You are on page 1of 6

Испит

Трудово право...

Прашања

1. Поим и видови извори на трудово право


2. Организациска структура на мод
3. Елементи на работен однос
4. Заштита на правата на работникот кај работодавачот и пред надлежен суд

Студент: Диме Игески Број на индекс:1882025 Дата: 25.11.2020г.

Одговори:

1. Поим и видови извори на трудово право

Трудовото право се дефинира од објективно и субјективно значење. Од своето објективно


значење се дефинира како збир на правни прописи, додека од своето субјективно значење
се дефинира како збир на овластувања и права на поединци или група на лица.
Под поимот извор на трудовото право се подразбира севкупноста на правните правила кои
го уредуваат предметот на оваа правна дисциплина и кои се санкционирани со
организирана принуда на државата.

Изворите на трудовото право се класифицираат на:

1. Материјални извори, што ги изразуваат причините и основите на опстанокот на


правните правила во одреден облик и содржина;
2. Формални извори на трудовото право, кои ја изразуваат разликата во органите,
облиците и начинот на создавање на правните правила.
3. Директни и индиректни извори на правото
4. Пишани и непишани извори на трудовото право.
Изворите на трудовото право од домашно потекло можеме да го поделиме на три групи и
тоа: *нормативни акти на државата; *општи акти; *колективни договори.
Извори од меѓународно потекло би биле: *Актите на меѓународните организации (актите
на МОТ); *Актите на Организацијата на обединетите нации; *Меѓународни договори.
Актите кои уредуваат низа прашања во врска со работните односи и положбата на
вработените лица, се донесуваат од страна на Советот на Европа и од страна на
Европската унија.
- Изворите на трудовото право се правни акти кои ги донесува државата, општите акти на
претпријатијата, работодавците и колективните договори од една страна, а од друга страна
актите кои ги донесуваат меѓународните организации.
Домашни извори на трудовото право

Нормативните акти на државата како извори на трудовоти право – суштината на правното


уредување на работните односи изразена преку уредување на нормативните акти на
државата, се состои во правните одредби содржани во уставот на секоја земја, како и во
законите од областа на работните односи.
- Уставните прописи како извори на уставното право
Разгледувајќи ги уставните одредби како извори на трудовото право, се истакнува фактот
дека тие имаат голема теоретска и практична вредност.Се вели дека теоретската вредност,
затоа што изворите на трудовото право се подредени на уставот и служат како своевиден
водич. Уставните одредби како извори на трудовото право се вели дека имаат практична
вредност, затоа што одредени правила кои тие ги содржат стануваат предмет на
уредување во другите извори на правото и другите облици на уредување на работните
односи.
- Законските прописи од областа на работните односи како извори на трудовото право
Законските прописи од областа на работните односи се истакнуваат како суштински
извори на трудовото право.Од историски аспект за значењето на законските прописи е
забраната на вработувањето на деца помали од 12 години, скратувањето на предолгиот
работен ден, осигурување на минимум заштита при работа, како што беше случајот со
неделниот, платениот одмор итн.За високото рангирање на законите придонесоа и
политичките прилини, зошто само тие можеа да придонесат работниците да заземат такви
позиции при договорањето и уредувањето на работните односи.На крај, за одбележување
се и економските причини, зашто само законот преку своите одредби можеше да им се
осигура на работниците водење грижа за нивната материјална сигурност и егзистенција.
- Други закони како извори на трудовото право
Како извори на трудовото право претставуваат одредбите на ЗРО на Република
Македонија, кој ги уредува работните односи на лицата вработени во органите, пришто
работните односи засновани во овие органи се регулираат во согласност со овој закон, а
нивните специфични обележја се регулираат со посебни закони.
- Подзаконски акти како извори на трудовото право
Во подзаконските акти кои се јавуваат како извори на трудовот право спаѓаат актите на
владата и органите на управата.Актите на владата се донесуваат за обезбедување на
извршување на законите и тука спаѓаат: уредбите, одлуките и другите прописи.
Извршувањето на актите на Собранието непосредно се обезбедува со актите кои ги
донесуваат органите на управата, а тоа се: правилниците, наредбите и упатсвата.
- Толкувањето како извор на трудовото право
Толкувањето на прописите на трудовото право се јавува во неколку облици:
задолжително-автентично толкување, толкување на правната наука, потолнување на
правните празнини.
* Автентичното, односно задолжителното толкување претставуваа правно правило со кое
се овозможува подобро разбирање на постојните законски прописи.
* Толкувањето на правната наука во смисла на научно толкување на изворите на правото,
нема и неможе да има сила на извор на трудовот право поради фактот што правната наука
може да има големо влијание во развојот на трудовото право.
* Потполнувањето на правните празнини, не го создаваат правото и не ја менуваат
содржината на правната норма, туку го прават можно само применувањето на правото.

