сојуз благодарејќи на информациите до кои што дошла
советкста воена индустрија и советскиот воен врв преку шпионите поставени во САД
од страна на советскиот сојуз, биле главните причини за почеток на Студената војна. 1
Во 1946 година Черчил говорел за железната завеса која се спушта помеѓу
Западот и Истокот и повикал на Агло-Американски сојуз против Советите.
Черчил всушност се смета и за првиот иницијатор на Студената војна, особено бидејќи
тој прво го употребил терминот „студена војна“ а исто така бил и гневен на САД
особено на претседателот Рузвелт, бидејќи Рузвелт се трудел да организира тајни
состаноци со Сталин кои всушност и никогаш не биле воспоставени. Черчил постојано
му велел на Рузвелт дека по Втората светка војна, Сталин и Советскиот сојуз ќе имаат
најголема добивка во Европа поради големите успеси на Црвената Армија, но Рузвелт
му велел дека залудно „бара непријатели тамо каде што ги нема “.
По воениот период обете суперсили настојувале да завземат што е можно
подобри позиции прку помагањето и создавањето сојузи со држави во Европа, Азија,
Африка. Во 1947 година САД направиле реорганизација на одбранбениот систем, било
формирано Министерството за одбрана, Централната Разузнавачка Агенција и
Националниот Совет за Безбедност.
На повоената Европа и била потребна помош за обнова со тоа што САД и СССР
се натпреварувале да ги придобијат разурнатите земји. Па така САД решила и покрај
военото непријателство да и помогне на Германија, бидејќи сметеале дека таа е важен
индустриски фактор околку кој се вртел економијата. Исто така со 400 милиони долари
ги помогнале Грчките ројалисти во граганската војна во Грција во борбата против
комунистите кои пак биле подржани од Титова Југославија. Ројалистите оваа го
искористиле да извршат геноцид врз Македонскиот народ и протерување на истиот кој
бил подржувач на комунистите.
СССР склучиле сојуз со Народна Република Кина, веднаш откако во 1949 на
власт дошле комунистите кои го победиле Куоминтангот помаган од САД.
Во 1949 година САД и сојузниците го формирале воениот сојуз НАТО. САД
исто така склучиле и сојуз со Јапонија во 1950 и договориле поставување на бројни
воени бази на подолг период во Пацификот и Јапонија. Во 1950 година започнала
1
Снежана.Н.Стефановска, Меѓународни односи, Скопје 2010

6
Корејската војна во која Кина и СССР го помагале Северот, а САД го помагал Југот.
Војната завршила 1953 година со поделба на територијата на Кореја која трае и ден
денес.
Во 1953 во САД дошло до смена на власта по изборот на Ајзенхауер за
претседател, истатат година Сталин починал а на местото на премиер бил избран
Никита Хрушчов, со тоа некои од доктрините на Студената војна се промениле, но
тензиите и понатаму останале. Поради големиот притисок на велесилите во 1961 год во
Белград се формира Движење на неврзаните, со што и Југославија била една од
основачите на чело со претседателот Тито.
Двете велесили биле и на работ на нуклеарна војна, каде Советите кои го
подржувале Фидел Кастро на Куба, започнале со поставување на ракети со нуклеарни
боеви глави на Куба. САД преку шпионски снимки дознале за овоа и поради
опсасноста која и се наметнува, воспоставиле непосредно до американското копно,
поморска блокада на Куба. Дошло до средба на воените бродови на страните, меѓутоа
Советите се откажале од намерата и ги повлекле ракетите од Куба. Поради
економските проблеми што двете велесили ги имале, САД од војната во Виетнам,
СССР поради внатрешниот економски систем, дошло до ограничување на
вооружувањето крунисано со потпишување на Хелсиншките договори 1975.2
Во 1983 година Реган се вмешал во Либанската германска војна, извршил
инвазија на Гранада, ја бомбардирал Либија и ги поддржал бунтовниците против
комунистичкиот режим во Никарагва.
Во меѓувреме Советите трпеле големи економски и воени штети од војната во
Авганистан во која Советите испратиле околу 100.000 војници, каде што САД ги
подржувала муслиманските герилци кои подоцна прераснале во Ал Каеда.
Во 1989 година Советите се повлекле од Авганистан. Во декември истатат
година Гробачов и Џорџ Буш постариот на самитот во Малта објавиле крај на
Студената војна.

