You are on page 1of 12

Сајбер криминалитет

1. Што се подразбира под поимот сајбер криминалитет?


- Поимот „сајбер криминалитет“ ги опфаќа делата поврзани со мрежата на Интернетот,
исто така и други компјутерски мрежи и уреди од информатичката и комуникациската
технолгија, па дури и со телефонски линии и мобилни мрежи.
2. Наброј ги облиците на сајбер криминалитет:
- Кражби и измами;
- Компјутерска шпионажа;
- Хакирање и неовластено навлегување во компјутерскиот систем;
- Дистрибуција на вируси и други облици на злонамерен софтвер
- Cyberstalking;
- Производство и дистрибуција на нелегална порнографија;
- Сајбер тероризам;
- Повреда направата од интелектуална сопственост
3. Дополни во реченицата: Кај измамата со кредитни картички
- сторителот користи податоци од туѓа кредитна картичка, со цел неовластено да
изврши одредена набавка на стоки или услуги или да изврши други промени на
сметката.
4. Најчести облици на кражби и измами со злоупотреба на информатичката и
комуникациската технологија се кои?
- измама со кредитни картички и хартии од вредност;
- кражба на идентитетот;
- попречување и присвојување на компјутерски услуги
5. Вообичаено се зборува за три категории на измама со хартии од вредност.
Наброј кои се тие:
- манипулирање со пазарот;
- нудење на измама;
- противправно посредување и застапување
6. Заокружи го точниот одговор: Обидот за распостранување на лажни
информации ( преку веб страници, електронска пошта и сл.) со цел вештачко
зголемување на побарувачката за помалку вредните хартии од вредност се
нарекува:
- манипулирање со пазарот
7. Заокружи го точниот одговор: Противправното стекнување и користење лични
податоци со цел стекнување на стоки и услуги во име на друг се нарекува:
- кражба на идентитетот
8. Раскажи кои се најчестите облици на попречувањето, присвојувањето и
вмешувањето во компјутерски услуги и што опфаќаат истите?
Попречувањето и присвојувањето на компјутерски услуги ги опфаќа сите облици на
вмешување или прекинување на компјутерски или телекомуникациски услуги, со што
се предизвикуваат штетни последици за широкиот круг корисници на овие услуги.
Меѓу најчестите облици на попречувањето, присвојувањето и вмешувањето во
компјутерски услуги се вбројуваат:
- кражба на сигнал емитуван од провајдери на кабелска телевизија ( ги опфаќа сите
противправни дејствија на овозможување на пристап до сигналот на кабелската
телевизија ) ;
- напад со цел одбивање на услуги ( опфаќа напад врз компјутери со цел да се
оневозможат услугите на овластените корисници ) ;
- испраќање на несакани и вознемирувачки електронски пораки ( се подразбира
испраќање на енормен број електронски пораки од комерцијална или макетиншка
природа кои често имаат вознемирувачки и навредливи содржини ) ;
- инсталирање на програми со рекламни содржини ( претставува облик на компјутерска
програма која овозможува ненадејно појавување на одредена содржина од рекламна
природа на десктопот или пак интегрирање на овие содржини на комуникацискиот
софтвер ) .
9. Што претставува компјутерска шпионажа?
- Компјутерската шпионажа претставува дејствие на употреба на посебен
компјутерски софтвер, кој се „вгнездува“ во компјутерот, за да се постигне контрола
врз системот преку: собирање и добивање на информации, инсталирање на други
типови софтвер, пренасочување на интернет пребарувачот на други страници и слично.
