You are on page 1of 6

Финансово право I колоквиум – прашања

1. Финансии – поим, разграничување на финанските поими, видови финансии и цели,


функции, значење на финансиите.
*Финансиите се општествено економска категорија која опфаќа збир дејности на физички и на
правни лица во врска со стопанисувањето со пари. Парите се основна претпоставка за постоење
на финансиите.
* Финансиите се разликуваат од поимите: Пари (специфичен вид на стока т.е мерка на
вредноста), финансирање (отстапување некому извесен неупотребен доход или капитал),
финансиска појава (општествен настан кој предизвикува промени во некои делови на процесот
на стопанисувањето со пари или кај определена група посредници на пари), финансиски однос
(односите меѓу физичките и правните лица кои настануваат во процесот на стопанисување со
пари се нарекуваат финансиски односи) и финансиско стопанство (близок поим со поимот
финансии бидејќи и едниот и другиот означуваат збир дејства поврзани со стопанисување со
пари).
* Помеѓу повеќето видови на финансии разликуваме два вида: Јавни и приватни финансии.
- Разлики помеѓу овие два вида на финансии се состојат во: носителот на правата,насоченоста
кон различни цели,правната основа за стекнување на паричните средства,начинот на наплата на
средствата, надоместот
*Трите основни вида функции (цели) кои се остваруваат со помош на јавните финансии се:
алокациска, дистрибутивна и стабилизациска
*Финансиите имаат повеќе значења: стопанско, социјално, политичко и административно-
техничко.
2. Поим на финансово право и финансово право како правна гранка и научна дисциплина
*Во современата литература терминот финансово право се употребува за да означи:
а) правна гранка како збир од правни норми со кои се регулирани финансиските односи до кои
доаѓа при извршувањето на финансиската дејност на државата и определени јавно-правни тела,
б) научна дисциплина, или наука за финансовото право.
*Финансовото право како позитивно право претставува збир од правни норми на една држава со
кои се регулираат правните односи што настануваат во врска со: режимот на употреба на парите,
собирањето и управувањето со државните приходи, начинот на трошењето на државните расходи
и државната финансиска евиденција и контрола.
*Финансовото право како научна дисциплина во предметот на проучување ги опфаќа:
-односите кои се регулирани со финансиско-правни норми, а кои настануваат при вршење на
финансиската дејност на државата.
-правните аспекти и оправданоста на настанувањето, постоењето и престанувањето на
финансиско-правните односи
-основните принципи на правното регулирање на финансиската дејност на државата
-постојната практика и примена на финансиските норми
-систематизација на материјата за усовршување на финансиското законодавство.
3. Извори на финансово право
*Уставот како генерален извор на секоја правна норма, Законот како втор правен извор во
регулација на финансиско правните односи, и за разлика од другите научни дисциплини во
финансовото право голем замав земаат и подзаконските правни акти како извор на финансовото
право. И како последни извори кои важат на локално ниво се одлуките на советот на Општината.
4. Финансиско правни норми – поим и видови
*Финансиско правната норма е правило кое се однесува на чинења и нечинења на сите лица во
правото а е во врска со стопанисувањето со пари, донесена од надлежен државен орган во
пропишан облик и постапка. Со неа се регулираат финансиско-правните односи меѓу државните
органи и другите лица во правото и помеѓу самите државни органи, преку наредби забрани и
ополномоштувања на овие лица.
*Видови на финансиско-правни норми:
- Според субјектот (лицето што ги донесува) може да бидат: федерални, републички, општински.
- Според објектот може да бидат: материјални и процесуални, организациски, фискални, валутни,
буџетски, кредитни.
- Според обем: генерални и специјални.
- Според простор: универзални и партикуларни.
- Според време: ограничени и неограничени.
- Според критериум на дејствување: строги и диспозитивни.
5. Финансиска дејност на државата и правните основи за тоа
*Финансиската дејност на државата има сложено поле на дејствување кое се манифестира кај
политичкото, економското, социјалното и др подрачја. Сите активности кои државата ги
превзема вршејќи финансиска дејност се регулирани со финансовото право, односно се
проучуваат со истоимената научна дисциплина.