2
https://www.fakulteti.mk/news/17-05-03/dali_e_zapochnata_nova_studena_vojna

7
2. ДАЛИ СТУДЕНАТА ВОЈНА НАВИСТИНА ЗАВРШИ

За мнозинство земји во светот се смета дека Студената војна завршила со


распадот на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт, со уривањето на Берлинскиот
зид и обединувањето на источна и западна Германија во една земја. Но бројните текови
кои се случуваа подоцна како што беше терористичкиот напад во 2001 година во САД,
американската окупација на Авганистан и Ирак, укажува на тоа дека САД и Русија
како велесили се повеќе и повеќе инвестираат во своето вооружување.

Слика 1: Мапа на поделеност на земјите од Студената војна


Figure 1: Map of the division of countries in the Cold War

Поголем дел од експертите тврдат дека Студената војна не е завршена туку дека
истата е прекината со таканаречен приверемен 10 годишен „прекин на огнот“, во текот
на 1990-те. Многумина исто така мислат дека тестирањето на најголемата вакумска
бомба во светот од страна на Русија во 2007 година наречена „Татко на сите бомби“
далеку помоќна од американската „Мајка на сите бомби“ претставува фитил за почеток
на Втора студена војна.
Едно од најзнчајните прашања кое се поставува во стручната јавност е дека од
2014 година со засилена политичка и економска спротиставеност помеѓу САД и ЕУ од
една страна и Русија и нејзините истомисленици од друга страна е почеток на „Нова
студена војна“.

8
3. КОНФЛИКТОТ ВО УКРАИНА ОД 2014 РЕЗУЛТАТ ЗА „НОВА СТУДЕНА
ВОЈНА“

За почеток на „Нова студена војна“ се сметаше конфликтот во Украина.


Украина беше во превирања од Ноември 2013 година, кога нејзиниот претседател
поддржан од Москва, Виктор Јанукович излезе од договорот за слободна трговија со
Европската унија и наместо тоа побара поблиски економски врски со Русија. Неговата
одлука предизвика огромни протести во главниот град Киев, кои наскоро станаа
насилни додека полицијата се обиде да ги потисне демонстрантите. По неколку недели
од смртоносните улични судири, Јанукович беше соборен како претседател во
Февруари 2014 година.
Како одговор на тоа, проруските вооружени напаѓачи ги зазедоа клучните
инсталации и аеродроми во претежно украинскиот регион на Крим во кој се зборува
рускиот јазик. Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека вооружените лица не
биле руски војници, туку "сили за самоодбрана". Москва имаала дополнителни мотиви
во одржувањето на контролата над регионот. Крим е дом на Црноморската флота на
Руската морнарица и други воени објекти што се дозволени со долгорочен договор со
владата на Киев. Москва предупредила дека има право да ги заштити своите бази. Во
обид да избегне поттикнување на целосна воена конфронтација, Украина ги повлече
своите сили од Крим. На крајот од Mарт сепаратистите изјавија дека 97 отсто од
гласачите на регионалниот референдум за Крим сакале да влезат во Русија.3
Европската унија и САД го наметнаа првиот спектар на санкции, замрзнување
на средствата и блокирање на патувањето на поединци кои го водеа сецесионистичкото
движење на Крим. Но, тоа се покажа како малку корисно, бидејќи Путин потпиша
историски договор кој официјално го апсорбира Крим во Русија - првпат Москва ги
прошири своите национални граници по Втората светска војна. Разгорена со брзи
победи на југот, сепаратистите во источниот регион на Украина, кои се граничат со
Русија, исто така ги окупираа владините згради во Харкив, Донецк и Луганск.
Украинската влада одговори со отпочнување на "антитерористичка операција"
против бунтовниците. Надвор од спорната источна Украина, дипломатскиот пејсаж
наскоро беше затрупан со урнатините на неуспехот. Европската унија и Обединетите
нации не беа во можност да ги дегресираат тензиите. Телефонските разговори меѓу
американскиот претседател Барак Обама и Путин беа напнати и неубедливи. Путин

3
https://www.vox.com/2015/6/29/8845913/russia-war

9
изјави дека Украина е на работ на граѓанска војна, додека украинскиот премиер
Арсениј Јацењук предупреди дека Русите се на работ на "трета светска војна".
Интервенциите на Европската унија од страна на мировните набљудувачи од
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) беа заплашени или
притворени од страна на бунтовниците. Кога не се малтретирани, набљудувачите
можеа само да гледаат немоќно, додека конфликтот ескалираше и монтирани жртви.
До Јуни, сепаратистите, кои постојано негираа дека биле тајно потпомогнати од
руските специјални сили, покажаа значително зголемена софистицираност и во
користените тактики и во оружјето распоредено во нивната војна против владините
сили на Украина.