2. Организациска структура на мод

МОТ е прва организација во историјата на човештвото која проблемите од областа на


трудот, конкретно положбата на работниците, ги уредува на меѓународен план.Нејзиното
формирање беше резултат на социјалните идеи за заштита на работниците истакнати во
текот на 19тиот век. МОТ за основна цел има обезбедување на вработувањето,
подобрувањето на животниот стандард, обезбедување на услови за работа со кои ќе биде
сочуван психофизичиот интегритет на работниците, наградувањето на работниците како и
нивно културно, духовно и стручно афирмирање и тоа без разлика на верската, расната и
половата припадност. Основните прашања нив кои се реализира улогата на МОТ, се
утврдени во Уставот на оваа организација, донесен при самото нејзино создавање во 1919.
Според одредбите на Уставот на МОТ, улогата и значењето на организацијата се состојат
во проучувањето и изнаоѓањето на соодветн решенија за проблемите на работниците од
областа на трудот и социјалната заптита, односно нејзината активност да биде постојано
усмерена кон утврдување и подобрување на положбата на работниците како и
сочувување на мир во светото преку воспоставување на социјална правда. Носители на
севкупните активности на МОТ се: Меѓународната конференција на трудот,
Административниот совет и Меѓународното биро на трудот.
Меѓународната конференција на трудот, е генерално собрание на државите членки на оваа
организација и воедно се нарекува светски парламент на трудот. Таа е највисок
законодавен орган на МОТ и таа според уставот е надлежна да ги донесува меѓународните
конвенции и препораки, и извршува активности од финансиска природа, па така во
нејзина надлежност е утврдувањето на Буџетот на МОТ. Седниците на Меѓународната
конвенција на трудот воспоставена 1949 се одржуваат во Женева каде се наоѓа седиштето
на МОТ.
Административен совет е извршен орган на мот. Овој совет го обезбедува континуитетот
на работата на Меѓународната конвенција. Административниот совет врши контрола врз
работата на МБТ, ја утврдува севкупната политика на МОТ, раководи со работата на МБТ
и го именува нејзиниот генерален директор, исто така тој го утврдува буџетот на МОТ и
го поднесува на Општтата конвенција на Усвојување.
Меѓународно биро на трудот (МБТ) е технички орган на МОТ. Тоа е постојан секретаријат
на МОТ. МБТ е вид на лабораторија на идеи, каде се подготвуват нацрти и програми а
потоа тие се носат на усвојување. МБТ ги има следниве функции: го обезбедува
секретаријатот; ја подготвува документацијата на заседанијата; прибира информации кои
се однесуваат на меѓународното уредување на работните односи; публикува списанија,
студии и извештаи за социјалните и економските прашања. Главни акти на МОТ се
конвенциите и препораките и тие ги содржат основните норми на меѓународното трудово
право со кои се уредуваат прашањата во врска со положбата на работниците на
меѓународен план.

3. Елементи на работен однос

Работниот однос се дефинира како договорен однос меѓу работникот и работодавачот во


кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај
работодавачот, заради лично и непрекинато извршување на работата според упатствата и
под надзор на работодавачот, за плата и други примања, односно за одредена награда за
извршената работа.