10. Дополни во реченицата:
- Компјутерското хакирање претставува пристап до компјутерски систем без
изречна или посредна дозвола на сопственикот на компјутерскиот систем.
11. Што опфаќа потесното значење на поимот хакирање?
- Потесното значење на поимот хакирање, односно неовластено навлегување во
компјутерски систем, како облик на сајбер криминалитет означува противправно
стекнување на пристап од еден или повеќе компјутерски системи преку злоупотреба на
безбедносните недостатоци и надминување на безбедносните пречки како на пример
лозинки и огнен ѕид, со цел користење или кражба на податоци или вметнување на
нова ( надворешна ) програмска функција.
12. Наброј ги четирите категории за злонамерен софтвер кои се дел од
компјутерските инфективни програми:
- логички бомби;
- тројански коњи;
- вируси;
- црви
13. Наброј ги фазите на вгнездување и постоење на вирусот и накратко објасни
што претставуваат тие:
1. Инфекција ( ширење на вирусот во целната средина, односно нападнатиот
компјутерски ситем ) ;
2. Инкубација ( опстанок на вирусот во средината ) ;
3. Реализација ( разболување на системот )
14. Cyberstalking како облик на сајбер криминалитет опфаќа два елементи и тоа:
- собирање на информации за жртвата ( на Интернетот или од други извори ) ;
- следење, вознемирување, заплашување на жртвата ( без физички контакт )
15. Дополни во реченицата: Под Cyberstalking се подразбира употреба на
компјутер или други облици на информатичката технологија за следење на
активноста и движењето на луѓе, без нивно знаење, со цел заплашување, сексуално
задоволство и доминација, или поради други недозволени мотиви.
16. Според Denning дејствијата на сајбер тероризмот имаат две значајни
карактеристики:
1. Тоа се противправните напади и закани за напади на компјутери, мрежи и
информации со цел за заплашување на влади и народи во насока да се оствари
одредена политичка или социјална цел;
2. Напади кои резултираат со насилство врз лица или имот или барем ги загрозуваат
лицата или имотот до одреден степен, со цел да се предизвика страв.
17. Раскажи ги заедничките карактеристики помеѓу сајбер тероримот и
организираниот криминал.
- Некои од претставниците на криминолошката наука, укажуваат на низа заеднички
карактеристики на сајбер тероризмот и организираниот криминал. Прво, жртвите се
или индивидуалци или групи; второ, сторителите се хиерархиски структурирани во
мрежи или организации, и трето, двете групи сторители користат компјутерски или
телекомуникациски технологии за постигнување на нивните цели.
18. Делот од Конвенцијата за „ Сајбер – криминалитет“ кој ја регулира
меѓународната соработка и правната помош е означена како:
- трет оддел
19. Заокружи го точниот одговор: Делото „ оштетување и неовластено
навлегување во компјутерски систем“ од член 251 од КЗ опфаќа: внесување,
измени, криење, бришење или уништување или правење компјутерски податоци
и програми наупотребливи на друг начин или отежнување на користење на
компјутерскиот систем или компјутерски комуникации.
- точно
20. Повредата на авторското или сродните права согласно член 157 од КЗ
претставува:
- неовластено објавување, прикажување, репродукција, дистрибуција, изведување,
емитување или на друг начин неовластено посегнување по туѓо авторско право или
сродно право, односно авторско дело, изведба или предмет на сродно право.
Криптографија и електронски потпис