*Правните основи за вршење на финансиската дејност на државата се: jus imperium, право на
сопственост и договорите. Најголемиот дел од неопходните парични средства во јавниот сектор
државата го обезбедува користејќи се со својот jus imperium(право на наметнување на волја)
изразено во облик на ексклузивно право на државата да наметнува фискални обврски, да ги
одредува нивните услови, да презема мерки за принудна наплата и т.н.т. Наметнувањето на
својата финансиска волја и моќ државата го црпи од финансискиот суверенитет. Правото на
сопственост над различен имот, на државата и овозможува со него да стопанисува и да остварува
приходи и друга финансиска корист. Државата врз основа на договори со други субјекти (правни
и физичкилица или најчесто државни), може да врши различна финансиска дејност.
6. Поим,видови и карактеристики на финансиско-правниот однос
*Финансиско правниот однос е посебен вид на правен однос секогаш поврзан со стопанисување
со парите, а регулиран од страна на надлежен државен орган. Еден од субјектите на тој однос
секогаш е државата или од неа ополномоштен орган, при што доминира волјата на државата,
вкличувајќи постоење финансиска принуда и санкција во случај на неисполнување на обврската
од страна на субјектите.
*Финансиско-правните односи ги категоризираме, согласно со објектот, на фискални, буџетски,
валутни, монетарни, осигурителни, или според титуларот на државни и локални. Финансиско-
правниот однос има најблиски допирни обележја со управно-правниот однос (неопходното
присуство на надлежен државен орган, односно наметнување државна волја). Во споредба со
граѓанско правниот однос, воочливи се битни разлики (волјата на странките, надоместот,
санкциите, иницијативата за настанување, не/преносливоста на правото.
7. Објект на финансиско-правниот однос
* Објект на финансиско-правниот однос се парите, кои можат да се јават во вид на:обврски во пари
што се должни лицата во правото да и ги даваат на државата врз основа на фискус; ограничувања и
ополномоштувања во врска со производството и прометот со парите и благородните метали и со
нивното стопанисување; права и обврски на надлежните органи и лица во правото во врска со
стопанисувањето со пари.
8. Субјекти на финансиско-правниот однос
*Субјект на финансиско-правниот однос е физичко или правно лице кое може или мора да се јави
како учесник во финансиско-правниот однос и да биде носител на определени права или обврски.
*Процедуралните финансиско-правни односи, по правило, се воспоставуваат меѓу државните
органи, меѓу органите на централната и на локалната власт.
*Материјалните финансиско-правни односи се оние во кои со финансиските норми се регулира
процесот на распределбата и прераспределбата на општествениот производ. Кај нив еден од
субјектите е државата, односно од нејзина страна ополномоштен орган (активен субјект), а вториот
субјект се сите останати лица во правото, физички и правни (пасивен субјект).
9. Правни основи за настанување и престанување на финансиско-правниот однос
*Финансиско-правниот однос настанува врз три правни основи: закон (или акт донесен врз
основа на закон), договор и деликт.
*Престанувањето на финансиско-правниот однос се изразува на два начина: генерален и
индивидуален. Причини за престанување се: извршување или плаќање на обврската,
ослободувањето, неспособноста да се плати, застареноста и компензацијата.
10. Поим на јавните расходи, видови на јавни расходи, и инструменти за извршување на
јавните расходи
* Паричните издатоци на државата кои се трошат за да се задоволат јавните потреби, без
фаворизирање на било кој дел од заедницата во корист на најголем број граѓани во одредена
земја се нарекуваат јавни расходи, со нивно извршување се овозможува непречено извршување
на дејности од државен интерес и функционирање на јавниот сектор
* Поделба на јавни расходи - според целта: редовни и вонредни; продуктивни и непродуктувни;
инвестициски и трансферни; одложливи и неодложливи; расходи на централните и на локалните
тела; лични и материјални; расходи на државните органи и на јавно-правните тела; парични и
натурални;
- Според концепцијата на функционална класификација среќаваме: расходи за државно
уредување; расходи за јавен ред и безбедност; расходи за одбрана; расходи за социјална заштита
и социјална сигурност; расходи за образование и култура; расходи за здраствени услуги; расходи
за економски интервенции; расходи за сервисирање на државниот долг и гаранции; расходи за
еколошка заштита
- Според Расходна буџетска класификација: тековни и капитални
* Принципи за извршување на јавните расходи: законитост, јавност, општ интерес, рационалност,
економичност, приоритет, планирање, рамнотежа на расходите, евиденција, полагање сметка и
посебна постапка за извршување
* Инструменти: буџет ; финансиски план ( финансиски план на буџетски корисници; фискална
стратегија на Владата и планови за финансирање одделни области; ) и финансиска програма

11. Буџетско право како правна гранка


*Буџетското право е дел од објективното право со предмет на изучување во кој спаѓаат
составување, донесување, извршување и контрола на буџетот.