Слика 2: Поделеност во 2014 година на Украина во конфликтот


Figure 2: Divergence in 2014 in the Ukraine in the conflict

Воздушниот простор над источниот дел на Украина се претвори во смртоносна


состојба, кога бунтовниците почнаа да ги соборуваат владините воени авиони и
хеликоптери. Тогаш злонамерно на 14 Јули украинскиот воен авион за воени авиони
беше разнесен од небото со ракета додека леташе на 21.000 стапки. Три дена подоцна
патнички авион MH17 беше соборен со губење на 298 мажи, жени и деца. Овој
смртоносен регионален конфликт одеднаш се забрза во далеку поопасна територија-
потенцијален застој помеѓу големите сили - политичка конфронтација што не се гледа
од деновите на Студената војна.4
4
https://edition.cnn.com/2014/03/10/world/europe/ukraine-us-russia-tensions/

10
Кога се зема предвид анализата за природата на интеракциите помеѓу актерите
во врска со конфликтот во Крим мора да ги разгледаат сите актери, кои се
препознаваат на меѓународно ниво. Актерите во меѓународниот систем главно се
држави, имено самоодржливи субјекти, кои преку нивните интеракции на над
национално ниво ја обликуваат природата на односите меѓу нив.
Во конфликтот во Украина, главните учесници се следниве држави: Украина,
Русија, САД и други ентитети како што се: Европската унија и НАТО. Овој дел ќе ги
разоткрие и анализира активностите преземени од нив од теоретска перспектива на
реализам. Понатаму, ќе се постави прашањето зошто конфликтот еволуираше во
отворен конфликт и не беше запрен во рана фаза? Акциите на ЕУ во конфликтот во
Украина беа во прв план само врз основа на дипломатијата. Преку Европскиот совет,
кој е "извршно тело" на ЕУ, одлучи во Март 2014 година да ги откаже подготовките за
Самитот на Г-8 во Сочи. Ова беше дипломатска одлука и таа е во согласност со
принципот на рационалност кој ги тера актерите да го следат различниот пристап
додека се придржуваат кон своите цели,што требаше да ја продре одлуката на Русија за
анексија на Крим. Понатаму, ЕУ ги прекина разговорите во врска со визите за руските
граѓани кои патуваа во ЕУ и продолжи да наметнува индивидуални рестриктивни
мерки за руски граѓани, како што се замрзнување на средствата и забрана за патување.
Потпишувањето на Договорот за асоцијација со Украина, на 27 Јуни 2014
година е исто така дипломатска акција. Таа имаше за цел да ја одврати Русија во
нејзината потрага по дестабилизација на соседна земја. Потпишувањето на Договорот
за асоцијација е во согласност со принципот на рационалност. Индивидуалните
рестриктивни мерки се трансформираа во еден поширок облик на економски и
трговски санкции кон Русија. На 29 Јули 2014 година, претседателот на Европскиот
совет и Претседателот на Европската комисија издаде соопштение во врска со
проширените економски санкции, мерки насочени кон секторска соработка и размена
со Руската Федерација. Овие одлуки го ограничија пристапот до пазарите на ЕУ за
руските финансиски институции во државна сопственост, ембаргото на трговијата со
оружје воспостави забрана за извоз на стоки со двојна употреба за воени крајни
корисници и го ограничи Рускиот пристап до чувствителните технологии, особено во
областа на нафтениот сектор, суспензијата на ЕИБ, финансирање на ЕБОР,
ограничување на инвестициите и трговијата со Крим и Севастопол со цел намалување
на нивото на соработка.5
5
https://news.nationalgeographic.com/news/2014/09/140912-cold-war-geography-russia-ukraine-sanctions/