1. Од каде потекнува терминот криптографија и што претставува истиот?


- Терминот „криптографија“ потекнува од зборовите „krypto“(скриен) и
„grafo“(пишувам). Криптографијата претставува вештина на употреба на шифри,
односно кодови, во кои се скриени одделни информации.
2. Постојат два типа на системи на криптографија. Кои се тие?
- симетричен систем;
- асиметричен систем
3. Дополни во реченицата: Кај симетричниот систем на шифрирање двете страни
користат ист клуч.
4. Наброј ги најпознатите системи на симетричниот тип:
- стандардот за енкрипција на податоци;
- подобрениот алгоритам на енкрипција на податоци;
- напредниот стандард за енкрипција
5. Објасни го асиметричниот систем на шифрирање.
- Асиметричниот систем на шифрирање се карактеризира со употреба на два различни
клуча, таканарелен јавен клуч и приватен клуч. Софтверот на двата система ( RSA и
PGP ) ги произведува двата клуча на едноставен начин, но за разлика од шифрирањето
на пораката кое може да се изврши со било кој клуч, за дешифрирање на пораката се
потребни и јавниот и приватниот клуч.
6. Која е улогата на третата страна во асиметричниот систем на енкрипција?
- Покрај испраќачот и примачот на пораката, во асиметричниот систем на енкрипција
постои и трета страна, која овозможува потврда на идентитетот на двете страни. Тоа се
таканаречените доверливи трети страни, односно агенции за сертифицирање кои
откако ќе добијат доказ за идентитетот на испраќачот издаваат соодветна потврда за
тоа. Улогата на третото лице се споредува со улогата на нотарите, во скучувањето на
правни дела.
7. Заокружи го точниот одговор: Карактеристично за симетричниот систем на
шифрирање е тоа што пораката се дешифрира на истиот начин на кој се
шифрира.
- точно
8. Дополни во реченицата: Меѓу позначајните меѓународни иницијативи за
правилата на криптографија е таканаречениот Водич за криптографска политика,
одобрен од страна на Советот на Организацијата за економска соработка и развој во
март 1997.
9. Што се подразбира под електронски потпис?
- електронскиот потпис претставува дигитален потпис кој што е соодветен за
потпишување на договорите во писмена форма во електронската трговија.
10. Дополни во реченицата: Електронскиот потпис, кој во себе содржи енкрипција
се нарекува дигитален потпис.
11. Објасни ја постапката за дигитално потпишување со користење на RSA и PGP
енкрипција.
- Дигиталното потпишување со користење на RSA и PGP енкрипција ги опфаќа
следниве чекори:
1. Испраќачот пишува порака;
2. Испраќачот на пораката користи приватен клуч да ја шифрира пораката;
3. Испраќачот додава второ ниво на енкрипција, користејќи го јавниот клуч на
примачот;
4. Пораката е испратена;
5. Примачот ја дешифрира пораката користејќи го својот приватен клуч;
6. Примачот го дешифрира второто ниво на енкрипција користејќи го јавниот клуч на
испраќачот.
12. Заокружи го точниот одговор: Целта на модел законот за електронски потпис
на UNICITRAL од 2001 година е да ги хармонизира националните законодавства
во практичната примена на функциите на дигиталните потписи, поради
наднационалниот, односно глобалниот карактер на електронската трговија.
- точно
13. Директивата 1999/93/ЕС за Рамка на заедницата за електронски потписи,
разликува два вида на потписи. Кои се тие?
1. Електронски потпис
2. Напреден електронски потпис
14. Заокружи го точниот одговор: Потписот кој што означува податоци во
електронска форма кои се прикачени или логично придружени со други
електронски податоци и кои служат како метод за утврдување на автентичност се
нарекува:
- електронски потпис
15. Што се подразбира под електронски потпис, согласно Законот за податоците
во електронски облик и електронски потпис на РМ?
- Согласно Законот, електронски потпис подразбира низа на податоци во електронски
облик кои се содржани или се логично поврзани со други податоци во електронски
облик и е наменет за утврдување на автентичност на податоците и за утврдување на
идентитетот на потписникот.
Електронска трговија

1. Раскажи што претставува онлајн рекламирањето?