Буџетското право е дел од позитивното право на државата, и тоа претставува посебна гранка која
ги инкорпорира правните аспекти на буџетот, во однос на начинот на потготвување, донесување
и извршување на правата и должностите на субјектите во буџетскиот процес, контрола итн.
Буџетското право може да биде: субјективно ( апсолутно, релативно и целосно субјактивно
буџетско право ) и објективно.
12. Поим, функции, и структура на буџетот.
*Буџетот претставува институционализиран инструмент за финансирање во државата, преку кој
се извршуваат јавните расходи во сите современи финансиски системи.
*Функции: политчка, правна, финансиска, социјална и аналитична функција
*Структурата на буџетот се разгледува од 2 аспекти:
- финансиско – економско аспект – буџетот се јавува како збир од приходи ( кои ќе се остварат
од одредени извори о одреден обем ) и збир од расходи ( средства кои ќе се употребат од
овластените лица за одредени намени )
- технички аспект – буџетот има два основни дела и тоа општ дел ( членовите во кои се
утврдуваат вкупниот обем на приходи и расходи ) и посебен дел ( за секој буџетски корисник се
утврдени приходите и расходите )
13. Видови буџети
*Во САД постојат два вида буџета и тоа: Финансиски буџет и Економско – национален буџет
*Во зависност од државното уредување постојат: Централен и Локален буџет.
*Според структурата, содржината, намената, и времетраење се разликуваат: Бруто и Нето
буџети; Редовни и Вонредни буџети; Едногодишни и Повеќегодишни буџети итн.
*Се среќаваат и: дополнителни; анексни; автономни; буџети од нужда и слично
14. Правна регулатива на буџетирањето
*Правната регулатива на буџетирањето се потпира на две основи: правна регулатива на
буџетскиот систем и институции – учесници во буџетскиот систем.
*Правната рамка на буџетскиот систем е содржана на неколку нивоа: Устав; Основен закон (
Законот за буџет ); Сродни закони ( пр.законите за сметководство, трезорско работење, за
финансиска контрола, надворешна ревизија, локална самоуправа, за уравување со државниот
долг..); Годишен закон за буџет; Подзаконски акти
15. Учесници во буџетскиот процес – права, обврски, и поврзаности
*Во РМ најважни субјекти во буџетскиот процес се: Собранието; Владата; и Министерството
за финансии. Важна улога имаат и ресорните министерства, односно буџетските корисници и
нивните единки-корисници,а надворешната контрола ја врши Државниот завод за ревизија.
* Испреплетеноста на правата и обврските на законодавната и извршната власт е основа за
подобра и поквалитетно остварување на финансирањето на јавните – државни функции.
- Собранието на РМ како највисоко законодавно тело го ужива правото за донесување буџет
пред почетокот на буџетската година, односно завршна сметка по нејзиниот истек. А Собранието
е надлежно : за донесување на буџетот и завршната сметка; за донесување на измени и
дополнувањата на буџетот; за донесување на посебниот закон за извршување на Буџетот на РМ
за секоја година; да одлучи за продолжување на времето на времено финансирање; да одлучува
за прераспределба на буџетските средства меѓу буџетските корисници на централната власт и
меѓу фондовите
- Владата на РМ како највисок орган извршната власт ги има следниве надлежности:
донесување на најважните акти за буџетот; утврдување на листа на буџетски корисници;
корекција на буџетската политика и измена на максимално утврдени износи на одобрени
средства; донесување на предлогот на буџетот на РМ и предлог за измени и дополнување на
буџетот; доставување на предлозите; одобрување на плановите на програмите за развој;
одлучување за користење на средствата од буџетска резерва.
- Министерството за финансии ги има следниве надлежности: доставува предлог на буџетот до
Владата и ја доставува завршната сметка на Буџетот; изработува фискална стратегија; Предлага
на Владата на РМ максимални износи одобрени средства за наредните 3 фискални години на
буџетските корисници на централната власт и за фондовите; доставува инструкции во форма на
Буџетски циркулар до буџетските корисници; води евиденција на одобрени средства со Буџетот
на РМ; одлучува за прераспределби; доставува извештај за извршување на Буџетот за првите 6
месеци до Владата..