Битни елементи на работниот однос се:

1. Правност – Работниот однос е пред се правно уреден однос кој настанува во врска
со работата и врз основ на работата, кој се заснова на начин и под услови утврдени
со закон и со колективен договор за вработување (ЗРО, чл.1 ст1)
2. Доброволност – Работниот однос се карактеризира со доброволно изразена
согласност на волјата на работникот за засновување на работниот однос.
На тој начин засновувањето на работниот однос и стапувањето на работникот на работа е
едно од основните начела на трудовото право и е дел на општото право за работа утврдено
со Уставот на Република Македонија. Почитувањето на доброволноста како елемент на
работниот однос го оневозможува применувањето на принудната работа, односно ја
оневозможува можноста некое лице да биде принудено да работи и работата да му биде
наметната против негова волја;

3. Лична врска - Работниот однос претставува личен однос, па како таков тој се
воспоставува како лична врска меѓу субјектите на тој однос.
Со тоа работникот стекнува лична обврска, тој и само тој да ја обавува работата за
која е заснован работниот однос и никој друг на негово место не може да ја врши
неговата работа;
4. Професионалност – Работниот однос претставува и еден професионален однос на
работникот спрема работата, што значи дека тој работата за која го засновал
работниот однос ја врши во вид на одредено занимање или одредена професија.
5. Онерозност– Работникот заснова работен однос за вршење одредена работа за што
се стекнува право на одредена заработувачка односно плата.
Работникот има право на плата која му припаѓа за вложениот труд за извршената работа,
според времето поминато на работа и постигнатите резултати во текот на работата;

6. Субординација – Работниот однос се заснова и остварува како еден однапред


организиран облик на вршење на трудот. Субординацијата како елемент на
работниот однос претставува вид на потчинетост на работникот на еден. однапред
утврден ред на организирано вршење на работата од страна на работодавачот, на
начин и под услови, кои се утврдени со закон и колективен договор.
Субординацијата како елемент на работниот однос се согледува и во самата
дефиниција за работниот однос утврдена во ЗРО на Република Македонија во која
јасно е утврдено дека работникот ја обавува работата под надзор и според упатства
на работодавачот.

4. Заштита на правата на работникот кај работодавачот и пред надлежен суд

Во текот на работниот однос, кај работодавачот, работникот има право да поднесе барање
заради остварување и заштита на своите права од работниот однос. Доколку работникот
смета дека работодавачот не му обезбедува остварување на неговите права од работен
однос или прекршува било кое од неговите права од работен однос, има прао да поднесе
барање до работодавачот, да ја исполни својата обврска со цел остварување на своите
права. Во случаите кога работникот смета дека му е прекршено некое од неговите права,
има право во рок од осум дена од врачувањето на одлуката на работодавачот со која е
прекршено праото, да бара од работодавачот тоа прекршување да се отстрани. Доколку во
определениот рок работавачот не ги отстрани тие прекршувања, односно не ја исполни
својата обврска за непречено работење, има право во рок од 15 дена да бара судска
заштита на своето право пред надлежниот суд. Работникот има право да бара заштита на
своите права пред надлежниот суд во следните случаи: ако не е задоволен од
исполнувањето на обврските од работниот однос од страна на работодавачот; кога
работодавачот не донесе одлука во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето,
односно приговорот; Како надлежен суд кој ќе расправа за заштитата на правата на
работникот е редовниот суд. Рокот во кој работникот може да бара заштита на своите
права пред надлежниот суд се смета од денот на врачување на конечната одлука на
надлежниот орган. Заштита на своето право пред надлежниот суд работникот може да
бара и против одлуката за отказ на договорот за вработување, по што поднесува тужба во
рок од 15 дена од денот на врачувањето на одлуката за отказ од страна на работавачот.
Овој рок е утврден со закон, што значи со колективен договор не може ниту да се скрати
ниту да се продолжи. Овој рок е преклузивен, што значи дека доколку не биде запазен,
барањето нема да биде земено на разгледување. Поднесувањето на барање од страна на
работникот заради разгледување на неговите права од работниот однос има деволутивно
дејство. Тоа го задржува извршувањето на одлуката до донесување на конечнаодлука кај
работодавачот.

You might also like