- Интернетот претставува совршена платформа за рекламирање знаејќи дека му
овозможува на меѓународниот пазар да биде достапен за релативно ниски средства.
Таквото рекламирање се случува на бројни начини: на веб страници на трети лица,
преку банер реклами, преку електронска пошта и од неодамна преку пораки на
страниците на социјалните мрежи.
2. Наброј ги кои се главните видови на Интернет договори?
- Главните видови Интернет договори се: договор со „кликнување“ и договор со
„пребарување“
3. Заокружи го точниот одговор. Договорот за кој Интернет корисниците не се ни
свесни, или се само делумно запознаени се нарекува:
- договор со пребарување
4. Дополни во реченицата: Во договорот „со кликнување“ потрошувачот
клика/избира поле „Се согласувам“ или „Прифаќам“ веднаш после условите од
договорот или дадена врска до нив за да го потврди својот избор.
5. Кои услови се бараат да бидат исполнети за да се склучи еден договор?
- За да биде склучен еден договор, потребно е да постои понуда и прифаќање на таа
понуда.
6. Објасни што значи доколку самата веб страница претставува понуда?
- Доколку самата веб страница претставува понуда, налогот од потрошувачот го
склучува договорот и добавувачот не може да го одбие. Доколку сепак, тоа
претставува само покана за понуда, налогот на потрошувачот претставува понуда која
тој/таа може да ја повлече до моментот кога провајдерот не ја прифатил.
7. Што предвидува правилото на прием, при склучувањето на електронски договори?
- Традиционалното стандардно правило е правилото за прием – т.е договорот е склучен кога
неговото прифаќање е пренесено на понудувачот. Правилото за прием е директно за
трансакции лице в лице во кои усното прифаќање од оној кому му е понудено совршено се
поклопува со моментот на негово слушање од понудувачот.
8. Во врска со намерата за склучување на договор, што значи автоматското склучување
на договор?
- Договорот е спогодба во која влегуваат доброволно две или повеќе лица со правна
способност. Автоматското склучување на договор претставува доброволен договор.
Продавачите на страниците за аукција се обврзани со автоматското прифаќање на страницата
на највисоко понудената цена дури и доколку не е според нивна желба, бидејќи на тоа се
согласиле сите пред регистрацијата.
9. Согласно Директивата за далечинско продавање, предвидува далечинскиот продавач
да мора да му ги даде на потрошувачот 8 информации. Наброј кои се тие?
1. Идентитет и адреса
2. Главни карактеристики на стоките и услугите
3. Цени на стоките и услугите
4. Трошоци за испорака
5. Договор за плаќање, испорака или изведба
6. Постоење на правото за повлекување
7. Трошоци за користење на средствата за комуникација, доколку не се вклучени
8. Период на валидност на понудата или цената
10. Што предвидува член 6 од Директивата за далечинско продавање, во насока
на правото на повлекување?
- Членот 6 од Директивата за далечинско продавање вели: Во секој далечински договор
потрошувачот има период од најмалку седум работни дена да се повлече од договорот
без казнување и без образложување на причините. Единствената наплата која може да
биде направена од страна на потрошувачот поради правото на повлекување се
директните трошоци за враќање на стоката.
11. Дополни во реченицата: Правото на повлекување започнува да истекува кога
ќе се примат стоките, или во случај на услуги, кога договорот е склучен или кога
писмената информација во врска со договорот и правото на повлекување е примена од
потрошувачот.
12. Кои се прашањата кои ги отвата транснационалното онлајн договарање?
1. Прво прашање е кој суд треба да го разгледува спорот
2. Второ прашање е кој закон ќе се применува
3. Трето прашање е прашањето дали може да се спроведе одлука против странско
обвинето лице.
13. Раскажи за место на договорот, кај електронските договори.
- Имајќи ја предвид применливоста за правилото за прием во електронските договори,
местото каде е склучен електронскиот договор е она каде што се склучил последниот
чин за неговото склучување. Постабилен критериум за одредување на местото на
договорот е местото на деловното работење на понудувачот или неговото место на
престој.
14. Кога страните нема да успеат да се договорат за законот кој ќе се применува
во договорот се предвидува следното:
1. Договорот за продажба на стоки е под владение на законот на државата во која
продавачот има постојано место на престој;
2. Договорот за обезбедување услуги е под владение на законот на државата во која
провајдерот на услуги има постојано место на престој;
3. Договорот за продажба на стоки преку аукција е под владение на законот на
државата во која се одвива аукцијата, доколку таквото место може да се одреди.
15. Што предвидува членот 3 од Директивата за електронска трговија?
1. Секоја земја членка треба да обезбеди информатичките услуги од услужниот
провајдер поставени на нејзината територија да се усогласени со националните
одредби применливи во земјите членки кои се во прашање, а кои спаѓаат во
координаторното поле;
2. Земјите членки не можат, поради причини од координираното поле, да ја ограничат
слободата за обезбедување информатички услуги од друга земја членка.
Авторско право

1. Дефиниција на авторското право.


