You are on page 1of 4

1.

Поим, предмет и назив на мпп


Меѓународното приватно право представува гранка на внатрешното право на секоја
земја, со чиишто норми, директно или индиректно, се регулираат граѓанско правните и
граѓанските процесно правни односи, кај кои се појавил странски елемент.
Во Р. Македонија предметот на меѓународното приватно право го сочинуваат следниве
правни целини: судирот на законите, судирот на јурисдикциите, правната положба на
странците и државјанството.
Називот “меѓународно приватно право” за оваа правна дисциплина денес е општоусвоен
од страна на правната доктрина. Иако називот има и определени недостатоци поради кои
е изложен на критики во правната наука, сепак алтернативните називи не се покажаа како
поприфатливи. Според овој назив, со зборот “приватно” се означува дека се работи за
граѓанско правни односи, а дека тие односи имаат странски (меѓународен) елемент, се
означува со зборот “меѓународно”.

2. Извори на МПП
Изворите на МПП може да се поделат во две групи: внатрешни (национални) и
меѓународни.
Внатрешни извори на МПП може да бидат: законот, подзаконските акти и судската
практика. Во најголемиот број држави законот претставува основен внатрешен извор на
мпп, додека во само еден мал број држави судската практика има примат. Подзаконските
акти многу ретко се применуваат во оваа гранка на правото, и тоа, тогаш кога треба да се
изврши конкретизација на претходно донесениот закон или кога треба да се пополни
определена правна празнина. Зависно од начинот на кој се систематизирани законските
норми од оваа правна гранка, државите може да се поделат во три групи:
А) Првата група ја сочинуваат оние држави во кои на материјата од меѓународно приватно
правен карактер е регулирана со посебен законик. Во нив спаѓа и Македонија.
Б) Втората група ја сочинуваат држави во кои правилата на меѓународното приватно
право се наоѓаат во граѓанскиот законик.
В) Државите од третата група, материјата од меѓународното приватно право ја регулираат
во разни закони со кои се регулира соодветната материјално правна област.
Судската практика во најголемиот број држави не представува формален извор на мпп.
Судската практика остварува влијание преку толкувањето на правните норми во процесот
на нивната примена, со што во голема мера може да ги утврди нивната содржина и
значењето.
Меѓународниот договор е единствен меѓународен извор на мпп. Под меѓународен
договор се подразбира правен акт кој е производ на согласноста на волјите на два или
повеќе субјекта на меѓународното право, изразено преку надлежните органи, со цел
создавање апстрактни правни правила, востановување права и обврски во определена
сфера на заеднички итерес или заради разрешување на определено спорно прашање.
Меѓународните договори се делат на билатерални (двострани) и мултилатерални
(повеќестрани).
3. Државјанство на Р. Македонија
Во нашата држава државјанството претставува уставна категорија предвидена со Уставот
на Р. Македонија. Во уставот на Р.М. е пропишано:
Граѓаните на Р. Македонија имаат државјанство на Р. Македонија.
На државјанин на Р. Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту
да биде протеран или предаден на друга држава.
Државјанството на Р. Македонија се уредува со закон.
Со законот за државјанство предвидени се четири начини за стекнување државјанство на
Република Македонија:
1. Со потекло
2. Со раѓање на територијата на Република Македонија
3. Со природување (натурализација)
4. Со меѓународни договори
Државјанската врска меѓу едно физичко лице и определена држава е од траен карактер и
по правило трае се до смртта на физичкото лице. Државјанството може да престане и во
текот на животот на едно лице, со одлука на надлежниот државен орган. Престанување
на државјанството настанува под определени услови. Во законодавствата на одделни
држави можно е да се идентификуваат повеќе начини за престанување на државјанството
за време на живот. Тоа се: отсутност, одземање, отпуст, одрекување, стапување во брак со
странец, според меѓународни договори и др. Државјанството во Р. Македонија може да
престане на два начина:
А) со отпуст
Б) според меѓународни договори
Судир на државјанствата представува постење на лица кои немаа државјанство на ниту
една држава (апатриди) и лица кои имаат две или повеќе државјанства (бипатриди).
Судирот на државјанства може да биде: негативен – кога едно лице нема државјанство на
ниту една држава; и позитивен – кога едно лице истовремено има државјанства на повеќе
држави.
Под лице без државјанство (апатрид) се подразбира она лице кое не е врзано за
персоналниот суверенитет на ниту една држава, а не е жител на териториите под
старателство, или воопшто под меѓународна контрола. Во меѓународното право пак, како