- Ресорни министерства се надлежни за планирање, управување и контрола над своите буџети.
16. Мониторинг, и надзор во буџетскиот процес – државна ревизија
*Мониторинг на буџети е активност при која се истражува, се проучува или се набљудува
реториката на властите и на државните службеници во однос на тоа што се задолжуваат да
направат и во кој временски рок.
* Државна ревизија е постапка на испитување на финансиските трансакции кои претставуваат
државни расходи во смисла на законско и наменско користење средства, како и оцена на
користењето на средствата од аспект на постигната економичност, ефикасност и ефективност и ја
спречува корумпираноста на органите и институциите во јавниот сектор. За вршење на државна
ревизија се применуваат меѓународните ревизорски стандарди на INTOSAL ( Меѓународна
организација на врховните ревизорски институции )
17. Буџетски приходи и буџетски расходи
*Во РМ според законот ги имаме следниве видови приходи: даноци на централната власт;
заеднички даноци; даноци на единиците на локалната самоуправа; други видови приходи
( царини, такси, надоместоци и др.нефискални приходи )
- Приходи на централниот буџет: даноци; царини и др.давачки; такси; приходи кои не
потекнуваат од даноци; приходи од донации примени од земјата или странство; др.приходи
отстапени на Буџетот на РМ по разни основи со согласност со законот;
- Сите буџетски приходи се групираат во 3 групи : Тековни приходи ( даночни и неданочни
приходи во период од една година); Капитални приходи( продажба на државно
земјиште,стоковни резерви,градежни објекти); и Приходи од донации и заеми од домашни и
странски извори
- Приходи на буџети на вонбуџетски фондови: придонеси; надоместоци; трансфери од буџети;
приходи од донации примени од земјата и од странство; други приходи по разни основи
основани во согласност со законот
* Расходите се делат на: Тековни раходи (плати, наемнини и надоместоци, трошоци за стоки и
услуги, тековни трансфери и каматни плаќања); Капитални расходи (купување капитални
средства и капитални трансфери); Давање заеми и средства за купување хартии од
вредност;Отплата на главнина за земени заеми во земјата и странство.
- Расходите може да се разгледуваат од организациски, функционален и економски и програмски
аспект.
- Од аспект на вишок на приходи или расходи разликуваме буџетски суфицит и буџетски
дефицит.
18. Трезор – поим
*Зборот трезор во секојдневието се употребува за место каде што се чуваат парите или предмети
од висока монетарна вредност, но во стучна употреба трезор означува трезорски системи кои им
овозможуваат на владите да ги подготват финансиските планови, да го имплементираат
годишниот буџет, да управуваат со готовината, да обезбедат фискални сметки и да осигураат
контрола и сметководство.
19. Финансирање на ЕЛС – локални приходи и расходи и локално буџетирање и финансиско
управување
*Карактеристики на финансирање на единиците на локалната самоуправа во РМ: асиметричен
пристап во поглед на пренесувањето на приходните и расходните надлежности; широка листа
сопствени извори на приходи со зголемена доза финансиски и фискални управувачки права и
овластувања за општините; правата за излез на пазарот на капитал; транспарентен и
адекватен систем на фискални трансфери со одредена доза централизам, во функција на
псотигнување рамномерен развој и хоризонтално и вертикално фискално изедначување;
автономен локален буџетски процес; контолорни механизми врз локалното финансиско
управување
* Локални приходи односно приходи на општините се: Сопствените приходи ( локални даноци,
такси, надоместоци); заеднички Приходи со централната власт,односно дополнителни извори на
даночни приходи за локалната самоуправа; Приходи од правата од сопственост; Приходи од
задолжување; Самопридонес; Дотации ( ДДВ дотација, наменска дотација, блок-дотација,
капитална дотација..) и донации.
*Локални расходи односно расходи на општините се: Тековни трошоци ( плати, наемнини и
надоместоци, трошоци за набавка на стоки и услуги, тековни трансфери и каматни плаќања);
Капитални трошоци ( купување капитални средства и капитални трансфери ); Отплата на
главнина за земени заеми.
*Локален буџет е годишен план за финансирање на надлежностите на општината кој се состои
од годишна процена на приходите по извори и на расходи по намени. Локално буџетниот процес
е поделен на 4ри фази: одлучување за целите на општината за следната буџетска година; анализа
и подготвување на предлог – буџетот; усвојување на буџетот; извршување на буџетот.

You might also like