- авторското право ја регулира заштитата на правата на творците на дела од
областа на литературата и уметноста.
2 Наброј кои дела се сметаат за авторски дела:
- пишано дело, како книжевно дело, напис, статија, прирачник, брошура, научен
труд расправа и слично
- компјутерска програма
- говорно дело како говор, предавање и слично
- музичко дело со или без текст
- драмско дело
- кореографско и пантомимичарско, фотографско дело, кинематографско,
ликовно, архитектонско, уметност и дизајн.
3. Авторското право опфаќа две категории на права. Кои се тие?
- материјални
- морални
4. Што значи дигитализација на авторските права?
- Авторските дела кои вообичаено се во форма на текст, слика или звук или
нивни комбинации можат да бидат трансформирани во дигитална форма, а тоа
значи дека се претворени во датотеки односно во нули и единици согласно
бинарниот систем.
5. Дополни во реченицата: Негативните последици за авторите се
манифестираат и на планот на моралните, а особено на планот на
материјалните права бидејќи постои можност за незаконско умножување,
копирање до недоглед како и облик на пиратство.
6. Кои договори се познати под името „ Интернет договори на СОИС“?
- договорот за авторско право
- договорот за изведби и фонограми
7. Како резултат на потребата од поголем степен на ефективна и ефикасна
заштита на авторското и сродните права на Инетернетот е постигнат со
усвојувањето на :
- две значајни конвенции на Светската организација за интелектуална
сопственост СОИС и тоа – Договорот за авторско право и договорот за изведби
и фонограми
8. Во РМ договорот на СОИС стапил на сила на
- 4 февруари 2004
9. Договорот на СОИС регулира две значајни прашања кои можат да бидат
заштитени со авторски права и тоа
- компјутерски програми; компилациите на податоци или друг материјал
10. Кога зборуваме за авторските права, Договорот регулира три права.
Наброј кои се тие:
- право на дистрибуција
- право на изнајмување
- право на комуникација
11. Договорот на СОИС за изведби и фонограми стапни на сила
- 20 март 2002
12. Дополни во реченицата: Договорот на СОИС содржи правила за
заштита на следните категории на лица: изведувачи ( музичари и актери) и
произведувачи на фонограми ( физички лица или правни лица кои превземаат
иницијатива и имат одговорност за фиксирање на звук на одреден носач)
13. Правото на репродукција, правото на дистрибуција и правото на
изнајмување на право на достапност, се штитат со кој договор?
- Договорот на СОИС за изведби и фонограми
14. Наброј ги правата од индустриска сопственост согласно Законот за
индустриска сопственост:
- права од индустриска сопственост се: патент, индустриски дизајн и трговка
марка.
15. Како субјекти на правата од индустриска сопственост се јавуваат:
- домашни и странски физички и правни лица со тоа што странските физички и
правни лица во поглед на заштитата на права од индустриска сопственост во РМ
ги уживаат истите права како и домашните физички и правни лица, ако тоа
.роизлегува од меѓународните договори или конвенции или од начелото на
реципроцитет.
16. Дополни во реченицата: Исклучивото право на носителот на патентот,
индустрискиот дизајн и трговската марка го опфаќа правото на користење,
правото на располагање, правото на надоместок и приводи забрани на три лица
неовластено користење во случаите и на начини предвидени со меѓународни
конвенции, со ЗИС и со други закони или договори .
17. Надлежна институција во работите во врска со стекнувањето и
заштитата на правата од индустриска сопственост е:
- Државниот завод за индустриска сопственост ДЗИС
18. Дополни во реченицата: Патент е право од индустриска сопственост со кое
се штити пронајдок во постапката согласно ЗИС
19. Пронајдокот во сите области на технологијата, може да се заштити со
патент во кои случаи. Наброј:
- ако е нов
- ако содржи инвентивен придонес
- ако може да се применува во индустријата
20. Дефиниција за индустриски дизнајн
- право од индустриска сопственост стекнато во постапка согласно ЗИС со кои
се штити дизајнот.
21. Со право на индустриски дизајн се штити дизајн кој е:
- кој е нов
- кој има индивидуален карактер
22. Дефиниција за трговска марка.
- право од индустриска сопственост стекнато со постапка согласно ЗИС со кое се
штити трговскиот знак ( стоковна, услужма колективна)
23. Дополни во реченицата: Со трговската марка се штити знак кој може
графички да се прикаже и кој е подобен за разликување на стоките и услугите на
еден учесник во прометот од стоки и услуги од други.
24. Знаци подобни за разликување, како што се зборови букви, бројки, слики,
цртежи, комбинации на бои, вклучително и форми на стоките и нивните
пакувања, како и комбинација на сите напред наведени знаци се штитат со:
- трговска марка
25. Географскиот знак се штити со
- ознака на потеклото на производот
- географска ознака
Со географски назив се одбележуваат производите кои ги произведуваат
физичките и правните лица на определено географско подрачје.

You might also like