Professional Documents
Culture Documents
Час 1, 2007/2008
Одговори на неколку прашања
Што (ќе учите и научите)?
◦ Како се регулираат некои односи кои
секојдневно се случуваат ... да кога
купивте кафе, сок, чај денска склучивте
договор, кога го земавте пенкалото на
колешката склучивте договор ...
Зошто (да научите)?
◦ За да можете да имате основни познавања
кој е соодветениот начин за уредување на
односите помеѓу лицата по повод
размената на стоки и услуги
Кога ( ќе учите)?
◦ Во петтиот семестар и доколку се определите
за правосудна насока во вториот циклус
Од што ( ќе учите)?
◦ Авторизирани предвања по oблигационо
право
◦ Практикум по облигационо право
◦ Презентации
◦ Закони и друга литература
Како (ќе учите)?
◦ Теоретски предавања
◦ Практични вежби
◦ Посета на соодветни институции и
организации
Од кого (ќе учите) ?
◦ Проф. д-р Гале Галев
◦ Проф. д-р Јадранка Дабовиќ – Анастасовска
◦ Соработници
Пом. асс. Неда Здравева
Дем. Ненад Гавриловиќ
Што се очекува од вас?
Редовно да ја посетувате наставата
Активно да се вклучувате со прашања,
коментари, размисли
Да се подготвувате за дискусии на
тема што ќе ви бидат најавени
Да бидете подготвени за „блиц“
конторолни тестови
Теми за денешниот час
ПОИМ И ИЗВОРИ НА ОБЛИГАЦИОНОТО ПРАВО
◦ Поим на облигационото право
Поим и значење на терминот облигационо право
Предмет и метод на облигационото право
Местото на облигационото право во правниот систем
◦ Извори на облигационото право
Устав
Закон
Настанок и развиток на Законот за облигационите односи
Карактер на нормите на Законот за облигационите односи
Карактеристики на Законот за облигационите односи
Начелата на Законот за облигационите односи
Правни стандарди
Општи услови
Обичај
Морал
Меѓународни извори
Поим на облигационо право
Дефинирањата на поимот зависат од
значењата
◦ Облигационо право како објективно право
◦ Облигационо право како субјективно
право
◦ Облигационо право како наука
Објективно облигационо право
Објективно облигационо право е збир на
правни норми, кои со примена на методот на
координација, ги регулираат облигационите
односи
Кои се тие односи?
◦ Односи кои настануваат во врска со промет на
стоки и услуги, причинување штета, работводство
без налог, стекнување без основ, јавно ветување
награда
Карактеристики на методот на координација
◦ Еднаквост и рамноправност на страните
◦ Автономија на волјите
◦ Прометливост на правата
◦ Имотна санкција
Субјективно облигационо право
Правото што за страните прозилегува
од определен облигационен однос