11
Од овој момент наваму, ЕУ престана да реагира исклучиво со дипломатијата и
направи чекор напред во наметнувањето економски санкции. Овие економски санкции
се во согласност со принципот на способности во реализам. ЕУ реагираше во реални
услови при наметнувањето на рестриктивната економска состојба во вториот круг. Ако
во почетокот, ограничувачките мерки беа ориентирани кон лицата на интерес од Русија
и нивните средства, во вториот круг, ЕУ воведе насочени економски секторски мерки
против друг актер во меѓународниот систем, кон државата Русија. ЕУ, исто така,
дејствуваше со наметнување економски санкции, како што се замрзнување на
средствата, на украинските граѓани. По тврдењата за проневера на државните фондови,
поранешниот претседател Јанукович имаше замрзнати средства. Спомнувањето на овој
факт е релевантно тука за да се покаже дека ЕУ е непристрасен актер кога станува збор
за дејствување во меѓународниот систем, кога кризата е присутна.

Слика 3: Воена статистика меѓу Русија и Украина во конфликтот


Figure 3: Military statistics between Russia and Ukraine in the conflict

Сегашниот статус на интеракции помеѓу ЕУ и другите актери вклучени во


Кримскиот конфликт се базира на дипломатските интеракции и рестриктивните
економски мерки. На економските санкции кон Русија беа додадени и мерки за
учество на Русија во нелегална анексија на Крим и нејзината улога во дестабилизирање
на суверена држава. На мешање во националните работите на суверена држава од
страна на Русија, беше гледано како закана, од страна на ЕУ. Наметнувањето на
економски санкции може да се смета како потврда на способностите од ЕУ, додека

12
дипломатските решенија кои биле и се спроведуваат може да се смета како во
согласност со целите на средствата за игра која е присутна помеѓу Русија и ЕУ.
Меѓутоа постои една силна теза која силно укажува дека треба да се воздржиме
од реториката за употреба на фразата „Нова студена војна“ поради две причини.
Прво, и што е најважно, конфликтот во Крим не е за идеологии туку за воена
стратегија и економско влијание. Второ и пошироко - појавата на нова Студена војна е
скоро невозможно во еден глобализиран свет.
“Луѓето од овој свет, го гледаат овој град и гледаат дека не треба и не можете да
го напуштите овој град и овој народ". Би било лесно да се користи овој цитат во
постојниот контекст на Крим, едноставно со заменување на зборот "град" со
"полуостров". Во реалноста, овој цитат е земен од говорот кој датира од Септември
1948 година. Во тоа време, тогашниот градоначалник на западен Берлин, Ернст Рејтер
го повика светот да го спаси својот град од првите проблеми на новата Студена војна.
Денес - повеќе од шест децении подоцна - украинските лидери во Киев го
поттикнуваат светот да го спасат Кримскиот полуостров од руските трупи. Лесно е да
се направат споредби - најверојатно премногу лесно.

Студената војна беше за ривалството на две идеологии кои се обидуваат да се


освојат еден со друг. Џон Милер, професор по политички науки, славно тврдеше дека
Студената војна завршила веднаш штом Советскиот Сојуз го признал крајот на своите
напори за ширење на својата идеологија. Тековниот конфликт сепак, се однесува на
воената и економската моќ. Една од најважните воени бази на Русија се наоѓа на
полуостровот Крим, а новата влада во Киев најверојатно ќе го поништи постоечкиот
договор со кој Русија ќе може да основа дел од својата флота таму. Москва нема
вистинска алтернатива за која би можела да го пресели погодениот дел од својата
Црноморска флота.

Ниту едно од овие размислувања не упатува на идеолошки конфликт кој ќе се


прошири кон други земји или ќе создаде размислување за дефинирање на Студената
војна. Второ, ниту Русија, ниту САД, ниту ЕУ не се способни или не се заинтересирани
да започнат нова Студена војна. И покрај нивните ривалства во моќта, тие се свесни
дека соработката е неопходна за решавање на некои од најосновните проблеми.
Конфликтот во Сирија, тероризмот, климатските промени и неодамнешната економска
и финансиска криза се само неколку примери.