апатрид се смета она лице кое ниту една држава според своето законодавство не го
смета за свој државјанин.
Лица со повеќе државјанства (бипатриди) се сите оние лица кои се истовремено правно
врзани за персоналниот суверенитет на две или повеќе држави, односно кои
истовремено повеќе од една држава ги смета за свои државјани.
4. Правна положба на странците
Под странец се подразбира секое физичко лице кое нема државјанство на Р. Македонија.
Исто така, под поимот на странец, во поширока смисла, се подразбира и правното лице
кое нема припадност (националност) на Р. Македонија. Според критериумот на нивната
достапност за странците, приватните права може да бидат класифицирани во три групи: а)
општи права; б) релативно резервирани права; в) апсолутно резервирани права.
А) Општи права
Општи се оние права кои на странците им се достапни безусловно, односно правата во
чие ползување тие се во целост изедначени со домашните субјекти. За ползувањето на
овие права, сосем ирелевантно е дали едно лице е домашен или странски субјект.
Б) Релативно резервирани права
Релативно резервирани права на странците им се достапни, но само под определен
дополнителен услов, кој инаку не се бара од домашните државјани, односно од
домашните правни лица. Оваа група права е најбројна во современи услови, со што јасно
се подвлекува поповолниот третман на сопствените во однос на странските субјекти.
В) Апсолутно резервирани права
Апсолутно резервирани права се оние кои на странците им се недостапни во целост. Тие
се резервирани само за домашните државјани. Станува збор за права кои директно
задираат во суверенитетот или во безбедноста на определена држава, или пак во
определени нејзини суштествени интереси, поради што таа го поставува ваквото
ограничување. Во современи услови, оваа група права се повеќе се намалуваат.
5. Судир на законите
Најсуптилен, а воедно и централен предмет на мпп представува регулирањето на судирот
на законите. Основен проблем на мпп е да се сфатат правните ситуации со меѓународни
(странски) елементи и да се издвојат од чисто внатрешните, односно да се утврди нивната
поврзаност со правните системи на повеќе држави и да се реши проблемот кој од тие
системи треба нив да ги регулира.
6. Правна природа на колизионите норми
Поаѓајки од фактот дека колизионите норми не регулираат директно, туку упатуваат на
примена на меродавното право од кое ќе се замаат конкретни правила, норми, со кои ќе
се регулира односот до крај, овие правила некои ги сметаат за технички, или за
процедурални. Меѓутоа, овие сфаќања не треба да се прифатат, бидејќи иако односот не
го регулира докрај, колизионата норма ја разрешува најголемата дилема – кое право ќе
се примениза суштинско регулирање на односот – домашното или странското. Во
англосаксонската правна терминологија се употребува терминот “правила за избор на
право”. Меѓутоа, освен во домените кога на странките на односот им е оставена можноста
од повеќе права да изберат едно, во сите други случаи примената на правото не е
прашање на опција на субјектите, туку е израз на волјата на законодавецот.
7. Квалификација во мпп
Мпп има за цел да изврши воедначување на колизионите норми со помош на т.н.
еднообразни колизиони правила со коишто би се отстранил проблемот на актуелните
судири на законите во различните домени на оваа гранка на внатрешното право. Меѓутоа,
и покрај фактот што во мпп се врши унификација на колизионите норми на меѓународен
план со помош на мултилатерални конвенции, факт е дека ниту со овие текстуално
воедначени колизиони норми не било секогаш можно да се постигне еднообразно
решение за случаите на кои се однесуваат овие норми. До ова доаѓа затоа што правните
норми кои служат како точки на врзувањето при креирањето на колизионите норми
немаат секогаш иста правна содржина во државите-потписнички на повеќестраните
меѓународни конвенции. Исто така, определени правни институти и установи немаат иста
правна природа во одделни држави, па оттука во зависност од тоа дали за конкретното
прашање, однос или ситуација на мпп решава орган на една или на друга држава, зависи
и решението, односно одлуката за тоа.
8. Примена на материјалното странско право
Односите со меѓународни елементи се врзуваат за повеќе држави и затоа тие често се
решаваат со примена на повеќе права. Колизиониот начин на регулирање на односите со
странски елемент претпоставува определени отстапувања од постулатот на апсолутниот
територијален суверенитет и донесува елементи на соработка. Клучното стеснување на
апсолутниот територијален суверенитет на државата, со што се создаваат предуслови за
меѓународна соработка во оформувањето на приватно-правните односи со странски
елемент, е токму создавањето простор на кој се допушта можност домашните органи да
го применат странското право.

You might also like