13
Светот не е единствено доминиран од САД и Русија туку повеќе. Актерите како
Кина или Индија нема да покажат никаков интерес за војна која ќе го загрози нивното
економско производство и развој, и онаа што нема да претставува никаква предност за
нивните економии во развој. Русија всушност може да се соочи со силна опозиција од
сегашните партнери како што е Кина. Како што посочи неодамнешниот напис во
надворешната политика, Пекинг има голем интерес за украинските земјоделски
територии. Покрај тоа, Пекинг би можел да го искористи преориентот на Крим како
аргумент да се обиде да ја премести источната сибирска кинеско-руска граница, која
денес е поважна за Кина отколку за Русија.6

Со други зборови, дури и ако Русија, САД и ЕУ одлучат да влезат во новата


Студена војна, воопшто не е сигурно дека тие и натаму ќе останат доволно моќни за да
ја заглават светската политика и да ги принудат другите нации да ги играат според
своите правила. Опасноста што произлегува од кримскиот конфликт сигурно не треба
да се потцени, но референците за Студената војна се или политички мотивирани или
надвор од контекстот.

Што значи можноста за „Нова студена војна“ на некој начин е невозможна


поради развојот на глобалното општество во поинакво сфаќање на новите настани кои
следат, меѓутоа во одреден дел постои страв од спуштање на нова „завеса“ која ќе
иницира заладени односи помеѓу двете велесили, Русија и САД.

4. ЗАКЛУЧОК

Можноста да се доведе општеството до степен на целосно меѓусебно разбирање


во суштина е и невозможно. На тоа длабоко укажуваат војните-Првата Светска и
Втората Светска војна кои го нагласуваат неусогласувањето како и желбата за

6
https://www.huffingtonpost.com/rick-noack/crimea-russia-ukraine_b_4892077.html

14
идеологија односно освојување и наметнување на сопствените интереси на туѓи
територии.
Всушност човекот одсекогаш настојувал да се докаже односно да го изнесе
својот став со очекување дека истиот ќе биде прифатен од сите, без никаков
компромис.Меѓутоа низ историјата се докажале многу спротивности на тоа дека еден
народ односно една нација може да одигра главна улога во Меѓународната заедница.
Се наметнува потребата од добронамерна соработка како меѓу државите така и
меѓу народите со цел остварување на сопствените цели. Беспрекорното
функционирање на државите во однос на максимално остваруање на замислените цели
се состои во тоа да истиот наликува како систем на човечко тело и дека без постоење
на екстермитетите истото би било незамисливо во однос на извршување на функции.
Така е и со Меѓународната заедница, што значи дека секоја од државите зазема
значајно место и е дел од човечкото тело без кое истото неможе да функционира. Со
истото тоа значајно место кое секоја од државите го завзема се остваруваа таа можност
за добра соработка која овозможува напредување и ефикасност во идните случувања
кои се одликуваат со позитивност за сите.

Секоја спротивност доведува до нова неусогласеност, ново нефункционирање, и


потполно загрозување на човештвото. Добро е да се размислува дека почетокот на една
„Нова студена војна“, пред се значи можност да се заглави светот во време за кое
подоцна ќе нема напредок ниту можност за ефективно работење на целокупните
органи ,важни за стабилно функционирање на една држава. Треба да се размислува за
последиците кои ќе настанат и истите ќе бидат неповратни за земји односно народи
кои во суштина немаат никаква допирна точка ниту се стремат да посакат повеќе
отколку што имаат.

Тука некаде треба да се стави крај на можноста да се создаде нова „заладеност“


меѓу две велесили кои и покрај значителното место кое го завземаат, имаат и обврска
за почитување на останатите играчи, со цел светот да се направи подобро место за
формирање на стабилно општество со добронамерни цели.

5. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

15
1. Снежана.Н.Стефановска, Меѓународни односи, Скопје 2010
2. https://www.fakulteti.mk/news/17-05-03/dali_e_zapochnata_nova_studena_vojna
3. https://www.vox.com/2015/6/29/8845913/russia-war
4. https://edition.cnn.com/2014/03/10/world/europe/ukraine-us-russia-tensions/
5. https://news.nationalgeographic.com/news/2014/09/140912-cold-war-geography-russia-
ukraine-sanctions/
6. https://www.huffingtonpost.com/rick-noack/crimea-russia-ukraine_b_4892077.html

16

You might also like